Абу Бакр ал Багдади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jan 2020 06:18:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Абу Бакр ал Багдади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Гардијан“: Наследникот на Багдади именуван уште во октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-naslednikot-na-bagdadi-imenuvan-ushte-vo-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-naslednikot-na-bagdadi-imenuvan-ushte-vo-oktomvri/#respond Tue, 21 Jan 2020 06:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=292428

Само неколку часови откако американските сили го убија лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади во октомври 2019 година за нов лидер на терористичката организација, е именуван Амир Мохамед Абдул Рахман ал-Мавли ал Салби, објави Гардијан, повикувајќи се на неименувани извори. Според лондонскиот весник, регионалните и западните разузнавачи биле во можност да го профилираат новиот лидер на озлогласената група во трите месеци по убиството на Багдади. Салби се смета за еден од највлијателните идеолози во исламистичката организација, и е роден во туркменско семејство во ирачкиот град Тал Афар, што го прави еден од ретките не-арапски лидери во ИД, пренесува Гардијан. Весникот вели дека е познат и по воениот назив на Хаџи Абдула, а во некои кругови се споменува и како Абдула Кардеш, иако ирачките власти тврдат, според британскиот весник, дека лице по име Абдула Курдеш е еден од лидерите на ИД убиен пред две години. Салби е исто така еден од основачите на ИД и предводеше бројни операции на исламистичката организација ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-naslednikot-na-bagdadi-imenuvan-ushte-vo-oktomvri/feed/ 0
Ердоган: Турските специјални сили уапсија над 10 роднини на Ал Багдади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskite-specijalni-sili-uapsija-nad-10-rodnini-na-al-bagdadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskite-specijalni-sili-uapsija-nad-10-rodnini-na-al-bagdadi/#respond Thu, 07 Nov 2019 11:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=261232

Турските безбедносни сили задржале повеќе од десет роднини на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека последни уапсени во Азаз, северозападна Сирија беа сестрата на Ал Багдади и нејзините деца и оти се сместени во камп за мигранти. Расмија Авуд е заробена заедно со нејзиниот сопруг, петте деца и еден роднина. – Ќе видиме каква одлука ќе донесе нашето Министерство за правда… Бројот на задржани роднини на ал Багдади од страна на турските безбедносни сили веќе е двоцифрен, посочи Ердоган. Тој потенцира дека турските специјални служби веќе задржале дете на Ал Багдади, „чие сродство е докажано преку ДНК анализа“. Ердоган вчера изјави дека турските безбедносни сили ја уапсиле сопругата на Ал Багдади. –  Америка објави дека Ал Багдади се убил во тунел и веднаш почна медиумска кампања, а јас сега првпат кажувам дека ние ја заробивме неговата сопруга и од тоа не направивме спектакл, истакна вчера Ердоган. Американските сили ноќта на 27 октомври извршија операција за апсење на ал Багдади во северозападна Сирија. Но лидерот на ИД се самоуби активирајќи експлозив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskite-specijalni-sili-uapsija-nad-10-rodnini-na-al-bagdadi/feed/ 0
ВИДЕО: Пентагон објави снимки од нападот врз засолништето на Ал Багдади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pentagon-objavi-snimki-od-napadot-vrz-zasolnishteto-na-al-bagdadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pentagon-objavi-snimki-od-napadot-vrz-zasolnishteto-na-al-bagdadi/#respond Thu, 31 Oct 2019 07:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=258104

Американскиот командант генерал Кенет Мекензи Јуниор на прес конференција емитуваше видео снимки и фотографии од акцијата на американските војници во која изминатиот викенд беше убиен лидерот на групата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ) Абу Бакр ал-Багдади. Снимките се објавени и на социјалните мрежи на Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ). Во акцијата во северна Сирија учествуваа осум хеликоптери. Багдади, како што информира Доналд Трамп во неделата, се самоубил со активирање на експлозивен елек, при што ги убил и неговите три деца. Трамп денеска ќе им врачи Медал на честа на војниците кои ја спроведоа акцијата. Багдади е основач и лидер на ИСИЛ од 2010 година, а со години не се знаеше каде се наоѓа. Медиумите и претходно повеќе пати јавуваа дека е убиен во операции во Ирак и Сирија, но тоа никогаш не беше официјално потврдено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pentagon-objavi-snimki-od-napadot-vrz-zasolnishteto-na-al-bagdadi/feed/ 0
Соработник на Багдади откри: Лидерот на џихадистите во пустина криеше 25 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorabotnik-na-bagdadi-otkri-liderot-na-dzihadistite-vo-pustina-krieshe-25-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorabotnik-na-bagdadi-otkri-liderot-na-dzihadistite-vo-pustina-krieshe-25-milioni-dolari/#respond Wed, 30 Oct 2019 12:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=257791

Абу Бакр ал Багдади, лидерот на Исламската држава, во иранска пустина сокрил богатство и пари, злато и сребро чија вредност достигнува вредност од 25 милиони долари. Дел од закопаното богатство на Багдади веќе го нашле локалните ирански фармери. Тоа го тврди Мухамед Али Сајет, еден од блиските соработници на Багдади чии информации помогнале во лоцирање на лидерот на џихадистите и самонаречениот калиф. Но, Сајет е и во роднински врски со Багдади (оженет е со една од неговите роднини) и припадник е на Исламската држава од 2015 година. Него пред два месеци го уапсиле во Багдад иранските безбедносни сили и при испитувањето открил детали за движењето и начинот на криење на најбараниот терорист на светот. „Багдади, како и повеќето лидери на ИД, имаше обичај во пустина да ги крие парите, главно голари, злато и сребро. Тој во подзмени бункери кои ги украсуваше со религиски текстови закопа најмалку 25 милиони долари. Некои од тие бункери во иранската пустиња ги пронашле локалните сточари номади“, рекол Али Сајет и опишал како изгледа еден од тие бункери. „Долг е околу осум метри, а широк околу пет. Во него има библиотека и многу верски книги, а на ѕидовите има цитати од Коранот. Багдади го криеше богатството за црни денови. Сигурно не очекуваше дека ќе биде откриен затоа што многу се грижеше за својата безбедност“, рекол Сајет. Посмртните останки на лидерот на Исламската држава погребани се во морето исто како и останките на Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каида. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sorabotnik-na-bagdadi-otkri-liderot-na-dzihadistite-vo-pustina-krieshe-25-milioni-dolari/feed/ 0
Ал Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-bagdadi-pogreban-vo-more-isto-kako-bin-laden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-bagdadi-pogreban-vo-more-isto-kako-bin-laden/#respond Tue, 29 Oct 2019 09:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=257226

Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, откако загина за време на воената операција на САД во неговиот камп во северозападна Сирија минатиот викенд, потврди денеска неименуван американски официјален претставник. Властите не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото, но официјални лица за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида Осама бин Ладен. Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции. Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон. Началникот на здружениот Штаб на американската армија Марк Мли денеска одби да каже дали телото на ал Багдади е погребано во море. Тој рече дека положувањето  на неговите посмртни останки и оти е извршено на соодветен начин, по дополнителни ДНК анализи на безбедна локација. Во исто време, неименуван функционер на Стејт департментот рече дека по убиството на ал Багдади, бил ликвидиран и друг припадник на Исламска држава, Абу ел Хасан ел Мухајир. Тоа се случило во заедничка акција на курдските и американските трупи, исто така во северна Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-bagdadi-pogreban-vo-more-isto-kako-bin-laden/feed/ 0
САД потврдија, убиен и вториот човек на Исламска држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-potvrdija-ubien-i-vtoriot-chovek-na-islamska-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-potvrdija-ubien-i-vtoriot-chovek-na-islamska-drzava/#respond Tue, 29 Oct 2019 07:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=257162

САД денеска потврдија дека во операцијата на американските сили на северот од Сирија е убиен портпаролот на Исламска држава, Абу ал Хасан ал-Мухаџир, кој важеше за втор човек на ова екстремистичка организација. Курдските сили во Сирија во неделата соопштија дека ал-Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските сили на северот на Сирија и дека бил ликвидиран во продолжение на операцијата во која претходно загина лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади. Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десната рака“ на лидерот на ИД, ал-Багдади, потсетуваат британските медиуми. Официјален претставник на Стејт департментот, кој побара анонимност, исто така, наведе дека ал-Мухаџир бил „бројот два“ во Исламска држава, додавајќи дека тој е убиен во одвоена операција на американската армија од таа во која беше убиен лидерот на ИД, наведуваат британските медиуми. Претставникот на Стејт департментот додал и дека мнозинските курдски Сириски демократски сили (СДФ) имале значајна улога во операцијата во која е убиен Мухаџир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-potvrdija-ubien-i-vtoriot-chovek-na-islamska-drzava/feed/ 0
Сите мислеа дека е мртов, а тој најавува одмазда: Прво видео од најбараниот терорист https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-mislea-deka-e-mrtov-a-toj-najavuva-odmazda-prvo-video-od-najbaraniot-terorist/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-mislea-deka-e-mrtov-a-toj-najavuva-odmazda-prvo-video-od-najbaraniot-terorist/#respond Mon, 29 Apr 2019 18:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=192397

Предводникот на терористичката група Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, се појави во видое снимка, за која се претпоставува дека е од неодамна, со што се подгреваат шпекулациите дека тој не е убиен, како што претходно се претпоставуваше. Видеото го објави „СИТЕ Интелиџенс Груп“, тинк тенк од Вашингтон ангажиран во анализи и истражувачка работа на џихадистите и екстремните десничарски или левичарски активности на интернет. Раководителката  на „СИТЕ“ Рита Кац  на Твитер објави дека ал Багдади во видеото е придружен од соборци, чии лица се замаглени и говори за војната против „крстоносците“. Дискутира дека битката за Ал Багуз Фокани (населено место по кое коалицијата предводена од САД во јануари изврши воздушни удари) е завршена. Во одделен сегмент од видеото Ал Багдади говори за нападите во Шри Ланка за време на католички Велигден. Тоа укажува дека видеото било снимено неодамна. Најбараниот терорист во светот вели дека групата “ќе се одмазди за убиствата и притворањето на нивните борци”. Ова се први кадри со Ал Багдади после молитвата во Мосул во јули 2014 година. Оттогаш повеќепати се шпекулираше дека тој е елиминиран, но немаше потврда за тоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-mislea-deka-e-mrtov-a-toj-najavuva-odmazda-prvo-video-od-najbaraniot-terorist/feed/ 0
Убиен еден од синовите на водичот на Исламска држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-eden-od-sinovite-na-vodichot-na-islamska-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-eden-od-sinovite-na-vodichot-na-islamska-drzava/#respond Wed, 04 Jul 2018 07:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=72759

Еден од синовите на водачот на терористичката организација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади е убиен во Сирија во напад кој го предводеа џихадистите во централната провинција Хомс. Како што соопшти ИД, Худхајф ал Бадри е убиен во суди во една електрана во провинцијата Хомс. Според пишувањата на опозициската Сириска опсерваторија за човечки права, џихадистите држат мали пустински области во Хомс и на истокот на Сирија. Се проценува дека контролираат помалку од три отсто од сириската територија. Водачот на ИД неколку пати досега беше прогласуван за мртов, но изгледа дека е жив и е некаде во Сирија, долж границата со Ирак. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-eden-od-sinovite-na-vodichot-na-islamska-drzava/feed/ 0