ад елем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Dec 2021 08:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ад елем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да брка вработени од АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски треба да си ја потпише сопствената оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-namesto-da-brka-vraboteni-od-ad-elem-vasko-kovachevski-treba-da-si-ja-potpishe-sopstvenata-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-namesto-da-brka-vraboteni-od-ad-elem-vasko-kovachevski-treba-da-si-ja-potpishe-sopstvenata-ostavka/#respond Sat, 25 Dec 2021 08:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=612878

Нема крај со фијаското во енергетскиот систем во Република Македонија. Граѓаните ги очекува големо покачување на сметките за струја заради неспособноста на власта, енергетските капацитети не произведуваат доволно електрична енергија, па затоа мора државата да купува многу поскапа електрична енергија од енергетскиот пазар, ама затоа Васко Ковачевски реши да удри по вработените во енергетскиот сектор кои за него се неподобни. Наместо Васко Ковачевски веќе да ја имаше потпишано својата оставка, заради целосниот хаос во енергетиката, тој реши да брка работници во АД ЕЛЕМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека со потпис на Ковачевски пред 20тина дена е донесен заклучок со кој се задолжуваат директорите на придружниците да достават список на работни места со број на извршители кои би биле испратени на принуден одмор или делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30%. - За да биде небулозата поголема, истиот ден Васко Ковачевски потпишува заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку агенцијата за привремени вработувања кои би започнале со работа од 1ви Јануари 2022 година. Намерата на Ковачевски е да бидат казнети партиските неподобни во ЕЛЕМ, а во исто време да бидат наградени партиски подобните лица преку договори за привремени вработувања. Кристално јасно е дека казнети ќе бидат лицата кои немаат партиска книшка од СДСМ. Трагикомично е оправдувањето на АД ЕЛЕМ дека се намалуваат непродуктивните трошоци на компанијата, дека заради енергетската криза и економската состојба на фирмата ќе се испраќаат вработени на принуден одмор, кога изминативе месеци стотици лица беа вработени во компанијата, а во исто време има и активен заклучок за нови вработувања, се појаснува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ вели дека наместо Ковачевски да поднесе одговорност за својата неспособност и да одговара за тоа што ЕЛЕМ го претвори во загубар поради неодговорното работење, тој удира по работниците. - Оваа постапка за делење на решенија за принуден одмор или прекин во работниот однос веднаш да се прекине, бидејќи во спротивно после промената на власта, ваквата политичка хајка која ја прави Ковачевски ќе биде ревидирана и за тоа Ковачевски ќе сноси одговорност, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-namesto-da-brka-vraboteni-od-ad-elem-vasko-kovachevski-treba-da-si-ja-potpishe-sopstvenata-ostavka/feed/ 0
Реакција на АД ЕЛЕМ: Виктор Стојчевски е примен на оглас и ги исполнува сите критериуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ad-elem-viktor-stojchevski-e-primen-na-oglas-i-gi-ispolnuva-site-kriteriumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ad-elem-viktor-stojchevski-e-primen-na-oglas-i-gi-ispolnuva-site-kriteriumi/#respond Mon, 11 Feb 2019 15:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=162730

Откако опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска објави дека синот на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска од денеска е вработен во државната компанија АД ЕЛЕМ, и побара од компанијата да ги објават условите под кои тој е примен, од АД ЕЛЕМ објавија соопштение во кое потврдуваат дека Стојчевски е примен во редовен рботен однос. -АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби, се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ad-elem-viktor-stojchevski-e-primen-na-oglas-i-gi-ispolnuva-site-kriteriumi/feed/ 0
АД ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.235.808 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-elem-prodade-novi-vishoci-elektrichna-energija-za-1-235-808-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-elem-prodade-novi-vishoci-elektrichna-energija-za-1-235-808-evra/#respond Wed, 23 May 2018 11:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=57464

