АДКОМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Sep 2022 05:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АДКОМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дебата на АДКОМ и ЈКП за проблемот со високите сметки за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-na-adkom-i-jkp-za-problemot-so-visokite-smetki-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-na-adkom-i-jkp-za-problemot-so-visokite-smetki-za-struja/#respond Tue, 13 Sep 2022 05:06:40 +0000 https://kurir.mk/?p=731930

АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија и Јавните комунални претпријатија денеска ќе ја одржат последна дебата за решавање на проблемот со високите сметки за електрична енергија. Како што информираат од АДКОМ, целта на дебатата е да се предупредат надлежните институции на исклучително алармантната состојба во јавните комунални претпријатија која може да доведе до несогледливи последици и опасност да не можат да ја извршат основната задача, граѓаните да добијат квалитетна вода за пиење и да имаат здрава животна средина. Според најавит на организаторите, на дебатата се очекува да присуствуваат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на АДКОМ, директорите на ЈКП, претставници од Владата на Република Северна Македонија, претставници од ресорните министерства во склоп на Владата, претставници од РКЕВУ, ЗЕЛС, СУТКОЗ, КСС, членовите на Работната група за комунални дејности во склоп на АДКОМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-na-adkom-i-jkp-za-problemot-so-visokite-smetki-za-struja/feed/ 0
Милевски: Владата под итно да помогне на јавните претпријатија, за да не дојде во иднина до зголемување на цените на јавните комунални услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-vladata-pod-itno-da-pomogne-na-javnite-pretprijatija-za-da-ne-dojde-vo-idnina-do-zgolemuvanje-na-cenite-na-javnite-komunalni-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-vladata-pod-itno-da-pomogne-na-javnite-pretprijatija-za-da-ne-dojde-vo-idnina-do-zgolemuvanje-na-cenite-na-javnite-komunalni-uslugi/#respond Sat, 27 Aug 2022 18:39:53 +0000 https://kurir.mk/?p=724877

„Проблемите во јавните претпријатија се однесуваат повеќе на зголемените трошоци за електричната енергија. И покрај ако ги поделиме предизвиците со кои што се соочуваме и имаме предизвици на долг рок и на краток рок, на долг рок се инфраструктурата и наталожените работи кои што долги години не се вложувало или пак се вложувало премалку во водоснабдителниот систем т.е. во инфраструктурата. А, пак на краток рок се соочуваме сега со електрична енергија, цената на електрична енергија односно проблемот не е така брз одсега туку како АДКОМ сме се обраќале за дијалог, за разговор уште во јануари месец, декември месец 2021 година и јануари оваа година“, истакна Пеце Милевски, претседател на АДКОМ во Тема на денот на Сител телевизија. Милевски додаде дека како АДКОМ бараат дијалог, бараат начин да не дојде во иднина на зголемување на цените на јавните комунални услуги. „Токму затоа потребна е некаква интервенција од страна на Владата нормално. Затоа што нивните средства и Буџетот со кој што располагаат можат да помогнат со евентулани субвенции. Односно разликата помеѓу планираните трошоци за електрична енергија во нашите бизнис планови или плановите кои што ги правиме на почетокот на годината, на пример во ЈКП Водовод Битола јулската сметка за електрична енергија била 2 ипол милиони, но овој месец е 12 милиони денари. А, тоа значи 5 пати повеќе ќе се плати за оваа сметка“, појасни Милевски. Тој посочи дека сака да каже дека и покрај целата сила и знаење кое што се вложува од страна на сите директори од сите јавни претпријатија не е доволна. Рационализацијата на средствата и на трошоците не им дава можност да ги надоместат односно надокнадат трошоците за електрична енергија. „И покрај нашето вложување со цел човечки потенцијал ние нема да успееме да ги надоместиме трошоците за електрична енергија“, нагласи претседателот на АДКОМ. „Регулаторната комисија која што ја регулира и цената и е владино тело може да помогне, еве пред некое време имавме формирање на нови тарифи, можеби е добро да се размисли за регулирање на една тарифа за јавните претпријатија кои што вршат водоснабдување и одведување на отпадни води односно прочистелните станици, да одредена тарифа која што би била да речеме од Блок 3 да се вратиме во универзалниот снабдувач. Така би било најдобро за сите и на долг рок би се решил овој проблем“, рече Милевски. Милевски истакна дека сега јавните претпријатија набавуваат струја на либерален пазар со јавни набавки, оператори кои што си надаваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-vladata-pod-itno-da-pomogne-na-javnite-pretprijatija-za-da-ne-dojde-vo-idnina-do-zgolemuvanje-na-cenite-na-javnite-komunalni-uslugi/feed/ 0
АДКОМ повторно апелира на слух од Владата, во спротивно ќе има промена во цените на комуналните услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-povtorno-apelira-na-sluh-od-vladata-vo-sprotivno-kje-ima-promena-vo-cenite-na-komunalnite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-povtorno-apelira-na-sluh-od-vladata-vo-sprotivno-kje-ima-promena-vo-cenite-na-komunalnite-uslugi/#respond Wed, 24 Aug 2022 09:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=723096

АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територијата на целата држава ја известува јавноста дека и по повеќе од еден месец од јавниот апел за средба со владини претставници за состојбите со растечките трошоци на претпријатијата и потребата од владина помош, од владата нема никаков одговор за средба. Од Здружението потсетуваат дека на 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата на кои ќе се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан пред се поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија. -Со продолжување на оваа состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија се доведува во прашање квалитетот на услугите кои ги овзоможуваат за граѓаните, како и нормалното опстојување на самите претпријатија кои обезбедуваат работа за повеќе илјади семејства. Владата која учествува во формирањето на цената на струјата и која одобри зголемување на електричната енергија потребно е да покаже разбирање за овој реален проблем. Доколку не се изнајде одржливо решение и владата не помогне претпријатијата кои ги обединува АДКОМ, ќе мора да пристапат кон изготвување на ревизија на цените по кои моментално ги испорачуваат услугите. Уште еднаш апелираме на средба со владата на која ќе се дискутира за конкретна поддршка на јавниот сектор, се наведува во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-povtorno-apelira-na-sluh-od-vladata-vo-sprotivno-kje-ima-promena-vo-cenite-na-komunalnite-uslugi/feed/ 0
АДКОМ бара помош од Владата, во спротивно најавува покачување на цените за комуналните услуги што ги нудат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-bara-pomosh-od-vladata-vo-sprotivno-najavuva-pokachuvanje-na-cenite-za-komunalnite-uslugi-shto-gi-nudat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-bara-pomosh-od-vladata-vo-sprotivno-najavuva-pokachuvanje-na-cenite-za-komunalnite-uslugi-shto-gi-nudat/#respond Mon, 18 Jul 2022 09:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=706863

Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кое обединува 90 јавни комунални претпријатија даватели на комунални услуги на територијата на целата држава, апелира Владата да помогне во справувањето со последиците од економската криза која се чувствува и во нивното работење во спротивно најавуваат дека ќе мора да ги покачат цените на услугите што ги нудат. -Поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија и растот на цената на горивата кој е речиси 100-процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење. Како претпријатија даватели на комунални и водоводни услуги имаме обврска спрема граѓаните да продолжиме да ги остваруваме услугите на потребното ниво и покрај сите макроекономски предизвици со кои се соочуваме, изјави Пеце Милевски претседател на АДКОМ пред повторно да поднесат барање до Владата за помош. Тој нагласи дека повеќе години цената на услугите кои ги нудат за граѓаните е на исто ниво, а, како што рече, трошоците за електрична енергија се покачени од три до пет пати, додека цената на горивата се зголеми двојно во споредба од пред година и половина. -Нашите биланси се на работ на издржливоста и во една таква ситуација излезот е или покачување на цената на услугите, што не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош од Владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот или прекинување на давање на услуги, рече Милевски. Нагласи дека бараат Владата да им излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите, односно да ја покрие разликата меѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија. Посочи дека Владата, како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи, директно има импакт врз нивното работење и опстојување. -Подготвени сме за средба на која ќе разговараме за критичната состојба на нашите претпријатија, бидејќи кризата го доведе во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги, истакна Милевски и додаде дека Владата веќе се обврза за секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот. Побара Владата да ја има во предвид и, како што рече, најсуштествената област, а тоа е, посочи, цената за вода за пиење и собирањето на сметот. Со тоа, додаде, ќе се избегне уште еден ценовен удар кој би значел повисоки сметки за граѓаните на кој рече дека ќе бидат приморани членките на АДКОМ доколку нема слух за нивните барања. Порача дека досега немале директна средба со Владата, но веќе имале поднесено барања до Владата и до ЗЕЛС за тоа и нагласи дека чекаат да остварат средба со владините претставници на која ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат. Најави дека ќе се трудат колку што можат за да не дојде до зголемување на цените за нивните услуги и посочи дека очекуваат поддршка од централната власт за да не дојде до тоа. -Упатуваме апел за соработка, сакаме дијалог за да ја пребродиме што побрзо и што подобро оваа криза која според укажувањата не очекува сите нас, порача Милевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-bara-pomosh-od-vladata-vo-sprotivno-najavuva-pokachuvanje-na-cenite-za-komunalnite-uslugi-shto-gi-nudat/feed/ 0
АДКОМ: Ако Владата не помогне, ќе „скокнат“ сметките за вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-ako-vladata-ne-pomogne-kje-skoknat-smetkite-za-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-ako-vladata-ne-pomogne-kje-skoknat-smetkite-za-voda/#respond Fri, 15 Jul 2022 09:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=705552

Во име на здружението АДКОМ кое ги обединува јавните комунални претпријатија, даватели на комунални услуги кои функционираат на територијата на целата држава упатуваме јавен апел до владата за помош, за справување на последиците од тешката економска криза која се чувствува и во нашето работење. Поради енормниот раст на трошоците за струја, растот на цената на бензините кој е речиси сто процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење. Како претпријатија кои сме даватели на комунални и водоводни услуги ние имаме обврска спрема граѓаните да продолжиме да ги остваруваме услугите на потребното ниво и покрај сите макро економски предизвици со кои се соочуваме. Повеќе години цените на услугите кои ги даваме за граѓаните се на истото ниво и покрај тоа што трошоците за електрична енергија се покачени за 3 до 5 пати, и покрај тоа што бензините се зголемија за дупло од цената која беше пред година и половина. Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква состојба излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги. Владата како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи што директно имаше импакт врз нашето финансико работење и опстојување, бараме да излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите. Воедно спремни сме за средба на која ќе разговараме за кртичната состојба во нашите претпријатија бидејќи кризата го доведува во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги и квалитетно снабдување на вода за пиење. Ваквите примери на субвенционирање на трошоците во работењето на притпријатијата од ваков тип на услуги е воведен пример во повеќе европски држави. Воедно владата веќе се обврза на секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот, при што бараме да ја има во предвид најсуштествената област а тоа е цената за вода за пиење и цената на услугите за собирање на отпадот. Не сакаме да се доведеме во ситуација на уште еден ценовен удар што би значело повисоки сметки за граѓаните на кое ќе бидеме приморани доколку владата нема слух за нашите барања и потреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adkom-ako-vladata-ne-pomogne-kje-skoknat-smetkite-za-voda/feed/ 0