Абдел Фатах ал Сиси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Oct 2021 05:49:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Абдел Фатах ал Сиси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Египет ја укинува четиригодишната вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ja-ukinuva-chetirigodishnata-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ja-ukinuva-chetirigodishnata-vonredna-sostojba/#respond Tue, 26 Oct 2021 05:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=585430

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја укинува вонредната состојба во земјата што беше воведена пред четири години, по нападите врз коптските цркви. „Благодарение на нашите големи и лојални луѓе, Египет стана оаза на безбедноста и стабилноста во регионот. Затоа одлучив да не ја продолжувам вонредната состојба низ целата земја“, објави Сиси на својата официјална страница на Фејсбук. Вонредна состојба беше воведена низ цел Египет во април 2017 година по крвавите напади врз коптските цркви, главното христијанско малцинство на Блискиот Исток во северните градови Танта и Александрија, за кои одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Оттогаш, вонредната состојба постојано се обновуваше без прекин. Во 2014 година и на Синајскиот полуостров беше воведена вонредна состојба поради исламистичкиот бунт предводен од локален огранок на Исламската држава. Од февруари 2018 година, египетската армија и полиција спроведуваат голема антитерористичка операција во Синај, но и во некои делови од западната пустина, меѓу долината на Нил и границата со Либија. Вонредната состојба значително ги проширува овластувањата на полицијата во однос на апсењата, надзорот и можноста за воведување слобода на движење, а во некои области е воведен и полициски час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ja-ukinuva-chetirigodishnata-vonredna-sostojba/feed/ 0
Ал Сиси реизбран за претседател на Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-sisi-reizbran-za-pretsedatel-na-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-sisi-reizbran-za-pretsedatel-na-egipet/#respond Mon, 02 Apr 2018 16:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=35451

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси е реизбран со 97 проценти од гласовите на минатонеделните избори. Сиси и првиот пат беше избран со истиот процент на гласови. Но, овие претседателски избори имаше пониска излезност од претходните, само 41 проценти од регистрираните гласачи и покрај тоа што најголемиот број Египќани беа натерани да излезат на гласање, а според странските медиуми на граѓаните им биле нудени пари и храна за да излезат на гласање. Државните медиуми ниската изборна активност ја оценија како предавство на Египет. Ал Сиси на овие претседателски избори имаше само еден против кандидат, негов приврзаник, откако во јануари опозициските претенденти ги прекинаа предизборните кампањи. Еден од главните политичкии опоненти на Ал Сиси беше уапсен, неговиот шеф на кампањата беше претепан, додека другите кандидати се повлекоа со образложение дека биле заплашувани. Централната изборна комисија на Египет при денешното објавување на официјалните резултати сооопшти дека изборите биле слободни и фер. Ал Сиси на функција дојде по долгогодишниот  претседател на Египет, Хосни Мубарак, кој беше соборен од власт по арапската пролет во 2011 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-sisi-reizbran-za-pretsedatel-na-egipet/feed/ 0