8 септември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 07:21:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 8 септември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Заедно со народот да направиме ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-da-napravime-reset-i-da-ja-izdigneme-makedonija-od-ovaa-apatija-i-ovie-tsrnila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-da-napravime-reset-i-da-ja-izdigneme-makedonija-od-ovaa-apatija-i-ovie-tsrnila/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=875933

Честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е круната на македонската борба за слобода, државност и независност. Овој ден е остварувањето на соништата на илјадници синови и ќерки од Илинденската борба, од Народноослободителната борба и од сите епопеи во македонската историја, кои своите животи ги положија за Македонија. Нивниот аманет денес го живееме и имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас, затоа што Македонија е наш дом, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста. -Во 1991 година се исполни волјата на огромно мнозинство на народот да живее во независна Македонија. Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која ќе биде достоинствен и рамноправен член за европското семејство. Но тој сон со годините полека бледнееше, за посебно денес истата таа генерација ги живее најмрачните години од самостојноста, години на безочен криминал, на сеприсутна корупција, на власт на која поважен и е личниот бизнис отколку животот на обичниот човек. Трагедиите во последните години ни станаа секојдневие, недостигаат лекови, недостигаат учебници, недостига правда, но најмногу од сé недостигаат граѓаните кои си заминуваат од својата татковина поради неуспесите, поразите, погазеното достоинство и распадот на системот. Но овој празник е во исто време и празник на надеж и празник на борба за Македонија. Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-da-napravime-reset-i-da-ja-izdigneme-makedonija-od-ovaa-apatija-i-ovie-tsrnila/feed/ 0
Ден на независноста – 32 години самостојна и суверена држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=875923

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија. Почна процесот за промена на Уставот, што е услов Бугарија да го тргне ветото за продолжување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради потребното двотретинско мнозинство за кое власта нема поддршка од опозицијата, продолжението ќе се одржи, како што е најавено, тогаш кога ќе се создадат соодветни услови. Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто. Денот на независноста денеска ќе се одбележи под мотото „Гласник на слободата“ со повеќе активности. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ... Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити. Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати. Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“. Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак, ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“, Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински. Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Северна Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас). Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/feed/ 0
Централна прослава во Скопје по повод Денот на независноста- 8 Септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralna-proslava-vo-skopje-po-povod-denot-na-nezavisnosta-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralna-proslava-vo-skopje-po-povod-denot-na-nezavisnosta-8-septemvri/#respond Wed, 07 Sep 2022 10:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=729818

По повод големиот државен празник, Денот на независноста - 8 Септември, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната свечена прослава, која под мотото: „Обединети во слободата“ ќе се одржи в четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“. Во рамки на свечената прослава, планирани се изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи, како и атрактивно шоу на диск-џокеј, а истата ќе се пренесува во живо и на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија. На прославата за граѓаните организирана е богата музичка програма, а ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на граѓански организации, соработници. Под мотото „Обединети во слободата“, го славиме 8 Септември - Денот на независноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralna-proslava-vo-skopje-po-povod-denot-na-nezavisnosta-8-septemvri/feed/ 0
МВР истражува и најавува санкции за безбедносниот пропуст за време на прославата на Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-istrazuva-i-najavuva-sankcii-za-bezbednosniot-propust-za-vreme-na-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-istrazuva-i-najavuva-sankcii-za-bezbednosniot-propust-za-vreme-na-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta/#respond Sat, 11 Sep 2021 06:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=562244

