Абељард Тахири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 15:20:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Абељард Тахири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тахири: Ова е последен мандат на Курти како премиер на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-ova-e-posleden-mandat-na-kurti-kako-premier-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-ova-e-posleden-mandat-na-kurti-kako-premier-na-kosovo/#respond Mon, 18 Sep 2023 15:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=879193

Шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Абељард Тахири изјави дека ова е последен премиерски мандат на актуелниот шеф на косовската влада, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Во обраќање пред медиумите во Собранието на Косово, Тахири рече дека „најголемата услуга што Албин Курти може да ја направи за Косово е да поднесе оставка“. - Тој нема да има ниту бројки, ниту можност да направи втора влада. Секој ден се обидува да си го продолжи мандатот и гледате во каква каша е државата, рече Тахири. Одговарајќи на денешната изјава на Курти дека опозицијата „ќе ја снема“ доколку се одржат вонредни избори, шефот на пратениците на најголемата парламентарна опозициска партија рече дека е очигледно оти премиерот „се плаши од оваа опозиција“. - Самиот факт дека му оди умот кај опозицијата покажува дека се плаши од оваа опозиција и една работа е сигурна: дека владата во наредниот мандат, кога и да се одржат избори, било порано или подоцна, нема да може да ја формира Курти, рече Тахири. Курти на денешната прес-конференција, на која информираше за минатонеделниот состанок во Брисел со српскиот претседател, Александар Вучиќ, беше запрашан за можноста за одржување предвремни избори, како што бара опозицијата, на што одговори дека тоа би било на штета токму на опозицијата. - Опозицијата час бара моја оставка, час мое разрешување и понекогаш предвремени избори. Морам да кажам дека предвремените избори во Косово не ѝ одговараат ниту на власта ниту на опозицијата. На опозицијата не ѝ одговараат избори затоа што губат, а на власта не ѝ одговараат затоа што опозицијата ќе ја снема. Заинтересиран сум да ја поразам опозицијата на избори, но не и да ја елиминирам, рече Курти. На оваа изјава на Курти претходно реагираше и шефот на пратеничката група на другата опозициска партија, Алијанса за иднината на Косово (ААК), Бесник Тахири, кој рече дека косовскиот премиер станал комичар и дека ја изгубил политичката моќ. Тој го повика Курти да излезе на избори – „ако смее“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-ova-e-posleden-mandat-na-kurti-kako-premier-na-kosovo/feed/ 0
Тахири: ПДК ќе го исклучи од партијата секој кој ќе гласа за новата косовска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/#respond Thu, 07 May 2020 13:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=343049

Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Абељард Тахири вели дека никој од неговите партиски колеги нема да гласа за новата влада која може да ја формира коалицијата предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и нивниот кандидат за премиер Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири во емисијата „Интерактив“ на КТВ ја пренесе пораката на партискиот лидер Кадри Весели и одлуката на Претседателството на ПДК дека тој што ќе гласа за новата влада на Хоти ќе биде исклучен од партијата. – Кај нас е јасна работата, статутот е јасен, секој пратеник кој гласа спротивно на ПДК не може да биде веќе дел од нашата пратеничка група, а ние имаме јасна одлука во никакви околности да не гласаме за владата на Хоти, изјави Тахири. Тој додаде дека ПДК има своја опозициска агенда, односно дека се залага за нови избори веднаш штом се создадат услови за тоа. – Во моментот кога ќе се прогласи победа во борбата со Ковид-19, сметаме дека нема причини да продолжи таа влада, рече Тахири, изразувајќи уверување дека ПДК ќе ги обезбеди потребните гласови за нејзино уривање и за прогласување предвремени избори. На 25 март, на иницијатива на ЛДК беше изгласана недоверба на владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, по што, на 30 април, претседателот на државата Хашим Тачи го додели мандатот за формирање нова влада на ЛДК и нејзиниот кадидат за премиер, Хоти. Истиот ден кога му беше доделен мандатот на Хоти, ВВ поднесе барање за оценка на уставноста на одлуката на Тачи, по што Уставниот суд наредниот ден, на 1 мај, донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата во правец на формирање нова влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/feed/ 0
Косовскиот министер за правда понуди оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskiot-minister-za-pravda-ponudi-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskiot-minister-za-pravda-ponudi-ostavka/#respond Mon, 01 Oct 2018 12:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=108998

Министерот за правда на Косово Абељард Тахири денеска понуди оставка на функцијата поради незадоволство од случувањата во правниот сектор, вклучително и мешањето на политиката, објавија косовските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тахири смета дека лошата состојба во овој сектор ќе резултира со одлука на Европската унија да не дозволи визна либерализација за Косово. Извори на порталот „Газета Експрес“ тврдат дека Тахири оставката им ја доставил на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и на претседателот на неговата партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели. Се очекува наскоро Тахири лично да ја објави информацијата и да ги соопшти причините за повлекувањето од функцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskiot-minister-za-pravda-ponudi-ostavka/feed/ 0