9 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 May 2022 06:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 9 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ден на победата над фашизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot-3/#respond Mon, 09 May 2022 06:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=673773

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер. Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари. На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба. Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка. По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата ќе се оджи пригодната свеченост на која ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot-3/feed/ 0
Украина се подготвува пред очекуваните руски напади за 9 мај: Oвие симболични датуми „за рускиот агресор се како црвеното марамче за бикот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-se-podgotvuva-pred-ochekuvanite-ruski-napadi-za-9-maj-ovie-simbolichni-datumi-za-ruskiot-agresor-se-kako-crvenoto-maramche-za-bikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-se-podgotvuva-pred-ochekuvanite-ruski-napadi-za-9-maj-ovie-simbolichni-datumi-za-ruskiot-agresor-se-kako-crvenoto-maramche-za-bikot/#respond Sat, 07 May 2022 16:54:23 +0000 https://kurir.mk/?p=673418

Украинските сили ги зацврстиле своите позиции околу Харков, вториот по големина град во земјата, додека руските сили денеска извршија уште пожестоки напади врз фабриката за челик Азовстал во обид да го освојат Мариупол пред прославата на Денот на победата на Советскиот сојуз во Втората светска војна над нацистичка Германија. Како што се приближува 9 мај, Денот на победата, градовите низ Украина се подготвуваат за очекуван раст на руски напади, а властите ги повикаа жителите да внимаваат на предупредувањата за воздушни напади. Украинскиот прв заменик на министерот за внатрешни работи Евхен Јенин денеска изјави дека овие симболични датуми „за рускиот агресор се како црвеното марамче за бикот“ и додаде дека во време кога „целиот цивилизиран свет се сеќава на жртвите на страшните војни, Русија сака паради и се подготвува да игра над коските во Мариупол“. Најинтензивни борби во последните денови се водат во источна Украина. Западните воени аналитичари наведуваат дека украинската контраофанзива напредуваше околу североисточниот град Харков, а Русите имаат помал успех во Луганск, областа во која сепаратистите поддржани од Москва се борат уште од 2014 година. Во тој контекст, украинските сили презедоа чекори за да го спречат целосното преземање на Мариупол, со што на Русите би им се обезбедило стратешки важно пристаниште во Азовското Море, кое е и копнеен мост кон полуостровот Крим. Шест ракети денеска паднаа во околината на Одеса, што кај аналитичарите изроди сомнеж дека руските сили сега фокусот ќе го стават врз ова црноморско пристаниште. Новите сателитски фотографии покажуваат огромно уништување во челичарницата. Зградите на Азовстал, меѓу кои и онаа под која веројатно се кријат стотици војници и цивили, имаа големи дупки на покривот, се гледа од вчерашните слики направени од Planet Labs PBC . Спасувачите и денеска се обидуваат да евакуираат што повеќе цивили од Мариупол. Педесетина цивили им се предадени на претставници на Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, потврдија и руски и украински претставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-se-podgotvuva-pred-ochekuvanite-ruski-napadi-za-9-maj-ovie-simbolichni-datumi-za-ruskiot-agresor-se-kako-crvenoto-maramche-za-bikot/feed/ 0
Ден на победата над фашизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot-2/#respond Sun, 09 May 2021 07:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=507797

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер. Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари. На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба. Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка. Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот традиционално се одржува во Москва на Црвениот плоштад со дефиле на припадници на различни родови на руската армија, како и ветерани од Втората светска војна. Минатата година поради пандемијата на коронавирусот, беше одржана само воздухопловна парада на авиони и хеликоптери на небото над Москва. По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во чиј состав ќе бидат и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Бети Стаменковска-Трајкоска, ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-pobedata-nad-fashizmot-2/feed/ 0
9 МАЈ – Денот на Европа во знак на иднината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/9-maj-denot-na-evropa-vo-znak-na-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/9-maj-denot-na-evropa-vo-znak-na-idninata/#respond Sun, 09 May 2021 07:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=507794

