82 годишна жена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Jul 2021 20:25:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 82 годишна жена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со Џеф Безос во вселената ќе патува и 82-годишна жена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dzef-bezos-vo-vselenata-kje-patuva-i-82-godishna-zena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dzef-bezos-vo-vselenata-kje-patuva-i-82-godishna-zena/#respond Thu, 01 Jul 2021 20:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=530766

Воли Фанк (82) на 20 јули ќе лета во вселената со милијардерот Џеф Безос и со тоа ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“. Таа ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со човечки екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам, заедно со милијардерот, неговиот брат Марк Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено. Воли Фанк во 60-тите години на минатиот век била учесник во приватна програма позната како „Меркур 13“, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата Меркур на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената. „Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било маж. Реков дека сакам да бидам астронаут. Но, никој не ме сакаше. Не ни помислував дека ќе одам горе еден ден”, рече Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Безос кога беше објавена информацијата. „Никој не чекал толку долго. Добредојдовте во тимот, Воли“, напиша Безос во својата објава. Воли Фанк стана првата инспекторка на Федералната администрација за цивилно воздухопловство на САД (ФAA). Како пилот, таа има 19.600 часа лет. Ракетата „Блу Оринџ“ треба да полета на 20 јули. Патниците тогаш ќе можат да лебдат во бестежинска состојба неколку минути и да ја набљудуваат закривеноста на Земјата. Потоа капсулата ќе почне да се враќа на Земјата со слободен пад, а ќе се забавува со три огромни падобрани и ретро ракети, по што ќе се спушти во пустина во западен Тексас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dzef-bezos-vo-vselenata-kje-patuva-i-82-godishna-zena/feed/ 0