адис јаховиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Sep 2022 12:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png адис јаховиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаховиќ се повлекува од македонската репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-se-povlekuva-od-makedonskata-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-se-povlekuva-od-makedonskata-reprezentacija/#respond Mon, 12 Sep 2022 12:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=731643

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски повди дека ќе нема да може да смета услугите од Адис Јаховиќ. Напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во репрезентативниот дрес одлучи да се повлече од националниот тим. Фудбалерот долги години со успех настапува во турското првенство и едноставно вели дека сега е време за збогум од репрезентативниот дрес, бидејќи повредите и возраста во голема мера бараат повеќе време за одмор и закрепнување. Јаховиќ преку допис до Фудбалската федерација на Македонија ја образложи својата одлука: – Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот. Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа. Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш. Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат. Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација. Напред Македонија“. ФФМ му се заблагодари на Јаховиќ за неговиот придонес во репрезентацијата и му поскаа успех во понатамошните клупски настапи. За македонската репрезентација Адис Јаховиќ дебитираше на 14. ноември 2012 година на пријателскиот натпревар против Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-se-povlekuva-od-makedonskata-reprezentacija/feed/ 0
Јаховиќ постигна два гола за Гезтепе (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-postigna-dva-gola-za-geztepe-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-postigna-dva-gola-za-geztepe-video/#respond Mon, 06 Dec 2021 21:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=605029

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ повторно е стрелец за неговиот Гестепе во натпреварот против Газиантеп. Јаховиќ кој редовно покажува дека има капацитет да биде предводник на оваа екипа, вечерва постигна два гола. Прво постигна гол од белата точка, а вториот беше од игра и беше главниот „виновник“ за победата на неговата екипа. https://twitter.com/i/status/1467916509901357056]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-postigna-dva-gola-za-geztepe-video/feed/ 0
Бабунски и Тотре повикани во А репрезентацијата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-i-totre-povikani-vo-a-reprezentacijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-i-totre-povikani-vo-a-reprezentacijata/#respond Mon, 08 Nov 2021 08:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=592468

Македонските репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023, соопшти ФФМ. Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство. Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг на репрезентацијата. Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-i-totre-povikani-vo-a-reprezentacijata/feed/ 0
Проблеми за Благоја Милевски, се повреди Адис Јаховиќ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/problemi-za-blagoja-milevski-se-povredi-adis-jahovikj/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/problemi-za-blagoja-milevski-se-povredi-adis-jahovikj/#respond Sun, 07 Nov 2021 17:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=592304

Проблеми за селекторот Благоја Милевски во пресрет на двата многу важни квалификациски меча за пласман на СП во Катар против Ерменија и Исланд. Напаѓачот Адис Јаховиќ се повреди, па неговиот настап на овие два квалификациски меча е под знак прашалник. Јаховиќ одигра само 16 минути на мечот против Коњаспор во мечот од турската лига.Засега не е познато дали Јаховиќ ќе биде дел од овие натпревари на Македонија, и дали селекторот Благоја Милевски ќе повика друг напаѓач.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/problemi-za-blagoja-milevski-se-povredi-adis-jahovikj/feed/ 0
Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чувствувал тоа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-sekogash-sum-sakal-da-igram-za-makedonija-i-sum-go-chuvstvuval-toa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-sekogash-sum-sakal-da-igram-za-makedonija-i-sum-go-chuvstvuval-toa/#respond Tue, 31 Aug 2021 17:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=557471