Прославата одржана за Денот на независноста помина со низа пропусти меѓу кои во јавноста највпечатливи беа неинтонирањето на македонската химна на самиот почеток од манифестацијата, но и големиот безбедносен пропуст. Курир вчера објави дека во моментот кога претседателот на државата Стево Пендаровски се движеше кон бината за да одржи свечен говор, во еден миг позади него, во непосредна близина поминува човек на велосипед. Она што е спорно е дека до првиот човек на државата не се наоѓа ниту еден член на неговото обезбедување, а по безбедносен протокол за обезбедување на ВИП личности, до него во тој момент морало да има минимум четири лица кои ќе го обезбедуваат. Но, како човекот со велосипед успеал да помине покрај сообраќајната полиција и како ниту еден од нив не јавил по врска велосипедистот да биде сопрен од останатите нивни колеги? Извори на КУРИР кои биле во непосредна близина на бината каде седеле ВИП личностите не’ информираа дека во моментот кога било забележано лицето на велосипед од страна на обезбедувањето на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз веднаш бил направен кордон околу неа, по се изгледа плашејќи се дека ова е обид за атентат врз претседателот на државата. Откако велосипедистот го одминал Пендаровски, видно вознемирен бил и Зоран Заев, но и Оливер Спасовски. Спасовски, откриваат нашите извори кои биле на лице место, истиот момент станал и со висок тон се обратил кон одговорните за обезбедување на местото, а изворот вели дека министерот за внатрешни работи им се заканил и со откази од работното место. Курир вчера побара одговори на повеќе прашања за безбедносниот пропуст од Министерството за внатрешни работи и од Кабинетот на претседателот Пендаровски. Од МВР добивме кус одговор, а од Кабинетот на првиот човек на државата одговор се уште нема. -Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот и по расчистување на случајот ќе следуваат соодветни санкции, се вели во одговорот од МВР за Курир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-istrazuva-i-najavuva-sankcii-za-bezbednosniot-propust-za-vreme-na-proslavata-na-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Василевска: 8-ми Септември треба да биде гордост, ја означува волјата која што беше изразена со цел Македонија да биде дел од европските демократски вредности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-8-mi-septemvri-treba-da-bide-gordost-ja-oznachuva-voljata-koja-shto-beshe-izrazena-so-cel-makedonija-da-bide-del-od-evropskite-demokratski-vrednosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-8-mi-septemvri-treba-da-bide-gordost-ja-oznachuva-voljata-koja-shto-beshe-izrazena-so-cel-makedonija-da-bide-del-od-evropskite-demokratski-vrednosti/#respond Wed, 08 Sep 2021 07:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=560826

-8-ми Септември е генезизот, реков на современиот тек на македонската современа историја, тој мора сите да бидеме свесни дека се темели повторно ќе кажам на асномските декларации. Тоа е многу важно кога било кој дискутира за промена на Устав, промена на систем, бришење на идентитет, дискусиите кои што се отворија овие 30-тина години околу тоа кому му припаѓа Македонија и кому треба да му припадне Македонија, она што голем број на политички елити создадоа кариери врз основа на еден националшовинизам кој всушност беше злоупотребена политичка реторика за да се направи поделба во општеството, луѓето да ги разнишаат своите очекувања, својата верба во сопствената нели идентитетска припадност. Но, тоа се предизвици кои што секое општество кога ќе се тргне по самостоен пат треба да ги преживее, тие сипаници малку подоцна од повеќето европски држави ги преживуваме и можеби за тоа бидејќи сме директни сведоци на сите тие процеси евидентно е дека некојпат не успеваме докрај да ги артикулираме на начин како што е соодветен. Но, тоа не треба да не обесхрабрува ние знаеме кои сме, ние знаеме што сме. Македонија е формирана како македонска национална држава и формирана според волјата на македонскиот народ кој е конститутивен народ, а во истата и имаат право да битисуваат, да живеат, да делуваат и сите останати помали етнички национални групации“, истакна Иванка Василевска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во утринската програма на Алфа телевизија. Додаде дека 8-ми Септември треба да биде гордост бидејќи ја означува волјата која што беше изразена со цел да бидеме дел од европските демократски вредности и да одиме како држава онаму каде припаѓаме. -Еден голем, огромен предизвик кој што го имаше Македонија беше секако промената на уставното име тоа мислам дека е врвот или пикот на најголемото созревање и на македонскиот народ, но и на сите македонски граѓани дека, како велат старите„Сила бога не моли“, и со оглед на неуспешниот референдум и без оглед на сите логични правни анализи кои што беа ставени на маса беше спроведен еден процес на промена на уставното име и почеток на израмнување македонскиот конститутивен народ со останатите етнички заедници, помали етнички заедници. И како след на тоа во моментов актуелен еве втор ден веќе влегуваме во обидот да се спроведе политички попис на населението во Република Македонија, појасни Василевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-8-mi-septemvri-treba-da-bide-gordost-ja-oznachuva-voljata-koja-shto-beshe-izrazena-so-cel-makedonija-da-bide-del-od-evropskite-demokratski-vrednosti/feed/ 0
УШТЕ ЕДЕН ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУС – почина сестра Емини од „8-ми септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-zdravstven-rabotnik-ja-zagubi-bitkata-so-koronavirus-pochina-sestra-emini-od-8-mi-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-zdravstven-rabotnik-ja-zagubi-bitkata-so-koronavirus-pochina-sestra-emini-od-8-mi-septemvri/#respond Wed, 13 Jan 2021 12:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=454824

