300 пријави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Jan 2021 10:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 300 пријави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Европа дневно има над 300 пријави за кршење на заштитата на податоците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-dnevno-ima-nad-300-prijavi-za-krshenje-na-zashtitata-na-podatocite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-dnevno-ima-nad-300-prijavi-za-krshenje-na-zashtitata-na-podatocite/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=459948

За широкиот спектар кршење на строгите европски закони за заштита на податоците изречени се парични казни од вкупно 272,5 милиони евра, покажува новиот извештај на глобалната адвокатска фирма ДЛА Пајпер. Како што се наведува, води италијанскиот регулатор, кој изрекол казни од вкупно 69,3 милиони евра од 25 мај 2018 година, кога почна примената на Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР). На второ место е Германија со парични казни во висина од 69,1 милиони евра, а на трето е Франција со 54,4 милиони. Од мај 2018 година вкупно се регистрирани повеќе од 281.000 пријави до регулаторот поради нарушувања на заштитата на податоците, најмногу во Германија (77.747), потоа во Холандија (66.527) и Велика Британија (30.536). Франција и Италија, земји со повеќе од 60 милиони жители, регистрираа само 5.389 и 3.460 пријави до регулаторот поради кршење на заштитата на податоците, што укажува на културолошки разлики по тоа прашање на континентот. На дневно ниво, во 2020 година во Европа е регистрирано двоцифрено зголемување на бројот на повици кон регулаторот – на 331 пријава дневно од 28 јануари до крајот на 2020 година, во споредба со 278 на ден претходната година. На 28 јануари се одбележува Меѓународниот ден за заштита на личните податоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-evropa-dnevno-ima-nad-300-prijavi-za-krshenje-na-zashtitata-na-podatocite/feed/ 0