Адам Загајевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Aug 2018 16:01:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Адам Загајевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Загајевски: Среќен сум што ја запознав вашата земја и духот на пријателството ме понесе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zagajevski-srekjen-sum-shto-ja-zapoznav-vashata-zemja-i-duhot-na-prijatelstvoto-me-ponese/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zagajevski-srekjen-sum-shto-ja-zapoznav-vashata-zemja-i-duhot-na-prijatelstvoto-me-ponese/#respond Tue, 28 Aug 2018 16:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=93245

Полскиот поет Адам Загајевски, кој е годинашен добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска во Скопје беше прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. На свеченоста, организирана во Друштвото на писателите на Македонија, Загајевски изјави дека е среќен што ја запознал Македонија и оти духот на пријателството го испирира во пишувањето. - Пред една недела дојдов во Македонија: Бев во Струга и разговаравме со одговорните за фестивалот. Кога доаѓаш на еден ваков фестивал, гледаш многу непознати луѓе и не знаеш кои се тие. На почеток не си премногу среќен бидејќи треба да го поминеш твоето време со непознати луѓе. Но после неколку дена тие стануваат ваши пријатели. Ова траеше само една недела, но таа беше многу интензивна. Сепак, среќен сум што бев тука. Среќен сум што ја запознав вашата земја и духот на пријателството ме понесе и инспирира во пишувањето, истакна Загајевски. Претседателката на ДПМ, Соња Стојменска-Елзесер рече дека Загајевски е поет со изградена поетика и со силно изразен космополитски дух. Загајевски е полски поет, новелист, есеист и преведувач. Автор е на збирки поезија, романи и есеи, а неговите дела се преведени на повеќе јазици. Добитник е на значајни награди и признанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zagajevski-srekjen-sum-shto-ja-zapoznav-vashata-zemja-i-duhot-na-prijatelstvoto-me-ponese/feed/ 0
Поетски портрет на добитникот на „Златен венец“ Адам Загајевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetski-portret-na-dobitnikot-na-zlaten-venec-adam-zagajevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetski-portret-na-dobitnikot-na-zlaten-venec-adam-zagajevski/#respond Sat, 25 Aug 2018 07:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=91812

Во рамки на 57. Струшки вечери на поезијата денеска ќе се одржи поетски портрет со годинашниот добитник на „Златен Венец“ Адам Загајевски во црквата „Света Софија“ во Охрид. На програмата е и поетско кафе со лауреатот, а ќе се одржи и симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“ и манифестацијата „Созвучја“. Фестивалот завршува утре со манифестацијата „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“ на добитникот Адам Загајевски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ на Пауло Тапио, која СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга. На годинашните 57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји и поети од Македонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetski-portret-na-dobitnikot-na-zlaten-venec-adam-zagajevski/feed/ 0
Полскиот поет Адам Загајевски е добитник на „Златен венец“ за 2018 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/polskiot-poet-adam-zagajevski-e-dobitnik-na-zlaten-venec-za-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/polskiot-poet-adam-zagajevski-e-dobitnik-na-zlaten-venec-za-2018/#respond Wed, 21 Mar 2018 11:45:06 +0000 http://kurir.mk/?p=31780

Полскиот поет Адам Загајевски е добитник на „Златен венец“ за 2018 година, информираат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“. Свечената ​седница на Советот за доделување на наградата „Златен венец“, Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ беше одржана денес во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Полскиот поет испратил порака по повод добивањето на наградата. Вели дека никогаш досега не бил во Струга – но не треба да се биде таму физички, за да се знае легендата за тој фестивал и таа награда, за да се знае колку посебна е листата на одликувани поети. -Исто така, очигледно е дека тука нема место за политички критериуми, се смета само убавата поетска уметност. Убеден сум дека секој постар поет, не само што се сеќава дека бил млад поет и што тоа значело, колкава била во тоа надежта и очекувањето, моментите на обескураженост и верба, исто така несигурност, дури и покорност (наспрема гордоста и ароганцијата), но во суштина сé уште, до крајот, останува тој младиот обесхрабрен човек кој се запрашува: дали јас го заслужувам ова одликување, оваа чест. Да не се работи за некаква грешка? Пишувањето стихови сепак е постојано почнување одново, тука нема рутина, само очекување на следниот дар од тоа што некогаш го нарекувавме вдахновение, а на што денес немаме добар назив. Нема искусни поети, има само дебитанти. Вистина е дека постои вечна претпазливост кон светот, кон јазикот, кон вообразбата, но тоа е само почетна точка, потребна и недоволна, се наведува во пораката на Загајевски. -Поетите се комплицирани луѓе, но не е точно дека исто така немаат сосема обични, човечки емоции. Затоа нема да кријам: оваа награда претставува огромна чест за мене, ми носи радост, се радувам дека ете и јас од овој миг ќе фигурурам помеѓу поетите – многумина веќе преминале на оној свет – на кои им се воодушевувам, на кои не им сум достоен. За среќа никој сам не си доделува награди и мораме да им веруваме на тие кои пишуваат до нас добри зборови. Му благодарам на жирито, им благодарам на поетите на Македонија, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/polskiot-poet-adam-zagajevski-e-dobitnik-na-zlaten-venec-za-2018/feed/ 0