Европската унија ќе го одбележи Денот на Европа – 9 мај, што го слави мирот и единството на европскиот континент. Како и минатата година, пандемичните мерки го сменија традиционалниот начин на одбележување на Денот на Европа во седиштето на ЕУ во Брисел. Поранешната Отворена врата на институциите на ЕУ, кога граѓаните можеа да ги посетат сите места на политичко одлучување, кои обично ги гледаат само на вестите, оваа година ги замени виртуелните тури во Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ. За време на „Европската недела“, со кулминација на 9 мај, беа организирани работилници преку интернет, разговори со претставници на ЕУ, интерактивни квизови и други активности за граѓаните со цел да се запознаат со политиките и системот на донесување одлуки во рамките на ЕУ, но и со цел подобро да ги запознаеме различните земји и региони што ја сочинуваат Унијата. Специфичноста на годинашното одбележување на Денот на Европа е организирање на првиот настан во рамките на Конференцијата за иднината на Европа. Инаугуративната конференција, што треба да означи почеток на широка дебата за среднорочната и долгорочната иднина на ЕУ и реформите што треба да се преземат во нејзините политики и институции, ќе се одржи на 9 мај во ЕП, на која ќе учествуваат водечки претставници на ЕУ . Намерата на Конференцијата е да ги вклучи граѓаните на ЕУ, особено младите, како и претставниците на институциите на ЕУ во дебатата во следните две години за насоката во која ќе се развива и движи ЕУ. Постојат повици земјите-кандидати за членство во ЕУ да се вклучат во дебатата за визиите за иднината на заедничкиот дом. Европската унија почна да го слави Денот на Европа во 1985 година, во знак на сеќавање на Декларацијата на Шуман од 1950 година, со која се предлага спојување на француската и западногерманската индустрија за јаглен и челик, што доведе до создавање на Европската заедница за јаглен и челик, прва Европска заедница, основана на 18 април 1951 година. Одбележувањето на 9 мај како Ден на Европа се слави низ ЕУ од 2008 година, а од 2019 година, 9 мај стана официјален државен празник во Луксембург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/9-maj-denot-na-evropa-vo-znak-na-idninata/feed/ 0
9 МАЈ – ден резервиран за Fusion Festival! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/9-maj-den-rezerviran-za-fusion-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/9-maj-den-rezerviran-za-fusion-festival/#respond Thu, 07 May 2020 16:44:39 +0000 https://kurir.mk/?p=343157

Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival има одлични вести - незаборавна журка со најдобрите македонски диџеи! Заокружете го датумот – на 9 мај, со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ ќе прозвучат најдобрите македонски диџеј имиња. Фестивалот ќе биде продуциран и организиран на истото ниво како во салата да има публика. Организаторот Спектаклум истакнува дека идејата е сите оние што ќе го следат Fusion Festival на социјалните мрежи, да имаат чувство како да се на самата журка и дека ништо нема да недостасува од технички аспект. На сцената ќе настапат Ампов, Галоски, Гоце САФ, Дуоз, Ицко & Лефонк (Djs Corner Showcase), а специјален гостин од Њујорк ќе биде Деан Мицкоски. Фестивалот ќе може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на нивната официјална Facebook страница. Не заборавајте – 9 мај, 20 часот, Fusion Festival! Подгответе се! Време е за вистинска забава во карантински услови! https://instagram.com/fusionfestival1?igshid=1sc7qwvhuwizo]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/9-maj-den-rezerviran-za-fusion-festival/feed/ 0
Одбележување на Денот на Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-evropa/#respond Wed, 09 May 2018 06:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=51776

По повод 9 Мај, одбележувањето на Денот на Европа, низ градовите во Македонија ќе се одржат повеќе активности. Секретаријатот за европски прашања ќе го организира традиционалниот „Појадок со ЕУ“, во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 9 часот, на кој ќе учествуваат амбасадорите на земјите членки на ЕУ, поранешните вицепремиери за европски прашања, на кои ќе им се обратат вицепремиерот Бујар Османи и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го одбележи Денот на Европа во Куманово, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес, Струмица и Битола. Инфо точките на ЕУ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот на ЈИЕ во Тетово и Битолскиот универзитет ќе ги вклучат студентите во дискусии за европската иднина на земјата. Жбогар и други амбасадори на земји-членки на ЕУ ќе учествуваат на прославите и ќе ја пренесат пораката за заедничка иднина. Централен настан на програмата за Денот на Европа е ЕУ паркот, што ќе се одржи во Штип на 12 мај, во присуство на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Штип Благој Бочварски и Самуел Жбогар. На настанот ќе се одржат презентации на сите земји-членки на ЕУ од страна на студентите на универзитетот во Штип, спортски активности, како и музички изведби на популарни уметници. За одбележување на Европската година на културно наследство, ќе се одржи изложба на фотографии од локации на културата во земјата и ЕУ. Делегацијата на ЕУ поддржува и други настани за Денот на Европа, како што се Скопскиот маратон, годишната матурска парада, дебати и натпревари за деца и студенти организирани од Европското движење во Скопје, Велес, и Куманово, како и бројни културни настани. Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9 Мај, го слави мирот и единството во Европа На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 година, Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-evropa/feed/ 0