60 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Apr 2021 13:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 60 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јужна Кореја ја прекина имунизацијата со Астра Зенека за лица под 60 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-ja-prekina-imunizacijata-so-astra-zeneka-za-lica-pod-60-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-ja-prekina-imunizacijata-so-astra-zeneka-za-lica-pod-60-godini/#respond Wed, 07 Apr 2021 13:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=493746

Јужна Кореја одлучи да ја прекине програмата за имунизација од Ковид-19 со вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години поради загриженост за згрутчување на крвта, јави Јонхап. Организирани да започнат утре, исто така, ќе бидат откажани и програмите за вакцинација со „Астра Зенека“ за инструктори за специјално образование и наставници во градинки, основни и средни училишта, за вкупно околу 70.000 лица. Со нарушување на распоредот за вакцинација, Јужна Кореја би можела да биде под силен притисок да постигне имунитет на стадо до ноември. – Ја донесовме оваа одлука за претпазливост за пред се да ја ставиме безбедноста на луѓето кои примаат вакцини против Ковид-19 , рече шефот на корејскиот центар за контрола и превенција на болести. Тој додаде дека „врз основа на наодите на ЕМА, ќе се спроведат дискусии со експерти и брзо ќе се реагира“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-koreja-ja-prekina-imunizacijata-so-astra-zeneka-za-lica-pod-60-godini/feed/ 0
Кипар слави 60 години независност од Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-slavi-60-godini-nezavisnost-od-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-slavi-60-godini-nezavisnost-od-velika-britanija/#respond Sun, 16 Aug 2020 08:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=391211

Кипар, поделена земја која е дом на две британски воени бази и мировна мисија на Обединетите нации, денеска ја слави 60-годишнината од независноста од Велика Британија. – Независноста во тоа време беше компромис што ниту една страна во конфликтот не го сакаше ниту бараше, истакнува Хуберт Фаустман, професор по политички науки на Универзитетот во Никозија. За овој медитерански остров, каде денес живеат вкупно 1,2 милиони луѓе, во историјата се бореле разни кралства и цивилизации, потсетува Хина. Во модерно време островот остана поделен меѓу грчкиот југ и турскиот север. .Денес, популарната пешачка зона во близина на венецијанските sидови, Ледра, каде за време на крвавата герилска војна водена од кипарските Грци против британските трупи кон крајот на 50-тите години на минатиот век. е позната како „улица на смртта“ Претежно грчката заедница во Кипар во периодот од 1955 до 1959 година се бореше за „енозирање“ – обединување со „мајка“ Грција. Кипарските Грци ја прифатија понудата на Британците во 1960 година да биде независна, но под услов Велика Британија да го задржи суверенитетот над двете крајбрежни бази. Ова ќе биде проследено со судири меѓу грчката и турската заедница и последователната турска инвазија врз северен Кипар во 1974 година, наведува Хина. Предавањето на власта над островот се случи ноќта меѓу 15 и 16 август 1960 година. Последниот британски гувернер, Хју Фут, му ја предаде власта на првиот кипарски претседател, православниот архиепископ Макариеје. Независноста стави крај на вековната доминација на голем број владетели – од Асирците, Персијците, Грците и Римјаните, до Британците кои ја ценеа стратешката позиција на островот, особено по Суетската криза во 1956 година. Односите меѓу Република Кипар, сега членка на Европската унија и Велика Британија, останаа силни дури и по прогласувањето на независност. Кипарските Турци, од друга страна, го слават прогласувањето на својата меѓународно непризната држава од 15 ноември 1983 година, девет години откако Анкара нареди инвазија по пучот организиран од грчката воена хунта. Професорот Ахмет Созен од Катедрата за политички науки на Источномедитеранскиот универзитет во севернокипарскиот град Фамагусти рече дека „16 август не претставува ништо за над 90 проценти од кипарските Турци“. – Луѓето дури и не знаат за датумот кога грчкиот дел одбележува независност од Британците, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-slavi-60-godini-nezavisnost-od-velika-britanija/feed/ 0