аавму – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jun 2022 14:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аавму – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на ААВМУ донесе 12 јавни опомени на радиодифузерите за непочитување на одредбите од ЗААВМУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-aavmu-donese-12-javni-opomeni-na-radiodifuzerite-za-nepochituvanje-na-odredbite-od-zaavmu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-aavmu-donese-12-javni-opomeni-na-radiodifuzerite-za-nepochituvanje-na-odredbite-od-zaavmu/#respond Wed, 29 Jun 2022 14:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=697386

Во вториот квартал од 2022 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заради констатирани непочитувања на радиодифузерите на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, донесе 12 решениja за преземање мерка-јавна опомена, информираше денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски. Четири решенија се донесени поради непочитување на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, три поради непочитување на правилата за пласирање производи, две поради прекршување на забраната за учество во телешопинг спотови, визуелно или тонски, на лице кое редовно презентира вести, едно решение за употреба на јазик спротивно на пропишаниот начин во Законот, едно  поради необјавување на податоци за импресум и едно поради неисполнување на обврската за доставување на писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување во законски предвидениот рок. -Во однос на операторите на јавна електронска комуникациска мрежа, три решенија за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмски сервиси беа изречени поради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата и едно решение за преземање мерка – јавна опомена поради тоа што операторот во својот програмски пакет не ги обезбедил програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис. На операторите им беше наложено веднаш по приемот на решението да го усогласат своето работење со одредбите од ЗААВМУ, истакна директорот на ААВМУ. Поради неисполнување на обврската за плаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско/радио емитување, како што информираше Трајчевски, покренати се три постапки за одземање на дозволата. Во меѓувреме, радиодифузерите го платиле во целост годишниот надоместок за дозвола, по што трите покренати постапки за одземање на дозволата биле запрени. Информираше дека е покрената и една постапка за одземање на дозволата на едно локално радио од Охрид поради тоа што радиото престанало со емитување на радио програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, но постапката е сеуште во тек. Помошник-раководителката на секторот за правни работи и јавни набавки, Ивона Муфишева, во својата презентација со наслов „Најчестите прекршувања на законските одредби: Како да се отстранат“ рече дека во 2021 година констатирани се 34 прекршувања кои се однесуваат на програмските стандарди, додека од јануари до јуни оваа година констатирани се 20 прекршувања. -Како најчести прекршувања, 15 – неисполнување на обврските за изворна програма, 11 – објавување на информации на корисниците, 10 за непочитување на правилата за малолетна публика, девет прекршувања за обврската за објавување импресум, правила за пласирање производи пет прекршувања, правилата за употреба на јазикот четири прекршувања, прекриени аудиуовизуелни комуникации три, по две прекршувања за рекламирање на поделен екран, лажни аудиовизуелни комерцијални комуникации, забрана за учество во реклами и телешопинг на лица кои презентираат вести, и недоставување писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата едно прекршување, истакна Муфишева. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-aavmu-donese-12-javni-opomeni-na-radiodifuzerite-za-nepochituvanje-na-odredbite-od-zaavmu/feed/ 0
Манчевски и од изолација му го „чува грбот“ на Филипче, ААВМУ биле виновни?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-i-od-izolacija-mu-go-chuva-grbot-na-filipche-aavmu-bile-vinovni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-i-od-izolacija-mu-go-chuva-grbot-na-filipche-aavmu-bile-vinovni/#respond Thu, 16 Jul 2020 14:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=377176

Министерството за информатичко општество и администрација на Дамјан Манчевски, кој е во изолација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласувало со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк, информираат од таму. „Двете телевизии на никаков начин го немаат прекршено Изборниот законик, со оглед на тоа што министерот Филипче изјавата ја дал во својство на министер и во врска со здравствената криза предизвикана од вирусот ковид-19. Дополнително, министерот Филипче не беше на ниедна од кандидатските листи за предвремените парламентарни избори 2020 година. Во време на светска пандемија и редовно дневно информирање од страна на Министерството за здравство во врска со вирусот, за нас е несфатливо како регулаторот може да ја смета оваа изјава како прекршување на изборниот молк,“ се вели во соопштението. Од таму додаваат дека „ова е само последен од многуте примери за политизација на АВМУ, велат од политизраното министерство кое преку еден министер го правда незаконскиот настап на друг свој миниситер, притоа набедувајќи независна институција дека била политизирана, само и само затоа што си ја вршела својата работа?! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-i-od-izolacija-mu-go-chuva-grbot-na-filipche-aavmu-bile-vinovni/feed/ 0