325 возачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Mar 2021 11:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 325 возачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За брзо возење на територија на Република Македонија казнети 325 возачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-brzo-vozenje-na-teritorija-na-republika-makedonija-kazneti-325-vozachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-brzo-vozenje-na-teritorija-na-republika-makedonija-kazneti-325-vozachi/#respond Sun, 28 Mar 2021 11:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=488831

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на патиштата од Гевгелија до Скопје и од Куманово до Охрид, а во текот на вчерашниот ден (27.03) санкционирани се 325 возачи за возење со брзина погилема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Тетово. -На територијата на СВР Тетово полициските службеници санкционирале 194 возачи, од страна на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи се изречени 47 мерки, а останатите се од страна на полициски службеници од СВР Охрид, СВР Куманово и СВР Скопје- соопшти Ангеловски. 38 возачи возеле со дури 70 километри на час над дозволената бризна, а 146 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното. „Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од овој месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности“, рече Ангеловски. Портпаролот Ангеловски најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-brzo-vozenje-na-teritorija-na-republika-makedonija-kazneti-325-vozachi/feed/ 0