-9 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 20:16:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png -9 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Подгорица протести по изборот на Мандиќ за претседател на Собранието на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-protesti-po-izborot-na-mandik-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-protesti-po-izborot-na-mandik-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-tsrna-gora/#respond Mon, 30 Oct 2023 20:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894643

Протест против изборот на лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ за претседател на Собранието се одржува вечерва во Подгорица. Граѓаните на протестите биле поканети од организацијата на Форумот на слободни граѓани „Луча“ и опозициските партии. Според Предраг Вушуровиќ од „Луча“, Андрија Мандиќ е „недостоен“ да ја извршува функцијата прв човек на Собранието и рече дека со него на сцена се Јелена Марковиќ од Либералната партија, Никола Зиројевиќ од Социјалдемократите и Оскар Хутер од Демократската партија. Јелена Марковиќ рече дека не се исполнети условите за одржување на пописот и затоа „граѓаните имаат право да ја бранат државата со сите демократски средства“, вклучително и бојкот. Дел од учесниците запалиле транспарент со ликовите на Андрија Мандиќ и српскиот адвокат од Црна Гора, Саво Фатиќ, кој во 1918 година ја извршуваше функцијата претседател на црногорското собрание. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-protesti-po-izborot-na-mandik-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-tsrna-gora/feed/ 0
Изутринава во Македонија измерени -9 степени, најмноогу снег во Маврови Анови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izutrinava-vo-makedonija-izmereni-9-stepeni-najmnoogu-sneg-vo-mavrovi-anovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izutrinava-vo-makedonija-izmereni-9-stepeni-najmnoogu-sneg-vo-mavrovi-anovi/#respond Mon, 07 Mar 2022 07:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=642383

Најниска температура во земјава изутринава е измерна на Попова Шапка -9 и во Маврови Анови -7. Во Крушево се измерени -3, во Претор, Берово и Охрид -1, а нула степени во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Битола, Скопје-Петровец. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти УХМР. Во Маврови Анови наврна најмногу снег 61 сантиметар, во Крушево снежната покривка е 56, во Ѓуриште 36, во Пожаране 34, а во Битола 7 сантиметри. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Дојран 7 литри на метар квадратен, потоа во Тетово 6, Штип и Пожаране 5, а најмалку во Скопје – Петровец, Попова Шапка, Битола и Прилеп – 1 литар. Врнежите престанаа во вечерните часови, а преку ноќта преовладуваше значително облачно време, тивко и не многу студено. Во текот на ноќта се појави магла во источниот дел од Скопско, а магла има утринава и на повисоките места од ниската облачност. Слаб дожд има утринава во Демир Капија и Скопје – Петровец. Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, главно во западните делови и на крајниот југоисток со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој повремено ќе преминува во снег. Максималната температура ќе достигне 4 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izutrinava-vo-makedonija-izmereni-9-stepeni-najmnoogu-sneg-vo-mavrovi-anovi/feed/ 0