34 милиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Mar 2021 11:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 34 милиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу 34 милиони луѓе во светот се на работ на глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-34-milioni-lugje-vo-svetot-se-na-rabot-na-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-34-milioni-lugje-vo-svetot-se-na-rabot-na-glad/#respond Wed, 24 Mar 2021 11:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=487053

Обединетите нации предупредија дека во повеќе од 20 земји во светот ќе завладее глад во следните неколку месеци. Бројни семејства веќе гладуваат во делови на Јемен и Јужен Судан, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ООН. Во извештајот се вели дека околу 34 милиони луѓе се борат со недостиг на храна и се на работ на глад. Како што пренесува „Гардијан“, гладот ​​е предизвикан од воените конфликти, климатските промени и пандемијата на коронавирусот, а во некои земји од временски непогоди и пустински бури. – Нивото на страдање е алармантно. На сите ни останува да дејствуваме брзо и да спасиме животи, порача Ку Донгју, генерален директор на Организацијата на ООН за храна и земјоделство. Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се меѓу земјите кои се соочуваат со „катастрофа“ поради недостиг на храна, се вели во извештајот на организацијата. Најзагрозени се земјите во Африка, а глад им се заканува и на Авганистан, Сирија, Либан, Хаити и некои земји од Карибите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-34-milioni-lugje-vo-svetot-se-na-rabot-na-glad/feed/ 0