4000 повредени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Aug 2020 06:40:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 4000 повредени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во експлозијата во Бејрут загинаа повеќе од сто луѓе, а околу 4.000 се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-eksplozijata-vo-bejrut-zaginaa-povekje-od-sto-lugje-a-okolu-4-000-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-eksplozijata-vo-bejrut-zaginaa-povekje-od-sto-lugje-a-okolu-4-000-se-povredeni/#respond Wed, 05 Aug 2020 06:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=386309

Врховниот совет за одбрана на Либан го прогласи главниот град Бејрут за погоден од природна непогода и и предложи на Владата денеска да воведе вонредна состојба по силната експлозија во која загинаа повеќе од 100 лица, а се повредени повеќе од 4.000. На итен состанок на Советот беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата во пристаништето во централниот дел на Бејрут, а извештајот треба да се заврши за пет дена, пренесува агенцијата ТАСС. Како што јавуваат локалните медиуми, во текот на ноќта Бејрут останал во мрак, а пожарникарите сè уште ги гаснат преостанатите пожари на местото на експлозијата. Облаци од црн чад и натаму се креваат кон небото. Јавните служби почнаа да ги отстрануваат урнатините. Делот од градот каде се случи експлозијата е уништен, а голем број згради се речиси целосно оштетени. Министерот за здравство Хасан Хамид изјави дека болниците се полни со повредени лица, поради што и хотелите во центарот на Бејрут ќе примаат пациенти на кои не им е потребна операција. Според податоците на германскиот геонаучен центар ГФЗ, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-eksplozijata-vo-bejrut-zaginaa-povekje-od-sto-lugje-a-okolu-4-000-se-povredeni/feed/ 0