50 отсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 May 2021 12:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 50 отсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 50 отсто од луѓето во светот чувствуваат прекумерни ограничувања поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-50-otsto-od-lugjeto-vo-svetot-chuvstvuvaat-prekumerni-ogranichuvanja-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-50-otsto-od-lugjeto-vo-svetot-chuvstvuvaat-prekumerni-ogranichuvanja-poradi-koronavirusot/#respond Wed, 05 May 2021 12:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=505972

Педесет и осум отсто од луѓето кои живеат во светските демократии се задоволни од одговорот на нивните влади на пандемијата на Ковид-19, иако повеќе од половина веруваат дека нивните слободи се премногу ограничени, покажуваат податоците од спроведена анкета. Истражувањето спроведено во 53 земји, исто така, покажа дека нешто повеќе од половина веруваат дека нивната земја е демократска, но многумина сметаат дека економската нееднаквост и моќта на големите технолошки компании се закана за демократијата. Иако мнозинството од испитаниците го одобруваат начинот на кој нивните влади реагирале на пандемијата, според истражувањето, 53 отсто сметаат дека нивните лични слободи се премногу ограничени од воведените мерки, според анкетата. – Сега мора да најдеме излез од пандемијата на Ковид-19, давајќи им поголема демократија и слобода на луѓето, изјави Андерс Фог Расмусен, претседател на фондацијата „Алијанса на демократии“, која заедно со компанијата за следење на брендови „Латана“ ја спроведоа анкетата. Околу 64 отсто од испитаниците сметаат дека економската нееднаквост е најголемата закана за демократијата во светот. Испитаниците во САД се најмногу загрижени за влијанието на големите технолошки компании врз демократијата. Речиси половина од анкетираните низ светот се загрижени дека САД се закана на нивната демократија, додека 38 проценти се плашат од кинеско влијание, а околу 27 проценти се претпазливи од руското. Со изборот на претседателот Џо Бајден, перцепцијата за влијанието на САД врз демократијата ширум светот е подобрена од администрацијата на Доналд Трамп. Во Европа, Русија и Кина, влијанието на САД се уште се смета главно како негативно. Генерално, 62 отсто од испитаниците сметаат дека социјалните медиуми имаат позитивно влијание врз демократијата во нивната земја. Повеќето од 53 земји вклучени во истражувањето се повеќепартиски демократии, додека други се Кина, Венецуела, Виетнам и Саудиска Арабија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-50-otsto-od-lugjeto-vo-svetot-chuvstvuvaat-prekumerni-ogranichuvanja-poradi-koronavirusot/feed/ 0