4 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Apr 2021 13:55:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 4 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дијагностичките апарати низ државните болници пред распад, четири години власт СДСМ не набави ниту еден  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijagnostichkite-aparati-niz-drzavnite-bolnici-pred-raspad-chetiri-godini-vlast-sdsm-ne-nabavi-nitu-eden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijagnostichkite-aparati-niz-drzavnite-bolnici-pred-raspad-chetiri-godini-vlast-sdsm-ne-nabavi-nitu-eden/#respond Wed, 21 Apr 2021 13:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=500411

Во периодот на власта на сегашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ вообичаена беше сликата кога се пуштаа во употреба нови, софистицирани, напредни дијагностички и интервентни рендген апарати, како на пример магнетни резонанци, компјутерски томографии, еха, ангиографии и така натаму.  За разлика од тогаш, сега четири – пет години подоцна, период во кој Социјалдемократскиот сојуз на чело со Зоран Заев се власт, во јавното здравство не е набавен и купен ниту еден нов рендген апарат, а постоечките се целосно амортизирани. На нивното амортизирање придонесе и напливот на пациенти поради зараза и компликации од корона вирусот.  Таков е и примерот со ангиографот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, која е главен Ковид-центар во земјава од почетокот на коронакризата и тука се лекуваат најтешките случаи со компликации од ковид-19 и кој по зголемувањето на бројот на пациенти со мозочни и срцеви пост ковид инфаркти е целосно пред распад. А, од друга страна болницата буквално ја моли власта за нов апарат.  За состојбата со апаратите во градската болница информираат доктори кои се вработени таму и кои сакаат да останат анонимни. Тие велат дека прашање на ден е кога тој сосема ќе откаже со што без услуга од интервента радиологија и кардиологија ќе останат пациенти од целата држава.  И директорот на болницата д-р Христијан Костов за порталот „сакам да кажам“ потврди дека станува збор за апарат стар десет години кој е сѐ уште исправен, но вели тој, се користи 24 часа, практично од сабајле до другото сабајле.   -Ние имаме интервентна радиологија број еден во земјава, тука се прегледуваат пациенти од цела Македонија. Од 7 до 15 часот на апаратот работат интервентни радиолози, а од 15 до 20 часот кардиолози. Навечер пак имаме дежурни кои особено сега во ковид кризава се соочуваат со невообичаено многу мозочни и срцеви инфаркти, вели директорот Костов.  Директорот вели дека е во постојани преговори со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за набавка на нов апарат, со што Болницата би имала два вакви апарата за да не биде едниот преоптоварен и да може да им се излезе во пресрет на сите пациенти од државава. Еден ваков апарат чини околу 450 илјади евра, а директорот вели дека досега успеал да обезбеди две третини од цената и тоа преку донации.   Тоа значи дека директорот веќе има обезбедено над 300 илјади евра и власта потребно е да обезбеди само 100-тина илјади евра за да се купи новиот ангиограф кој ќе биде во служба не само на жителите на град Скопје, туку на граѓаните во целава држава.  На ваквата ситуација реагираше докторката Марија Андоновска, која воедно е и член на Извршниот комитет на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Таа, преку социјалната мрежа Фејсбук пишува дека СДСМ пет години е на власт а не нема купено ниту еден медицински апарат, додавајќи дека тоа нешто ново што е обезбедено за здравството е од донации.   Таа смета дека за една држава 100 илјади евра е смешна сума за така важна и неопходна работа, која потенцира дека кога можеше власта да доделува по илјадници евра за стипендии на деца на функционери и за лубриканти, може да купат бар еден апарат кој во овие моменти е неопходен за дијагноза на мозочни и срцеви инфаркти и значи спасен човечки живот.  -Има ли оваа власт купено бар еден медицински апарат а да не е донација!? Деновиве ГОБ 8ми Септември моли за нов ангиограф бидејќи постоечкиот е преоптеретен со ситуацијата и со зголемиот обем на работа што ја наметнува Корона кризата! И замислете недостасуваат околу 100000€, додека две третини се обезбедени од донации. 100.000€ е смешна сума наспроти тоа колку испокрадоа! Кога можеа да исплатат 40.000€ за студии на ќерка на министер, 83.000€ за тренирање магаре и милиони за лубриканти, можат да купат бар еден апарат кој во овие моменти е неопходен за дијагноза на мозочни и срцеви инфаркти и значи спасен човечки живот!, пишува Андоновска.  Имено, ангиографот е апарат за иследување на крвните садови на мозокот, вратот, аортата, екстремитетите. Со него се откриваат најчесто стеснувања на артериите кои во текот на прегледот може и да се дилатираат и стентираат, а со тоа истовремено да се изврши и интервентна процедура. Се користи и при операции за инфаркти, вградување на стентови.  Но, освен со ангиографот, вработените во болницата „8 Септември“ велат дека имаат проблем и со функционирањето на апаратот за магнетна резонанца. Дотраен е и често им се расипува, а ова го потврдуваат и пациентите кои ги користат здравствените услуги на болницата. Дел од нив, за порталот СДК велат дека за да им се направи специјалистичка интервенција во „8 Септември“ пред тоа морале да закажуваат магнетна резонанца во други здравствени установи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijagnostichkite-aparati-niz-drzavnite-bolnici-pred-raspad-chetiri-godini-vlast-sdsm-ne-nabavi-nitu-eden/feed/ 0
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Новиот градски превоз е нова лага на мрзливиот Шилегов, 4 години помина во лажни ветувања и нула резултати https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-noviot-gradski-prevoz-e-nova-laga-na-mrzliviot-shilegov-4-godini-pomina-vo-lazni-vetuvanja-i-nula-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-noviot-gradski-prevoz-e-nova-laga-na-mrzliviot-shilegov-4-godini-pomina-vo-lazni-vetuvanja-i-nula-rezultati/#respond Fri, 09 Apr 2021 20:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=495114

