администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Apr 2023 16:07:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детектор анкета: Половина од граѓаните не се задоволни од услугите на јавната администрација – 60% сметаат дека бројот на вработени треба да се намали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-polovina-od-graganite-ne-se-zadovolni-od-uslugite-na-javnata-administratsija-60-smetaat-deka-brojot-na-vraboteni-treba-da-se-namali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-polovina-od-graganite-ne-se-zadovolni-od-uslugite-na-javnata-administratsija-60-smetaat-deka-brojot-na-vraboteni-treba-da-se-namali/#respond Sun, 02 Apr 2023 16:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=819171

Половина од граѓаните не се задоволни од квалитетот на услугите кои ги дава јавната администрација а близу 60% сметаат дека бројот на вработени во јавниот сектор треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 49,9% од граѓаните рекле дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација додека 36,4% велат дека се задоволни. Споредбата со истражувањето кое на иста тема ИПИС за Детектор го спроведе во 2019 година покажува дека незадоволството на граѓаните значително се зголемило, па за 4 години од мнозинство задоволни граѓани денеска, имаме мнозинство незадоволни. Ако во 2019 48,2% од граѓаните рекле дека се генерално задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација денеска нивната бројка се намалила на дури 36,4%. За разлика од тоа, бројот на незадоволни граѓани за 4 години скокнал од 41,3% на 49,9%. Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале на ова прашање покажува значителни разлики меѓу Македонците и етничките Албанци. Па така, 55,7% од Македонците велат дека не се задоволни од услугите на јавната администрација наспроти 33,7% кои велат дека се задоволни. Кај Албанците ситуацијата е сосема различна. Таму, мнозинството граѓани или 44% велат дека се задоволни наспроти 37,1% етнички Албанци кои велат дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.. Најголемо мнозинство граѓани или 19,4% најчесто имале потреба за услуга од јавната администрација на МВР. 11,6% од општините и 7,9% од Фондот за здравство. Најголемиот дел од нив или 22,9% велат дека не се задоволни од ниту една услуга која ја добила јавните институции. 13,1% најзадоволни се од услугите на МВР а 7,5% од оние кои ги нудат општините. Најголем број граѓани или нешто над 8% велат дека најнезадоволни се од услугите на Фондот за здравство. Близу 60% од граѓаните сметаат дека треба да почне процес на отпуштања во јавниот сектор. 58,9% се на ставот дека јавната администрација треба да се намали, 17,2% сметаат дека нивната бројка не треба да се менува, а 9,4% мислат дека треба да вработиме дополнителен број административци. Етничката структура на граѓаните кои одговарале и тука покажува дијаметрално спротивни ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 68,3% од Македонците сметаат дека треба да се намали бројот на вработени во јавната администрација, ваков став делат само 33,2% етнички Албанци што е помалку од половина од процентот на Македонците. 33,1% од етничките Албанци сметаат дека бројот на административци треба да остане ист што е речи си три пати повеќе 12,1% Македонци кои го делат овој став. Во споредба со анкетата од пред 4 години, бројот на граѓани кои сметаат дека јавната администрација треба да се намали скокнал од 51,7% на 58,9%. 41,3% од граѓаните сметаат дека при вработување во јавната администрација најважна е партиската припадност. 26,5% сметаат дека вработувањата одат според критериуми во кои најважни се професионалниот капацитет и квалификациите додека 21,6% се на ставот дека при вработувањето, клучни се роднинските и пријателските врски. Новите огласи за вработување пред избори, според три четвртини од граѓаните или точно 75,2% се предизборна манипулација додека само 8,3% сметаат дека станува збор за реална потреба. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично спротивставени ставови. Додека 84,9% Македонци сметаат дека огласите за вработување пред избори се само изборна манипулација, ваков став делат близу двојно помалку етнички Албанци или 46,7%. Меѓу нив, 20,1% сметаат дека огласите за вработување пред избори се реална потреба, став кој го делат само 4,2% Македонци. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-polovina-od-graganite-ne-se-zadovolni-od-uslugite-na-javnata-administratsija-60-smetaat-deka-brojot-na-vraboteni-treba-da-se-namali/feed/ 0
