АД Водостопанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 12:16:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АД Водостопанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Владата должи објаснување на 550 фамилии“: Вработените во АД Водостопанство најавија штрајк, останале без плати и здравствено осигурување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dolzhi-objasnuvane-na-550-familii-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-najavija-shtrajk-ostanale-bez-plati-i-zdravstveno-osiguruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dolzhi-objasnuvane-na-550-familii-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-najavija-shtrajk-ostanale-bez-plati-i-zdravstveno-osiguruvane/#respond Tue, 19 Sep 2023 12:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=879536

АГРО Синдикатот при ССМ, заедно со вработените во АД Водостопанство во државна сопственост – Скопје, денеска пред Влада одржаа протест, каде најавија штрајк од следната недела, доколку не бидат исплатени нивните две плати. Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот се загрижени за состојбата во Водостопанство, особено поради тоа што вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата. -Владата должи објаснување на 550 фамилии кои се останати без здравствено осигурување, дали воопшто се грижи за овие вработени и за водоснабдувањето во државава. Овие работници денес дојдоа тука да си ги остварат правата од работниот однос и доколку во најбрз можен рок не добиеме одговор, ние сме спремни да прогласиме штрајк, изјави претседателот на Агро синдикатот, Игор Китаноски на протестот пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека е се понеизвесно дека работниците ќе одлучат да не ги извршуваат нивните работни задачи и упати порака до менаџерскиот тим на АД Водостопанство и Владата да изнајдат решение и да се исплатат платите на работниците, бидејќи како што рече, доколку не се исплатат двете заостанати плати, следните чекори ќе бидат далеку подрастични. -Луѓето редовно ги извершувале нивните работни задачи изминатите два месеци, можете да замислите што ќе се случи доколку овие луѓе одлучат да ги затворат вентилите и одлучат да не доаѓаат на работа, поради тоа што не добиваат плата, како што тоа го очекуваат од менаџерскиот тим, раководството и Владата. Денес Владата има седница, барам претставниците на Владата и министрите едногласно да донесат одлука и платите на овие работници да бидат исплатени, доколку не, во текот на наредната недела ќе донесеме одлука за следни чекори кои нема да бидат како овој денес. Зборуваме за зголемени функционерски плати од 80 отсто, а овие луѓе два месеци немаат земено плата и тоа е жално за Македонија, рече Трендафилов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dolzhi-objasnuvane-na-550-familii-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-najavija-shtrajk-ostanale-bez-plati-i-zdravstveno-osiguruvane/feed/ 0
Вработените на АД Водостопанство бараат од Владата решение за платите, во спротивно најавуваат протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-ad-vodostopanstvo-baraat-od-vladata-reshenie-za-platite-vo-sprotivno-najavuvaat-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-ad-vodostopanstvo-baraat-od-vladata-reshenie-za-platite-vo-sprotivno-najavuvaat-protesti/#respond Thu, 31 Aug 2023 09:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=872921

