Адем Мекиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 04:17:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Адем Мекиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мекиќ и наредната сезона во Задар https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekik-i-narednata-sezona-vo-zadar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekik-i-narednata-sezona-vo-zadar/#respond Wed, 26 Jul 2023 04:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=860036

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, екс-кошаркар на МЗТ Скопје ќе продолжи да игра за хрватски Задар и во новата сезона, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со овој клуб. Мекиќ во Задар дојде во март годинава, а имаше забележителна улога во освојувањето на шампионската титула во Хрватска. „Среќен сум што останувам во Задар и што ќе продолжам да соработувам со тренерот Даниел Јусуп и со најголем дел од играчите со кои ја делевме соблекувалната во минатата сезона. Нема такви пари кои може да ја заменат радоста за освојувањето на титулата и возбуден сум што пак ќе играм пред задарската публика. Иако во Задар сум два ипол месеци, многу се врзав за градот, за луѓето, за клубот“, рече Мекиќ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekik-i-narednata-sezona-vo-zadar/feed/ 0
Адем Мекиќ: Дојдов во клуб со големо реноме https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/adem-mekik-dojdov-vo-klub-so-golemo-renome/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/adem-mekik-dojdov-vo-klub-so-golemo-renome/#respond Thu, 16 Mar 2023 05:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=812440

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ има нов клуб. Бекот и официјално е член на Задар, откако се обврза на договор до крајот на оваа натпреварувачка сезона. „Можеби делува изненадувачки, но се решив за промена на средината со оглед на тоа дека моите обврски кон Темишвар во оваа сезона многу извесно, ќе завршат на 7 април. Некако прерано за моите очекувања од оваа сезона. Кога се јавија луѓето од Задар, ја прифатив понудата. Сакам да играм во клуб со големо реноме, и тоа е причината што одбрав да ја доиграм оваа сезона во Задар“, изјави македонскиот репрезентативец. Мекиќ е првиот Македонец што ќе го облече дресот на овој клуб по Тодор Гечевски кој остави длабока трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/adem-mekik-dojdov-vo-klub-so-golemo-renome/feed/ 0
Мекиќ го напушти МЗТ Скопје, Американецот Кук негова замена https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-go-napushti-mzt-skopje-amerikanecot-kuk-negova-zamena/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-go-napushti-mzt-skopje-amerikanecot-kuk-negova-zamena/#respond Mon, 09 Jan 2023 11:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=785033

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром го донесе во своите редови Американецот Кеандре Кук на местото на репрезентативецот Адем Мекиќ, кој доби дозвола да го напушти клубот поради трансфер во странство. -Адем Мекиќ од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако му беше одобрено барањето за раскин на договорот поради желба првпат во кариерата да се проба во клуб надвор од Македонија. Станува збор за кошаркар „израснат“ во нашиот клуб, со кој дојде до пет шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија, поради што му излеговме во пресрет и му посакавме среќа во обидот да ја почне интернационалната кариера, соопшти клубот од Аеродром. Неговото место во ростерот ќе го пополни 25-годишниот Кук, кој потпиша договор со МЗТ Скопје до крајот на сезоната, а во редовите на македонскиот шампион доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус. Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гостувањето во Белград против Партизан, во рамки на 15 коло во АБА лигата. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-go-napushti-mzt-skopje-amerikanecot-kuk-negova-zamena/feed/ 0
Мекиќ: Задар не е непобедлив https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-zadar-ne-e-nepobedliv/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-zadar-ne-e-nepobedliv/#respond Fri, 16 Dec 2022 10:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=776535

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот му гостува на Задар во рамки на 11. коло во регионалната АБА лига. МЗТ Скопје на последните две гостувања претрпе минимални порази, а репрезентативецот Адем Мекиќ изрази надеж дека македонскиот состав овој пат ќе има повеќе среќа во завршницата, посочувајќи дека Задар е квалитетен противник, кој, сепак, не е непобедлив. -Против себе имаме силна екипа, која игра со голема самодоверба … Клучно ќе биде да ја сопреме нивната транзиција и скок – игра. Задар има добри резултати, но тоа не значи дека се непобедливи, изјави Мекиќ за клупскиот сајт. -Претходните две гостувања ги загубивме на „една топка“, но верувам дека ќе имаме повеќе среќа во завршницата од овој дуел, додаде кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром. Во составот на тимот од Аеродром на дуелот против Задар ќе дебитира новото засилување Дастин Вер, кој се очекува да донесе стабилност во играта и да му помогне на Мајк Кефи на плејмејкерската позиција. Со ефект од две победи и осум порази МЗТ Скопје Аеродром е на делба на последното место на табелата со Борац, додека Задар е шестопласиран со шест победи и четири порази.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-zadar-ne-e-nepobedliv/feed/ 0
Мекиќ: Да го одбраниме домашниот терен против Норвешка и Данска https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-da-go-odbranime-domashniot-teren-protiv-norveshka-i-danska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-da-go-odbranime-domashniot-teren-protiv-norveshka-i-danska/#respond Thu, 10 Nov 2022 05:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=758258

Адем Мекиќ е одново дел од македонската најдобра кошаркарска селекција. Повредата го спречи да не ги одигра првите два натпревари против Данска, и потоа со Словачка во Скопје во претквалификациите за ЕП 2025. Во Гевгелија, в четврток во салата „26 Април“ од 19.00 часот, ќе биде на располагање на нашиот стручен штаб за средбата со Норвешка. – Пред сè, сакам да напоменам дека по подолга пауза многу ми е мило што сум назад во тимот и во репрезентацијата. Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот, предобро воиграна транзиција, но на нас е да ги оправдаме очекувањата и да го одбраниме домашниот терен. За нас е многу важен дуел овој со Норвешка. Спремни сме да го оправдаме, да кажам, донекаде, епитетот на фаворит и на домашен терен. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам на победа – вели Мекиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-da-go-odbranime-domashniot-teren-protiv-norveshka-i-danska/feed/ 0
Мекиќ: Македонија кога игра дома пред свои навивачи е тежок противник https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-makedonija-koga-igra-doma-pred-svoi-navivachi-e-tezok-protivnik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-makedonija-koga-igra-doma-pred-svoi-navivachi-e-tezok-protivnik/#respond Mon, 22 Nov 2021 20:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=598474

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година. Прв предизвик за „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Шпанија, а мечот со нетрпение го најави Адем Мекиќ. „Пред се, ќе ја бараме шансата во домашните натпревари, затоа што мислам дека ниту една репрезентација не е непобедлива. Сите знаеме која е Шпанија, светски првак и европски шампион во повеќе наврати, но претпоставувам дека и таа Шпанија ќе дојде со втор состав. Тие ќе имаат сигурно желба да се докажат, но сите знаеме дека Македонија кога игра дома пред свои навивачи е тежок противник. Верувам во овој состав, можеме да изненадиме, како што кажав претходно, шансата ја гледаме во домашните натпревари. Но, ќе одиме да се надигруваме со секоја репрезентација и на гости“, изјави Мекиќ. Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра на 26 ноември во СЦ „Јане Сандански“, додека три дена подоцна тимот гостува кај вториот ривал во групата, тоа е Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mekikj-makedonija-koga-igra-doma-pred-svoi-navivachi-e-tezok-protivnik/feed/ 0