Министерот Алити: Се обидуваме да не се вработуваат партиски послушници  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-aliti-se-obiduvame-da-ne-se-vrabotuvaat-partiski-poslushnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-aliti-se-obiduvame-da-ne-se-vrabotuvaat-partiski-poslushnici/#respond Thu, 01 Dec 2022 10:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=769393

Ние како централна власт не можеме да имаме директен имапкт во администрацијата, но со нашите закони се обидуваме да поставиме механизми и инструменти кои ќе им олеснат на институциите да бидат поефикасни во делот на новите вработувања. Се обидуваме начинот на вработување да биде потранспарентен и да нема можност првиот човек на институцијата да вработува партиски послушници, изјави министерот за информатичко општество и админстрација Адмирим Алити. Министерот смета дека департизацијата е феномен во нашето општество и оти најмногу вработувања се случуваат пред избори и тоа во општините, училиштата и во здравството. Тоа, како што рече, со новите закони треба да се смени. -Поголемиот дел во јавната администрација се во образованието, во здравството и во општините, каде директно ние како централна власт не можеме да имаме импакт, но индиректно да, со нашите закони што ги имаме како Министерство. Поточно, со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници се обидуваме да поставиме механизми и инструменти кои ќе им олеснат на институциите да бидат поефикасни во делот на нови вработувањата, изјави Алити во одговор на прашање пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030. Според министерот, за да има системско решение во делот на регрутирање на вработените, целта е процесот на вработување да се одвива потранспарентно, односно да нема можност првиот човек на институцијата да вработува партиски послушници, да му е тешко или во идеална ситуација невозможно тоа да го стори. -Ние сите како општество треба да се залагаме да нема институции кои вработуваат само за политичката партија, потенцираше Алити. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-aliti-se-obiduvame-da-ne-se-vrabotuvaat-partiski-poslushnici/feed/ 0
ЕК: Доцнат реформите на администрацијата планирани за 2018-2022, МИОА нема сектор за нивно техничко спроведување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-docnat-reformite-na-administracijata-planirani-za-2018-2022-mioa-nema-sektor-za-nivno-tehnichko-sproveduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-docnat-reformite-na-administracijata-planirani-za-2018-2022-mioa-nema-sektor-za-nivno-tehnichko-sproveduvanje/#respond Tue, 25 Oct 2022 05:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=750006

Македонија останува умерено подготвена во однос на реформата на јавната администрација и постигна ограничен напредок во спроведувањето на препораките од минатата година, се посочува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во приближувањето кон ЕУ. ЕК во забелешките посочува дека е одложено усвојувањето на законските решенија за организација и за работа на органите на државната управа, на нов закон за висока раководна служба, како и на новата правна рамка за управување со човечки ресурси, преку измени на законите за административни службеници и за вработените во јавните служби. Според Комисијата, новата рамка е замислена да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да гарантира избор, унапредување и разрешување врз основа на заслуги, вклучително и на ниво на повисоките раководни функции. – Со одредени доцнења продолжи имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2018-2022 година, како и следењето и извештаите за нејзино спроведување. Целосно беа реализирани само дел од планираните активности. Во Министерството за информатичко општество и администрација се уште нема соодветно екипиран сектор за јавна администрација, кој би ги спроведувал реформите на техничко ниво. Дополнително, треба да се работи и на заложбите за зголемување на менаџерската одговорност, наведува Комисијата. Еврокомисијата нагласува дека и покрај зголемените средства во Буџетот за спроведување на реформите во јавната администрација, сепак нивната имплементација о натаму во голема мерка зависи од финансии од донации.
