аболиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 09:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аболиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата за поништената аболиција на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/#respond Thu, 16 Feb 2023 09:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=801187

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. ЕСЧП одлучуваше по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија од 2020 година. Одлуката на Судот е достапна на следниот линк. Станува збор за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од април 2016 година. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести.По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/feed/ 0
Судот во Стразбур ќе се изјасни за поништената аболиција на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/#respond Thu, 16 Feb 2023 07:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=801095

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска треба да ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Судот во Стразбур треба да се изјасни по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија. Станува збор за аболицијата на Иванов од април 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Од днешената одлука на Европскиот суд ќе зависи дали предметите на СЈО и судењата кои произлегоа од нив ќе продолжат или ќе запрат, а обвинетите и осудените ќе бидат аболирани. Доколку обвинетите и осудените лица бидат прогласени за жртви, државата можеби ќе треба да им плати и обесштетување. Поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, вели дека се ќе зависи што ќе биде наведено во самата одлука и што ќе биде понатаму обврска на државата или како тоа ќе се реперкуира на целокупната политичка ситуација во земјата. -Стразбур носи пресуда во која што се утврдува дека има повреда или нема повреда. Доколку утврди дека има повреда, тогаш треба да се види во што е таа повреда дали е процедурална или е суштинска повреда во мерит. Ако е процедурална тогаш странките имаат можност да бараат повторување на постапката, но повторно зависи што е процедурална повреда. Ако е повредата во мерит, треба да се види што е самата повреда и во зависност од тоа треба да се испитува дали треба да дојде до промена на законодавство или носење на нови закони, изјави за „Локално“ судијката Николовска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/feed/ 0
Низа пропусти во „Глобал“: Нема одговор зошто хидрантите и прскалките не работеле во трговскиот центар за кој Заев доби аболиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niza-propusti-vo-global-nema-odgovor-zoshto-hidrantite-i-prskalkite-ne-rabotele-vo-trgovskiot-centar-za-koj-zaev-dobi-abolicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niza-propusti-vo-global-nema-odgovor-zoshto-hidrantite-i-prskalkite-ne-rabotele-vo-trgovskiot-centar-za-koj-zaev-dobi-abolicija/#respond Mon, 04 Jan 2021 10:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=451807

Во големиот пожар кој се случи во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица изгореа над 10 продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен бил супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар. Го гаснењето на големиот пожар учествуваа 61 пожарникар со 18 возила. Според информациите на телевизијата ВИС, огнот започнал од правецот на задниот влез којшто се користи за дотур на стока. Зафатен бил и голем дел од внатрешноста на објектот што им оневозможувало на пожарникарите да влезат и однатре да реагираат. Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во објектот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудуваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време. Оттука се поставува прашањето дали се работи за корупција или за неодговорност? Како и за тоа кој направил технички прием на објектот и дал дозвола за работа на „Глобал“? Премиерот Зоран Заев кој вчера го посети опожарниот објект најави дека од денеска ќе се организира масовна солидарна акција за расчистување на зградата и за финансиско помагање. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека е потреба солидарност, но исто така и одговорност за нефункционалните хидранти. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пишува дека „Глобал“ е дивоградба за која Заев е амнестиран за криминал.   За потсетување, овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата токму на Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна. Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинениото за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше. Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niza-propusti-vo-global-nema-odgovor-zoshto-hidrantite-i-prskalkite-ne-rabotele-vo-trgovskiot-centar-za-koj-zaev-dobi-abolicija/feed/ 0
Европското право е јасно: Аболиција од претседател не може да се повлече, пресуда за помилувано лице не може да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskoto-pravo-e-jasno-abolicija-od-pretsedatel-ne-moze-da-se-povleche-presuda-za-pomiluvano-lice-ne-moze-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskoto-pravo-e-jasno-abolicija-od-pretsedatel-ne-moze-da-se-povleche-presuda-za-pomiluvano-lice-ne-moze-da-ima/#respond Mon, 21 May 2018 08:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=56388

