ад пошта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 05:20:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ад пошта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/#respond Thu, 17 Aug 2023 05:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867696

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Синдикатот на АД Пошта ќе информира за актуелната состојба во претпријатието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ad-poshta-ke-informira-za-aktuelnata-sostojba-vo-pretprijatieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ad-poshta-ke-informira-za-aktuelnata-sostojba-vo-pretprijatieto/#respond Mon, 20 Feb 2023 06:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=802449

Синдикатот на АД Пошта на Северна Македонија денеска ќе информира за актуелната состојба во која се наоѓа претпријатието. Како што е најавено, тие ќе ја пренесат загриженоста на вработените „за опстојувањето и иднината на Пошта предизвикани од сериозната финансиска криза и лошата организација на работењето, за зачувување на работните места и неизвесноста за редовна исплата на плата нареден период, за непостоењето на социјален дијалог“, како и за „лошата кадрова политика, лошите услови за работа и организација на работата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ad-poshta-ke-informira-za-aktuelnata-sostojba-vo-pretprijatieto/feed/ 0
ОД 1 ФЕВРУАРИ: Нови цени на услугите на „Пошта“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-fevruari-novi-tseni-na-uslugite-na-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-fevruari-novi-tseni-na-uslugite-na-poshta/#respond Wed, 25 Jan 2023 14:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=791773

Агенцијата за пошти одобри нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, што ќе бидат во сила од 1 февруари. Новите цени за пет услуги се зголемени, а за три се намалени и се донесени на барање на АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари. Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти. Новиот ценовник е достапен на веб страницата на „Пошта“, која согласно со последните законски измени  има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на годинава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-fevruari-novi-tseni-na-uslugite-na-poshta/feed/ 0
Поштенска марка по повод „50 години МКЦ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtenska-marka-po-povod-50-godini-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtenska-marka-po-povod-50-godini-mkc/#respond Fri, 25 Nov 2022 10:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=766347

По повод 50-годишниот јубилеј, ЈУ Младински културен центар доби поштенска марка „50 години МКЦ“ издадена од АД Пошта, како дел од Годишната програма за издавање на поштенски марки на националната Пошта. Оваа чест за МКЦ, како што велат оттаму, доаѓа токму во нејзиното најзначајно постоење, со одбележувањето на половина век од основањето на институцијата. Поштенската марка, која излезе на 27 септември 2022 година е дело на македонскиот дизајнер Марко Ковачевски, додека АД Пошта истата ја издаде со вредност од 50 денари во 6000 примероци. -За мене МКЦ е лична приказна и се трудев визуелно да ги поставам сликите што мене лично ме поврзуваа со него. При конципирањето на решението не сакав едноставно да ја насликам институцијата и нејзината историја, туку истовремено да ги прикажам и нејзината еволуција, оригиналност и мисија за младите и децата во Скопје. Затоа ја прецртав зградата на МКЦ заедно со скулптурите и уметноста која ја опкружува, а со кои и колоритно се надополнува, за кои мислев дека се соодветни на годишнината и поводот. Па така, скулптурта на Дада е ставена во преден план затоа што истовремено потсеќа на хор, или бенд, или група што се бунтува, а одзади е поставен споменикот „Бомба“ посветен на антифашистичкото востание во 1941 и улогата на младите од Скопје во почетоците на народно-ослободителната војна. Во позадината е поставена планетата на која стои Малиот Принц – омилената скулптура на сите детски посетители на установата. Според мене, МКЦ за изминативе 50 години е тоа – дом на младинската бунтовност, прогресивност и уметност и на детската радост, изјавува Ковачевски. Од МКЦ во денешното соопштение посочуваат дека по случаен избор одлучиле да испратат писма со благодарност до голем број соработници, уметнци, индивидуалци, институции и лица кои биле дел од програмското делување на МКЦ и помогнале во нејзиното културно издигнување. ЈУ МКЦ е една од најзчајните институции од областа на културата и вон институционалното културно делување во државата, основан на 28 декември 1972 година од Собранието на Град Скопје. По скромните почетоци наменети за најмладите, својот вистински развој МКЦ го доживува во последните 20 години со проширување на своите програмски, стратешки и културни делувања. Како институција која е востановена и никната врз основа на покажаната светска солидарност, пост земјотресот, МКЦ за младите во Скопје значи нов импулс, нови надежи и простор во кој можат да ги реализираат своите културни потреби како најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите. По повод отворањето на вратите на МКЦ на 28 декември 1972 година, како што велат од МКЦ , во тек се подготовки за голем настан со кој на прекрасен и симболичен начин ќе се заокружи јубилејната година на институцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtenska-marka-po-povod-50-godini-mkc/feed/ 0
Вратен монополот на поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-monopolot-na-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-monopolot-na-poshtenskite-uslugi/#respond Wed, 02 Nov 2022 10:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=754382

Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. – Тоа значи дека лиценцираните даватели на поштенски услуги за истата поштенска услуга не смеат да наплаќаат единечна цена пониска од 62,5.денари, според цените кои се во примена од 01 март 2020 година, почнувајќи од 26 октомври 2022 година, односно, можат да ги обезбедуваат услугите од опфатот на резервираните услуги по цена која е два и половина пати повисока од цената по која давателот на универзална услуга ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка, информираат од Агенцијата за пошти во објава на нивната веб страница. Оттаму напоменуваат дека како регулатор во повеќе наврати укажувале на последиците кои би настанале од евентуалното усвојување на Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, како и на негативните економски ефекти од ваквите околности, врз поштенскиот сектор. Со Законот за изменување на Законот за поштенските услуги што беше усвоен на 20 октомври, а стапи во сила од 26 октомври, се обезбеди давателот на универзалната услуга повторно да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на 2023 година. Пазарот на поштенските услуги беше накратко отворен за целосна конкуренција на 1 јануари минатата година, кога беше укинат поштенскиот монопол, но на 14 јули 2021 година беше воведена законска измена со која последователно се врати поштенскиот монопол. Целосно отворање на пазарот повторно се случи на 1 јануари годинава, а со последните измени на законот што стапија во сила на 26 октомври, повторно се овозможи ексклузивно право за националниот оператор за резервираните поштенски услуги. Поради доцнење на исплатата на платата за септември, во националната „Пошта“ на крајот на минатиот месец се одржа предупредувачки протест, кој беше ставен во мирување по постигнатиот договор со кој меѓу другото Министерството за транспорт се обврзало на владина седница да се стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД „Пошти“, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-monopolot-na-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zadolzi-site-drzavni-institucii-da-gi-koristat-uslugite-na-ad-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zadolzi-site-drzavni-institucii-da-gi-koristat-uslugite-na-ad-poshta/#respond Tue, 01 Nov 2022 17:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=754046

Владата на денешната седница одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Одлуката е согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Северна Македонија. Владата им препорача и на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-zadolzi-site-drzavni-institucii-da-gi-koristat-uslugite-na-ad-poshta/feed/ 0
Протестот во Пошта ставен во мирување, доколку не се исполни договореното се најавува генерален протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-vo-poshta-staven-vo-miruvanje-dokolku-ne-se-ispolni-dogovorenoto-se-najavuva-generalen-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-vo-poshta-staven-vo-miruvanje-dokolku-ne-se-ispolni-dogovorenoto-se-najavuva-generalen-protest-pred-vladata/#respond Wed, 26 Oct 2022 13:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=750679

