57 шумски пожари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jul 2020 08:14:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 57 шумски пожари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Грција за 24 часа регистрирани 57 шумски пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-za-24-chasa-registrirani-57-shumski-pozari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-za-24-chasa-registrirani-57-shumski-pozari/#respond Thu, 23 Jul 2020 08:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=380024

Во изминатите 24 часа, заклучно со вчера во 19 часот, во Грција имало 57 шумски пожари на различни локации, а интервенирале вупно 749 пожарникари со 264 возила, 18 пешадиски тима, авиони и хеликоптери, а помагале еден хеликоптер од војската како и цистерни и булдожери од општините, јави дописничката на МИА од Атина. Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека поголемиот број од пожарите биле брзо ставени под контрола, а сѐ уште е активен пожарот во близина на Коринт што избувна вчера напладне. Пожарникарите во текот на ноќта се бореа со огнените јазици, а напорите, пожарот да се стави под контрола, продолжуваат и денеска. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, интервенираат 236 пожарникари со 54 возила, 15 пешадиски тимови, шест хеликоптери и четири авиони. Во текот на вчерашниот ден, превентивно беа евакуирани најмалку шест населби, два детски кампови со околу 800 деца, а според грчките медиуми, пожарот нанел материјална штета на неколку домови. Градоначалникот на Коринт, за грчката телевизија „Скај“ рече дека иако пожарот не е ставен под контрола, сепак не претставува опасност за населени места. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-za-24-chasa-registrirani-57-shumski-pozari/feed/ 0