7 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 08:23:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 7 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележување на 7 Мај – Денот на полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-7-maj-denot-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-7-maj-denot-na-policijata/#respond Sat, 30 Apr 2022 08:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=670048

Одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, кое годинава е организирано во повеќе градови низ државата, денеска продолжува пред Домот на АРМ во Струмица, каде ќе присуствува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што информираат од МВР, заменик-министерот Назим Буши ќе присуствува на настанот организиран по овој повод во Струга, а директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски во Крива Паланка. Државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска ќе присуствува на настанот во Младинскиот парк во Велес, а заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани на Гумење во Крушево. Од МВР ги повикуват граѓаните на заедничко дружење со полициските службеници од сите организациски единици при ресорното министерство. Според програмата, на 5 мај министерот Спасовски ќе ја отвори регионалната конференција на директори на полиции, а на 6 мај МВР ќе реализира крводарителска акција во чест на Денот на македонската полиција. Истиот ден е закажана и промоцијата на монографијата „МВР за граѓаните“. Чествувањето на 7 Мај ќе почне со положување цвеќе на спомен-обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12:30 часот. Граѓаните ќе можат да ја проследат манифестацијата во живо на програмата на МРТВ. Годинашното одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај, започна на 27 април со промоција на 73-от реконструиран објект на ОВР Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-7-maj-denot-na-policijata/feed/ 0
Почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezuvanjeto-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezuvanjeto-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/#respond Wed, 27 Apr 2022 06:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=668327

Со промоција на 73-от реконструиран објект, објектот на ОВР Радовиш, на која ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај, информираат од МВР. – На 30 април, во сабота, половина час после пладне, во Струмица – пред Домот на АРМ, во Крива Паланка – на Градскиот стадион, во Велес – во Младинскиот парк, во Струга – на Машка плажа парк и во Крушево – на Гумење, жителите на овие градови, но и сите посетители од околните места, ќе можат да се дружат со полициските службеници од сите единици, да се запознаат со полициската професија, но и нивната опрема, а за музичко освежување на граѓаните ќе се погрижат музичките пријатели на МВР, стои во соопштението од МВР. Од таму дополнуваат дека на 5 мај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе ја отвори Регионалната конференција на директори на полиции, а ден потоа, на 6 мај, МВР ќе реализира крводарителска акција во чест на Денот на македонската полиција. Истиот ден е закажана и промоцијата на монографијата „МВР за граѓаните“. – Чествувањето на 7 Мај, пак, ќе започне со положување на цвеќе на спомен обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека, централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12:30 часот, која нашите граѓани од целата држава ќе можат да ја проследат во живо на програмата на МРТВ, наведуваат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezuvanjeto-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/feed/ 0
Чулев: Нека е честит Денот на македонската полиција, Ви благодариме за секоја минута помината на вашите работни места (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-neka-e-chestit-denot-na-makedonskata-policija-vi-blagodarime-za-sekoja-minuta-pominata-na-vashite-rabotni-mesta-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-neka-e-chestit-denot-na-makedonskata-policija-vi-blagodarime-za-sekoja-minuta-pominata-na-vashite-rabotni-mesta-video/#respond Thu, 07 May 2020 09:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=342865

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на сите припадници на полицијата им го честита 7 Мај - Денот на македонската полиција. -Ова видео е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние кои се во првите редови во справувањето со пандемијата од коронавирусот. Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сплотени сме на само чекор од совладувањето на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa, пишува Чулев на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-neka-e-chestit-denot-na-makedonskata-policija-vi-blagodarime-za-sekoja-minuta-pominata-na-vashite-rabotni-mesta-video/feed/ 0
ВО ЖИВО: Свеченост по повод Денот на полицијата, единиците на МВР со показни вежби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-svechenost-po-povod-denot-na-policijata-edinicite-na-mvr-so-pokazni-vezbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-svechenost-po-povod-denot-na-policijata-edinicite-na-mvr-so-pokazni-vezbi/#respond Thu, 07 May 2020 09:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=342862

Свеченост по повод 7 Мај - Денот на македонската полиција ќе започне во 11:30 часот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што во присуство на раководството на МВР, вработени и поканети гости од дипломатскиот кор ќе се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Ќе има показни вежби од единиците на МВР и доделување плакети за посебен придонес и заложба во работењето на Министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на дипломатскиот кор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-svechenost-po-povod-denot-na-policijata-edinicite-na-mvr-so-pokazni-vezbi/feed/ 0
7 Мај – Ден на македонската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/7-maj-den-na-makedonskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/7-maj-den-na-makedonskata-policija/#respond Thu, 07 May 2020 05:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=342714

