АБА2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 07:46:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АБА2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костоски го предводеше ТФТ до првата победа во АБА2-лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostoski-go-predvodeshe-tft-do-prvata-pobeda-vo-aba2-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostoski-go-predvodeshe-tft-do-prvata-pobeda-vo-aba2-ligata/#respond Tue, 20 Dec 2022 07:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=777948

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ синоќа во Златибор ја забележа дебитанската победа во регионалната кошаркарска АБА2-лига. Совладана беше екипата на Подгорица со 95:93 по продолжение. Најзаслужен за триумфот на ТФТ беше поранешниот репрезентативец Александар Костоски кој мечот го заврши со 28 победи, девет асистенции и пет скокови. Тимот од Тафталиџе досега одигра шест натпревари во АБА2 и дојде до првата победа, додека црногорскиот претставник го запиша четвртиот пораз во 6. коло. Втората македонска екипа во АБА2, битолски Пелистер утре од 15 часот се среќава со Борац од Бања Лука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostoski-go-predvodeshe-tft-do-prvata-pobeda-vo-aba2-ligata/feed/ 0
Илиевски: Подвиг е што остваривме две победи на стартот во АБА2-лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ilievski-podvig-e-shto-ostvarivme-dve-pobedi-na-startot-vo-aba2-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ilievski-podvig-e-shto-ostvarivme-dve-pobedi-na-startot-vo-aba2-ligata/#respond Thu, 20 Oct 2022 06:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=748087

Кошаркарите на Пелистер ја остварија втората победа во регионалната АБА2-лига. Битолчани синоќа го победија Шенчур со 71:67 во натпревар со драматична завршница. Тренерот Илиевски е презадоволен од резултатите, бидејќи неговиот тим беше некомплетен поради повредени играчи. – Подвиг е што постигнавме две победи со оглед на проблемите со кои се соочивме пред доаѓањето во Златибор. Одигравме добра одбрана, играчите дадоа максимум, но заморот дојде во третата четвртина, а противникот тоа го искористи и не казни во транзиција. Сепак, на крајот победивме и среќен сум од исходот на натпреварот, изјави тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски. Вториот македонски претставник во АБА2, тимот на ТФТ со два пораза го заврши првиот турнир. Во следното коло, Пелистер ќе игра со Широки Бријег, додека ТФТ ќе се сретне со Крка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ilievski-podvig-e-shto-ostvarivme-dve-pobedi-na-startot-vo-aba2-ligata/feed/ 0
МЗТ Скопје драстично ослабен во Златибор https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-drastichno-oslaben-vo-zlatibor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-drastichno-oslaben-vo-zlatibor/#respond Mon, 22 Mar 2021 12:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=486107

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде драстично ослабена на претстојниот „балон“ од АБА2-лигата на Златибор, со оглед што во последен момент од тимот отпаднаа дури тројца кошаркари и двајца од стручниот штаб. – Екипата во соседна Србија отпатува без Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, кои се посериозно повредени и без кои може да бидеме (по)долго време. Првиот потешко го повреди коленото, за кое лекарите се сомневаат дека има скинати предни лигаменти, дијагноза која допрва треба да се потврди. Ако се остварат црните најави, тогаш високиот центар дефинитивно нема да може да ѝ помогне на екипата до крајот на сезоната. Вториот, пак, има повреда на задната ложа, која воопшто не е наивна и поради која ќе мора да мирува најмалку две недели, а потоа ќе треба да мине и низ период на рехабилитација, информираат од таборот на аеродромци. Во Скопје остана и Андреј Магдевски, кому денес му завршува периодот на изолација по прележаниот коронавирус, поради кој ги пропушти последните средби како и голем број тренинзи. На пат кон Златибор не тргнаа ниту новите членови на стручниот штаб, Васко Атанасов и Михајло Шејкеровски, кој ќе ја има улогата на кондициски тренер, кои исто така беа позитивни на последната проверка за Ковид-19 пред тргнувањето кон Србија. Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром на средбите против Спарс (вечерва од 21 часот), Горица (четврток) и Златибор (недела) ќе настапи со девет кошаркари во ростерот. „Сино-белите“ моментов е на четвртата позиција на табелата со скор 6-4 (победи-порази).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-drastichno-oslaben-vo-zlatibor/feed/ 0