Се посочува и дека во мај годинава Владата усвои нова методологија за подготовка, мониторинг и известување за секторските стратегии за подобрување на политиките за планирање, но се забележува дека и натаму останува недоволна улогата на владиниот Генерален секретаријат во координација и контрола на спроведувањето на поставените цели. – Во јуни 2021 година е донесена нова Национална програма за усогласување со законодавството на ЕУ (Acquis) за периодот 2021-2025 година, која произлегува од ревидираната методологија за проширување на Унијата, наведува Еврокомисијата, посочувајќи дека иако напредокот во реформите поврзани со ЕУ се разгледуваат на секоја владина седница, сепак се уште не е објавен извештај за нивното спроведување. Во извештајот се посочува дека се уште има државни институции кои не ги дигитализирале своите регистри, што влијае врз квалитетот на административните податоци, па се препорачува проширување и поедноставување на начинот на нивно презентирање со цел да можат поконзистентно да се користи во процесот на носењето одлуки. – Министерството за информатичко општество и администрација, треба да ги зајакне своите капацитет за спроведување поефективна и поконзистентна контрола на квалитетот, смета Европската комисија. Во Извештајот се посочува дека повеќето административни услуги за граѓаните и деловните субјекти се нудат и во живо и онлајн преку националниот е-портал за услуги, но дека не е остварен напредок во поедноставувањето на административните процедури, а и Законот за општи управни постапки се уште не е системски имплементиран во јавната администрацијата. – Во тек е надградба на е-порталот за да се обезбедат 135 нови услуги, во обид да се развие систем ориентиран кон обезбедување услуги на корисниците. Бројката и на регистрирани корисници и на извршени услуги на порталот е зголемена во 2021 година, но таа сепак е под очекувањата. Државните институции кои нудат услуги за граѓаните треба да покажат поголема посветеност на обезбедувањето услуги преку е-порталот, наведува Европската комисија, посочувајќи дека Владата ги охрабрила сите државни институции да ја искористат рамката за интероперабилност со полн потенцијал. Комисијата потенцира и дека препораките наведени во минатогодишниот извештај не биле целосно исполнети, па тие остануваат да важат и за оваа година. – Во наредниот период земјата треба особено да работи на усвојување на законот за административни службеници, законот за вработените во јавните служби и законот за висока раководна служба и нивна примена, на донесување на закон за организација и работа на органите на државната управа и на подзаконски акти спроведување на новата организација на органите на државната управа, како и старт на нивна имплементација и да обезбеди целосна имплементација на законот за општи управни постапки со фокус на електронската размена на документи, се посочува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-docnat-reformite-na-administracijata-planirani-za-2018-2022-mioa-nema-sektor-za-nivno-tehnichko-sproveduvanje/feed/ 0
Истепал вработен во Одделението за управни работи, полицијата го уапсила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istepal-vraboten-vo-oddelenieto-za-upravni-raboti-policijata-go-uapsila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istepal-vraboten-vo-oddelenieto-za-upravni-raboti-policijata-go-uapsila/#respond Thu, 18 Aug 2022 14:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=720635

На 17.08.2022 околу 16.20 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ф.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што околу 15.30 часот физички нападнал вработен во Одделението за управни работи Скопје на подрачјето на Центар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istepal-vraboten-vo-oddelenieto-za-upravni-raboti-policijata-go-uapsila/feed/ 0
Во Украина досега убиени или ранети над 75 илјади руски војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-dosega-ubieni-ili-raneti-nad-75-iljadi-ruski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-dosega-ubieni-ili-raneti-nad-75-iljadi-ruski-vojnici/#respond Thu, 28 Jul 2022 06:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=711117

Повеќе од 75 илјади Руси се убиени или ранети во војната со Украина, ја пренесува „Си-Ен-Ен” изјавата на демократската пратеничка Елиса Слоткин која се повикува на тајни податоци со кои располага Администрацијата на претседателот Џо Бајден. Информацијата за руските загуби во Украина Слоткин ја дала после брифинг на администрацијата на Бајден одржан зад затворени врати. -Информирани сме дека повеќе од 75 илјади Руси се или убиени или ранети, што е огромна бројка. Тие многу вложуваа во својата пешадија, а 80 отсто од копнените сили се вкопани и заморениукраина, вели таа. Последните проценки на ЦИА укажуваа за некаде околу 15 илјади руски војници загинати на фронтот. Засега нема официјални информации од Москва за своите загуби во она што Русија го нарекува специјална воена операција во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-dosega-ubieni-ili-raneti-nad-75-iljadi-ruski-vojnici/feed/ 0
