8-ми март – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Mar 2022 13:19:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 8-ми март – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Честитка за 8-ми Март од Талат Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-za-8-mi-mart-od-talat-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-za-8-mi-mart-od-talat-dzaferi/#respond Tue, 08 Mar 2022 13:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=643352

Дозволете во мое лично име и од име на Собранието на Република Македонија, да го честитам Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денот кога изразуваме чест и почит кон силата на жената, кон нејзината улога во семејството, во општеството и во светот, меѓутоа над сѐ кон неа како суштински и нераскинлив дел во нашето битисување како човечки род, се наведува во честитката која ја испраќа денес Талат Џафери. -Нејзината сила е огромна и посакувам чествувањето и почитта да бидат составен и природен дел на нашето секојдневие затоа што, таа е тука кога се раѓа нов живот, кога се развива, воспитува, гради во здрав поединец, во творец и вреден придонесител за семејството, за општеството, таа е главната компонента која го облагородува секој миг и секое општествено делување. „Книга, молив, жена и дете може да го сменат светот,“ вели Малала Јусуфзаи, цитира тој. -И јас сум уверен дека денешнината ќе изгледаше многу поинаку водена од жените. Посветеноста и заложбата на секој од нас за рамноправност во секоја сфера на живеењето може да ја смени иднината за децата. На Меѓународниот ден на жената да се потсетиме дека родовата еднаквост значи и одржлива иднина. Посакувам секогаш да бидете среќни во личниот живот, исполнети во професионалниот живот и задоволни со постигнувањата, но, секогаш да имате волја и енергија за постигнување на понатамошни успеси, затоа што тогаш вашиот придонес ќе биде уште поголем во градењето на здрави семејства и општества. Нека е честит Меѓународниот ден на жената, вели Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-za-8-mi-mart-od-talat-dzaferi/feed/ 0
Денес добивате и подарувате рози, но важно е да го знаете значењето на нивната боја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-dobivate-i-podaruvate-rozi-no-vazno-e-da-go-znaete-znachenjeto-na-nivnata-boja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-dobivate-i-podaruvate-rozi-no-vazno-e-da-go-znaete-znachenjeto-na-nivnata-boja/#respond Tue, 08 Mar 2022 10:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=643221

Розите се најомилените цвеќиња кои се подаруваат на драгите личности. Тие се симбол на љубов и благодарност, прекрасно мирисаат, убаво изгледаат, а ги има во различни бои од кои секоја има своја порака. Денес е 8-ми Март, па розите се најчестото цвеќе кое се подарува. Ви ги прикажуваме значењата кои се поврзуваат со различните бои на розите. Црвена Црвените рози се симбол на љубов и романтика, а означуваат убавина и совршенство. Букет од црвени рози претставува идеален начин на одбраната личност да и ги покажете своите чувства. Исто така, подарувањето црвени рози може да значи и признание за нечиј успех и почит спрема личноста. Бела Белата боја е боја на чистота, невиност. Се поврзува со венчавки и брак кои означуваат нов почеток. Исто така, белата роза е симбол на верност и почитување. Жолта Жолтите рози означуваат богатство, бујност и изобилство. Во викторијанското време биле симбол на љубомора, а денес означуваат пријателство. Жолтата боја како сонце го буди чувството на топлина и среќа. Розова Симболизира женственост, елеганција, отменост, префинетост, а често се поклонува како израз на восхитеност. Розовата роза покажува благодарност и среќа и има понежно значење отколку што е црвената боја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-dobivate-i-podaruvate-rozi-no-vazno-e-da-go-znaete-znachenjeto-na-nivnata-boja/feed/ 0
Нема да погрешите: Едноставни, а прекрасни идеи, што да им подарите на дамите за 8-ми Март? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nema-da-pogreshite-ednostavni-a-prekrasni-idei-shto-da-im-podarite-na-damite-za-8-mi-mart/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nema-da-pogreshite-ednostavni-a-prekrasni-idei-shto-da-im-podarite-na-damite-za-8-mi-mart/#respond Tue, 22 Feb 2022 20:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=634908

