5Г мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Nov 2021 07:35:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 5Г мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-vekje-ima-450-milioni-korisnici-na-5g-mrezata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-vekje-ima-450-milioni-korisnici-na-5g-mrezata/#respond Thu, 18 Nov 2021 07:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=596845

Според владини податоци, во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата, технологија дизајнирана да внесе револуција во мобилниот интернет. 5G Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4G, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време. Кина, која беше една од првите земји што официјално лансираше 5G во 2019 година, е пионер на ова поле благодарение на технолошкиот напредок на нејзиниот лидер Huawei. Повеќето од паметните телефони што се продаваат во земјата каде што локалните брендови доминираат на пазарот се компатибилни со 5G. Околу 450 милиони луѓе во Кина користеле 5G барем еднаш, што е повеќе од целата популација на ЕУ, според Министерството за индустрија и информатичка технологија. Во 2025 година, речиси сите градови и села во земјата ќе бидат поврзани на 5G мрежата, соопшти Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-vekje-ima-450-milioni-korisnici-na-5g-mrezata/feed/ 0
ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5Г мрежата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-prifati-gragjanska-inicijativa-za-zashtita-od-5g-mrezata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-prifati-gragjanska-inicijativa-za-zashtita-od-5g-mrezata/#respond Thu, 07 Oct 2021 14:09:51 +0000 https://kurir.mk/?p=574791

Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива за подобра заштита против можни штетни последици од 5Г мрежата во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Иницијативата наречена “Стоп за 5Г, останете конектирани, но заштитени“ доби зелено светло од Европската комисија откако беше оценето дека ги исполнува сите критериуми, иако тоа не значи дека Комисијата се согласува со содржината на барањата на граѓанската иницијатива. Петицијата поднесена од групи граѓани во ЕУ бара од Европската комисија подобра проценка и законодавство против можни штетни радијации кои би произлегле од инфраструктурата потребна за 5Г мрежата врз луѓето и врз животната средина. Граѓаните бараат и посилна заштита против кибер криминалот и можноста за крадење на личните податоци на интернет корисниците преку оваа мрежа. Европската Комисија не се произнесе за содржината на петицијата и допрва ќе ја анализира. Со прифаќањето на оваа иницијатива организаторите сега имаат една година да соберат еден милион потписи од најмалку седум земји членки на ЕУ за Европската Комисија да реагира и детаљно да ги анализира барањата. Доколку се соберат потребните потписи, Европската комисија може да одбие да делува по барањата на граѓаните, но тие имаат право да побараат од Комисијата да ја аргументира својата одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-prifati-gragjanska-inicijativa-za-zashtita-od-5g-mrezata/feed/ 0
5Г мрежата наскоро ќе може да ги полни и нашите уреди: Доаѓа ерата без батерии и полначи! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/5g-mrezata-naskoro-kje-moze-da-gi-polni-i-nashite-uredi-doagja-erata-bez-baterii-i-polnachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/5g-mrezata-naskoro-kje-moze-da-gi-polni-i-nashite-uredi-doagja-erata-bez-baterii-i-polnachi/#respond Tue, 30 Mar 2021 12:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=489719

Тим научници од Институтот за технологија во Џорџија конструираа мали антени кои можат да соберат електромагнетна енергија од 5G сигнал и потоа да ја користат како извор на електрична енергија. Оваа технологија, кога ќе се усоврши, практично може да им даде на 5G мрежите нова функција, односно да ги претвори во безжични мрежи за напојување на мали уреди и сензори поврзани на Интернет. Ова, за уредите што не се потрошувачи, би значело дека, барем теоретски, ваквите антени можат да работат целосно без батерии во мрежата или да ги наполнат на одредено ниво доволно за работа за кратко време. Најголемиот проблем на ваквите антени, кои можат да се произведат со технологија за 3Д печатење, е ограничувањето кога количината на енергија што можат да ја соберат е доведена во прашање, бидејќи тие имаат ограничен прием на сигнал, пишува Футуризам. - Го решивме проблемот затоа што нашите антени можеа да го примаат сигналот само од една насока, во систем што покрива широк агол на прием - посочи водечкиот истражувач на проектот, Алин Еид. Не е важно од која насока сигналот е насочен кон антената, бидејќи иновациите што ги применуваат научниците овозможуваат прием на сигнали од сите правци. - Според истиот принцип, можеме да имаме голема антена која работи на повисоки фреквенции, која ќе може да прима сигнали од сите правци. Тоа ја прави нашата антена многу практична - посочува истражувачот myими Хестер. Принципот на работа на овие антени се заснова на фактот дека 5G мрежите почиваат на многу погусти поставени 5G антени отколку што е случајот со антените од претходните генерации, кои во овој случај претставуваат извор на енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/5g-mrezata-naskoro-kje-moze-da-gi-polni-i-nashite-uredi-doagja-erata-bez-baterii-i-polnachi/feed/ 0
До 2023 еден град во земјава ќе добие 5Г мрежа- еве за кој станува збор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-2023-eden-grad-vo-zemjava-kje-dobie-5g-mreza-eve-za-koj-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-2023-eden-grad-vo-zemjava-kje-dobie-5g-mreza-eve-za-koj-stanuva-zbor/#respond Sun, 22 Nov 2020 13:53:31 +0000 https://kurir.mk/?p=432844

