Абдала Хамдок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Nov 2021 16:23:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Абдала Хамдок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Суданската армија го врати на власт премиерот Абдала Хамдок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskata-armija-go-vrati-na-vlast-premierot-abdala-hamdok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskata-armija-go-vrati-na-vlast-premierot-abdala-hamdok/#respond Sun, 21 Nov 2021 16:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=597981

Суданската армија денеска го врати на власт премиерот Абдала Хамдок и најави ослободување на сите политички затвореници по неколкунеделните смртоносни немири предизвикани од пучот. Според договорот што го потпиша со воениот водач генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, Хамдок ќе ја води цивилната технократска влада во транзиција. Хамдок рече дека се согласил со договорот за да се запре крвопролевањето. „Суданската крв е драгоцена, да го запреме крвопролевањето и да ја насочиме енергијата на младите на градење и развој“, рече тој. Но, цивилната коалиција која ја дели власта со војската претходно соопшти дека се противи на какви било разговори со „пучистите“ и повика на продолжување на протестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskata-armija-go-vrati-na-vlast-premierot-abdala-hamdok/feed/ 0
Суданската армија се согласи да го врати соборениот премиер Хамдок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskata-armija-se-soglasi-da-go-vrati-soboreniot-premier-hamdok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskata-armija-se-soglasi-da-go-vrati-soboreniot-premier-hamdok/#respond Sun, 21 Nov 2021 09:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=597877

Воени и владини претставници денеска соопштија дека е постигнат договор меѓу суданските воени и цивилни власти за враќање на премиерот Абдала Хамдок на функцијата. Официјални лица денеска соопштија и дека државните функционери и политичарите уапсени по воениот удар на 25 октомври ќе бидат ослободени како дел од договорот меѓу војската и политичките партии, вклучително и најголемата партија Ума. Хамдок ќе предводи независен технократски кабинет, изјавија официјални лица, додавајќи дека ОН, Соединетите Американски Држави и други одиграа клучна улога во постигнувањето договор. Воениот удар, повеќе од две години откако народното востание доведе до заминување на долгогодишниот автократ Омар ал-Башир и неговата исламистичка влада, наиде на критики од целиот свет. САД, нивните сојузници и Обединетите нации ја осудија прекумерната употреба на сила над демонстрантите против воениот удар. Националната иницијатива формирана по пучот, во која има политички партии и јавни личности, најави дека Хамдок ќе биде вратен на функцијата и дека ќе формира технократска влада. Како што се наведува, договорот ќе биде потпишан подоцна денеска, а потоа ќе биде објавена политичката декларација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskata-armija-se-soglasi-da-go-vrati-soboreniot-premier-hamdok/feed/ 0