Протестот во националната Пошта да се стави во мирување, платата за септември да се исплати најдоцна до петок, 28 октомври, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15. во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски. За исходот од средбата преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата. Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти на Република Северна Македонија, согласно со измените во Законот за поштенски услуги. Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените. – Владата на Република Северна Македонија ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти на Република Северна Македонија, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти.Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение. Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата. -На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протетест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов. Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти на Република Северна Македонија, стои во соопштението. Вработените во националната Пошта пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-vo-poshta-staven-vo-miruvanje-dokolku-ne-se-ispolni-dogovorenoto-se-najavuva-generalen-protest-pred-vladata/feed/ 0
Денеска генерален штрајк и во националната Пошта за повисоки плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-generalen-shtrajk-i-vo-nacionalnata-poshta-za-povisoki-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-generalen-shtrajk-i-vo-nacionalnata-poshta-za-povisoki-plati/#respond Thu, 14 Apr 2022 06:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=662735

Генерален штрајк на вработените во националната Пошта со барање за линеарно покачување на нето платите во износ од 3 000 денари најавија за денеска Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Северна Македонија. Штрајкот ќе почне во 8 часот и ќе се одвива на работните места во главната Пошта и низ подружниците низ државата, најави на прес-конференција Боро Велигданов, претседател на Синдикатот на Македонска пошта. Според синдикалните организации, работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно член 49 од Законот за поштенски услуги и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата. Согласно Законот за поштенски услуги, вработените имаат обврска да го почитуваат член 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива. Одлуката за стапување во генерален штрајк беше донесена на 31-ви минатиот месец, по, како што информираа, неуспешниот дијалог со Управниот одбор на Поштата и Владата и нереализирањето на барањето за повисоки плати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-generalen-shtrajk-i-vo-nacionalnata-poshta-za-povisoki-plati/feed/ 0
Генерален штрајк на 14 април на вработените во „Пошта“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalen-shtrajk-na-14-april-na-vrabotenite-vo-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalen-shtrajk-na-14-april-na-vrabotenite-vo-poshta/#respond Tue, 05 Apr 2022 11:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=658716

Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија на 14 април ќе организираат генерален штрајк, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите на вработените во ова претпријатие, во износ од 3.000 денари. Причината за штрајкот, како што посочи на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, доаѓа по неуспешниот трипартитен дијалог меѓу Управниот одбор на Пошта на С.Македонија, Владата и Синдикалните организации на Пошта на С.Македонија. -На 8 февруари Синдикалните организации на македонска Пошта до Управниот одбор и генералниот директор доставивме барање за линеарно покачување на платите на вработените во висина од 3.000 денари, но ниту добивме одговор, ниту бевме повикани од генералниот директор за реализација на нашето барање. Во меѓувреме, одржавме и средба заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, Управен одбор и синдикални организации за реализација на нашето барање. Договоривме рок од 7 дена да се даде одговор на нашите барања, но по истекот на рокот ниту добивме одговор, ниту бевме повикани на повторна средба, рече Велигденов. Генералниот штрајк на вработените ќе се одржи со почеток во 8 часот на нивните работни места во македонска Пошта и низ целата држава во сите подружници. Штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Велигденов напомена дека причината за штрајкот е и загриженоста кај над 2.200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, непокачување на платите повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа, но и незадоволство на вработените од постоечката систематизација, како и нереализирање на дел од барањата на вработените и Синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15.10.2021 годиина. Тој додаде дека согласно Законот за поштенски услуги, имаат обврска да го почитуваат членот 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива. Сето останато, како што рече, ќе биде во прекин за време на штрајкот. Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија на прес-конференцијата напомена дека на 15 октомври заедно со синдикалните организации имале средба со генералниот директор Јани Макрадули каде што, како што рече, јасно и гласно им било кажано дека согласно со порастот на минималната плата, линеарно за 3.000 денари ќе се зголемат сите плати во АД Пошта. -Ете минималната плата е 18.000 денари, но директорот Јани Макрадули не се одзва на неговото ветување и затоа го искажуваме нашето незадоволство, бидејќи не може да се крие позади Законот за минимална плата, при што и тој Закон јасно кажува во членот 8 треба скалесто да се усогласат тие плати, додаде Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalen-shtrajk-na-14-april-na-vrabotenite-vo-poshta/feed/ 0
И ПОШТА НА ШТРАЈК: Доколку Владата остане глува на барањата, граѓаните нема да можат да плаќаат сметки, пратките ќе бидат редуцирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-poshta-na-shtrajk-dokolku-vladata-ostane-gluva-na-baranjata-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki-pratkite-kje-bidat-reducirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-poshta-na-shtrajk-dokolku-vladata-ostane-gluva-na-baranjata-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki-pratkite-kje-bidat-reducirani/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=658273

Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија денеска најавија дека на 14-ти месецов ќе стапат во генерален штрајк на работните места и простории кај работодавачот, доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3000 денари. -Поради неуспешниот трипартитен дијалог помеѓу Управниот одбор на Пошта на С Македонија, Владата и Синдикалните организации на Пошта на СМакедонија, и нереализирање на барањата на вработените и Синдикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Централниот одбор на Синдикат на Македонска пошта (СМП) и Извршниот одбор на Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија (СОПСМ) на 31 март донесоа одлука за започнување генерален штрајк, соопштија синдикалните организации, кои на 19-ти минатиот месец го ставија во мирување најавениот протест поради почнатите преговори за нивните синдикални барања. Причините за започнување на генерален штрајк, наведуваат, се однесуваат на загриженоста кај над 2200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, незадоволството од нереализирање на барањето за линерно покачување на нето платите на вработените во висина од 3.000 денари кои не се покачени повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа, незадоволство на вработените од постоечката систематизација и нереализирање на дел од барањата на вработените и синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15 октомври минатата година. -Со оглед на законското определување на времетраењето на постапката за помирување, штрајкот ќе биде во мирување до нејзиното завршување. Доколку не успеме да ги решиме взаемните проблеми на мирен начин со помирувањето, Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија започнуваат со генерален штрајк на ден 14.04.2022 година со почеток во 08.00 часот, на работните места и простории кај работодавачот.Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата на штрајкувачите, односно до склучување на спогодба. Работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно Законот за поштенски услуги член 49 и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата на Синдикатите од страна на АД Пошта на Северна Македонија, стои во соопштението. Претседателот на Синдикатот на „Македонска пошта“ Боро Велигденов во изјава за КУРИР неодамна најави дека двата синдиката во Македонска пошта ќе излезат на заеднички штајк. -Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги по истекот на овој даден рок од десет дена, т.е од 14 април, доколку не се исполнат нашите барање, Македонска пошта започнува штрајк. Ние како синдикат бараме линеарно зголемување на платите во Македонски пошти со што сите вработени ќе добијат по три илјади денари покачување на својата плата. Платите во пошта не се променети 32 години и истите се од стариот систем, па поради покачувањето на минималната плата и зголемувањето на трошоците за живот, бараме подеднакво покачување за сите вработени, вели Велигденов. Вработено лице во една од многуте пошти во земјава во изјава за КУРИР вели дека дефинитивно ќе стапат во штрајк доколку владата и овој пат остане нема на нивните барања. -Платите се мизерни и не се покачени со години, бараме покачување кое е нужно во ова време кога се е покачено, од цените во маркетите, до горивата, па се до кризата и војната која се случува во Европа. Се надеваме дека овие барања на нашите синдикални здруженија ќе родат со плод, ако не за 10 дена колку што е законскиот рок почнувајќи од денес ние стапуваме во штрајк, вели нашиот добро упатен извор вработен во Македонска пошта. Инаку доколку владата остане глува на овие барања на вработените во Македонска пошта, тие ќе стапат во штрајк од 14 април и тоа значи дека нема да може да се плаќаат сметки во пошта, додека ќе се извршуваат сите услуги регулирани со Законот за поштенски услуги како на пример пратки со приоритет за државата, примање на судски пратки и секаков вид на пратки, кои ќе бидат редуцирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-poshta-na-shtrajk-dokolku-vladata-ostane-gluva-na-baranjata-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki-pratkite-kje-bidat-reducirani/feed/ 0