Синдикатот на администрација и државна управа бара средба со премиерот за усогласување на платите со минималната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-administracija-i-drzavna-uprava-bara-sredba-so-premierot-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-administracija-i-drzavna-uprava-bara-sredba-so-premierot-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata/#respond Thu, 03 Mar 2022 13:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=640266

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара средба со премиерот за надминување на, како што велат, последиците од зголемувањето на минималната плата. Од Синдикатот нагласуваат дека не се против зголемувањето на минималната плата, но бараат усогласување и на останатите плати. –Ако се дозволи и во иднина административните, судските и јавните службеници на повеќе нивоа со различна сложеност на работни места, како што беше и досега, да земаат минимална и под минималната плата што е случај само во јавниот сектор, без да се направи пропорционалнао покачување на платите, ќе дојде до големо незадоволсто на нашето членство. Затоа бараме сега, а впрочем тоа го побаравме и преку нашиот национален синдикат КСС, во кој членуваме, да се усогласи бодот кој што треба да го донесе Владата согласно минималната плата, се наведува во денешното соопштение од САДУ. Во спротивно, Синдикатот најавува порадикално делување. –Ве уверуваме дека ако тоа не се случи со мартовската плата, која што треба да биде исплатена во април, од кога и почнува да се исплаќа новата минимална плата, под притисок на нашето членство ќе донесеме одлука за легитимно радикално синдикално делување, велат од синдикатот. Барањето за средба со премиерот, како што информира синдикатот, е испратено денеска до Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-administracija-i-drzavna-uprava-bara-sredba-so-premierot-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata/feed/ 0
Си-Ен-Ен: Администрацијата на Бајден објави тајни документи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-administracijata-na-bajden-objavi-tajni-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-administracijata-na-bajden-objavi-tajni-dokumenti/#respond Thu, 16 Dec 2021 07:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=609110

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави тајни документи, а некои историчари и теоретичари на заговор веруваат дека тоа би можело да фрли нова светлина врз атентатот на Џон Кенеди во 1963 година, јави Си-Ен-Ен. Но, тоа што се објавени над 1.500 документи не значи дека сите се објавени. Голем број документи се уште се недостапни и делумно цензурирани, така што вечната дебата меѓу федералните власти и луѓето што го истражуваат атентатот на Кенеди ќе продолжи. Долгогодишните истражувачи на овој историски настан велат дека во објавените документи најверојатно не се вклучени оние кои би можеле да понудат некои нови клучни докази и да ги променат фактите што јавноста ги знае за овој настан, како и околностите пред и по атентатот. Во октомври, Бајден го одложи објавувањето на документите со цел да ги заштити работите важни за САД. Тој тогаш постави два рока за објавување, денешниот датум и 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени новите документи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-administracijata-na-bajden-objavi-tajni-dokumenti/feed/ 0
Нов предлог закон – администрацијата да работи само 4 часа во петок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-predlog-zakon-administracijata-da-raboti-samo-4-chasa-vo-petok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-predlog-zakon-administracijata-da-raboti-samo-4-chasa-vo-petok/#respond Thu, 30 Sep 2021 15:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=570926

Новиот Предлог закон за административни службеници предвидува четири часа пократко работно време неделно за административците кој го подготви Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Според Министерството, основните цели на Предлог законот се унапредување на моделот на вработувањето и оценувањето, како и поедноставување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем на пресметка на плата и дополнително мотивирање на вработените и унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата.
- Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено, стои во членот 55 од Предлог законот со кој се уредува работното време на административните службеници.
Предлог законот на 17 септември е поставен на Единствениот национален електронски регистар за прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР), а целта поради кој се носи нов закон, според Министерството, се практични проблеми во имплементацијата на актуелниот.
- Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за административни службеници, стои во описот на Предлог законот
За коментирање на Предлог законот остануваат уште неполни седум дена. За законот да стапи на сила треба да добие одобрување и од Владата и од Собранието на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-predlog-zakon-administracijata-da-raboti-samo-4-chasa-vo-petok/feed/ 0
Вработените во јавна администрација кои не одеа на работа ќе добијат К-15 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-javna-administracija-koi-ne-odea-na-rabota-kje-dobijat-k-15/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-javna-administracija-koi-ne-odea-na-rabota-kje-dobijat-k-15/#respond Tue, 08 Jun 2021 16:44:01 +0000 https://kurir.mk/?p=520642

Вработените во јавната администрација кои од лани во март до пред неколку недели не одеа на работа поради мерките за заштита од ковид-19, сепак ќе добијат регрес за годишен одмор, К-15. Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали е соодветно да се дава К-15 на администрацијата што не одеше на работа, во време кога приватниот сектор се соочува со тешкотии во работењето и намалени плати, рече дека регресот мора и треба да се исплати оти тоа е предвидено со колективните договори од 2019. „Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-javna-administracija-koi-ne-odea-na-rabota-kje-dobijat-k-15/feed/ 0
Масовни вработувања во општините средe економска и здравствена криза: Се вработуваат дури 56 државни службеници (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masovni-vrabotuvanja-vo-opshtinite-srede-ekonomska-i-zdravstvena-kriza-se-vrabotuvaat-duri-56-drzavni-sluzbenici-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masovni-vrabotuvanja-vo-opshtinite-srede-ekonomska-i-zdravstvena-kriza-se-vrabotuvaat-duri-56-drzavni-sluzbenici-foto/#respond Fri, 19 Mar 2021 14:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=484804

Трендот на претрупување на институциите со партиски кадри продолжува и на локално ниво. Агенцијата за администрација има објавено дури 56 огласи за вработување на јавни и државни службеници во општините ширум државата. Станува збор за вработување во општина Шуто Оризари, Чешиново – Облешево, Теарце, Струга, Старо Нагоричане, Свети Николе, Сарај, Велес, Карпош, Аеродром, Кавадарци, Ресен, Липково, Охрид, Зрновци, Желино, Дојран, Пробиштип. Според податоците до кои дојде КУРИР, општина Шуто Оризари бара двајца државни службеници на позициите советник за просторно и урбанистичко планирање, како и советник овластен градежен инспектор, а нето платата за овие две позиции изнесува 27.000 денари. Општина Чешиново-Облешево, вработува двајцата државни службеници на позициите соработник за поддршка и развој на локален економски развој, како и еден помлад инспектор за животна средина, а нето платата за првата позиција со која ќе биде платен овој државен службеник е 22.500 денари, додека за втората изнесува 20.987 денари. Општина Теарце вработува тројца државни службеници, и тоа на позициите помлад соработник за внесување и ажурирање на податоците во Инфoрмационен систем, помлад соработник за даноци и комунални такси, како и еден службеник на позицијата помлад соработник за оперативна поддршка на административни работи. За сите три позиции нето платата изнесува 22.019 денари. Општина Струга, пак, вработува дури 13 државни службеници на позицијата помлад референт за адекватна услуга се бараат двајца извршители, а нето платата е 15.407 денари. Понатаму еден помлад соработник за администрирање на локален надоместок со нето плата од 21.989 денари, потоа еден извршител на позицијата помлад соработник даночен извршител а нето платата со која ќе биде платен изнесува 21.989 денари. Општината вработува и еден извршител на позицијата помлад соработник за водење регистар за јавни набавки за нето плата од 21.989 денари. Потоа, еден виш соработник администратор со нето плата од 24.415 денари, а се вработува и еден помошник раководител на сектор за туризам, локален економски развој и меѓународна соработка а нето платата изнесува дури 34.917 денари, еден помлад соработник за унапредување на занаетчиството и туризмот со нето плата од 21.989 денари. Струга има потреба и од еден советник за одобрување за градба во одделението за урбанизам, градби и просторно планирање со нето плата од 27.889 денари, советник за развој на комунални инфраструктура со нето плата од 27.889 денари, а има и потреба од еден извршител на позицијата помлад соработник за управување со отпад со нето плата од 21.989 денари. По еден извршител на позицијата помлад овластен инспектор за патен сообраќај и помлад соработник за персонална евиденција со нето плата од 21.989 денари. Според податоците од огласот може да се увиде дека е напоменато дека согласно годишниот план на институцијата за 2021 година се предвидува вработување на пет Македонци, седум Албанци, и  еден