813 пациенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Dec 2020 14:01:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 813 пациенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На инфективните одделенија во Македонија од корона вирус се лекуваат 813 пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-infektivnite-oddelenija-vo-makedonija-od-korona-virus-se-lekuvaat-813-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-infektivnite-oddelenija-vo-makedonija-od-korona-virus-se-lekuvaat-813-pacienti/#respond Sun, 13 Dec 2020 14:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=442693

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12 во Кичево 10, Кавадарци 55, во Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-infektivnite-oddelenija-vo-makedonija-od-korona-virus-se-lekuvaat-813-pacienti/feed/ 0