Министерството за внатрешни работи денеска ќе го одбележи 7 Мај – Денот на македонската полиција. Свеченоста од 11.30 часот ќе се одржи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што во присуство на раководството на МВР, вработени и поканети гости од дипломатскиот кор ќе се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Ќе има показни вежби од единиците на МВР и доделување плакети за посебен придонес и заложба во работењето на Министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на дипломатскиот кор. Претходно, во 9.45 часот, во кругот на МВР пред зграда бр.1 раководството на МВР ќе им оддаде почит на загинатите бранители, со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/7-maj-den-na-makedonskata-policija/feed/ 0
Струшката Литија ќе се одржи на 7 мај само со црковни лица без присуство на верници поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-litija-kje-se-odrzi-na-7-maj-samo-so-crkovni-lica-bez-prisustvo-na-vernici-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-litija-kje-se-odrzi-na-7-maj-samo-so-crkovni-lica-bez-prisustvo-na-vernici-poradi-kovid-19/#respond Mon, 04 May 2020 13:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=341425

Поради актуелната вонредна состојба со Ковид-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи на 7-ми мај во Струга, но без присуство на народ, информираат од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица. -Традицијата на Струшката литија (Еордија) и чествувањето на св. вмч. Георгиј никако нема да изостанат, зашто неговиот благослов е особено потребен во актуелниот период, но овој пат, целокупната церемонија ќе мора да биде реализирана само од страна на свештеничкиот клир, како и од Бигорската, Рајчичката и Пречистанската Обител, велат од манастирот. Оттаму истакнуваат дека се свесни за огромната почит која верниците ја имаат кон светиот Георгиј Победоносец, но сесрдно замолуваат граѓаните да останат во своите домови и уверуваат дека тие ќе се помолат пред него за секого и за целата наша земја и светот, за што поскоро да бидат избавени, како што велат, од искушението наречено Ковид– 19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkata-litija-kje-se-odrzi-na-7-maj-samo-so-crkovni-lica-bez-prisustvo-na-vernici-poradi-kovid-19/feed/ 0
Ден на македонската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-makedonskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-makedonskata-policija/#respond Mon, 07 May 2018 06:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=50799

Показни вежби со учество на над 600 припадниците на полицијата во Скопје, Охрид и Штип, награди за најдобрите, спомнување и почит за загинатите, ветувања за повисоки плати и реформи, меѓусебни обвинувања меѓу  опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ  за односот кон полициските припадници во минатогодишните насилства во Собранието и во кумановско „Диво насеље“... Сето ова го проследи овогодишното одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај,  во рамки на кое денеска ресорниот министер Оливер Спасовски ќе прими претставници на семејствата на загинатите припадници на македонската полиција и ќе биде положено цвеќе на спомениците на паднатите бранители. Министерот Спасовски вчера на централната свеченост во Штип рече дека преку реформските процеси МВР ја враќа довербата кај граѓаните, а најави и дека од 1 декември годинава 4.900 полицајци ќе добијат покачување на платата. Зборувајќи за минатогодишните насилства во Собранието, Спасовски кажа дека извршителите и креаторите не смеат да останат неказнети, а како што рече, особено оние кои ја злоупотребија полицијата и се обидоа да ја свртат против својот народ. За премиерот Зоран Заев, пак, нова цел е полициските и безбедносните служби да ги достигнат западноевропските професионални служби. - После сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи (МВР), успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време полиција, пријател и заштитник на граѓаните,  рече Заев. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвини дека СДСМ и Владата го девалвираат работењето на полицијата. - СДСМ ги омаловажуваше полициските службеници, а нивните акции беа исмевани и нивните жртви беа сведувани врз база на детска игра. Ова е вистинскиот однос на СДСМ кон полицијата и нивната улога во обезбедување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, оценија од ВМРО-ДПМНЕ. Во одговор на таквите обвинувања, СДСМ, наведе дека ВМРО-ДПМНЕ е во очај и оти полицијата е пријател и заштитник на граѓаните - ВМРО-ДПМНЕ 11 години на најбрутален начин ја злоупотребуваше и партизираше полицијата, Министерството за внатрешни работи го претвори во МВРО-ВМРО, а денес како опозиција очајно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствителни прашања, сметаат од СДСМ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-makedonskata-policija/feed/ 0
Одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/#respond Sun, 06 May 2018 06:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=50455

Централната манифестација по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција - 7 мај денеска ќе се одржи на Градскиот стадион во Штип. Припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку повеќе показни вежби. На одбележувањето на Денот на македонската полиција МВР најави присуство на премиерот Зоран Заев, други владини претставници, пратеници, претставници на дипломатскиот кор во Македонија и други гости. Вчера во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, езерската полиција и хеликоптерската единица во рамки на одбележувањето на 7 Мај-Денот на македонската полиција, изведоа тактичко-показна вежба со напад на пловен објект поради совладување и лишување од слобода на опасни лица. Во петокот во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и други високи претставници на МВР, показна вежба се одржа и во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/feed/ 0