Владата во најбрз можен рок да излезе со решение за платите на вработените во АД Водостопанство, побара денеска АГРО Синдикатот при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и најави дека ако тоа не се случи, од понеделник ќе бидат организирани протести. Вработени на АД Водостопанство и претпладнево излегоа пред Дирекцијата во Скопје, како и пред 14-те подружници на претпријатието низ земјава за да изразат револт - се уште не земале плата за јули, а неизвесно е, нагласија, и дали воопшто ќе земат плата до крајот на годинава. -Тука сме за да изразиме револт и незадоволство поради неисплатената плата за јули. Иако е веќе 31 август и од утре почнува да тече рокот за августовската плата, ние се уште немаме земено плата за јули. Доколку денеска не се исплати платата, работниците на АД Водостопанство од утре ќе немаат ни здравствено осигурување, изјави претседателот на АГРО Синдикатот, Игор Китаноски. Тој рече дека уште минатата недела испратиле допис до Владата за да се реши проблемот, но нивниот случај е препратен кај вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи. Засега, како што истакна Китаноски, се уште немаат одговор кога би биле викнати на средба со Битиќи и кога би имало пари за плата. -Минатата недела, кога од директорот бевме информирани дека ќе нема средства за јулската плата и за неколкуте наредни месеци, писмено се обративме до Владата. Побаравме средба за да најдеме заедничко решние за исплата на плати. Од Владата добивме писмено известување дека нашето барање било разгледано и дека нашиот случај е препратен до вицепремирот Битиќи. Во дописот нема конкретно решение како би се решил пробпемот, ниту датум кога би имало пари за плата, ниту кога би имале средба. Во најбрз можен рок бараме од Владата да ни даде одговор за решение околу платите, за решение како до крај на годината работниците ќе земат плата. Во истиов момент, во 14 подружници се организираат протести. Ако во најбрз рок не добиеме одговор, ние, од понеделник, сите заедно, со Дирекцијата, ќе одиме на протест пред Влада и нема да мрднеме од таму се додека не не примат и не ни дадат конкретен одговор, потенцира претседателот на АГРО Синдикатот. Според претседателот на синдикалната организација на АД Водостопанство, ситуацијата е алармантна зашто цените на храната драматично расте, а веќе почнува и школската година. -Плата немаме земено за јули, а од утре веќе и за август. Во период кога цените драматично растат, кога не може луѓето да купат основни прехранбени произоди, а почнува и школската година па нашите вработени не можат ранчиња и прибор да им купат на дечињата, бараме Владата, како единствен сопственик на АД Водосотопанство, итно да најде средства и да го реши проблемот со платите што поскоро. Ако тоа не го стори во разумен рок, за неколку дена, ќе се организираме на протести пред Владата, истакна претседателот. АД Водосотопанство е основано од Владата, а брои помалку од 500 вработени. И минатата година, потсети, имале проблем со платите, но Владата нашла решение. -Зошто сме нерентабилни? Зашто цените на водните услуги се многу стари, повеќе од 10 години, а покрај другите параметри, во цената на водната услуга влегуваат и струјата, горивото, резервните делови, минималната плата. Цените ние сами не може да ги формираме, мора да ги одобри Владата. Имаше нешто донесено за зголемување на цените, не знам колкав е тој процент, но министерот за земјоделство Љупчо Николовски побара пролонгирање на цените и да важат од 1 јануари 2024 година, рече претседателот на синдикалната организација на АД Водостопанство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-ad-vodostopanstvo-baraat-od-vladata-reshenie-za-platite-vo-sprotivno-najavuvaat-protesti/feed/ 0
Вработен во водостопанство му побарал на сопственик на фирма три илјади евра поткуп – откако ги зел сфатил дека му се малку, па се покајал за цел живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-vodostopanstvo-mu-pobaral-na-sopstvenik-na-firma-tri-iljadi-evra-potkup-otkako-gi-zel-sfatil-deka-mu-se-malku-pa-se-pokajal-za-tsel-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-vodostopanstvo-mu-pobaral-na-sopstvenik-na-firma-tri-iljadi-evra-potkup-otkako-gi-zel-sfatil-deka-mu-se-malku-pa-se-pokajal-za-tsel-zhivot/#respond Sat, 20 May 2023 07:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=836649

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Од оштетено лице од Крива Паланка тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице. Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра. Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра. Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-vodostopanstvo-mu-pobaral-na-sopstvenik-na-firma-tri-iljadi-evra-potkup-otkako-gi-zel-sfatil-deka-mu-se-malku-pa-se-pokajal-za-tsel-zhivot/feed/ 0
Трипуновски: АД Водостопанство наместо да го чисти речното корито на реката Брегалница во Карбинци, одбира да тера бизнис зделки со приватни фирми за багателни цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-ad-vodostopanstvo-namesto-da-go-chisti-rechnoto-korito-na-rekata-bregalnica-vo-karbinci-odbira-da-tera-biznis-zdelki-so-privatni-firmi-za-bagatelni-ceni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-ad-vodostopanstvo-namesto-da-go-chisti-rechnoto-korito-na-rekata-bregalnica-vo-karbinci-odbira-da-tera-biznis-zdelki-so-privatni-firmi-za-bagatelni-ceni/#respond Tue, 09 Aug 2022 10:34:33 +0000 https://kurir.mk/?p=716037

