9 милиони евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Apr 2020 19:01:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 9 милиони евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката Влада одвои уште 9 милиони евра за кампања за информирање на граѓаните за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-odvoi-ushte-9-milioni-evra-za-kampanja-za-informiranje-na-gragjanite-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-odvoi-ushte-9-milioni-evra-za-kampanja-za-informiranje-na-gragjanite-za-kovid-19/#respond Sat, 25 Apr 2020 19:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=337303

За спречување на ширењето дезинформации и лажни вести и за правилно информирање на граѓаните за Ковид-19, особено во фазата на постепено враќање во нормала, грчката Влада донесе одлука да одвои дополнителни девет милиони евра за медиумските кампањи, јави дописничката на МИА од Атина. – Во фазата на постепено преминување во „новата нормала“, неопходно е да ги едуцираме граѓаните за еден нов начин на живот и да ги заштитиме од дезинформации и „ fake news“, бидејќи кога не постои информирање, се шират несигурноста, стравот и паниката, истакна заменик-министерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, додавајќи дека токму од овие причини со заедничка министерска одлука, „кампањата за информирање на граѓаните се зајакнува со дополнителни девет милиони евра“. Досега, Владата за медиумите одвои 11 милиони евра до крајот на април, а со новите девет, вкупниот износ достигнува до 20 милиони евра. Пецас објасни дека за кампањата да има целосна транспарентност Министерството за финансии директно ги исплаќа парите, без поврат, на медиумите за прикажување или пренесување на информативните пораки. Портпаролот на грчката Влада, во соопштението истакна дека информирањето на граѓаните е едно од „најважните оружја за справување со коронавирусот“. – Бидејќи информирањето буквално спасува животи. Поради тоа, во активностите на Владата вклучена е и неопходната кампања за комуникација и информирање на граѓаните во однос на потребните мерки за заштита и однесувањето за ограничување на ширењето на коронавирусот, наведе Пецас и потсети дека досега, информирањето на Грците било во две насоки, пораката „Остануваме дома“ и одлучувачката важност на одговорното, точно и навремено информирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-odvoi-ushte-9-milioni-evra-za-kampanja-za-informiranje-na-gragjanite-za-kovid-19/feed/ 0
Арсенал нема да го земе Мари – не им се плаќа 9 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-nema-da-go-zeme-mari-ne-im-se-plakja-9-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-nema-da-go-zeme-mari-ne-im-se-plakja-9-milioni-evra/#respond Mon, 27 Jan 2020 15:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=295387

На социјалните мрежи и во медиумите се појавија различни информации за тоа зошто трансферот на дефанзивецот Пабло Мари во Арсенал е пред неуспех. Шпанецот пристигна во Лондон во текот на викендот и беше подложен на лекарски прегледи, но не постои договор за фудбалерот меѓу двата клуба. Според повеќе извори, причината е тоа што Арсенал не е подготвен да ги плати потребните 9 милиони евра за играчот на Фламенго. Другите медиуми, сепак, веруваат дека Фламенго не сака да го пушти Мари и тоа го спречува договорот откако Арсенал сака да го преземе дефанзивецот. Бразилскиот клуб му дозволи на својот фудбалер да ги забрза сите работи околу неговиот договор, откако на „збор“ двата клуба се разбраа за износот на трансферот и за бонусите, но конечно стана јасно дека „топџиите“ ги промениле своите барања, што довело до откажување од страна на Фламенго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-nema-da-go-zeme-mari-ne-im-se-plakja-9-milioni-evra/feed/ 0