ад реплек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 09:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ад реплек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Реплек АД“ со раст од 44% на приходите од продажба во сегментот фармација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/replek-ad-so-rast-od-44-na-prihodite-od-prodazhba-vo-segmentot-farmatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/replek-ad-so-rast-od-44-na-prihodite-od-prodazhba-vo-segmentot-farmatsija/#respond Tue, 10 Oct 2023 09:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=887329

Со зајакнување на позициите на пазарите, консолидација на портфолиото и промоција на потенцијалите, „Реплек АД“ продолжи со успешните резултати. Од почетокот на годината, заклучно со септември „Реплек АД“ оствари раст на приходите од продажба од фармација од 44%, во споредба со истиот период минатата година. Позитивните деловни резултати што ги бележи компанијата во овој период од 2023 година се должат на растот на приходите од продажба во сегментот фармација на странските пазари од 52%, а раст е остварен и на домашниот пазар за 21%, споредено со истиот период од минатата година. Продолжувањето на позитивните резултати на „Реплек АД“ се должат на темелните промени во извозната стратегијата на компанијата, но и на внатрешната реорганизација, базирана на силна имплементација на иновации и поврзување на искусниот човечки потенцијал, со свежи млади идеи. Како резултат на овие параметри, остварените резултати во третиот квартал се историски најдобри за компанијата, од нејзиното постење. „Новиот стратешки пристап, диверзификација на ресурсите, како и зајакнување на квалитетот на нашето портфолио се клучните причини за постигнатите резултати. Но, ова е само почеток на една нова приказна на „Реплек АД“ и на македонската фармацевтска индустрија. Имено, нашиот потенцијал и промените кои ги направивме во компанијата очекуваме уште посилно да растат во следниот период, особено на странските пазари, каде што квалитетот е веќе добро познат. Тоа ни дава солидни причини да бидеме оптимисти, а потенцијалните можности за проширување на наштетите активности се дополнителна причина. Истовремено развојот на „Реплек АД“ е значаен за македонската фармација бидејќи е директна потврда за потенцијалот и експертизата што ја имаме, особено во човечкиот капитал. „Реплек АД“ ќе продолжи со огромна посветеност да ја гради својата приказна и во следниот период“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“. Дури 82% од портфолиото на „Реплек АД“ се пласира на пазарите во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар. Компанијата е присутна на пазарите во Европската Унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија, а дел од производите од фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво. Во фармацевтскиот деловен сегмент, компанијата планира и раст на приходите од 41% до крајот на 2023 година, во споредба со лани. „Реплек АД” продолжува да инвестира во иновации, модернизација и трансформација на компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/replek-ad-so-rast-od-44-na-prihodite-od-prodazhba-vo-segmentot-farmatsija/feed/ 0
„Реплек АД“ инвестира 43 милиони денари во фотоволтаична централа – 40% од потребите за електрична енергија од обновливи извори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/replek-ad-investira-43-milioni-denari-vo-fotovoltaichna-centrala-40-od-potrebite-za-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/replek-ad-investira-43-milioni-denari-vo-fotovoltaichna-centrala-40-od-potrebite-za-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/#respond Mon, 21 Nov 2022 11:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=764129