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов пред две години, во услови на тешка политичка криза во државата реши да донесе одлука за аболиција или помилување, на сите политичари против кои имаше истражни постапки. Одлуката подоцна беше повлечена, откако оние кои беа помилувани побараа такво нешто. Сепак, еднаш дадена аболиција од претседател на држава не може да биде повлечена, укината или на кој било друг начин тргната од правниот промет. Така вели европското и светското право, но во Македонија очигледно има други правила. Последен случај за праксата на европското право е ослободувањето на Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои добија ослободување од екстрадицискиот притвор во Грција. Тие во притвор во Грција поминаа 7 месеци. Инаку, судот во Атина констатираше дека не може да одлучува за луѓе претходно биле амнестирани, како што беше со амнестијата на Иванов ред две години. За Горан Грујевски и Никола Бошковски пред судот во Скопје се водат постапки по обвинение на СЈО за нивна наводна вмешаност во нелегалното прислушување. Ставот во однос на правното дејство на одлуките за помилување, Европскиот Суд за човекови права (ЕСЧП) го искажал преку примената на Европската конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП) во предметот Lexa v. Slovakia, и според него ефектот од одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила. Во случајот Lexa v.Slovakia жалителот се жалел дека неговото гонење по помилувањето не било дозволено според важечкиот словачки закон, па од тие причини неговиот притвор не бил во согласност со закон. Главната поента во спорот била дали кривичната постапка против жалителот била дозволена или не, во поглед на постоењето на различни одлуки за помилување во врска со кривичните дела за кои се товарел во тоа време. Во пресудата, Судот констатира дека Уставот на Словачка не содржел одредби со кои изречно се дозволува претседателската одлука за помилување да биде укината, а Законот за кривична постапка не предвидувале постапката да продолжи кога работата станала res judicata, како резултат на одлуката за помилување. Судот понатаму забележува дека укинувањето на безусловни мерки за помилување, генерално не е прифатено со праксата и преовладувачкото правно мислење во другите држави потписнички на ЕКЧП и ги нотира законските измени и дополнувања донесени подоцна (како што се преиначувањето на обемот на овластувањата на претседателот за донесување на мерки за одделни помилувања, условувањето на таквите мерки со потпис од страна на Владата итн.) и подоцнежните напори да се укинат претходните одлуки со донесување на уставен закон и заклучува дека гонењето на жалителот по донесување на одлука за помилување не било дозволено. Со оглед на тоа што во Законот за помилување кој важел во времето кога Претседателот Иванов ги донел одлуките за помилување не била предвидена можност за нивно поништување тие станале конечни, а стекнатите права врз основа на овие одлуки не можат да бидат изменети на штета на лицето за кои се однесуваат што произлегува и од институтот од римското право reformacio in peus. Доколку со дополнително донесените Закон за дополнување на Законот за помилување и Одлуки за поништување на одлуките за помилување, ефектите од помилувањето се анулираат тоа би значело дека истите имаат ретроактивно дејство што е спротивно на член 52 од Уставот на Република Македонија (согласно кој законите и прописите неможат да имаат повратно дејство освен во исклучок кога тоа е поповолно за граѓаните) и што според одлуката на ЕСЧП во случајот Lexa v. Slovakia, претставува повредана на правото на правично судење, заштитено со членот 6 од Конвенцијата. И покрај сите овие факти, во овој момент во Македонија се водат судски постапки против 57 лица кои беа на листата помилувани од претседателот. Досега ниту судија не посочи дека еднаш дадена аболиција, или помилување од претседателот на државата не може да биде повлечена, поништена, укината или на кој било друг начин тргната од правниот промет. За првпат грчките судии го посочуваат ова правило кое го има во меѓународното, европското, но и во домашното казнено право. Околу овој дел на европското право се осврна и професорката по уставно право, Тања Каракамишева, таа коментира дека ова правило кое го примени грчкото судство е правило кое важи во секоја правна држава, односно дека истото е правило и дел и од домашното казнено право. -Еднаш дадена аболиција, или помилување од претседателот на државата не може да биде повлечена, поништена, укината или на кој било друг начин тргната од правниот промет. Тоа многу добро го знаат експертите по Меѓународно кривично право, врховните судии на Грција, но и македонските професори по Казнено право кои во своите учебници ова го имаат многу убаво објаснето, но за жал не сакаат да го кажат во јавност, вели Каракамишева. За ова правило во својот учебник по Казнено право пишува и професорот Владимир Камбовски. -Станува збор за клучно правило во меѓународното, европското, но и во домашното казнено право кое има своја позадина во заштитата на општиот правен стандард-потребата да се почитува начелото на правната сигурност во државата. Ова го имав констатирано и во времето кога претседателот Иванов беше присилен од некои фактори да ги повлече веќе дадените аболиции, и тогаш реков, и сега потврдувам дека еднаш дадена аболиција не може да биде повлечена, коментира професорката. Таа и додава дека правната сигурност на граѓаните, но и правната сигурност која институциите се обврзани да ја штитат е врвен принцип во секоја правна држава. -Ако Македонија сака да биде правна држава мора да ги почитува овие општи правни стандарди кои се применуваат во сите демократски држави каде се почитува владеењето на правото, изјави Каракамишева]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskoto-pravo-e-jasno-abolicija-od-pretsedatel-ne-moze-da-se-povleche-presuda-za-pomiluvano-lice-ne-moze-da-ima/feed/ 0