ААМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Apr 2021 11:01:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ААМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Асоцијација на архитекти бара да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-bara-da-se-pochituva-generalniot-urbanistichki-plan-i-javniot-interes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-bara-da-se-pochituva-generalniot-urbanistichki-plan-i-javniot-interes/#respond Tue, 20 Apr 2021 11:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=499785

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата денеска соопштија дека внимателно ги следат дискусиите во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј ИН“ во центарот на Скопје порачаа да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес. Укажуваат дека организацијата на просторот во кој живееме се спроведува преку Генералните и Деталните урбанистички планови, а просторот е необновлив ресурс и со него треба да се ракува внимателно и со почит. – ААМ е за доследно почитување на целите, проекциите и планските решенија од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022 год. и плановите од пониско ниво мора да бидат усогласени со овој стратешки план. Тоа се однесува и на планот во чиј состав е оваа локација спроти хотелот „Холидеј Ин“, но и за сите останати за кои постои интерес во јавноста како што се фабрикатаТреска, Дебар Маало, Мал Ринг, Езеро Треска, Расадник и т.н. Деталните урбанистички планови, кои претставуваат акти од јавен интерес, треба да содржат креативни решенија, кои на жителите, корисниците и посетителите на просторот ќе им овозможат негово безбедно, квалитетно и комфорно користење и доколку не е така истите мораат да бидат коригирани, соопшти ААМ. Во изминатиот период, ААМ го поддржа „мораториумот“ за градење на 33 Детални урбанистички планови во општина Центар, стои во соопштението, како единствен начин да се спречи спроведувањето на важечките планови кај кои се констатирани сериозни прекршувања и недоследности во однос на Генералниот урбанистички план и општите правила и параметри на урбанистичко планирање, додека не се донесат нови, а со цел да се загарантира и почитува едно од највисоките уставни права, а тоа е јавниот интерес. Но, напоменуваме дека „мораториумот“ има смисла ако е временски и и содржински строго и наменски ограничен. Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Академијата на архитекти, константно ги следеше актуелните случувања околу мораториумот. Кон средината на 2019 год., на покана на Општина Центар беа одржани консултативни состаноци на кои беше посочено дека одолговлекувањето на состојбите е контрапродуктивно и се понуди активно да бидат вклучени во разрешувањето на проблемите со конкретни предлози за тоа како побрзо и поефикасно да се делува. И понатаму ААМ стои на располагање на надлежните институции за инклузивност во делување за оптимизирање на процесите и процедурите во насока на навремено и правилно донесување одлуки кои ќе им овозможат на архитектите легитимни услови за работа. Како архитекти не сме против градење, ниту против личните и бизнис интереси на поединци, доколку тие не го загрозуваат квалитетот на животниот простор и јавното добро, наведуваат од Асоцијацијата. Изразуваат подршка на колегите архитекти за кои квалитетниот и хуман простор е иманентна цел на нивните планови и проекти, постигнувајќи го тоа со стручност и професионализам и со личен интегритет и достоинство. Притоа ја повикуваат и Комората на овластени архитекти и инженери активно да се вклучи во процесите на креирање на просторот, како и да се грижи за правата и дигнитетот на професијата. На граѓаните им порачуваат да бидат вклучени и да учествуваат во донесувањето одлуки при креирање на просторот, со почитување на експертизата од професионалците. Нивната порака до локалната самоуправа е да се почитува квалитетниот градски простор, неговата урбана и архитектонска историја преку создавање на услови за сеопфатна инклузивност при негово креирање со разни методи на транспарентен натпревар на идеи за значајни локации, содржини и програми. На Министерство за транспорт и врски, пак, му порачуваат одговорно да се менеџира со државното земјиште како јавно добро при што, потенцираат, визијата за градот во иднината, иако е сложен процес, треба да биде суштинска градска политика креирана во соработка со стручњаци од сите инволвирани области. Откако Уставниот суд минатиот месец го укина мораториумот за ДУП-от, најавената изградбата на висококатниците на локацијата кај „Холидеј ин“ предизвика редица реакции во јавноста. Се потпишува петицијата против изградбата, а жителите на населбата Ново Маало на локацијата кај што треба да се гради