Скандалот со злоупотреба на механизацијата во сопственост на АД Водостопанство продолжува‼️ Имено, откако вчера објавив дека механизацијата на АД Водостопанство наместо за чистење на каналите, истата се изнајмувала на приватни фирми за багателни цени, денеска објавувам документ испратен од АД Водостопанство до општина Карбинци откако претходно општината побарала итна интервенција за расчистување на речното корито на реката Брегалница поточно на локација мост на локалниот пат село Долни Балван – село Теренци, истото тоа ја информира општина Карбинци дека нема расположлива градежна механизација за преземање на итни активности, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој напиша дека претпријатието во државна сопственост АД Водостопанство нема механизација да си ја врши работата кој со закон треба да ја врши, затоа што претходно истата таа механизација ја изнајмува на приватни фирми по багателни цени и наместо позитивно да одговори на барањето на општина Карбинци за чистење на речното корито на реката Брегалница кое се наоѓа во земјоделскиот регион на Кочанско – Штипско – Светиниколско поле, тие го одбиваат барањето и на тој начин го загрозуваат земјиштето и земјоделските посеви, и се само поради БИЗНИС ЗДЕЛКА со некои приватни фирми на кои им ја изнајмиле механизацијата по пола цена. - Очигледно е дека единствен интерес на оваа власт и Николовски Путерот како министер се само бизнис интересите и личните богатења на државна сметка. Министерот за скандал Николовски Путерот воопшто не води никаква грижа ниту за земјоделците, ниту за земјоделските површини и поседи. Неговото молчење е доказ дека се што објавувам е вистинито, мислејќи дека ако се скрие позади партиските соопштенија на СДСМ ќе успее да избега од правдата. Но, се излажал. Времето на одговорност доаѓа и секој кој се огрешил пред законот соодветно ќе одговара. Доста е неспособност. Доста е од негрижи. Потребни се промени, кои многу набрзо ќе се случат, додаде Трипуновски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-ad-vodostopanstvo-namesto-da-go-chisti-rechnoto-korito-na-rekata-bregalnica-vo-karbinci-odbira-da-tera-biznis-zdelki-so-privatni-firmi-za-bagatelni-ceni/feed/ 0
Наместо „подобар“ живот власта донесе „крпен“ за вработените во АД Водостопанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-podobar-zivot-vlasta-donese-krpen-za-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-podobar-zivot-vlasta-donese-krpen-za-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo/#respond Tue, 30 Jul 2019 10:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=224602

Три месеци, вработените во АД Водостопанство не земаат плата, токму во време кога нивниот министер за земјоделство се луксузираше и организираше скапи коктели. Вработените немаат пари за основните потреби што ги налага секојдневниот живот, а нивниот министер пиеше скапи вина во луксузни хотели. Околу 500 семејства три месеци немаа здравствено осигурување, немаа пари за медицинска помош. Некои имаат и кредити и доцнат со исплата на рати. А, што е најстрашно, имаат и мали деца кои чекаа храна од своите родители. Ова ли е долго ветуваниот „подобар живот“ на СДСМ? Ваков живот е далеку од подобар, ваков живот со еден збор се опишува како крпен. Кога од ден на ден преживуваш и чекаш плата која на чесен начин ја имаш заработено. Врв на се беше кога се обелодени документ каде што менаџерскиот тим на АД Водостопанство и министерот Димковски прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати. Документ кој сите вработени требаше да го потпишат за да добијат плата за месец мај најдоцна до 26.07.2019. Освен проблемот со плати, претпријатието се соочува со недостиг на средства за работа. Односно немаат резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање. Сето ова е доказ дека владата е глува и нема кога се работи за животот на македонските граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-podobar-zivot-vlasta-donese-krpen-za-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo/feed/ 0