Согласно стратегијата за развој на 5Г мрежата планираме до 2023 еден голем град во земјава да биде покриен со 5Г мрежа. Иако во Стратегијата таксативно не е наведен градот, тоа најверојатно ќе биде главниот град бидејќи тука е и најголема концентрација на корисници. Потоа сукцесивно ќе се покрива и останатата територија на земјава, што сепак ќе зависи и од заинтересираноста на телекомуникациските оператори, вели Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во интервју за Сител. До крајот на идната недела се планира да биде распишан и меѓународен тендер за изработка на физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето. Како што објаснува Димитријоски, тоа не значи дека ќе се прават нови откритија туку сите релевантни информации на оваа тема кои постојат во светот ќе бидат ставени во еден документ. Сето тоа ќе се аплицира на ниво на влијание на 5Г мрежата во нашата земја, од причина што секоја држава има свои специфики на терен, на покриеност, што бара и различна густина на поставување на 5Г антени и воопшто различно дизајнирање на 5Г мрежата. Според него сите шпекулации за штетното влијание на 5Г мрежата врз здравјето на населението потекнаа од пренагласување на моментот дека 5Г мрежата ќе донесе чудо. „Во суштина новата генерација е само надградба на сето она што го имаме како технологија. Никакво чудо нема да се случи, едноставно тоа е технологија која ќе овозможи поголема брзина на пренос на податоци, помало доцнење на сигналот и ќе дава можност многу повеќе уреди да бидат поврзани автономно на тие мрежи, што значи дека најголемо влијание ќе има врз индустриските процеси на големите компании кои имаат роботизирани процеси на производство. Тоа ќе биде технолошка револуција, но на здравјето на граѓаните ништо нема да се случува“, додава Димитријоски. Дека е така покажаа и мерењата на нејонизирачкото зрачење на 5Г антените кои беа поставени од Македонски Телеком и А1 кои направија тестирања за да демонстрираат кои ќе бидат брзините кои ќе се постигнат со имплементација на новата петта генерација на мобилни комуникации. „Она што како АЕК го измеривме тогаш покажа дека нивото на зрачење на антените е идентично, па дури и во некои сегменти пониско од зрачењето на 4Г антените. Но имајќи предвид дека петтата генерација предаватели ќе бидат интелигентни предаватели кои кога нема во близина мобилен телефон ќе бидат исклучени, за разлика од сегашните кога имаме константно сигнали кои постојано зрачат, тоа само укажува дека количината на зрачење ќе биде помала од онаа што го имаме од 4Г генерацијата мобилни мрежи“, заклучи директорот на АЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-2023-eden-grad-vo-zemjava-kje-dobie-5g-mreza-eve-za-koj-stanuva-zbor/feed/ 0
АЕК ќе спроведува студија како 5Г мрежата влијае врз здравјето на луѓето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-kje-sproveduva-studija-kako-5g-mrezata-vlijae-vrz-zdravjeto-na-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-kje-sproveduva-studija-kako-5g-mrezata-vlijae-vrz-zdravjeto-na-lugjeto/#respond Thu, 29 Oct 2020 11:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=422087

