8-ми септември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Sep 2022 14:58:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 8-ми септември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во мотото не се спомнува Македонија, Ковачевски на атрактивно шоу со диџеј – еве каква прослава на 8-ми Септември организирала Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-mototo-ne-se-spomnuva-makedonija-kovachevski-na-atraktivno-shou-so-didzej-eve-kakva-proslava-na-8-mi-septemvri-organizirala-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-mototo-ne-se-spomnuva-makedonija-kovachevski-na-atraktivno-shou-so-didzej-eve-kakva-proslava-na-8-mi-septemvri-organizirala-vladata/#respond Tue, 06 Sep 2022 14:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=729509

Во организација на Владата на Република Македонија, по повод чествувањето на големиот празник, 8 Септември – Денот на независноста, под мотото: „Обединети во слободата“ ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава. -Централната свечена прослава, кога ја славиме сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава и македонскиот народ ќе се одржи во четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“ и ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба. Во рамки на централната прослава, на која ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се планирани изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи, како и атрактивно шоу на диск-џокеј. Одбележувањето на 31-годишнината од независноста на нашата татковина, на 8 септември (четврток), ќе започне во 8:45 часот, кога премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во состав: Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Беким Сали, министер за здравство како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“. Од 10:00 часот, премиерот Ковачевски ќе присуствува на Свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски во вилата на Водно. Од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко-показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на  Министерството за внатрешни работи. Во 12:30 часот, предвидено е изјави за медиумите да дадат министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Дополнително, од 11:00 часот во целата држава, ќе започне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани, ќе имаат можност до 20:00 часот бесплатно да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Граѓаните и во Битола, имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево. Во Скопје, ќе бидат отворени, со бесплатен влез за сите заинтересирани граѓани Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-mototo-ne-se-spomnuva-makedonija-kovachevski-na-atraktivno-shou-so-didzej-eve-kakva-proslava-na-8-mi-septemvri-organizirala-vladata/feed/ 0
МОЛК и ГОЛЕМ СРАМ: Во година со врвни спортски успеси, АМС и Мојсоски не ја доделија наградата „8-ми Септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/molk-i-golem-sram-vo-godina-so-vrvni-sportski-uspesi-ams-i-mojsoski-ne-ja-dodelija-nagradata-8-mi-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/molk-i-golem-sram-vo-godina-so-vrvni-sportski-uspesi-ams-i-mojsoski-ne-ja-dodelija-nagradata-8-mi-septemvri/#respond Thu, 16 Sep 2021 13:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=564405

Со државната наградата “8-ми Септември”, секоја година се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот во Македонија. Во годината во која многу спортисти го направија нашиот народ горд, државата нема да награди ниту еден од нив со ова признание. Агенцијата за млади и спорт на чие чело е поранешниот ракометен репрезентативец  Наумче Мојсоски, го прескокнаа големиот празник на кој досега ги истакнуваше имињата на спортистите кои имале свои остварувања во тековната година. Државната награда за спорт претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија и да постигнат резултати во име на државата. Годинава само молк кој истовремено е и голем срам. Годината во која македонското знаме се вееше на пиедестал на Олимпијада, АМС ја претстави како период во кој немаме успех со кој може да се гордееме. Барем таква е пораката која ја испратија АМС и Мојсоски, откако одлучија ниту еден македонски спортист да не биде одликуван со оваа награда. КУРИР побара одговори од АМС, но до објавување на овој текст немаме добиено ништо од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/molk-i-golem-sram-vo-godina-so-vrvni-sportski-uspesi-ams-i-mojsoski-ne-ja-dodelija-nagradata-8-mi-septemvri/feed/ 0
Мицкоски со честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-8-mi-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-8-mi-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija/#respond Wed, 08 Sep 2021 08:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=560874

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија која ви ја пренесуваме во целост: „Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани да им го честитам 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Овој празник е круната на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава, денот кога се исполни идеалот на Илинденците и борците од НОБ, но и илјадниците храбри синови и ќерки на Македонија кои се бореа и ги положија своите животи за своја држава. Токму на 8-ми Септември 1991 година, на референдумот, народот во Македонија го оствари тој сон и започна сам да ја гради својата иднина и иднината на својата татковина, како рамноправна земја со сите останати во Европа и светот. Патот беше и се уште е трнлив и со многу премрежија. Идејата за просперитетна Република Македонија никогаш нема да престане, особено сега, во време на економско тонење, анационални политики на власта и негирања од надвор. Таа идеа живее кај Македонците, но и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати кои ја сакаат својата Македонија како свој дом, кој го наследиле од своите предци, но кој го должат на сите идни генерации. Новите предизвици бараат сплотеност во ова време- невреме на безнадежност која оваа власт го донесе. Државата не се само границите и институциите, туку и народот и неговите потреби. Среќата на овој народ е заменета со бесперспективност која е резултат на криминалот и корупцијата, беззаконието и неправдата, но и поделеноста и социјалната нерамноправност кои ги создаде владејачката елита. Но борбата за подобро утре никогаш не смее да престане. Таа борба денес се води и народот ќе ја извојува победата. Од ново над Македонија ќе огрее сонцето на слободата и успесите ќе ги заменат неуспесите, правото ќе ја победи неправдата, напредокот ќе ја порази апатијата, подобрата иднина ќе ја смени оваа зачмаеност. Нека е вечен Денот на независноста! Нека е вечна борбата за просперитетна, европска и успешна Македонија! Нека е вечна суверена, независна и самостојна Република Македонија!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-8-mi-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija/feed/ 0
Докторите од „8 Септември“ излегоа на протест: Не е вреднуван нашиот труд во борбата со Ковид-19 (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktorite-od-8-septemvri-izlegoa-na-protest-ne-e-vrednuvan-nashiot-trud-vo-borbata-so-kovid-19-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktorite-od-8-septemvri-izlegoa-na-protest-ne-e-vrednuvan-nashiot-trud-vo-borbata-so-kovid-19-video/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=459976

Докторите од „8 Септември“ излегоа на протест, бидејќи тоа што им беше ветено, односно дека вредноста на нивниот труд ќе се изедначи со клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ не е исполнето. Триесетина медицински лица вработени во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денеска одржаа протест во кругот на болницата за да изразат револт од неисполнетите ветувања за зголемување на нивните плати и вреднувањето на трудот. Докторите бараат „8 Септември“ да има статус на клиника, да добијат инфективен додаток за лекувањето на ковид-пациенти, како и да им се зголеми процентот на додатоците за дежурства на исто ниво како на нивните колеги вработени во клиничките болници. Тие бараат да добијат „инфективен додаток“ (како за секоја инфективна болест), како и зголемување на додатоците за дежурства, за кои се жалат дека се двојно помали од оние што ги добиваат нивните колеги од клиничките болници. -Излеговме на протест бидејќи ни беше ветено дека ќе ни се изедначи вредноста на нашиот труд со клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, но тоа се уште не е сторено. Ние како болница од март се бориме со ковид-19 и мислам дека нашата работа и нашиот труд не е вреднуван. Ни ветија дека дежурствата, платите ќе ни бидат изедначени како со Клиничкиот центар и дека ќе ни го исплатат инфективниот додаток, вели во изјава за „360 Степени“ д-р Петар Атанасовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktorite-od-8-septemvri-izlegoa-na-protest-ne-e-vrednuvan-nashiot-trud-vo-borbata-so-kovid-19-video/feed/ 0