По инвестициите во нов погон за производство, „Реплек АД“ го продолжува развојниот циклус во модернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија. Дел од производството на компанијата ќе се снабдува со обновлива енергија преку новата фотоволтаична (соларна) централа чија изградба е целосно  финализирана. Во овој значаен проект компанијата инвестираше 43 милиони денари, а инсталираната моќност изнесува 948.29 kWp. Со оваа инвестиција над 40% од вкупната потрошувачка на електрината енергија на компанијата се заменуваа со сончева обновлива енергија. Меѓу другото, новата соларна централа ќе придонесе за намалување на C02 емисиите, а значително ќе влијае и на намалување на трошоците за енергија на компанијата. „Оваа инвестиција е дел од нашата стратегија, која ќе резултира со создавање на нови можности за развој, унапредување на работењето на „Реплек АД“ во сите сегменти.  Инвестицијата директно ќе придонесе за оптимизација на трошоците, зголемување на конкурентноста на нашите продукти и зајакнување на нивните позиции на пазарите. Намалувањето на трошоците, што во услови на енергетска криза е од големо значење, ќе ни овозможи насочување на средствата во други проекти со што ќе создадеме нова вредност за нашата компанија, за купувачите, акционерите и за домашната економија“, истакна Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор на „Реплек АД“. Покрај инвестициите во нови развојни проекти, „Реплек АД“ го зајакна присуството на своето портфолио на пазарите во Европската унија, ја прошири и соработката со земјите членки на Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН), а работи и на зајакнато позиционирање на домашниот и регионалните пазари. „Реплек АД“ е извозно ориентирана компанија која на странските пазари пласира 75 отсто од своето производство. Производите на компанијата се присутни на повеќе од 25 пазари во целиот свет. Меѓу нив, покрај оние на земјите од ЕУ, се и пазарите на Русија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Грузија, Виетнам и други. „Реплек АД“ вработува околу 500 лица, а компанијата е основач и на „Реплек Фарм“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/replek-ad-investira-43-milioni-denari-vo-fotovoltaichna-centrala-40-od-potrebite-za-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/feed/ 0
„Реплек АД“ ги зајакнува извозните позиции и освојува нови пазари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/replek-ad-gi-zajaknuva-izvoznite-pozicii-i-osvojuva-novi-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/replek-ad-gi-zajaknuva-izvoznite-pozicii-i-osvojuva-novi-pazari/#respond Thu, 17 Mar 2022 13:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=648891

„Реплек АД“ ги зајакна своите извозни позиции на пазарите во Европската унија, проширувајќи го портфолиото на производи кои се достапни во овие земји. Компанијата истовремено го продолжи и својот пробив во Африка и Азија, па покрај присуството на повеќе од десет азиски пазари, наскоро ќе биде присутна и на пазарот во Јордан. Зајакнувањето на извозните позиции е резултат на извозната стратегија, која преку диверзификација на извозот и позиционирање на брендовите цели кон создавање на нова додадена вредност за компанијата. За прв пат е осигурен и извозот на одредени пазари, со што се намалуваат евентуалните ризици, што е од исклучително значење во услови на здравствена и политичка криза. Компанијата започна и развоен циклус за модернизација, дигитализација и унапредување на деловните процеси, а се планира и проширување на портфолиото, како и модернизирање на нивниот корпоративен визуелен идентитет. Компанијата веќе започна со имплементација на иновативни решенија и зголемување на капацитетите. Инвестициите во нови погони се во завршна фаза и до крајот на пролетта ќе бидат ставени во функција. -Нашата визија е да ги задржиме вредностите на компанијата, но и да направиме нивен спој со нови иновативни решенија кои ќе резултираат со поголема продуктивност и ефикасност во работењето преку дигитализација, нови производи и освојување на нови пазари. Истовремено ќе создадеме подобри услови за нашите вработени, овозможувајќи континуирана едукација и доусовршување. Сите овие процеси ќе придонесат за унапредување на резултатите од нашето работење. Преку инвестициите ќе го подигнеме квалитетот на нашето портфолио и ќе освоиме нови стратешки пазари што ќе ја зголеми вредноста на компанијата. Промените кои храбро ги отпочнавме веќе ги даваат првите позитивни резултати, што е значајно и за нашата компанија, но и за акционерите и за заедницата во целина, истакна Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор на „Реплек АД“. Стратешка определба на „Реплек АД“ е пазарот на Европската унија, пазарите на земјите од Евро-азискиот економски сојуз (ЕАЕС), пазарите на земјите членки на Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН) и други. Покрај пробивот на нови пазари, „Реплек АД“ ќе работи и на подобро позиционирање на своите производи на домашниот и регионалните пазари. „Реплек АД“ е извозно ориентирана компанија која на странските пазари пласира 75 отсто од своето производство, додека останатиот дел од 25 проценти отпаѓа на домашниот пазар. Производите на компанијата се присутни во повеќе од 25 пазари во целиот свет. Најголеми пазари на кои се присутни производите на Реплек АД Скопје, покрај оние на земјите од ЕУ, се и пазарите на Русија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Грузија, Виетнам и други. „Реплек АД“ вработува околу 500 лица, а компанијата е основач и на „Реплек Фарм“, која од 2011 година го поседува ГМП сертификатот на Европската Унија за добри производни практики во фармацевтската индустрија. Овој сертификат гарантира дека лековите на компанијата се целосно усогласени со највисоките светски стандарди во оваа индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/replek-ad-gi-zajaknuva-izvoznite-pozicii-i-osvojuva-novi-pazari/feed/ 0