АД Електрани на Македонија соопшти дека во текот на вчерашниот ден продал вишоци електрична енергија во количина од 24.480 мегават-часови за сума од 1.235.808 евра. - Продадените вишоци се „базна” и „врвна” електрична енергија за јуни 2018 година.  Продажбата е извршена по просечна цена од 50.48 евра по мегават-час. За споредба, на HUPX (унгарската берза на електрична енергија), цената за базна енергија изнесува 44,94 евра/мегавати, додека за врвна изнесува 54,27, соопшти АД ЕЛЕМ. Нова продажба на вишоци електрична енергија произведени од АД ЕЛЕМ е закажана за 5 јуни, на која ќе бидат понудени 57.360 мегавати за јули, август и септември 2018.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-elem-prodade-novi-vishoci-elektrichna-energija-za-1-235-808-evra/feed/ 0
ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elem-kje-prodava-vishoci-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elem-kje-prodava-vishoci-elektrichna-energija/#respond Thu, 26 Apr 2018 14:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=46521

АД „Електрани на Македонија” објави продажба на вишоци на електрична енергија во вкупна количина од 102.720 мегават часови што ќе се продаваат во јуни, јули и август 2018 година. За јуни ЕЛЕМ за продажба нуди 43.200 мегават часови, за јули 29.760, а за август 29.760 мегават часови електрична енергија. Објавата и деталите за продажбата се дадена на веб страницата на АД ЕЛЕМ. Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во четврток на 3 мај во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање, од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори. - Најавената продажбата ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, зголемување на портфолиото на компанијата и подобрување на финансиската состојба. Исто така, сакаме да нагласиме дека во исто време снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи - домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите, велат од АД ЕЛЕМ. Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, додаваат, е прва по подолг временски период. Прецизираат дека АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 година во вкупна количина од 16.000 мегават часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elem-kje-prodava-vishoci-elektrichna-energija/feed/ 0
Јанушев: Раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик и склучи милионски договор во четири очи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-rakovodstvoto-na-elem-ponishti-transparenten-javen-povik-i-skluchi-milionski-dogovor-vo-chetiri-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-rakovodstvoto-na-elem-ponishti-transparenten-javen-povik-i-skluchi-milionski-dogovor-vo-chetiri-ochi/#respond Fri, 20 Apr 2018 12:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=43753

Дали е на повидок нов голем скандал во АД ЕЛЕМ? Раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучи милионски договор во четири очи, обвинува Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. -Раководството на РЕК Битола,  склучи  договор во висина од 21 милион и 240 илјади денари за ангажирање на работници со договор во четири очи со фирмата СВ - Инвест, која според информациите со кои располагаме е во сопственост на близок пријател на директорот на РЕК  Битола. Паралелно на оваа постапка во четири очи се одвивала и тендерската постапка за истата работа за која е објавен јавниот повик, но истата поради како што е наведено битна повреда во тендерската документација АД ЕЛЕМ ја поништило на 16.3.2018 година, 14 дена по склучувањето на договорот во четири очи, за слободно да може да се ангажираат лица преку СВ - Инвест. Според информациите кои дојдоа до нас според договорот на СВ - Инвест ќе и бидат исплаќани 197 денари по работник од час, и тука постои сомнеж дека на работниците таа ќе исплаќа 97 денари, односно 100 денари помалку, обелодени Јанушев. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори каде ќе заврши разликата од цената која и се исплаќа на компанијата и цената која таа треба ја исплаќа по работник? -СВ - Инвест е фирма која пред доаѓањето на Ковачевски за директор во РЕК Битола, не учествувала во вршење на работи во АД ЕЛЕМ. Истата според информациите кои ги имаме е регистрирана за трговија и градежништво и во делокругот на нејзиното работење не е предвидено изнајмување на работници. Станува ли АД ЕЛЕМ синоним за сомнителни зделки, корупција и криминал? Завршуваат ли милиони државни пари наместо во нови инвестиции на сомнителни договори во четири очи? Оваа ненародна и криминална власт расипнички се однесува со парите на граѓаните. СДСМ не работи за граѓаните, туку за нивната  партиска елита, посочува Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-rakovodstvoto-na-elem-ponishti-transparenten-javen-povik-i-skluchi-milionski-dogovor-vo-chetiri-ochi/feed/ 0