Без разлика дали една жена го празнува 8-ми март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување. Ова се неколку едноставни, но моќни идеи за подарок кои би ја израдувале секоја жена. Цвеќе Ова е првиот и очигледен избор на многу мажи и иако звучи како клише, сепак може да биде вистински израз на внимание, кое жената може да го почувствува од самиот гест, но и од изборот на она што го сочинува букетот. Обидете се самите да аранжирате нешто за да бидете уникатни, а ако не ве бива, одете со букет рози. Со розите никогаш не можете да погрешите. Книга Едноставен и не премногу оригинален подарок, но секогаш актуелен и прифатлив. Ако вашата партнерка сака да чита книги, тогаш овој избор е полн погодок. Можеби некогаш ви спомнала за некоја книга која е хит во моментот и би сакала да ја прочита или пак ви зборувала за жанровите кои ги обожава. Влезете во книжарница и направете го изборот. Ако ви дозволува џебот, одете со некоја хит трилогија. Ќе биде горда да ги нареди деловите на полицата. Рачна изработка Било да се работи за парче накит, гардероба, некој украс за домот или нешто друго, со рачната изработка не можете да погрешите. Уникатните парчиња се секогаш на цена, и нема жена која не ги посакува во својот естетски свет. Пронајдете нешто убаво и уникатно. Сигурно ќе ѝ се допадне. Кошница со производи за нега и убавина Денот на жената е ден кога креативноста во понудата на парфимериите доаѓа најмногу до израз. Наместо да посегнете по колекциите во картонска амбалажа во маркетите, појдете во некоја парфимерија и изберете убав комплет со производи за нега и убавина интересно сместен во кошница. Не бегајте од шминките и лаковите за нокти. Купките и шампоните не се единствената козметика која ја користат жените. Изненадете ја со изборот. Таа ќе се чувствува како ни самата да не можела да направи подобар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nema-da-pogreshite-ednostavni-a-prekrasni-idei-shto-da-im-podarite-na-damite-za-8-mi-mart/feed/ 0
Едноставни, но моќни идеи за подарок за 8-ми Март https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ednostavni-no-mokjni-idei-za-podarok-za-8-mi-mart/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ednostavni-no-mokjni-idei-za-podarok-za-8-mi-mart/#respond Wed, 03 Mar 2021 16:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=476758

Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување. Ова се неколку едноставни, но моќни идеи за подарок кои би ја израдувале секоја жена. Цвеќе Ова е првиот и очигледен избор на многу мажи и иако звучи како клише, сепак може да биде вистински израз на внимание, кое жената може да го почувствува од самиот гест, но и од изборот на она што го сочинува букетот. Обидете се самите да аранжирате нешто за да бидете уникатни, а ако не можете, одете со букет рози. Со розите никогаш не можете да погрешите. Книга Едноставен и не премногу оригинален подарок, но секогаш актуелен и прифатлив. Ако вашата партнерка сака да чита книги, тогаш овој избор е полн погодок. Можеби некогаш ви спомнала за некоја книга која е хит во моментот и би сакала да ја прочита или пак ви зборувала за жанровите кои ги обожава. Влезете во книжарница и направете го изборот. Ако ви дозволува џебот, одете со некоја хит трилогија. Ќе биде горда да ги нареди деловите на полицата. Рачна изработка Било да се работи за парче накит, гардероба, некој украс за домот или нешто друго, со рачната изработка не можете да погрешите. Уникатните парчиња се секогаш на цена, и нема жена која не ги посакува во својот естетски свет. Пронајдете нешто убаво и уникатно. Сигурно ќе ѝ се допадне. Кошница со производи за нега и убавина Денот на жената е ден кога креативноста во понудата на парфимериите доаѓа најмногу до израз. Наместо да посегнете по колекциите во картонска амбалажа во маркетите, појдете во некоја парфимерија и изберете убав комплет со производи за нега и убавина интересно сместен во кошница. Не бегајте од шминките и лаковите за нокти. Купките и шампоните не се единствената козметика која ја користат жените. Изненадете ја со изборот. Таа ќе се чувствува како ни самата да не можела да направи подобар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ednostavni-no-mokjni-idei-za-podarok-za-8-mi-mart/feed/ 0
Се уште нема информации колку госпоѓи преку туристички агенции биле во Италија за 8 Март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-nema-informacii-kolku-gospogji-preku-turistichki-agencii-bile-vo-italija-za-8-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-nema-informacii-kolku-gospogji-preku-turistichki-agencii-bile-vo-italija-za-8-mart/#respond Wed, 11 Mar 2020 13:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=315113