Пандемијата од ковид-19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Станува збор за сестра Нашиде Емини вработена на Одделот за дерматовенерологија во градската општа болница „8-ми Септември“, пишува Република.мк Веста за згаснувањето на животот беше објавена на „Фејсбук“ на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри. Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје“, се вели во објавата. Влат дека ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа. Унијата на медицински сестри и целото членство изразувија длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-zdravstven-rabotnik-ja-zagubi-bitkata-so-koronavirus-pochina-sestra-emini-od-8-mi-septemvri/feed/ 0
Телма: Траорна атмосфера пред болницата 8 Септември, ситуацијата на раб на физичка пресметка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-traorna-atmosfera-pred-bolnicata-8-septemvri-situacijata-na-rab-na-fizichka-presmetka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-traorna-atmosfera-pred-bolnicata-8-septemvri-situacijata-na-rab-na-fizichka-presmetka/#respond Sat, 14 Nov 2020 17:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=429559

Лелеци, крикови, солзи и плач – ваква траорна атмосфера не пречека пред Ковид болницата во „8 Септември“. Нервозни роднини на починати пациенти од ковид 19, со солзи во очите бараат информации од медицинскиот перонал за смртта на најблиските. Напнатост и нервоза лебди во воздухот, но не се ретки и вербални закани кон медицинските лица кои се на раб и на физичка пресметка, објавува телевизија Телма. И ноќеска тука имало инцидент- роднина на пациент нападнал медицинска сестра во лабараторија. Директорот Кристијан Костов вели – медицинскиот лице го даваат максимумот, уморни се од пандемијата и макотрпната работа за спас на човечки животи, и ниту едно лице до сега на кое му била потребна помош не останало незгрижено. Ја разбира и нервозата кај пациентите. По 200-те потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во овој Ковид центар. Граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор. Во погледот им искри страв и наеж дека ќе го избегнат најлошото.Тука секојдневно до максимум се исполнети и болничките кревети – капацитетот е 80 легла, а Костов очекува набрзо да стигнат до 100 кревети за најкритичните пациенти. Брзата Помош овде ги носи најтешките случаи од инфективните одделенија од внатрешноста. А од денеска се поставува мобилен шатор со клупи и греење каде заразените со Ковид 19 вирусот ќе може да чекаат за преглед. Министерот Филипче пак е дециден дека интерните клиники се подготвени за прием на пациенти, а лекарите се целосно мобилизирани. Одговорно тврди дека во болницата „8 Септември“ се консултираат анестезиолози кога се поставуваат лица на респиратор. Во последните 24 часа пак во Kовид-центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нов пациент поради компликации од коронавирусот, a пуштени се дома како оздравени 35 лица. Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени пациенти за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Новиот резервоар пак за течен гас, во 8 септември е наменет да опслужи кислородна поддршка на 200 пацинети. Се очекува напливот од болни и капацитетите за прием да растат- наделжните пак се уверени дека се подготвени и за најлошото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-traorna-atmosfera-pred-bolnicata-8-septemvri-situacijata-na-rab-na-fizichka-presmetka/feed/ 0
Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8 Септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-otvorat-dva-novi-oddeli-vo-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-otvorat-dva-novi-oddeli-vo-8-septemvri/#respond Mon, 26 Oct 2020 10:29:20 +0000 https://kurir.mk/?p=420705

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8 ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид 19. Исто така во план е и во Болницата во Козле да се прошират капацитетите и да се отвори нова лабораторија. Утринава се состана кризниот штаб. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели: „Имавме седница на главниот кризен штаб и сѐ уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови. Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-otvorat-dva-novi-oddeli-vo-8-septemvri/feed/ 0
Филипче ја турна болницата „8-ми Септември“ во финансиски колапс, каде ќе се лекуваат граѓаните? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ja-turna-bolnicata-8-mi-septemvri-vo-finansiski-kolaps-kade-kje-se-lekuvaat-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ja-turna-bolnicata-8-mi-septemvri-vo-finansiski-kolaps-kade-kje-se-lekuvaat-gragjanite/#respond Thu, 24 Sep 2020 08:10:53 +0000 https://kurir.mk/?p=407742