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето како основа за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5Г мрежата во земјава. Од АЕК денеска соопштија дека се очекува за изработка на ова сериозно истражување да се пријават реномирани компании кои имаат искуство во мерењето на нејонизирачкото зрачење кое доаѓа од мобилните мрежи, посебно од најновата 5Г генерација. На овој начин, велат од АЕК, се очекува да се расчистат многу дилеми кои постојат во јавноста околу новата генерација широкопојасни мобилни мрежи. – Во светот се спроведени стотици научни истражувања на тема за влијанието на 5Г технологијата врз здравјето на луѓето и напишани се илјадници научни статии, што го прави прашањето за штетноста на електромагнетното зрачење една од најистражуваните теми во науката на глобално ниво. Мислењето на релевантни меѓународни експерти и институции е дека доколку се почитуваат препорачаните гранични вредности, електромагнетните полиња што ги користи оваа технологија не претставуваат опасност по здравјето на луѓето. Односно, природата на зрачењето генерирано од базните станици и мрежните терминали на 5Г е идентично со онаа на мрежите од претходната генерација. Сепак и покрај постоење на вакви студии, ние сакаме да обезбедиме сопствена студија која не само што ќе влијае на понатамошните чекори кои ќе ги преземаме, туку веруваме дека ќе има значење при градење сеопфатен консензус за потребата од развој на новата технологија во Северна Македонија, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК. Петтата генерација мобилни системи вклучува употреба на радио бранови во одредени фреквенции, првично слични или малку повисоки од фреквенциите што се користат за постојните 4Г мобилни мрежи. Овие радио бранови емитуваат нејонизирачко зрачење, што е помалку штетно од јонизирачкото. Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална веб-страница наведува дека „до денес и по многу истражувања, никакви штетни ефекти врз здравјето не се каузално поврзани со изложеноста на безжични технологии“. Основа за ова е ставот и студиите на Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ИЦНИРП) која е независна, научна комисија, формирана од Меѓународната асоцијација за заштита од радијација, со цел заштита на луѓето и околината од радијација. СЗО ја признава оваа организација како референца за сите прашања поврзани со радиофреквенциите и здравјето на луѓето. Европската Комисија има донесено акциски план за 5Г според кој до 2020 година барем во еден поголем град во секоја земја членка на ЕУ треба да бидат воведени 5Г комерцијални мрежи, а до 2025 година овие мрежи треба да бидат достапни до сите урбани подрачја и поголеми транспортни линии. Моменталното ниво на имплементација на 5Г мобилните мрежи во Европа е ограничено во неколку земји. Во Германија, Водафон и Дојче Телеком имаат делумно покривање само во неколку поголеми градови, како Берлин, Франкфурт, Хамбург, Минхен и други. Во Ирска, Италија, Романија и Велика Британија ситуацијата е слична. Во нашата земја, слично како и во останатите европски земји се спроведуваат првични тестирања на мобилните 5Г мрежи. Македонски Телеком и А1, кои поседуваат привремени одобренија за тестирање на 5Г мрежи, веќе ги направија првите тестирања. Притоа, АЕК спроведе и мерења на нејонизирачко зрачење со цел да се види придонесот на новата 5Г НР технологија од тест мрежата на Македонски Телеком. Во меѓувреме, АЕК подготви и нов план за намена на радиофреквенциските опсези, за кој е во тек јавната расправа која ќе трае до средината на идниот месец. Радиофреквентниот спектар потребен за воведување 5Г мобилни мрежи во Северна Македонија е слободен, а се планира, тогаш кога ќе биде одлучено, предвидените опсези за 5Г мобилни мрежи да бидат издадени на јавен тендер каде што операторите ќе можат сами да учествуваат во определувањето на комерцијалната вредност на радиофреквенциските опсези, преку јавно наддавање. За целата постапка неопходно е да се направат и измени на Законот за електронски комуникации во поглед на усогласување на делот кој се однесува на кибер безбедноста со стандардите утврдени за земјите членки на НАТО. – Ние секако можеме многу брзо да распишеmе тендер за доделување фреквенции за развој на 5Г, но тоа нема да вреди ако нема кој да се пријави и да се наддава за овој фреквентен опсег. Едноставно, потребно е операторите да бидат мотивирани да инвестираат во 5Г мобилни мрежи, a услов за тоа е да има значително поголема побарувачка за побрз пристап до интернет од страна на корисниците на мобилните електронски комуникациски услуги. Во моментов кај нас не постои доволна искористеност на постојните мрежи (3Г и 4Г) за да е неопходно итно инвестирање во нови технологии за побрз пристап до интернет, a слично е и во многу европски земји, истакнува Димитријоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-kje-sproveduva-studija-kako-5g-mrezata-vlijae-vrz-zdravjeto-na-lugjeto/feed/ 0
Шведска забрани кинески компании да учествуваат во изградба на мрежата 5Г https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zabrani-kineski-kompanii-da-uchestvuvaat-vo-izgradba-na-mrezata-5g/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zabrani-kineski-kompanii-da-uchestvuvaat-vo-izgradba-na-mrezata-5g/#respond Tue, 20 Oct 2020 10:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=418457

