абортус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 09:54:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png абортус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТАЈНА КРИЕНА 23 ГОДИНИ: Бритни Спирс во новите мемоари проговори за абортусот на 19 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tajna-kriena-23-godini-britni-spirs-vo-novite-memoari-progovori-za-abortusot-na-19-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tajna-kriena-23-godini-britni-spirs-vo-novite-memoari-progovori-za-abortusot-na-19-godini/#respond Wed, 18 Oct 2023 09:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=890227

Бритни Спирс забременила со Џастин Тимберлејк во 2000 година, но абортирала бидејќи во тоа време „не сакал да биде татко“. Прославената пејачка беше во врска со Џастин од 1999 до 2002 година, а во нејзините претстојни мемоари детално ја опиша својата „болна“ одлука да ја прекине бременоста. Бритни Спирс забременила кон крајот на 2000 година, кога и двајцата имаа по само 19 години. -Тоа беше изненадување, но не беше трагедија за мене. Го сакав Џастин толку многу. Отсекогаш верував дека еден ден ќе имаме семејство заедно. Тоа ќе биде многу побрзо отколку што очекував”, пишува таа во извадок од нејзините мемоари „Жена во мене“ објавени од магазинот „Пипл“. „Тој рече дека не сме подготвени за бебе во нашите животи, дека сме премногу млади. Сигурна сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова, но јас се согласив да немам бебе. Не знам дали тоа беше правилна одлука. Да беше само до мене, никогаш не би го направил тоа. А сепак, Џастин беше толку сигурен дека не сака да биде татко“, напиша славната пејачка, мајка на два сина од бракот со Кевин Федерлин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tajna-kriena-23-godini-britni-spirs-vo-novite-memoari-progovori-za-abortusot-na-19-godini/feed/ 0
Во Мексико декриминализиран абортусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-dekriminaliziran-abortusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-dekriminaliziran-abortusot/#respond Thu, 07 Sep 2023 05:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=875487

Врховниот суд на Мексико го декриминализираше абортусот на национално ниво, пресудувајќи дека е неуставно да се изрекуваат затворски казни за прекинување на бременоста. Судот му нареди на Парламентот да ги отстрани од кривичниот законик казните кои беа во сила од 1931 година. -Криминализирањето на абортусот ги крши човековите права на жените, соопшти Врховниот суд. Во 2021 година, Врховниот суд ја прогласи апсолутната забрана за абортус за неуставна. Сепак, кривичниот законик сè уште предвидува затворски казни до пет години за абортус. Инволвираните лекари би можеле да се соочат и со затворска казна. Тужбата за декриминализација на национално ниво до Врховниот суд ја поднесе граѓанската организација ГИРЕ. По пресудата, јавните болници низ целата земја сега мора да го обезбедат и правото на бесплатен абортус.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-dekriminaliziran-abortusot/feed/ 0
Малта усвои закон со кој се легализира абортусот, но само доколку постои ризик по здравјето на жената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/malta-usvoi-zakon-so-koj-se-legalizira-abortusot-no-samo-dokolku-postoi-rizik-po-zdravjeto-na-zhenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/malta-usvoi-zakon-so-koj-se-legalizira-abortusot-no-samo-dokolku-postoi-rizik-po-zdravjeto-na-zhenata/#respond Wed, 28 Jun 2023 18:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=850565

