57 милиони денари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Apr 2020 12:56:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 57 милиони денари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мисајловски: Во екот на најголемата здравствена криза, само во четири општини за партиски вработувања СДСМ ќе потроши скоро 57 милиони денари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-ekot-na-najgolemata-zdravstvena-kriza-samo-vo-chetiri-opshtini-za-partiski-vrabotuvanja-sdsm-kje-potroshi-skoro-57-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-ekot-na-najgolemata-zdravstvena-kriza-samo-vo-chetiri-opshtini-za-partiski-vrabotuvanja-sdsm-kje-potroshi-skoro-57-milioni-denari/#respond Wed, 08 Apr 2020 12:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=329191

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека 15.000 луѓе биле отпуштени од работа од угостителскиот сектор. Стопанството едвај дише, малите и средните претпријатија се пред колапс. Недостигаат над 2 милијарди евра во буџетот. Лекарите, полицајците и сите оние кои се борат со вирусот на првата линија, се борат без заштита, голораки. Платите на работниците ќе се кратат, луѓе ќе остануваат без работа и егзистенција, ама партиските вработувања не смеат да запрат. Локалната самоуправа во Ѓорче Петров во екот на најголемата здравствена криза во Република Македонија склучила договор за привремени вработувања во износ од 10.999.960 милиони денари. Во исто време кога Заев и Оливер порачуваат дека не може се да е "бесплатно" во оваа држава и работниците да "стиснат заби" затоа што ќе се кратат плати, во општината Ѓорче Петров обезбедуваат скоро 11 милиони денари за нови привремени партиски вработувања. И да биде впечатокот целосен, во исто време се трошат 15 милиони денари за привремени вработувања во општина Гази Баба, скоро 24 милиони денари во општина Бутел, а ЈП Водовод Куманово, градот кој е жариште на корона вирусот ќе потроши 7.5 милиони денари на партиски вработувања. Само во овие четири општини СДСМ за вработување на свои партиски војници ќе потроши скоро 57 милиони денари! Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри ? Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки. Потребна е одговорност спрема својата држава, вели во својата објава на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-ekot-na-najgolemata-zdravstvena-kriza-samo-vo-chetiri-opshtini-za-partiski-vrabotuvanja-sdsm-kje-potroshi-skoro-57-milioni-denari/feed/ 0