Ацо Шопов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 10:19:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ацо Шопов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ – меѓународна научна конференција на штипскиот Филолошки факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sto-godini-od-raganeto-na-atso-shopov-megunarodna-nauchna-konferentsija-na-shtipskiot-filoloshki-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sto-godini-od-raganeto-na-atso-shopov-megunarodna-nauchna-konferentsija-na-shtipskiot-filoloshki-fakultet/#respond Thu, 25 May 2023 10:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=838533

Иницијатива и волја има за Филошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ да го носи името на познатиот македонски поет Ацо Шопов, кој е роден во Штип, истакнаа на денешната меѓународна конференција ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски и деканката на Филлошкиот факултет Луси Караниколова-Чочоровска. Ректорот Мираковски вели дека ваква иницијатива постои, но мора да се разгледаат правните аспекти, кои може да бидат пречка. -Се дискутира се уште на таа тема и треба да се разгледаат правните аспекти, бидејќи ние сме интегриран Универзитет, на којшто сите единици се делови од Универзитетот „Гоце Делчев“. Лично јас немам никаква забелешка, доколку еден ваков истакнат поет биде патрон и неговото име е на Филилошкиот факултет, изјави Мираковски. Деканката на Филолошкиот факултет, Караниколова-Чочоровска посочи дека нејзините заложби се овој факултет да го носи името на Ацо Шопов. Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ собра научници од сите страни на светот и од Универзитетите во земјава и на Балканот. -Покриен е добар дел од севкупната творечка активност на Ацо Шопов почнувајќи од неговата поезија и неговите препеви. Интересно е тоа што многу се пишува за поезијата на Шопов конкретно на нашава конференција и тоа препеви на германски, турски, потоа Шопов препеан на руски, на англиски, француски. Простете ми ако некој од јазиците на којшто ќе третира препеаноста на поезијата на Шопов го пропуштив, вели Караниколова-Чочоровска. Забележа дека македонска јавност знае за каква велични станува збор. Ацо Шопов и Славко Јаневски се едни од камен темелниците и претставници на првата генерација на поети во современата македонска литература.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sto-godini-od-raganeto-na-atso-shopov-megunarodna-nauchna-konferentsija-na-shtipskiot-filoloshki-fakultet/feed/ 0
Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-pariz-po-povod-odbelezhuvaneto-na-100-godishninata-od-raganeto-na-atso-shopov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-pariz-po-povod-odbelezhuvaneto-na-100-godishninata-od-raganeto-na-atso-shopov/#respond Mon, 20 Mar 2023 09:04:51 +0000 https://kurir.mk/?p=814040

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, соопшти неговиот кабинет. Пендаровски утре во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Исто така, претседателот Пендаровски ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. Македонскиот претседател денеска во Париз ќе го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде ќе оствари средба со директорот на институтот, Жан Франсоа-Хуше, како и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот. Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што се одбележува со низа настани во текот на 2023 година. Чествувањето на големиот јубилеј е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Северна Македонија, го поддржа и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-pariz-po-povod-odbelezhuvaneto-na-100-godishninata-od-raganeto-na-atso-shopov/feed/ 0
Признанието „Ацо Шопов” доделено на Паскал Гилевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/priznanieto-aco-shopov-dodeleno-na-paskal-gilevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/priznanieto-aco-shopov-dodeleno-na-paskal-gilevski/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=778415