Парламентот на Малта денеска едногласно усвои Закон за легализирање на абортусот, но само доколку постои ризик по здравјето на жената, што се смета за голем чекор за претежно римокатоличката нација. Со тоа се олеснува најстрогиот закон за абортус во Европска Унија, но активистите ја повлекоа својата поддршка, тврдејќи дека промените во последен момент го прават законот „нејасен, нефункционален, па дури и опасен“. Според одредбите на новиот Закон, на лекар му е дозволено да ја прекине бременоста без дополнителна консултација само доколку животот на мајката е во непосредна опасност. Жената чие здравје е во голема опасност може да добие пристап до абортус само по согласност на тројца специјалисти. Илјадници Малтежани протестираа против Законот во декември минатата година. Владејачката Лабуристичка партија, која го поднесе првичниот предлог-закон, ги поддржа амандманите, додека опозицијата исто така излезе со поддршка по измените. Коалицијата 14 групи за избор истакна дека барањето за тројца специјалисти е „неостварливо и опасно“ и предупреди дека дури и во случаи кога животот на жената е загрозен, „голема е веројатноста лекарите да бараат одобрение поради страв од кривично гонење“. Малта е единствената од 27-те земји на ЕУ каде беше забранет абортусот од која било причина, пропишувајќи казна затвор од три до четири години ако и се помогне на жената да абортира. Законот ретко се спроведуваше, а последниот познат случај на некој да биде затворен датира од 1980 година. Сепак, претходно овој месец една жена беше обвинета според Законот против абортус, но не беше приведена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/malta-usvoi-zakon-so-koj-se-legalizira-abortusot-no-samo-dokolku-postoi-rizik-po-zdravjeto-na-zhenata/feed/ 0
Протести во Полска поради праксата на лекарите да извршат легални абортуси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-polska-poradi-praksata-na-lekarite-da-izvrshat-legalni-abortusi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-polska-poradi-praksata-na-lekarite-da-izvrshat-legalni-abortusi/#respond Wed, 14 Jun 2023 19:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=845801

Во околу 70 полски градови и неколку европски престолнини илјадници Полјачки протестираа под мотото „Ниту една повеќе“ поради рестриктивниот закон за абортус. Протестите се организирани по смртта на пет бремени жени од сепса во болница поради праксата на полските лекари да не ја спасуваат мајката со прекин на бременоста, туку се чека прво да почине плодот. „Дорота од Нови Тарг повеќе не е жива бидејќи полските закони против абортусот убиваат и ги претвораат лекарите во политички службеници наместо во здравствени експерти. Уште колку пати ќе пишуваме на транспарентите „Јас не сум инкубатор“? Колку сопрузи ќе ги губат жените? Зарем малку умревме? Престанете да не убивате“, велат организаторите на здружението Полски штрајк на жените. Во Варшава на протестот беа прочитани приказните за пет бремени Полјачки кои завршија во болница во последните две години. Единственото нешто што ја спасило шестата трудница кога почнала да се чувствува лошо е тоа што стапила во контакт со независната полска телевизија ТВН24, а потоа лекарите ја прекинале бременоста, плашејќи се од скандал. „Убијци“, „Сакаме лекари, а не мисионери“, „Ниту една повеќе“, „Престани да убиваш“ скандираа Полјачки во Варшава, Краков, Вроцлав, Лоѓ, но и во Нови Тарг, каде почина 33-годишната Дорота. Во Варшава, активистите на ултра-католичките организации организираа контрапротест и поставија постери против абортусот и гласно се молеа. Владејачката конзервативната партија Право и Правда, која го заостри веќе рестриктивниот Закон за абортус и поради кој полските жени се плашат да забременат во својата татковина, негираат каква било вина за атмосферата во која полските лекари се плашат легално да ја прекинат бременоста затоа што некој може да обвини нив и ги тужи. - Во Полска е дозволен абортус. Животот и здравјето на жената се на прво место. Добив информација од Министерството за здравство дека имало смртни случаи во такви случаи дури и додека опозицијата беше на власт, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки без да наведе никаква статистика. Лидерот на владејачките конзервативци во Полска, Јарослав Качински денеска изјави дека сето тоа беше голема измама и пропагандна злоупотреба. - Никаде во законот нема збор за случај кога е загрозен животот или здравјето на бремена жена. Таму ништо не е сменето, наведе Качински за одлуката на Уставниот суд од 2020 година, според која жените се принудени да ја носат својата бременост и кога фетусот е сериозно оштетен или бебето ќе умре по раѓањето во страдање и болка. Додека полскиот министер за здравство, Адам Њеџелски денеска информираше дека е формирана нова работна група во која првпат ќе има жени, а не само мажи, која треба да прецизира како лекарите да дејствуваат во случаи на сепса за да го спасат животот на мајката. Полската католичка црква и активистите на католичките организации се обидуваат целосно да го забранат абортусот во Полска, а владејачката партија ги исполни со забрана за прекинување на бременоста во случај на сериозно оштетување или болест на фетусот, оставајќи само две правни опции: кога е загрозен животот или здравјето на трудницата или кога бременоста е резултат на кривично дело - силување или инцест. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-polska-poradi-praksata-na-lekarite-da-izvrshat-legalni-abortusi/feed/ 0
Јужна Каролина усвои забрана за абортус по шестата недела од бременоста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-karolina-usvoi-zabrana-za-abortus-po-shestata-nedela-od-bremenosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-karolina-usvoi-zabrana-za-abortus-po-shestata-nedela-od-bremenosta/#respond Wed, 24 May 2023 09:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=838153