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ се враќа во репрезентацијата на Македонија. Селекторот Благоја Милевски верува во корпулетниот фудбалер и ќе му даде шанса во септемвриските три натпревари од мундијалските квалификации. Фудбалерот не го криеше задоволството што пак ќе заигра за македонсата репрезнтација. „Пред два месеци со селекторот имавме состанок и разговаравме за моето враќање. Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина, но таква беше претходната ситуација. Но што било поминало, не сакам да се враќам назад. Повикот ме радува и среќен сум што сум дел од репрезентацијата. Мило ми е што сум со една квалитетна и добра репрезентација. Се надевам дека ќе се адаптираме. Сите ги познавам. Се е до нас. Само треба да покажеме квалитет на терен. Мора да одиме од меч во меч, сега се подготвуваме за Ерменија. Направивме добра анализа. Тој меч треба најпрво да го одиграме како што треба. Потоа ќе размислуваме за следниот меч со Исланд. Овие три меча се многу наближени, во седум-осум дена. Ќе биде многу интензивно, но сите ние сме добри играчи, не за џабе сме во репрезентацијата. Се надевам дека со добри резултати ќе ја израдуваме нашата држава и ќе бидеме сериозни кандидати за место на СП“, изјави Јаховиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-sekogash-sum-sakal-da-igram-za-makedonija-i-sum-go-chuvstvuval-toa/feed/ 0
Јаховиќ не ги заборава соиграчите: Играјте за нашиот народ! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-ne-gi-zaborava-soigrachite-igrajte-za-nashiot-narod-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-ne-gi-zaborava-soigrachite-igrajte-za-nashiot-narod-foto/#respond Thu, 12 Nov 2020 13:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=428577

Македонскиот фудбалски интернационалец и поранешен репрезентативец Адис Јаховиќ испрати порака со поддршка за своите некогашни соиграчи од националниот тим. Иако е добро познато дека Јаховиќ има низа несогласувања со луѓето околу репрезентацијата, особено со селекторот Игор Ангеловски, за кого често знае да упати и некоја „специјална“ порака, тој денеска не ги заборави своите соиграчи со кои ја делеше соблекувалната до пред три години. Јаховиќ им порача на Пандев, Џани, Рики, Елиф, Висар, Николов и останатите да одиграат за накедонскиот народ и за Македонија и да го направат народот горд со најголемиот успех во историјата и пласман на Европско првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-ne-gi-zaborava-soigrachite-igrajte-za-nashiot-narod-foto/feed/ 0
Јаховиќ е петти фудбалер во оваа деценија кој дал четири гола во турската Суперлига (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-e-petti-fudbaler-vo-ovaa-decenija-koj-dal-chetiri-gola-vo-turskata-superliga-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-e-petti-fudbaler-vo-ovaa-decenija-koj-dal-chetiri-gola-vo-turskata-superliga-foto/#respond Sat, 05 Oct 2019 09:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=248157

Пред две години заврши како трет најдобар стрелец во турската Суперлига, ама очигледно годинава македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ цели на титулата прв стрелец во Турција откако синоќа даде четири гола за Јени Малатијаспор и стигна до првото место на листата на стрелци со седум гола во седум меча. Уште пред стартот на сезоната Јаховиќ најави дека има цел од просек по еден гол на меч и најмалку 15 гола до крајот на есенскиот дел. Досега има седум во турскиот шампионат, а вкупно десет откако летово дојде во Малатија од Коњаспор. Даде три гола на четири меча во квалификациите во Лига Европа. Но, со четворката против Денизли, Јаховиќ стана само петтиот фудбалер во последната деценија во турската Суперлига на кого му успеало да даде четири гола на еден меч. Последен со вакво остварување беше ѕвездата на Галатасарај, Бафетемби Гомис против Карабукспор во март 2018, а во изминатата деценија вакво нешто направиле и Фернандао против Карабукспор во 2015, Влеминцикс со Анталијаспор во 2013 и Алекс против Анкарагучу во 2011 година. Уште поинтересно е што вторпат во последните три сезони, првиот хет-трик или повеќе голови на еден меч во сезоната во турскиот шампионат се дело на Јаховиќ. Првиот пат беше во сезоната 2017/18 за Гецтепе против Сиваспор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jahovikj-e-petti-fudbaler-vo-ovaa-decenija-koj-dal-chetiri-gola-vo-turskata-superliga-foto/feed/ 0