Шведска им забрани на кинеските телекомуникациски компании „Хуавеј“ и ЗТЕ да учествуваат во изградбата на 5Г- мрежа на нејзина територија од безбедносни причини. Забраната е во согласност со новото законодавство што стапи на сила во јануари 2020 година, чија цел е да се осигура дека употребата на радио опрема од овие структури не ја загрозува безбедноста на земјата, соопшти денеска шведскиот регулаторен орган. Компанијата „Хуавеј“, која е втор по големина производител на мобилни телефони во светот и лидер на пазарот во 5Г опрема, како и ЗТЕ ќе имаат рок до 1 јануари 2025 година да ги исфрлат сите постојни инсталации. САД тврдат дека кинеските компании се користат за да шпионираат за Пекинг, обвинувања што Кина ги негира. Вашингтон врши притисок врз своите сојузници да го исклучат „Хуавеј“ од својата интернет-инфраструктура. Во јули, Велика Британија забрани провајдери на мобилни телефони да користат опрема произведена од „Хуавеј“ во нивните нови 5Г мрежи и им дадоа рок на компаниите во земјата до 2027 година да ја отстранат опремата од кинескиот производител. Франција исто така воведе сериозни ограничувања против употребата на опремата од „Хуавеј“. Забраната беше објавена откако регулаторот соопшти дека одобрил четири понуди за шведската мрежа 5Г, закажани за 10 ноември, а сите четири компании се шведски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zabrani-kineski-kompanii-da-uchestvuvaat-vo-izgradba-na-mrezata-5g/feed/ 0
Помпео во посета на Словенија, потпишува изјава за 5G мрежата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pompeo-vo-poseta-na-slovenija-potpishuva-izjava-za-5g-mrezata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pompeo-vo-poseta-na-slovenija-potpishuva-izjava-za-5g-mrezata/#respond Thu, 13 Aug 2020 05:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=390005

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе престојува денеска во кратка посета на Словенија, за време на која ќе биде потпишана заедничка изјава за безбедносните прашања поврзани со мрежата 5G. Помпео вчера беше во Чешка, прва станица на европска турнеја со голема агенда, вклучително и улогата на Кина во градењето на 5G мрежа, а по Словенија ќе ги посети Австрија и Полска. Помпео пристигна во Европа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави намалување на вoеното присуство на САД во Германија на крајот на минатиот месец. Според словенечката агенција СТА, текстот на нацрт-декларацијата предвидува безбедносна проверка на корпорациите што нудат 5G технологија, транспарентност на нивна сопственичка структура, без оглед дали тие ги почитуваат правата на интелектуална сопственост и законите поврзани со транспарентноста на корпоративното управување. САД веќе потпишаа слични заеднички изјави со Полска, Романија, Естонија и Летонија, а нивната цел е, меѓу другото, да ја потенцираат важноста на безбедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО. Иако името не е директно наведено во нацрт-документот, според СТА, целта на изјавата е веројатно намерата да се наметнат ограничувања на кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“, со оглед дека претседателот Трамп се обидува да ги одврати сојузниците од правење бизнис со Кина и Хуавеи, поради наводниот безбедносен ризик и потенцијалот за шпионажа за сметка на кинеските власти. Според најавите од словенечката Влада, разговорите ќе бидат посветени на зајакнување на билатералниот дијалог на политичко и економско поле, а САД се заинтересирани и за зајакнување на соработката во областа на енергетиката, особено кога станува збор за изградба на друг блок на нуклеарната централа Кршко. Пристигнувањето на Помпео во Словенија е прва посета на еден американски функционер со толку висок ранг по многу години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pompeo-vo-poseta-na-slovenija-potpishuva-izjava-za-5g-mrezata/feed/ 0
Лондон размислува да го откаже учеството на „Хуавеј“ во изградбата на 5Г мрежата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-razmisluva-da-go-otkaze-uchestvoto-na-huavej-vo-izgradbata-na-5g-mrezata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-razmisluva-da-go-otkaze-uchestvoto-na-huavej-vo-izgradbata-na-5g-mrezata/#respond Sun, 05 Jul 2020 14:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=369369