Турчин. Потоа, општина Старо Нагоричане има потреба од вработување на двајца државни службеници за позициите еден раководител на одделение за финансиски прашања со нето плата од 29.714 денари, како и еден виш референт – комунален редар со нето плата од 16.572 денари. И општина Свети Николе вработува двајцата државни службеници на позициите самостоен инспектор за животна средина, а платата со која ќе биде платено ова лице изнесува 24.426 денари, и еден помлад референт за е-дозволи со нето плата од 13.898 денари. Од еден државен службеник на позицијата советник инспектор, овластен градежен инспектор има потреба и општина Сарај, а за оваа позиција вработеното лице ќе биде платено од 26.700 денари. Дури седум државни службеници ќе вработува и општина Ресен на позициите соработник за организирање и администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци, соработник за следење на постапки за јавни набавки, помошник раководител, референт – сообраќаен техничар, помлад соработник за следење и поддршка на туризмот, занаетчиството малото стопанство и прекугранична соработка, како и по еден извршител на позициите самостоен референт за спорт, самостоен референт за документирање на буџетско работење, а нето платите се во зависност од позицијата, односно најмалата изнесува 14.934 денари па се до 32.866 денари. По примерот на Струга и Ресен, и општина Пробиштип вработува оглас за вработување на шест државни службеници, од советник – внатрешен ревизор, соработник за образование, помлад соработник за финансиски работи, самостоен референт – технички секретар, самостоен референт – архивар, референт – комунален редар. Нето платат со која ќе бидат платени овие лица е од 14.908 денари па до највисоката 26.278 денари. Општините Охрид, Зрновци, Желино, Дојран за сега има потреба само од вработување по еден државен службеник. Па така локалните власти во Охрид вработуваат соработник за следење на локалниот економски развој со нето плата од 24.000 денари, потоа општина Зрновци вработува еден виш референт – архивар со нето плата од 15.671 денари. Желино бара еден извршител на позицијата виш соработник за утврдување на такси и надоместоци со нето плата од 24.426 денари, додека пак референтот односно комуналниот редар кој ќе се вработи во Дојран ќе биде платен со нето плата од 14.909 денари. Самостоен референт за јавни дејност, помлад соработник за комунални дејности, како и помлад инспектор за животна средина се вработуваат во општина Липково, а нето платата на првата позиција изнесува 16.495 денари, додека пак на другите две позиции изнесува 22.047 денари. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев пак има потреба од еден виш соработник за поддршка на неговите активности, а лицето кое ќе биде вработено на оваа позиција ќе зема нето плата од 23.105 денари. Oпштината има потреба и од еден самостоен референт за одржување на улично осветлување. Општина Кавадарци има потреба од четири државни службеници на позициите советник за спроведување на урбанистички планови, соработник за заштита на животната средина, еден раководител на одделение за обуки и оценување, како и еден виш референт за услуги на граѓаните од областа на социјална и детска заштита, со нето плата од 15.700 денари до 29.694 денари. Преку оглас за вработување и општина Велес вработува еден советник за нормативно – правни работи, помлад соработник администратор на ИС, како и еден самостоен референт за административна поддршка со нето плата од 16.474 денари, додека за првите две позиции нето плата изнесува 26.257 и 22.026 денари. Општина Аеродром, ,пак преку два распишани огласи вработува двајца државни службеници и тоа еден помошник раководител на сектор за образование, култура, спорт и заштита со нето плата од 32.866 денари, како и еден извршител на позицијата помлад соработник за материјално книговодство со нето плата од 22.027 денари. Но, не се само овие огласи за вработување на партиски кадри на владејачката СДСМ. За  потсетување, деновиве и неколку државни институции објавија огласи за вработување на државни и јавни службеници на раководни позиции. Во услови кога Република Македонија се соочува со здравствена и економска криза, како и кога се зголемува бројот на отпуштени работници, локалните власти и централната власт забрзано ги полнат институциите преку масовни вработувања, што е сосема спротивно од она кое што го ветуваа во предизборниот период, но и во периодот кога беа опозиција па на големо ја критикуваа тогашната владата на ВРМО-ДПМНЕ. Според познавачите, преку вработување во државната и јавна администрација е политички трик на власта а без сомнение може да се каже дека се очекува овие нововработени да бидат верни поддржувачи на владејачката партија и ќе прераснат во гласачко тело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masovni-vrabotuvanja-vo-opshtinite-srede-ekonomska-i-zdravstvena-kriza-se-vrabotuvaat-duri-56-drzavni-sluzbenici-foto/feed/ 0