го поддржуваат проектот и бараат Општината да даде согласност за реализација. Инвеститорот „МГ Фешн“ преку електронскиот систем на Општината поднел барање за градежна дозвола, а изградбата може да се спречи доколку Советот на Општина Центар донесе одлука за суспензија, но, штетите доколку се влезе во постапката за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект, ќе ги сноси Општината. Доколку Советот донесе одлука за суспензија на планот ќе треба да достават елаборат до Министерството за транспорт и врски на кој тие ќе треба да дадат мислење. Министерството потоа има рок од 15 дена да даде свое мислење и повторно се враќа во Советот на Општината на конечна одлука. Идејниот проект предвидува вкупно развиена бруто површина над земја од 89.627 квадратни метри или малку повеќе од половина од површината дозволена за градба, а максималната катност е П+22. Паркирањето ќе биде обезбедено исклучиво во градежната парцела 1.1 во три подземни нивоа со 969 паркинг места. Објектот ќе се состои од три кули со различна намена од кои две се за домување, кои би гледале кон Кеј „13 Ноември“, а деловната зграда е со помала катност П+16 и би гледала кон деловната зграда на Соравија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-bara-da-se-pochituva-generalniot-urbanistichki-plan-i-javniot-interes/feed/ 0
Асоцијација на архитекти на Македонија: Да се зачува постојниот објект на Универзалнатa сала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-na-makedonija-da-se-zachuva-postojniot-objekt-na-univerzalnata-sala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-na-makedonija-da-se-zachuva-postojniot-objekt-na-univerzalnata-sala/#respond Wed, 29 Jul 2020 08:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=383006

По бурните реакции во јавноста поради најавата за уривање на Универзална сала, свое објаснување нудат и од Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ). Во продолжение, ви го пренесуваме целото соопштение од Управниот одбор на ААМ: Почитувани членови на ААМ, почитувана јавност, По скорешните написи во медиумите во врска со Универзална сала, сакаме да Ве информираме дека ААМ во Декември 2019 година беше контактирана од страна на Град Скопје за организирање на конкурс за нова Универзална сала со проширена програма кој соодветствува на програмата која ја имаше конкурсот од 2013 год. каде беше предвидена изградба на обjект од 36.000 м², во согласност со постојниот Детален урбанистички план – ДУП Буњаковец 2. Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма. Согласно ваквата иницијатива, од наша страна беше предложено нова Универзална сала, со бараната проширена програма, да се гради на друга соодветна локација. По направената анализа, како можна локација беше предложена локација во близина на Спортскиот центар “Борис Трајковски’. Предложената локација е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост. Во поглед на изборот на нова локација за Универзалната сала, беше напоменато дека постојат уште неколку можни локации и спремни сме во соработка со Град Скопје, заедно да изнајдеме најсоодветно решение на проблемот. Со овој став ААМ понуди мислење базирано на стручни анализи се со цел да се погледне пошироката слика и однапред да се детектираат и решат можните проблеми од аспект на идно функционирање на тој дел од градот преку посоодветно планирање и искористување на државните ресурси. Она што останува како факт е дека постојниот објект на салата е во многу лоша состојба и не функционира повеќе од 5 години со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото. Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години. Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање. За да се избегнат забуни во јавноста, го повикуваме Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала. Би повикале уште еднаш, да се зачува постојниот објект и доколку Градот Скопје нема средства за таква намена, ја повикуваме и Владата да се произнесе пред јавноста дали може да се обезбедат средства да биде реконструиран и зачуван обејктот во неговата постојна големина и појавност. Меѓу другото, ААМ ќе поднесе иницијатива до Општина Центар, за новиот ДУП кој е моментално во изработка, оваа локација да биде со намалена површина за градба и истата да биде во рамки на постојниот објект. Како и секој пат до сега, ААМ ќе се залага за решавање на сите спорни и „заборавени“ локации во државна сопственост, особено оние кои претставуваат клучни точки за развојот на Скопје, да добијат завршница и соодветно планирање или (ре)искористување, со што би се избегнала нивна (не)намерна злоупотреба во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-na-makedonija-da-se-zachuva-postojniot-objekt-na-univerzalnata-sala/feed/ 0