„Во чест на поетот“, манифестација со која Центарот за култура во Штип одбележа 99 години од раѓањето на Ацо Шопов. Признанието за афирмација на делото и ликот на поетот Ацо Шопов, годинава му припадна на Паскал Гилевски. Настанот започна со читање поезија од Шопов, по што за Гилевски беше прочитана и кратка биографија. Настанот беше искористен и за промоција на десетте тома собрани дела на Раде Силјан, за кого говореше академик Витомир Митевски. -Станува збор за избор од неговото творештво, еден пресек, главно од поезијата, но има и неколку тома на критиката и библиографски делови. Ако го познаваме Раде како творец ќе забележиме дека ова само еден мал дел од неговото творештво, бидејќи тој е познат и како есеист, и како издавач на антологии. Во овој случај накусо би рекол дека тој излегува од рамките на она што би го нарекле писател. На културната јавност ѝ е познато дека тој е и издавач, сопственик на еминентната издавачка куќа во Македонија, „Матица македонска“. Тој е во голема мера организатор на културниот живот во Скопје, вели академик Митевски. За Митевски собирањето дела е едно сумирање на искуството и резултатите на книжевен план, а во тој поглед, вели, Раде Силјан има многу што да ни каже. Манифестацијата „Во чест на поетот“ се одржува веќе 38 години по ред, од 1985 година, само три години по смртта на Шопов. Признанието, пак, се доделува неколку години по ред. Програмата за одбелемувањето на 99 години од раѓањето на Ацо Шопов продолжува и наредните денови. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/priznanieto-aco-shopov-dodeleno-na-paskal-gilevski/feed/ 0
Чествување на Ацо Шопов по повод 40 години од неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-aco-shopov-po-povod-40-godini-od-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-aco-shopov-po-povod-40-godini-od-negovata-smrt/#respond Tue, 13 Dec 2022 06:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=774687

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска напладне ќе се одржи чествување на Ацо Шопов, по повод 40 години од неговата смрт. За великанот на современата македонска поезија, како што е најавено, ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови од Шопов ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски. Ацо Шопов е еден од основачите на современата македонска поезија. Роден е во Штип на 20 декември 1923 година. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“, директор и главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“. Бил активен учесник во Народно ослободителната војна, претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство. Бил амбасадор во Сенегал, член на МАНУ, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ од неговото основање. – Ацо Шопов е автор на првата повоена книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ во 1944 година. Неговото огромно творештво опфаќа 15 првообјавени книги поезија, 17 поетски избори на македонски јазик и 21 поетски избори на странски јазици, наведуваат организаторите. Шопов за своето творештво и општествен ангажман е добитник на девет книжевни и општествени награди. Починал во 1982 година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-aco-shopov-po-povod-40-godini-od-negovata-smrt/feed/ 0
„Денови на Шопов“ во штипската Библиотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-shopov-vo-shtipskata-biblioteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-shopov-vo-shtipskata-biblioteka/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=666567

Одбележувањето на 40 години од смртта на великанот Ацо Шопов со активности продолжува и денеска. Штипската библиотека „Гоце Делчев“ во роднокрајното одделение кое го носи името на Шопов ја реализираше активноста литературно читање песни од авторот, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Шопов“. Денеска го организиравме овој настан „Денови на Шопов“ по повод 40 години од смртта на роднокрајниот автор и поет, Ацо Шопов. Роднокрајното одделение во Библиотеката го носи името на овој за нас значаен поет, академик и роднокраен автор. Значајно за него е што ја има издадено првата збирка на песни на македонски јазик во слободна Македонија, во 1944 година, истакна Тодор Џидров, в.д. директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип. Роднокрајното одделение во Библиотеката го носи името на Шопов од 1978 година, кога самиот Шопов свечено го има отворено. Дел од денешната активност беше и предавање со споделување спомени од животот на поетот од страна на проф. д-р Блаже Китанов. Во склоп на Библиотеката во функција е и роднокрајното одделение кое го носи неговото име. При пуштањето на новиот објект на Библиотеката на 4 мај 1978 година. Ацо Шопов свечено го има пуштено во употреба и клучот во трајно владение е даден на Библиотеката, рече Џидров. Манифестација „Денови на Шопов“ се одржува секоја година по повод раѓањето и смртта на Шопов, а е проект од Годишната програма за работа на Библиотеката и финансиски поддржан од Министерството за култура.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-shopov-vo-shtipskata-biblioteka/feed/ 0