Адел Абдел Махди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jan 2020 10:47:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Адел Абдел Махди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Махди: Убиството на Сулејмани и Мухандис ќе предизвика војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mahdi-ubistvoto-na-sulejmani-i-muhandis-kje-predizvika-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mahdi-ubistvoto-na-sulejmani-i-muhandis-kje-predizvika-vojna/#respond Fri, 03 Jan 2020 10:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=285136

Ирачкиот премиер во оставка Адел Абдел Махди денеска изјави дека американскиот напад при што се убиени иранскиот генерал Касем Сулејмани и командантот на проиранските ирачки милиции Абу Махди ал Мухандис ќе предизвика војна во земјата и во регионот. – Убиство на ирачки воен командант, кој има официјална функција е агресија против Ирак, ирачкиот државен апарат, ирачката Влада и ирачкиот народ, посочи Махди. Убиениот ал Мухандис беше втор човек во Хашд ал Шааби, паравоена проиранска група, која минатата година стана дел од ирачките безбедносни сили. – Израмнувањето на сметки со иранските раководни лица или со пријателска земја на ирачка територија е флагрантно кршење на условите, што дозволуваат присуство на американските војници, посочи Махди. Поради најновите настани Махди побара вонредна седница на ирачкиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mahdi-ubistvoto-na-sulejmani-i-muhandis-kje-predizvika-vojna/feed/ 0