Мрзливиот Шилегов 4 години помина во убави лаги и ветувања кои не ги реализира, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. Ветувањето за нов градски превоз е нова лага на мрзливиот Шилегов. Четири години помина во лажни ветувања и нула резултати. Трамвајот на тркала кој го ветува Шилегов не е обмислен проект и единствено го користи за предизборен маркетинг. Дополнително нема никаква студија за компатибилност со градскиот сообраќај како и можности за посебна инфраструктура. Шилегов не успеа да си го оствари ветувањето за подземни контињери, а не пак да прави трамвај на тркала. Човекот потроши повеќе време за лажење од тоа што троши за работа, се вели во реакцијата на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-noviot-gradski-prevoz-e-nova-laga-na-mrzliviot-shilegov-4-godini-pomina-vo-lazni-vetuvanja-i-nula-rezultati/feed/ 0
Кинеска државјанка осудена на четири години затвор поради известување за вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-drzavjanka-osudena-na-chetiri-godini-zatvor-poradi-izvestuvanje-za-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-drzavjanka-osudena-na-chetiri-godini-zatvor-poradi-izvestuvanje-za-virusot/#respond Mon, 28 Dec 2020 10:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=449312

Кинеската државјанка Жанг Жан е осудена на четири години затвор за известување во живо од Вухан кога избувна епидемијата, изјави нејзиниот адвокат денеска, скоро една година откако се појавија детали за „непозната вирусна пневмонија“ во тој град во централна Кина. Жанг, поранешна адвокатка, беше осудена на кратко судско рочиште во Шангај за наводно „предизвикување расправии и проблеми“ со известување во хаотичната прва фаза на епидемијата. Нејзините извештаи во живо во февруари беа широко споделенувани на платформите на социјалните мрежи, привлекувајќи го вниманието на властите кои казнија осум „свиркачи“ кои го критикуваа одговорот на Владата на епидемијата. Како што пренесуваат странските агенции, Пекинг си го честиташе својот „извонреден“ успех во контролирањето на вирусот во рамките на своите граници, со економија во подем, додека поголемиот дел од светот наметна блокади и се соочи со голем заразени во текот на целата година од почетокот на пандемијата во Вухан. Судењето се случи неколку недели пред меѓународниот тим експерти од Светската здравствена организација да пристигне во Кина за да го испита потеклото на Ковид-19. Жанг беше критична кон одговорот на властите на почетокот на епидемијата во Вухан, објавувајќи текст во февруари во кој напиша дека Владата „не им давала на луѓето доволно информации, а потоа едноставно го затворила градот“. „Тоа е сериозно кршење на човековите права“, напиша таа. Судот соопшти дека таа ширела „лажни коментари“ на Интернет. Таа започна штрајк со глад во јуни, поради што здравствената состојба и е нарушена и се храни преку носна цевка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-drzavjanka-osudena-na-chetiri-godini-zatvor-poradi-izvestuvanje-za-virusot/feed/ 0
Француското обвинителство бара четири години затвор за Саркози https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskoto-obvinitelstvo-bara-chetiri-godini-zatvor-za-sarkozi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskoto-obvinitelstvo-bara-chetiri-godini-zatvor-za-sarkozi/#respond Tue, 08 Dec 2020 19:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=440611

Обвинителите во судскиот процес против поранешниот француски претседател Никола Саркози побараа денеска тој да биде осуден на четири години затвор, од кои две да бидат условни и евентуално отслужени при ново кривично дело по одреден период. Шеесет и пет годишниот десничарски политичар, прв шеф на државата кој се појавил на обвинителна клупа во модерната историја на Франција, е обвинет дека се обидел да поткупи судија со атрактивна работа во замена за внатрешна информација за истражување на финансиите во неговата предизборна кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskoto-obvinitelstvo-bara-chetiri-godini-zatvor-za-sarkozi/feed/ 0