70.000 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jan 2022 13:59:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 70.000 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Израел за 24 часа со коронавирус заразени над 70.000 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izrael-za-24-chasa-so-koronavirus-zarazeni-nad-70-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izrael-za-24-chasa-so-koronavirus-zarazeni-nad-70-000-lica/#respond Wed, 19 Jan 2022 13:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=621055

Израел/Ковид-19: Над 70.000 заразени за 24 часа Ерусалим, 19 јануари 2022 година (МИА) – Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш денеска изјави дека 71.593 Израелци биле позитивни на коронавирусот вчера, но изрази уверување дека многу повеќе луѓе се заразени во изминатите 24 часа – дури 200.000. Министерството не може да достави точен извештај за бројот на новозаразени веќе трет ден бидејќи компјутерските системи се преоптоварени, јавија израелските медиуми. – Бројките на новозаразени се огромни. Овој бран е предизвик за нас на секој чекор, во тестирањето, карантинот, компјутерските системи, болниците, бројките се огромни, изјави Еш. Во болниците има речиси 1.600 пациенти заразени со коронавирусот од кои во тешка состојба се 526 лица. Претставниците на Министерството за здравство, во меѓувреме, размислуваат дали да ги укинат барањата за зелен сертификат и да им дозволат на оние кои не се целосно вакцинирани да влегуваат на јавни места и да присуствуваат на настани бидејќи брзото ширење на новиот сој влијаело тој документ да застаре. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izrael-za-24-chasa-so-koronavirus-zarazeni-nad-70-000-lica/feed/ 0
Во Албанија поради пандемијата до крајот на мај без работа останаа 70.000 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-poradi-pandemijata-do-krajot-na-maj-bez-rabota-ostanaa-70-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-poradi-pandemijata-do-krajot-na-maj-bez-rabota-ostanaa-70-000-lica/#respond Tue, 09 Jun 2020 10:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=355581

Албанскиот премиер Еди Рама коментирајќи ја економската ситуација во земјата,како последица на панедмијата со Ковид-19 рече дека до почетокот на мај 70.000 работници останале без работа. Додава дека бројот на оние кои го изгубиле работното место е динамичен, има многу кои се вратиле на работа, па дури и ако го напуштиле работното место продолжиле да добиваат плата од работодавачот. -Владата не предвидува колку може да биде бројот на невработени, туку се повикува на официјалните бројки и статистика, имаме проекции, но проекциите може да бидат променливи. И проекциите на САД беа x, а за изминатиот месец тие резултираа со бројка од 2,5 милиони изгубени работни места. Кај нас од 19 отсто што очекувавме процентот е 13,5. Она што го знам е дека владата обезбеди плата за околу 230.000 лица. Имаме 4.500 субјекти кои ќе бидат казнети бидејќи не аплицирале за тоа ние да им обезбедиме плата за вработените. До почетокот на мај имавме 70.000 лица кои го изагубиле работното место,но дел од нив веќе се вратија на работа,-рече Рама,гостувајќи во емисијата „Опен“ на Топ-чанел. На констатацијата на новинарот дека последните денови,како последица на укинувањето на рестриктивните мерки, зголемен е бројот на новозарзените со Ковид-19, и прашањето дали е загрижувачки тој тренд, Рама одговори дека тој тренд сеуште не е загрижувачки. -Сеуште не е загрижувачки тренд, но тоа е тренд што треба да ги натера сите да разберат дека тоа е деликатна ситуација, има тенденција човекот да го заборави лошото и има тенденција да се каже дека тоа не било ништо и оти попусто сме затвориле, тогаш и ризикот станува поголем, одговори Рама. Деновиве претседателот на здружението на малите бизниси, Алберт Насо,кој смета дека малиот и средниот бизнис во Албанија се меѓу најпогодените од пандемијата изјави дека над 20 отсто од малите бизниси веќе ставиле клуч на врата а поради пандемијата на ниво на севкупниот бизнис во земјата 120.000 лица останале без работа. Првиот човек на албанската Конфиндустрија Ѓерѓ Бучуки, изјави дека проценетата економска штета во март и април, на национално ниво, изнесува две милијарди американски долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-poradi-pandemijata-do-krajot-na-maj-bez-rabota-ostanaa-70-000-lica/feed/ 0