6 месеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 May 2021 11:43:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 6 месеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По повеќе од 6 месеци Грција излезе од карантин и го означи почетокот на туристичката сезона https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-povekje-od-6-meseci-grcija-izleze-od-karantin-i-go-oznachi-pochetokot-na-turistichkata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-povekje-od-6-meseci-grcija-izleze-od-karantin-i-go-oznachi-pochetokot-na-turistichkata-sezona/#respond Fri, 14 May 2021 11:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=510293

Официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција го означи и крајот на над шестмесечниот карантин во земјата, а по 188 дена „локдаун“, Грците од денеска можат слободно да се движат, без да биде потребно да испратат смс порака, но и слободно да патуваат од еден во друг град, јави дописничката на МИА од Атина. Полицискиот час од вечерва ќе биде дополнително скратен и наместо од 23 часот, ќе почнува половина час по полноќ, а носењето маска и понатаму е задолжително за сите, како внатре, така и на отворено. Продолжено е работното време на угостителските објекти, кои ќе работат до 00.15 часот и само на летните тераси, а до крајот на месецов и понатаму ќе работат без музика. Министерот за туризам Харис Теохарис вчера го претстави владиниот план за отворање на туризмот, базиран на „пет зони на одбрана“, односно протокол за влез во земјата, систем за спроведување рапид тестови по случаен избор, хотели-карантин на 35 места во земјата, спроведување нови туристички протоколи и забрзување на процесот на имунизација во земјата. Протоколот за влез во Грција всушност се состои од пополнет PLF формулар пред поаѓањето и потврда или за вакцинација или за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или за прележан Ковид-19, додека пак од 1 јуни ќе биде во функција европскиот сертификат, односно т.н.„ Green Pass“. Грчката верзија на „Green Pass“, пак, се воведува од денеска, заедно со укинувањето на забраната за движење меѓу региони и се однесува на внатрешните патувањата со брод или авион кон островите и е задолжителна за сите патници Заменик министерот под премиерот задолжен за координација на работата на Владата Акис Скерцос во средата ги соопшти новите правила кои пред сѐ се однесуваат на грчките државјани, со оглед на тоа дека за туристите и онака „Green Pass“ ќе биде задолжителен за влез во земјата. За патувања на островите, во пракса значи дека потребно ќе биде да се покаже или сертификат за вакцинација (да се поминати две седмици од втората доза), или негативен тест (направен 72 часа претходно доколку е ПЦР или 24 пред патувањето ако е селф тест/рапид тест) или потврда за прележан Ковид-19 (два месеца по заразувањето и до најмногу девет месеци потоа). Авионските и морските компании задолжително ќе вршат контроли, дали патниците имаат некоја од горенаведените потврди, кои важат и за грчките и за странските државјани со наполнети пет години. За патувања со автомобил, во континенталниот дел на Грција, тестовите не се задолжителни, но постои силна препорака за спроведување пред патувањето. Заедно со туризмот, од денеска се отвораат и музеите, за една седмица подоцна ќе почнат со работа и летните кина, на 28 мај дозволено е организирање претстави и концерти на отворено, а во текот на следниот месец ќе се укинат рестрикциите за свадби и крштевки, кои ќе може да се одржуваат само на отворено со најмногу 100 гости. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-povekje-od-6-meseci-grcija-izleze-od-karantin-i-go-oznachi-pochetokot-na-turistichkata-sezona/feed/ 0
Истражување: Од 2100 година летото ќе трае шест месеци, а зимата помалку од 60 дена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-od-2100-godina-letoto-kje-trae-shest-meseci-a-zimata-pomalku-od-60-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-od-2100-godina-letoto-kje-trae-shest-meseci-a-zimata-pomalku-od-60-dena/#respond Thu, 25 Mar 2021 10:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=487524

Доколку не се преземат сериозни мерки во борбата против климатските промени, до крајот на овој век, летото може да трае половина година, предупредува најновото истражување. Според анализата на научниците, во последните 60 години, периодот на лето во целиот свет е продолжен во просек за 17 дена. – Летото станува подолго и потопло поради глобалното затоплување, а зимите се сè пократки и потопли, изјави климатологот Јупинг Гуан, пренесува Си-Ен-Ен Во текстот се наведува дека за некои идејата за подолг летен период може да звучи како идеална можност да останат на отворено, но се додава дека продолжената летна сезона може значително да влијае на нашето здравје, животната средина и земјоделството. Во тој случај, се наведува во истражувањето, би имало повеќе топлотни бранови и повеќе болести пренесени од комарци, а сезоната на алергии ќе трае уште подолго. Истражувањето наведува дека доколку не се преземе ништо во врска со емисијата на штетни гасови и сузбивањето на глобалното затоплување, до крајот на овој век летото би можело да трае најмалку половина година. – Ако продолжиме како досега, до крајот на векот пролетта и летото ќе започнат еден месец порано отколку во 2011 година, а есента и зимата околу половина месец подоцна, што ќе резултира во 2100 лето да трае околу половина година и зима помалку од две месеци, предупредуваат експертите во истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-od-2100-godina-letoto-kje-trae-shest-meseci-a-zimata-pomalku-od-60-dena/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Путерот лови путер, а власта за 6 месеци склучила договори во 4 очи од 11 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ljupcho-puterot-lovi-puter-a-vlasta-za-6-meseci-skluchila-dogovori-vo-4-ochi-od-11-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ljupcho-puterot-lovi-puter-a-vlasta-za-6-meseci-skluchila-dogovori-vo-4-ochi-od-11-milioni-evra/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:33:26 +0000 https://kurir.mk/?p=487449

Љупчо Николовски Путерот, како путер низ раце му се промакнале низ државните институции 464 договори во 4 очи за набавки за кои се потрошени 11 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Љупчо Путерот лови расипан путер, министрите и директорите штанцале договори во 4 очи. Од тие 11 милиони евра дадени во четири очи, само 2.4 милиони евра биле за набавки поврзани со КОВИД 19, другите над 9.5 милиони евра за останати работи не поврзани со пандемијата. Доколку ја погледнеме листата на институции кои склучувале договори во 4 очи ќе видиме дека први се Клиниката за трауматологија, Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје. Здравството трошело најмногу пари, за договори во 4 очи, но сам мал дел од парите се потрошени за борбата против пандемијата. На што биле трошени пари во здравството, а во исто време не ги исполнуваме критериумите за помош од ЕУ?! Дали наместо во борба против пандемијата, се распишувале тендери за се и сешто, само не за средства кои се потребни во борбата против КОВИД 19?! Срамно е додека Филипче и другите од владата склучуваат договори во четири очи немаме вакцини, народот нема за маски и дезинфициенси, а за тестирање се чека и по неколку дена, за кога болен ќе отиде во болница, човек да се соочи со преполни болници и недостаток на средства, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ljupcho-puterot-lovi-puter-a-vlasta-za-6-meseci-skluchila-dogovori-vo-4-ochi-od-11-milioni-evra/feed/ 0