адидас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Jul 2023 18:42:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png адидас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Адидас и Манчестер јунајтед потпишаа договор вреден над една милијарда евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-i-manchester-junajted-potpishaa-dogovor-vreden-nad-edna-milijarda-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-i-manchester-junajted-potpishaa-dogovor-vreden-nad-edna-milijarda-evra/#respond Mon, 31 Jul 2023 18:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=862137

Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед потпиша денеска договор вреден 900 милиони фунти (1.048) милијарди евра) со „Адидас“, обновувајќи ја со тоа соработката со германскиот производител на спортска опрема за уште десет години. „Адидас“ е официјален спонзор на Јунјатед од сезоната 2015/16, откако претходните 23 години тоа беше „Најк“, а договорот кој тогаш го потпиша англискиот клуб изнесуваше 750 милиони фунти, што беше рекорд во тоа време. „Новиот договор го зголемува фокусот врз женската екипа на Манчестер јунајтед од нејзиното повторно формирање во 2018 година, наведе англискиот клуб во заедничкото соопштение со „Адидас“. Новиот договор со „Адидас“ е со важност до јуни 2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-i-manchester-junajted-potpishaa-dogovor-vreden-nad-edna-milijarda-evra/feed/ 0
Бијонсе и „Адидас“ ја прекинале соработката? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bijonse-i-adidas-ja-prekinale-sorabotkata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bijonse-i-adidas-ja-prekinale-sorabotkata/#respond Mon, 27 Mar 2023 13:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=816942

Американнската ар-ен-би пејачка Бијонсе и спортскиот бренд „Адидас“ наводно ја прекинале соработката, пишуваат западните медиуми. Веста за прекинувањето доаѓа речиси два месеци откако продажбата на линијата облека на Бијонсе - „Ајви парк“, опадна за 50 отсто, што ѝ донесе само 40 милиони долари во 2022 година во споредба со 93-те милиони во 2021 година. Во тоа време, „Волстрит журнал“ предвидуваше дека колекцијата на Бијонсе лани ќе ѝ донесе повеќе од 250 милиони долари приход, но сепак, во пет од последните шест изданија на колекцијата, приближно половина од произведената стока не се продаде, а тоа би значело огромна загуба за „Адидас“. Патем, колекцијата на Бијонсе има неколку стилови за возрасни и деца - хеланки, дуксери, фустани, чорапи, спортски градници и патики, во големини од XXXС до XXXXЛ. Последната линија беше во портокалова и сина боја. Пејачката го избра и раперот Ајс Спајс за во рекламите за таа облека. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bijonse-i-adidas-ja-prekinale-sorabotkata/feed/ 0
Адидас ги продава по пола цена дресовите на Германија по дебаклот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-po-pola-cena-dresovite-na-germanija-po-debaklot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-po-pola-cena-dresovite-na-germanija-po-debaklot-vo-katar/#respond Sat, 03 Dec 2022 06:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=770457

Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Германија, на својата интернет-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто. Адидас се најде во проблем бидејќи само три од седумте репрезентации кои ги носеа неговите дресови се пласираа во осминафиналето, а успехот на репрезентациите многу влијае на продажбата на дресови и друга опрема. Адидас во пресрет на Мундијалот пресметал дека од продажбата на дресови и друга опрема за време на Мундијалот ќе заработи околу 400 милиони евра, но раната елиминација на Германија во голема мера ги наруши таквите пресметки. „Иако испаѓањето на Германија тешко не погоди, ние имаме корист од меѓународниот ентузијазам“, рече портпаролот на Адидас. За разлика од „Адидас“, американски „Најк“ има многу повеќе причини да биде задоволен, бидејќи во осминафиналето неговата опрема ќе ја носат дури девет репрезентации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-gi-prodava-po-pola-cena-dresovite-na-germanija-po-debaklot-vo-katar/feed/ 0
Адидас потврди дека Роналдо не ја допрел топката (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-potvrdi-deka-ronaldo-ne-ja-doprel-topkata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-potvrdi-deka-ronaldo-ne-ja-doprel-topkata-foto/#respond Tue, 29 Nov 2022 14:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=768326