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште не добил информација од стопанските коморите за тоа, колку патници преку туристичките агенции биле во Италија и високоризичните земји на патување за 8 Март. Министерот вели дека го чека листингот на патниците, но дека до сега  тој не е направен и штом ќе го добие ќе ја извести јавноста. -Како превенција од ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука да се забрани превозот со автобуси и комбиња во високоризичните земји.  Од Министерство за економија велат дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. „Според информациите од туристичките комори има значителен број на откажувања или одложувања на најавени групи кај хотелиерите и туристичките агенциите кои работат дојдовен туризам, намален број на индивидуални резервации, значителни откажувања на најавените семинари, конференции и настани, oтсуство на интерес за посети како резултат на претпазливост, намален интерес и отежнати продажби на распишаните аранжмани за сите дестинации, бројни барања за прекин на договор за организирано патување во странство поради претпазливост како и други откажувања, велат од министерството. По однос на барањата за мерките од Туристичкото стопанство, Министерство за економија бара туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конференции и продажба на аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-nema-informacii-kolku-gospogji-preku-turistichki-agencii-bile-vo-italija-za-8-mart/feed/ 0
Кој би можел да и подари вакво нешто- Цеца сподели што добила за 8-ми март, но за ваков подарок со причина крие од кого го добила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koj-bi-mozel-da-i-podari-vakvo-neshto-ceca-spodeli-shto-dobila-za-8-mi-mart-no-za-vakov-podarok-so-prichina-krie-od-kogo-go-dobila-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koj-bi-mozel-da-i-podari-vakvo-neshto-ceca-spodeli-shto-dobila-za-8-mi-mart-no-za-vakov-podarok-so-prichina-krie-od-kogo-go-dobila-foto/#respond Mon, 09 Mar 2020 09:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=313844

Вчера како и сите жени во светот така и пејачката Светлана Ражнатовиќ- Цеца го прослави денот на жената 8-ми март. Имено таа по настапот кој го имаше во саботата доцна вечерта вчера во текот на денот беше изненадена по повод денот на жената 8-ми март. Иако останува тајна дали подароците биле од нејзините деца или пак обожаватели, сепак фановите коментираат дека тие изгледаат одлично и дека на тие подароци секоја мајка би им се радувала. Станува збор за букет од балони и големо мече направено од ружи, погледнете. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koj-bi-mozel-da-i-podari-vakvo-neshto-ceca-spodeli-shto-dobila-za-8-mi-mart-no-za-vakov-podarok-so-prichina-krie-od-kogo-go-dobila-foto/feed/ 0
Погрешно го славиме 8-ми март: Денот е борба за правата на жените, а не за цвеќе и бонбониери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pogreshno-go-slavime-8-mi-mart-denot-e-borba-za-pravata-na-zenite-a-ne-za-cvekje-i-bonbonieri-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pogreshno-go-slavime-8-mi-mart-denot-e-borba-za-pravata-na-zenite-a-ne-za-cvekje-i-bonbonieri-2/#respond Fri, 06 Mar 2020 20:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=313177

Иако главно се одбележува со подарување на цвеќе и бонбониери, овој празник треба да нè потсети на често загрозените права на жените. Меѓународниот ден на жените, популарно наречен Осми март е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Идејата да се одбележува овој празник се појавила во почетокот на 20 век во време на индустријализацијата и економската експанзија која често доведувала до протести поради лошите работни услови. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој празник, но во 1975 година Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат. Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08.03.1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Демонстрациите ги растерала полицијата, а два месеци подоцна тие исти жени основале синдикат. Протести на осми март се случувале и следните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Првиот ден на жената се славел на 28.02.1909 година во САД по повод декларацијата која ја донела Социјалистичката партија на Америка. Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прво скалило на руската револуција. По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 08.03 да стане државен празник. Во текот на советскиот период тој се користел за одбележување на херојството на работничките. Државите на Запад Денот на жените главно престанале да го одбележуваат во 1930-тите години, во дел и поради тоа што го поврзувале со комунизмот. Меѓутоа, феминистките повторно почнале да го слават во 60-тите години. За Меѓународна година на жената прогласена е 1975. Тогаш Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pogreshno-go-slavime-8-mi-mart-denot-e-borba-za-pravata-na-zenite-a-ne-za-cvekje-i-bonbonieri-2/feed/ 0
Сe ближи 8-ми Март: Каква боја на рози да подарите и какво значење имаат? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-blizi-8-mi-mart-kakva-boja-na-rozi-da-podarite-i-kakvo-znachenje-imaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-blizi-8-mi-mart-kakva-boja-na-rozi-da-podarite-i-kakvo-znachenje-imaat/#respond Fri, 28 Feb 2020 16:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=310069