Само по неколку месеци, британската Влада ќе почне да го разгледува откажувањето на учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во изградба на 5Г мрежата во Британија, пишува весникот „Сандеј телеграф“. Според весникот, центарот за врски со Владата ја ревидирал проценката на ризик при користењето технологии на кинеската компанија. Експерти од разузнавачките служби заклучиле дека забраната наметната од американските власти за пристапот на „Хуавеј“ во развој на САД, ќе ја принуди компанијата да користи непроверена технологија. Како резултат на тоа, ќе биде невозможно да се контролира ризикот од работата со нив во британските 5Г мрежи. Следната недела се очекува извештај, кој ќе содржи детална анализа по ова прашање, да биде испратен до премиерот Борис Џонсон. Извори на весникот тврдат дека извештајот е радикална промена во проценката на ризикот, односно соработката со кинескиот технолошки гигант, што ги обединува ставовите на Лондон и Вашингтон за ова прашање. Од своја страна, портпарол на „Хуавеј“ истакна дека компанијата е „најтемелно проверен снабдувач во светот“, повикувајќи фокусот да се стави на фактите, а не на шпекулациите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-razmisluva-da-go-otkaze-uchestvoto-na-huavej-vo-izgradbata-na-5g-mrezata/feed/ 0
Во оваа земја граѓаните палат столбови за мобилна телефонија поради наводна поврзаност на 5Г и коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovaa-zemja-gragjanite-palat-stolbovi-za-mobilna-telefonija-poradi-navodna-povrzanost-na-5g-i-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovaa-zemja-gragjanite-palat-stolbovi-za-mobilna-telefonija-poradi-navodna-povrzanost-na-5g-i-koronavirusot/#respond Sat, 04 Apr 2020 18:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=327264

Во неколку градови во Велика Британија се запалени повеќе столбови за мобилна телефонија, а нападнати се и инженери поради непотврдени теории за поврзаноста на коронавирусот и 5Г мрежата, соопштија британските оператори за мобилна телефонија. Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од столбовите во пламен, операторите истакнаа дека ширењето на такви гласини е загрижувачко. Запалени се столбови во Спракхил, Бирмингем и Мелинг. Секретаријатот за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт соопшти дека се информирани за тоа дека на интернет се шират неточни информации за 5Г технологијата. Фејсбук ја отстрани страницата на која беа прикажани фотографиите од запалените столбови и ги поттикна и другите социјални мрежи да го направат тоа. Од Компанијата Мобајл УК истакнаа дека уште позагрижувачки е тоа што одредени луѓе ги злоупотребуваат работниците и се закануваат дека ќе ја уништат инфраструктурата поради тврдењата за 5Г технологијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovaa-zemja-gragjanite-palat-stolbovi-za-mobilna-telefonija-poradi-navodna-povrzanost-na-5g-i-koronavirusot/feed/ 0
Мрежата 5G лајт почна со работа во Белгија, не и во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrezata-5g-lajt-pochna-so-rabota-vo-belgija-ne-i-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrezata-5g-lajt-pochna-so-rabota-vo-belgija-ne-i-vo-brisel/#respond Wed, 01 Apr 2020 17:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=325775

Телекомуникацискиот оператор „Проксимус“ лансира 5G лајт мрежа низ цела Белгија. Мрежата опфаќа повеќе белгиски градови, но не и Брисел, бидејќи таа мрежа не ги исполнува строгите стандарди во областа на радијацијата пропишани од овој регион. Претставници на градското собрание на Брисел изјавија дека стандардите во областа на радијацијата во овој град-регион се за 50 проценти построги од оние пропишани од ЕУ и Светската здравствена организација. Мрежата 5G Лајт почна со работа во градовите Бриж, Лувен, Остенд, Монс, Хаселт, Намур и Завентем кај Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrezata-5g-lajt-pochna-so-rabota-vo-belgija-ne-i-vo-brisel/feed/ 0