Пратениците од Јужна Каролина вчера усвоија забрана за повеќе абортуси по шестата недела од бременоста, кога почнува срцевата активност на фетусот. Оспорениот предлог-закон, што се очекува да биде потпишан од републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер, помина главно по партиска линија, со забележителен исклучок на пет членки на државниот Сенат - три републиканки, една демократка и една независна - кои се спротивставија, пренесуваат британските медиуми. Предлог-законот поддржан од републиканците, што ги забранува повеќето абортуси пред многу жени да знаат дека се бремени, е ревидирана верзија на претходната мерка која Врховниот суд оваа година ја прогласи за неуставна. Дозволува абортуси до 12 недела во случаи на силување и инцест и дава исклучок за итни медицински случаи. Врховниот суд на САД минатата година го укина речиси 50-годишното федерално право на абортус, што поттикна многу други држави низ јужниот дел на САД во голема мера да ги ограничат абортусите. -Ова што го правиме денеска ќе предизвика нелегални абортуси, кажа државната сенаторка Сенди Сен, републиканка која минатата година беше меѓу петте сенаторки кои успешно ја блокираа уште построгата забрана. -Кога тинејџерите умираат од нелегални абортуси бидејќи не знаеле дека се бремени во шестата недела - тоа е наша вина, рече таа. Државниот сенатор Шејн Меси, републиканец, се залагаше за забраната како мерка за усогласување на ограничувањата на абортусот во Јужна Каролина со другите јужни држави. -Јужна Каролина стана престолнина на абортуси на југоистокот, рече Меси за време на вчерашното сослушување. Застапниците за правата на абортус изјавија дека ќе поднесат уште една тужба за блокирање на мерката. Во моментов во Јужна Каролина се дозволени абортуси во првите 22 недели од бременоста, што е еден од најлибералните закони за абортус во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-karolina-usvoi-zabrana-za-abortus-po-shestata-nedela-od-bremenosta/feed/ 0
Гувернерот на Вајоминг го потпиша законот за забрана на апчиња за абортус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-vajoming-go-potpisha-zakonot-za-zabrana-na-apchina-za-abortus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-vajoming-go-potpisha-zakonot-za-zabrana-na-apchina-za-abortus/#respond Sat, 18 Mar 2023 13:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=813512

Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, го потпиша законот за забрана на апчиња за абортус, кој претходно беше изгласан во таа американска држава каде на власт се републиканците. Тие таблети се веќе забранети во 13 американски држави со сеопфатни забрани за сите форми на абортус, а 15 држави имаат ограничен пристап до тие апчиња. Забраната на Вајоминг за таблетите за абортус стапува на сила во јули. На почетокот на оваа недела, прашањето за пристап до апчиња за абортус беше разгледано пред судот во американската сојузна држава Тексас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-vajoming-go-potpisha-zakonot-za-zabrana-na-apchina-za-abortus/feed/ 0
ХАРИ И МЕГАН САМИ ГО ПОГРЕБАЛЕ СВОЕТО МРТВО ДЕТЕ: Јас ја ископав дупката со свои раце https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/hari-i-megan-sami-go-pogrebale-svoeto-mrtvo-dete-jas-ja-iskopav-dupkata-so-svoi-ratse/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/hari-i-megan-sami-go-pogrebale-svoeto-mrtvo-dete-jas-ja-iskopav-dupkata-so-svoi-ratse/#respond Mon, 06 Mar 2023 15:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=808695