Адидас потврди дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот на Бруно Фернандеш на синоќешниот натпревар против Уругвај, на мониторинг системот од чипот во топката не се забележа никаква реакција. Португалија синоќа со 2-0 го совлада Уругвај и обезбеди пласман во осминафиналето, но по натпреварот топ тема е Кристијано Роналдо. Водечкиот гол во прв момент му беше препишан на напаѓачот, но одлуката потоа беше променета и во листата на стрелци се појави Бруно Фернандеш. По крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо му гестикулираше на судијата дека ја допрел топката со глава, дури се говореше дека Фудбалската федерација на Португалија ќе испрати жалба до ФИФА и ќе понуди докази со кои ќе бара да се смени името на стрелецот, и погодокот да му биде препишан на ЦР7. Сепак, од Адидас се огласија и објавија дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот на Бруно Фернандеш. Во топките на Адидас има чип кој реагира контакт, и на мониторинг системот не се забележува никаква реакција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-potvrdi-deka-ronaldo-ne-ja-doprel-topkata-foto/feed/ 0
Поранешниот директор на „Пума“ сега на чело на „Адидас“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poraneshniot-direktor-na-puma-sega-na-chelo-na-adidas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poraneshniot-direktor-na-puma-sega-na-chelo-na-adidas/#respond Tue, 08 Nov 2022 18:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=757619

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави денеска дека го назначила Норвежанецот Бјорн Гулден, шеф на конкурентската „Пума“, да застане на чело на групацијата која во моментов се наоѓа во лоша финансиска ситуација. – Бјорн Гулден е именуван за член на управата и претседател на „Адидас“ од 1 јануари 2023 година, соопшти Адидас. Досегашниот шеф на баварскаta компанија Каспер Рорстед, чие заминување беше најавено летоска, ја напушта компанијата оваа недела. Гулден ја предводеше „Пума“ од 2013 година, развивајќи ја во сенка на големиот ривал „Адидас“, и го репозиционираше својот бренд повеќе на натпреварувачки спорт, отколку на стил на живеење. „Адидас“ и „Пума“ имаат седиште во германскиот град Херцогенаурах, а се формирани од двајца браќа од семејството Даслер. Иако нивното братоубиствено ривалство сега е минато, конкуренцијата меѓу двете компании останува и натаму жестока.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poraneshniot-direktor-na-puma-sega-na-chelo-na-adidas/feed/ 0
Адидас ја прекина соработката со Канје Вест поради антисемитски коментари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/adidas-ja-prekina-sorabotkata-so-kanje-vest-poradi-antisemitski-komentari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/adidas-ja-prekina-sorabotkata-so-kanje-vest-poradi-antisemitski-komentari/#respond Tue, 25 Oct 2022 14:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=750273