Како надлежните ќе се справат со вториот бран на КОВИД-19? Кој ќе ги лечи граѓаните од вирусот ако е извисен првиот КОВИД центар во Македонија? ГОБ „8-ми Септември се наоѓа пред финансиски колапс. ФЗОМ должи пари на Градската болница „8-ми Септември“. Информација која од вчера е актуелна по медиумите. Очигледно е дека сега пациентите кои се лекуваат во Градската општа болнива „8-ми Септември“се на милост и немилост на министерот за здравство Венко Филипче. Градската болница која до вчера ги лекуваше граѓаните од КОВИД-19, денес нема пари да ги набави ниту основните материјали кои се потребни за секојдневно функционирање на болницата. Директорот на Градска болница, Христијан Костов потврди дека се наоѓаат пред финансиски колапс, а ФЗОМ и министерот Филипче не сакаат да излезат во пресрет и да ги исплатат парите што и ги должат на болницата. -Успеавме да излекуваме голем број на пациенти кои беа на асистирана механичка инванзивна вентилација. Будно ги следевме сите промени во протоколите за лекување на КОВИД-19 и се стремевме веднаш да ги спроведеме. Први во државата воведовме и нови третмани како што се озон-терапија, која даде солидни резултати во лекувањето пациенти заболени од КОВИД-19, рече д-р Костов при настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница „8-ми Септември“. БОЛНИЦАТА ОСТАВЕНА САМА ДА СЕ СНАОЃА -Над 12.000 прегледи на болни од KОВИД-19 и над 2.000 излекувани и починати пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот КОВИД центар во земјава. Шест месеци болницата сама набавувала скапи терапии со антибитоци, правела илајдници снимки, а сега не е во можност да ги набави ниту основите материјали за нормално функционирање“, изјави директорот на „8-ми Септември, Христијан Костов за телевизија Телма. Ниту еден пациент кој што бил заразен од вирусот нема платено за лекувањето, бидејќи тоа според министерот и Фондот за здравствено осигурување го покривало. Сите трошоци околу самото лекување на пациентите падна на товарот на буџетот на самата болница. Фактурите од лекувањето на пациентите во овој КОВИД центар се испратени до ФЗОМ, и се надева директорот дека во најскоро време ќе се исплатат средствата, бидејќи без тие средства болницата нема да може нормално да функционира. Директорот на болницата потсети дека имале финансиски годишен план, пандемијата го изела буџетот. Директорот бил приморан да ја отвори болницата за редовни пациенти кои подлежат на партиципација за да започне да се остваруваат приходи додека чека финансиска помош од надлежните. „Во март, годинава, болницата презеде голема улога и голема одговорност, стана КОВИД Центар. Тука беа сместени најтешките пациенти, исто како на Инфективната клиника. Болницата докажа дека има инфраструктурен капацитет, но пред се човечки, лекари и експерти од многу области, кои пожртвувано 24 часа на ден многупати со чести дежурства во текот на неделата работеа со најтешките пациенти“, истакна министерот Филипче на седми септември при што присуствуваше на настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница „8-ми Септември“ по националниот празник, Денот на независноста. БЕГАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ По напорите на вработените во таа болница да излекуваат граѓани заразени од КОВИД-19, министерот Венко Филипче сега вели дека не бил запознаен со случајот дека најголемиот и прв КОВИД центар во државата се справува со финансиска криза. -Ниту една јавно здравствена установа нема проблеми со буџетот. Сосем редовно целиот овој изминат период ги добиваат дванаестинките од буџетот, истакна министерот во својата последна прес конференција од пред неколку дена. А, пак од ФЗОМ експресно реагираат дека болницата располага секој месец со најмалку 100 милиони денари, кои во претходните месеци биле трошени за потребите на КОВИД пациентите. Зголемување на буџетот на болницата ќе има. -Фондот го следи работењето на јавните здравствени установи и кај секоја која детектираме зголемен обем на работа тогаш го менуваме буџетот и им го зголемуваме договорениот надоместок. „8-ми Септември“ќе добие зголемување“, стои во соопштението на ФЗОМ. Со ваков начин на работа на надлежните институции, министерот за здравство не е подготвен за вториот бран на КОВИД-19. Иако тоа го вели секој ден по прес конференции. Ако има дозволено првиот КОВИД центар да е пред финансиски колапс, тогаш каква судбина имаат другите јавно – здравствени установи низ државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ja-turna-bolnicata-8-mi-septemvri-vo-finansiski-kolaps-kade-kje-se-lekuvaat-gragjanite/feed/ 0
И убавата Гавазова со честитка за Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-ubavata-gavazova-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-ubavata-gavazova-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/#respond Tue, 08 Sep 2020 10:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=400586

Убавата фолк пеачка Сузана Гавазова направи специјална фото сесија по повод Денот на независноста 8 Септември. Сесијата е направена на тврдината Цареви Кули над Струмица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-ubavata-gavazova-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0