Особено скандалозни изјави од мемоарите на принцот Хари... Но, во книгата или поточно неговите мемоари кои се продадоа со брзина на светлината, помладиот син на кралот Чарлс III не зборува само за своето семејство и неговите тајни. Тој зборува и за многу тажно поглавје во неговиот и животот на војвотката Меган: спонтан абортус на нивното дете во 2020 година. Кога војвотката Меган имаше спонтан абортус, парот мораше да се збогува со своето дете. Го закопаа под дрво. Принцот Хари се сеќава како парот заедно се простиле од бебето. Вака тој го опишува овој тажен момент во книгата: „Излеговме од болницата со нашето неродено дете. Мало снопче. Отидовме на место, тајно место кое само ние го знаевме. Под големото дрво, додека Мег плачеше, ископав дупка со рацете и нежно го ставив малото снопче во земјата." За загубата претходно пишуваше и војвотката Меган Војвотката Меган ја објави тажната вест во ноември 2020 година. Таа напиша есеј за Њујорк Тајмс во кој ја откри својата загуба. „Откако му ја сменив пелената на Арчи, почувствував остра контракција. Се струполив на подот со него во раце и потпевнував приспивна песна за да не смири двајцата. Среќната мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред. Додека го гушкав син ми, знаев дека губам уште еден...“, напиша таа во есејот. Во средината на декември 2022 година, Сасекси ја објавија документарната серија „Хари и Меган“ на Нетфликс. Во една од епизодите, парот зборуваше и за нивната голема загуба. Принцот упати неколку сериозни обвинувања до печатот. Принцот Хари индиректно го обвини британскиот весник „Мејл“ за спонтан абортус. Весникот претходно го објави приватното писмо на Меган до нејзиниот татко од 2019 година. Тогаш војвотката го обвини весникот, кој пак ја обвини Меган. „Верувам дека мојата сопруга имаше спонтан абортус поради она што го направија новинарите. Дали знаеме со сигурност дека спонтан абортус е предизвикан од ова? Се разбира не. Но, со стресот, недостатокот на сон и бременоста, можам да кажам дека овој спонтан абортус беше поради тоа што тие се обидуваа да го направат“, рече Хари, кој беше сведок како ситуацијата влијаела на неговата бремена сопруга.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/hari-i-megan-sami-go-pogrebale-svoeto-mrtvo-dete-jas-ja-iskopav-dupkata-so-svoi-ratse/feed/ 0
Абортусот забранет во уште три американски држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abortusot-zabranet-vo-ushte-tri-amerikanski-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abortusot-zabranet-vo-ushte-tri-amerikanski-drzavi/#respond Thu, 25 Aug 2022 18:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=724073

Законот за забрана за абортус денеска стапи во сила во уште три американски држави. Со ова, дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеца по одлуката на Врховниот суд да го прекине тоа право. Како што пишува Вашингтон пост, сега на 21 милион жени им е забранет абортусот или пристапот им е значително ограничен во најмалку 13 држави. Тенеси, Тексас и Ајдахо, каде на власт се републиканци, се придружија во низата држави што донесоа привремени забрани. Одлуката предизвика политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за среднорочните парламентарни избори, закажани за ноември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abortusot-zabranet-vo-ushte-tri-amerikanski-drzavi/feed/ 0
Канзас гласаше против ограничување на правата на абортус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanzas-glasashe-protiv-ogranichuvanje-na-pravata-na-abortus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanzas-glasashe-protiv-ogranichuvanje-na-pravata-na-abortus/#respond Wed, 03 Aug 2022 07:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=713235

Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус, во првото изјаснување на населението откако американскиот Врховен суд ја отфрли пресудата од предметот „Ро против Вејд“. Жителите на Канзас гласаа по однос амандманот поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус до 22-та недела од бременоста. Парламентот на таа сојузна држава во која мнозинството го држат Републиканците донесе амандман за отфрлање на тоа уставно право, со цел уредувањето на тоа прашање да се врати во ингеренција на пратениците. По пребројувањето на 98 отсто од гласовите, против амандманот се изјасниле 59 отсто од гласачите, а за негова поддршка гласале 41 проценти од граѓаните. Тоа значи дека Парламентот на Канзас нема да може да носи одлуки со кои би се ограначувало правото на абортус. Голем број пациентки доаѓаа на таква медицинска процедура во таа конзервативна сојузна држава од блиските држави Тексас, Оклахома и Мисури каде абортусот е целосно забранет. По објавените резултати демократите се охрабрени дека прашањето за абортусот ќе значи привлекување на гласачите за во ноември предвидените среднорочни избори, независно од нивното незадоволство поради големата инфлација во земјата. „Ова треба да биде повик за будење за противниците на абортусот. Кога целосната забрана ќе стане реална можност, ќе имате многу луѓе што ќе излегуваат на гласање, а истовремено ќе губите многу повеќе од поумерените поддржувачи на ограничувањата за абортусот“, изјави Нил Ален, политиколог од Универзитетот во Вичита. Изјаснувањето во Канзас е прво од неколкуте во САД, на кои државите ќе одлучуваат за прашањето на абортусот. Најавено е референдумско изјаснување и во сојузните држави Кентаки, Калифорнија, Вермонт, веројатно и во Мичиген. Претседателот Џо Бајден им се придружи на демократите низ САД во пофалбите за резултатите од изјаснувањето во Канзас. „Ова гласање го покажува јасно она што веќе го знаеме, дека мнозинството Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус и да имаат право да носат свои здравствени одлуки“, рече Бајден. Резултатите од анкетата што во февруари ги објави Универзитетот „Форт Хејс“ покажа дека мнозинството жители на Канзас не поддржуваат целосна забрана на абортусот. Околу 60 проценти од нив не се согласуваат дека абортусот треба да биде целосно нелегален, а 50,5 отсто од нив рекле дека „Владата на Канзас не треба да поставува никакви регулативи за околностите под кои“ се спроведува процедурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanzas-glasashe-protiv-ogranichuvanje-na-pravata-na-abortus/feed/ 0
Бајден тврди дека додека е тој претседател во САД, абортусот нема да биде забранет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-tvrdi-deka-dodeka-e-toj-pretsedatel-vo-sad-abortusot-nema-da-bide-zabranet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-tvrdi-deka-dodeka-e-toj-pretsedatel-vo-sad-abortusot-nema-da-bide-zabranet/#respond Fri, 08 Jul 2022 18:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=702477

Американскиот претседател Џо Бајден денеска нагласи дека во САД додека тој ги води, абортусот нема да биде забранет и потпиша извршна наредба за заштита на абортусот, пристап до абортус и контрацепција. Бајден ја потпиша наредбата речиси две недели откако Врховниот суд ја укина пресудата Роу против Вејд од 1973 година, која го гарантираше уставното право на абортус во САД. Одлуката на судот и овозможи на секоја американска држава сега сама да одлучи дали и под кои услови ќе дозволи абортуси. Наредбата вклучува мерки за заштита на пристапот до лекови и контрацептивни средства за абортус, заштита од казнување за жените кои мора да патуваат од една американска држава во друга поради абортуси и чекори за заштита на приватноста. Според наредбата на Бајден, државниот обвинител на САД и правниот советник на Белата куќа ќе се сретнат со приватни адвокати и организации од јавен интерес за да промовираат правно застапување за оние кои бараат или нудат услуги за репродуктивно здравје. По одлуката на Врховниот суд, најмалку девет американски сојузни држави воведоа речиси целосна забрана за абортус. Единствен исклучок е опасност по животот на мајката. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-tvrdi-deka-dodeka-e-toj-pretsedatel-vo-sad-abortusot-nema-da-bide-zabranet/feed/ 0