96 отсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Apr 2021 12:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 96 отсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Интензивната нега во Белгија под огромен притисок, зафатени 96 отсто од креветите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/intenzivnata-nega-vo-belgija-pod-ogromen-pritisok-zafateni-96-otsto-od-krevetite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/intenzivnata-nega-vo-belgija-pod-ogromen-pritisok-zafateni-96-otsto-od-krevetite/#respond Thu, 15 Apr 2021 12:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=497656

Помалку од еден кревет е слободен на одделите за интензивна нега во белгиските болници, предупреди Министерството за здравство. Според статистиките на министерството, 96 отсто од креветите на интензивна нега во цела држава се зафатени, само 86 се слободни, што претставува помалку од еден кревет по болница. И покрај охрабрувачките трендови во другите области како новозаразените, болниците во земјата се под огромен притисок, но не само поради Ковид-19, објаснуваат здравствените власти. Проблемот е што бројот на пациенти што излегуваат од болница не го надоместуваат бројот на пациенти што влегуваат, а пикот на пациенти на интензивна нега сѐ уште не е постигнат, велат од министерството за здравство. Поради ова некои операции кои не се поврзани за коронавирусот се одлагаат, а земјата не може да додаде нови кревети поради тоа што нема доволно персонал. Здравствените работници во Белгија една година апелираат на поддршка и разбирање бидејќи работат со максимален капацитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/intenzivnata-nega-vo-belgija-pod-ogromen-pritisok-zafateni-96-otsto-od-krevetite/feed/ 0
Ефикасноста на вакцината на Новавакс е 96 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/efikasnosta-na-vakcinata-na-novavaks-e-96-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/efikasnosta-na-vakcinata-na-novavaks-e-96-otsto/#respond Fri, 12 Mar 2021 07:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=481124

Вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна во спречување на инфекцијата предизвикана од оригиналната верзија на коронавирусот во последното испитување спроведено во Велика Британија, соопшти компанијата. Вакцината, исто така, има ефикасност од околу 86 проценти во заштитата од позаразната варијанта на вирусот, која првпат беше откриена и сега е распространета во Велика Британија. Во одделно испитување во Јужна Африка, каде волонтерите првенствено беа изложени на другата понова, позаразна варијанта која циркулира таму и се шири низ целиот свет, вакцината имаше ефикасност од околу 55 проценти И во двете испитувања, вакцината беше 100 проценти ефикасна во спречување сериозни болести и смрт. Резултатите од финалната анализа на истражувањето во Велика Британија претежно беа во согласност со привремените податоци објавени во јануари, кои исто така покажаа дека вакцината на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот и околу 86 проценти ефикасна против британската варијанта. Компанијата очекува да ги искористи овие информации за да аплицира за одобрување во различни земји. Не е познато кога ќе побара одобрување во САД ниту дали американските регулатори ќе бараат да заврши истражувањето што е во тек таму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/efikasnosta-na-vakcinata-na-novavaks-e-96-otsto/feed/ 0