Розите се најомилените цвеќиња кои се подаруваат на драгите личности. Тие се симбол на љубов и благодарност, прекрасно мирисаат, убаво изгледаат, а ги има во различни бои од кои секоја има своја порака. Ви ги прикажуваме значењата кои се поврзуваат со различните бои на розите. Црвена Црвените рози се симбол на љубов и романтика, а означуваат убавина и совршенство. Букет од 12 црвени рози претставува идеален начин на одбраната личност да и ги покажете своите чувства. Исто така, подарувањето црвени рози може да значи и признание за нечиј успех и почит спрема личноста. Бела Белата боја е боја на чистота, невиност. Се поврзува со венчавки и брак кои означуваат нов почеток. Исто така, белата роза е симбол на верност и почитување. Жолта Жолтите рози означуваат богатство, бујност и изобилство. Во викторијанското време биле симбол на љубомора, а денес означуваат пријателство. Жолтата боја како сонце го буди чувството на топлина и среќа. Розова Симболизира женственост, елеганција, отменост, префинетост, а често се поклонува како израз на восхитеност. Розовата роза покажува благодарност и среќа и има понежно значење отколку што е црвената боја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-blizi-8-mi-mart-kakva-boja-na-rozi-da-podarite-i-kakvo-znachenje-imaat/feed/ 0
Во 34 македонски општини нема гинеколог, жените во земјава не се рамноправни: Имаме ли што да си честитаме на празников? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-34-makedonski-opshtini-nema-ginekolog-zenite-vo-zemjava-ne-se-ramnopravni-imame-li-shto-da-si-chestitame-na-praznikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-34-makedonski-opshtini-nema-ginekolog-zenite-vo-zemjava-ne-se-ramnopravni-imame-li-shto-da-si-chestitame-na-praznikov/#respond Fri, 08 Mar 2019 10:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=172605

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, објавија зошто денеска нема да им го честитаат на жените 8 Март. Тие на нивниот Фејсбук-профил објавија 14 права на жените кои  уште во државата не се остварени и повикуваат да се започне со секојдневната борба за правда. „Не Ви го честитамe 8 Март бидејќи живеете во земја каде: 1. Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог; 2. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита; 3. Затоа што Министерството за здравство не ја покрива партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во земјата; 4. Затоа што за пет години умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари; 5. Затоа што жените, сексуалните и родовите малцинства се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат; 6. Затоа што правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува; 7. Затоа што во период од 5 години се убиени 70 жени во земјава, од кои што 51 се жртви на фемицид; 8. Затоа што државата не превзема конкретни мерки за поддршка на жените жртви на семејно насилство откако ќе излезат од кругот на насилството; 9. Затоа што институциите не се транспарентни; 10. Затоа што е висока стапката на невработеност; 11. Затоа што жените не се заштитетни од сексуално вознемирување при работа; 12. Затоа што голем број судски постапки за семејно насилство немаат разрешница; 13. Затоа што нè сите деца се вклучени во образовниот систем; 14. Затоа што треба, а не сте рамноправни. Затоа, време е сите да започнеме со секојдневната борба за правда„-порачува Тимот на ЕСЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-34-makedonski-opshtini-nema-ginekolog-zenite-vo-zemjava-ne-se-ramnopravni-imame-li-shto-da-si-chestitame-na-praznikov/feed/ 0
Погрешно го славиме 8-ми март: Денот е борба за правата на жените, а не за цвеќе и бонбониери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pogreshno-go-slavime-8-mi-mart-denot-e-borba-za-pravata-na-zenite-a-ne-za-cvekje-i-bonbonieri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pogreshno-go-slavime-8-mi-mart-denot-e-borba-za-pravata-na-zenite-a-ne-za-cvekje-i-bonbonieri/#respond Fri, 08 Mar 2019 08:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=172510

Иако главно се одбележува со подарување на цвеќе и бонбониери, овој празник треба да нè потсети на често загрозените права на вработените жени. Меѓународниот ден на жените, популарно наречен Осми март е празник на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Идејата да се одбележува овој празник се појавила во почетокот на 20 век во време на индустријализацијата и економската експанзија која често доведувала до протести поради лошите работни услови. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој празник, но во 1975 година Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат. Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08.03.1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Демонстрациите ги растерала полицијата, а два месеци подоцна тие исти жени основале синдикат. Протести на осми март се случувале и следните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк барајќи работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Веќе идната година празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Првиот ден на жената се славел на 28.02.1909 година во САД по повод декларацијата која ја донела Социјалистичката партија на Америка. Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле прво скалило на руската револуција. По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 08.03 да стане државен празник. Во текот на советскиот период тој се користел за одбележување на херојството на работничките. Државите на Запад Денот на жените главно престанале да го одбележуваат во 1930-тите години, во дел и поради тоа што го поврзувале со комунизмот. Меѓутоа, феминистките повторно почнале да го слават во 60-тите години. За Меѓународна година на жената прогласена е 1975. Тогаш Обединетите нации почнале официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pogreshno-go-slavime-8-mi-mart-denot-e-borba-za-pravata-na-zenite-a-ne-za-cvekje-i-bonbonieri/feed/ 0