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ денеска соопшти дека „веднаш“ го прекинува партнерството со Кање Вест, сега познат како Је, по антисемитските изјави на американскиот рапер во последните недели. - По темелно разгледување, компанијата одлучи веднаш да ја прекине соработката со Је, се вели во соопштението на групата. - Адидас не толерира антисемитизам или кој било друг вид говор на омраза, се додава во информацијата. Германскиот спортски бренд наведува дека неодамнешните коментари и постапки на Вест, кој официјално го смени своето име во Је, се „неприфатливи, полни со омраза и опасни и ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и инклузивност, меѓусебно почитување и правичност“. Германската компанија, исто така, денеска соопшти дека го „прекинува производството“ на брендот на раперот Yeezy. Раперот неодамна изјави дека Адидас нема да ја прекине соработката со него поради неговите коментари, по што следеа повиците за бојкот. Поради изјавите на Је реагираше и Лигата против клевета, која го повика Адидас да го прекине својот бизнис со Вест. Соработката на Адидас и американската ѕвезда долго време е меѓу најуспешните во светот на полето на модата. Колекцијата патики Yeezy, која се појави на пазарот во 2014 година, беше голем успех што го направи Кање Вест милијардер. Компанијата соопшти дека ќе прими „краткорочен“ удар од 250 милиони евра (217 милиони фунти) на својот приход за оваа година, поради одлуката за прекин на соработката. Поради антисемитските изјави на Је, објавени на социјални мрежи и во серија интервјуа, тој веќе е отстранет од Инстаграм и Твитер. Потегот на Адидас доаѓа откако Баленсијага, Гап и Џи Пи Морган Чејс ги прекинаа врските со Вест по повторените антисемитски забелешки. Долгогодишната агенција за таленти на раперот CAA престана да го застапува изминатиот месец, пишува Hollywood Reporter. Исто така, тој неодамна на модна ревизија во Париз се појави со маица со слоганот„ Животите на белците се важни“, кој го користи американската крајна десница и е своевиден против-слоган на „Животите на црнците се важни“, заради борба против расизмот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/adidas-ja-prekina-sorabotkata-so-kanje-vest-poradi-antisemitski-komentari/feed/ 0
Кање Вест го искритикува „Адидас“: Германскиот гигант сега го преиспитува своето партнерство со пејачот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-go-iskritikuva-adidas-germanskiot-gigant-sega-go-preispituva-svoeto-partnerstvo-so-pejachot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-go-iskritikuva-adidas-germanskiot-gigant-sega-go-preispituva-svoeto-partnerstvo-so-pejachot/#respond Fri, 07 Oct 2022 08:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=742258

Германскиот гигант за спортска облека „Адидас“ соопшти дека службено го преиспитува своето партнерство со Кање Вест, откако американската рап-ѕвезда јавно го критикуваше брендот. - По повеќекратни напори за приватно решавање на состојбата, донесовме одлука да ја ставиме соработката на деловно разгледување, се вели во соопштението на компанијата. Инаку раперот деновиве е повторно актуелен со свои контраверзни пораки и јавни настапи, коишто многумина ги толкуваат како намерни провокации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-go-iskritikuva-adidas-germanskiot-gigant-sega-go-preispituva-svoeto-partnerstvo-so-pejachot/feed/ 0
Ова се новите дизајнирани слушалки на „Адидас“ кои се полнат на соларна енергија https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-novite-dizajnirani-slushalki-na-adidas-koi-se-polnat-na-solarna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-novite-dizajnirani-slushalki-na-adidas-koi-se-polnat-na-solarna-energija/#respond Fri, 19 Aug 2022 15:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=721192

Популарниот бренд за спортска мода и опрема, „Адидас“, привлекува големо внимание и предизвикува воодушевување со најновиот дизајн на продукт со кој ги поврзува световите на спортот и технологијата на уникатен и еколошки начин. Новите безжични слушалки на брендот, наречени „RPT-02 SOL“, се полнат со енергија преку природна сончева светлина, но и преку вештачка светлина. Станува збор за колаборација помеѓу „Адидас“ и брендот за звучници „Заунд индустрис“ (Zound Industries). Делумно Изградени Од Рециклирана Пластика И Напојувани Од Светлина, „Adidas RPT-02 SOL“ Се Спортски Слушалки Што Се Дизајнирани Да Се Полнат Самите И Да Ги Издржат Секојдневните Предизвици На Активниот Начин На Живот – Велат Од „Адидас“. Дизајнот на слушалките вклучува ткаенина од соларни ќелии наречена „пауерфојл“, која ја трансформира сончевата светлина и вештачката светлина во електрична енергија. За разлика од многу други фотоволтаични материјали на пазарот, кои собираат енергија само од директна сончева светлина, пауерфојл може да собира енергија и за време на облачните денови од невидливите УВ зраци кои минуваат низ облаците. „Од „Адидас“ откриваат дека слушалките можат да се користат активно и до 80 часа по целосно полнење. Колку Ќе Се Полни Единицата Е Директно Еквивалентна На Количината На Светлина На Која Е Изложена. Целата Поента Е Во Тоа Што Единицата Се Полни Цело Време По Малку Доколку Има Некаков Вид На Светлина, Дури И Кога Не Е Вклучена Или Користена – Вели Менаџерот За Производи На „Заунд Ундустрис“, Андерс Олсон. Дизајниран од шведскиот производител на соларна технологија „Ексегер“ (Exeger), поауерфојл се состои од куп фотоволтаични листови со дебелина од 100 атоми кои се испечатени на пластичен лист. Пауерфојл е моделиран на начинот на кој растенијата ја трансформираат светлосната енергија во хемиска енергија за време на фотосинтезата. Кога нанослоевите на материјалот се изложени на светлина, тие генерираат електрична енергија што ги напојува слушалките. Корисниците можат да идентификуваат од каде доаѓа најсилната светлина преку светлосниот индикатор на страната на лентата за глава. Апликацијата „Адидас хеадфоун“ (Adidas Headphone), исто така, им овозможува на корисниците да го следат нивното полнење и статусот на батеријата во реално време. Исто така, „Адидас“ тврди дека слушалките се отпорни на пот и прскање. Слушалките се направени од 51 отсто пластика, од кои 87 отсто се направени од рециклиран „PC-ABS“ и рециклиран најлон. Останатите материјали вклучуваат електронски компоненти како што се ПХБ, батерија, прекинувачи и ЛЕД диоди, како и метални делови во внатрешноста на лентата за глава, жици и пена во ушните перничиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-novite-dizajnirani-slushalki-na-adidas-koi-se-polnat-na-solarna-energija/feed/ 0
„Адидас“ ги претстави новите сончеви блутут-слушалки https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/adidas-gi-pretstavi-novite-sonchevi-blutut-slushalki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/adidas-gi-pretstavi-novite-sonchevi-blutut-slushalki/#respond Thu, 18 Aug 2022 15:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=720639

Компанијата „Адидас“ ги претстави новите блутут-слушалки „РПТ-02 СОЛ“, коишто користат сончева енергија за полнење на батеријата. Сончевите уреди не се новост. Многу компании имаат такви производи, но сончевите слушалки сѐ уште се реткост. Блутут-слушалките на „Адидас“ се поврзуваат со други уреди преку блутут и имаат вградени „Пауерфојл“ ќелии за сончева енеригија. Уредот е водоотпорен, има микрофон, како и „УСБ-Ц“ приклучок за дополнително полнење. Самите слушалки се направени од рециклирана пластика. А, нудат и 80 часа „резервна“ енерегија во батеријата дури и во темна просторија каде што воопшто не би биле изложени на сончева светлина. Цената на слушалките е 230 долари. На пазарот има и други слични производи коишто користат иста технологија. Меѓу нив се „Урбаниста Лос Анџелес“, како и слушалките „Блу тајгер“ чија цена е 220 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/adidas-gi-pretstavi-novite-sonchevi-blutut-slushalki/feed/ 0
Адидас ја претстави топката со која ќе се и игра финалето на Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-ja-pretstavi-topkata-so-koja-kje-se-i-igra-finaleto-na-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-ja-pretstavi-topkata-so-koja-kje-se-i-igra-finaleto-na-ligata-na-shampionite/#respond Tue, 24 May 2022 11:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=680892

Германската компанија за спортска опрема, Адидас, денес ја претстави официјалната топка за мечот за финалето на Лигата на шампионите. На топката зборот „мир“ е напишан на руски и на англиски јазик. Топката која содржи глобална порака за мир, нема да биде достапна во малопродажба. Наместо тоа, топката од финалето ќе биде продадена на аукција по натпреварот, а приходите ќе бидат наменети за УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, за да помогне во заштитата на луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти и прогон. Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра на 28 мај во Париз на „Стад де Франс“. Почетокот е во 21 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-ja-pretstavi-topkata-so-koja-kje-se-i-igra-finaleto-na-ligata-na-shampionite/feed/ 0