Аднан Ќахил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 May 2023 12:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аднан Ќахил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќахил за власта: Што очекувате од овие луѓе на кои прво вработување им е министер, а од легално образование има само забавиште завршено, како очекувате вие да ги брани интересите на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kahil-za-vlasta-shto-ochekuvate-od-ovie-luge-na-koi-prvo-vrabotuvane-im-e-minister-a-od-legalno-obrazovanie-ima-samo-zabavishte-zavrsheno-kako-ochekuvate-vie-da-gi-brani-interesite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kahil-za-vlasta-shto-ochekuvate-od-ovie-luge-na-koi-prvo-vrabotuvane-im-e-minister-a-od-legalno-obrazovanie-ima-samo-zabavishte-zavrsheno-kako-ochekuvate-vie-da-gi-brani-interesite-na-makedonija/#respond Tue, 30 May 2023 12:31:03 +0000 https://kurir.mk/?p=840433

„Владата не беше меѓу првите што честиташе на победата на Ердоган, а мислам дека требаше да го направи тоа. Но не е нешто ново за мене“, истакна Аднан Ќахил во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. „Турција цело време нѐ ословуваше со Република Македонија додека сите нѐ омаловажуваа“, потсети тој. Во текот на емисијата се осврна и на актуелните проблеми во Македонија за кои причинител е власта. „За во правда гледам дека подготвуваат еден закон во рамки на државјанство да пишува Турчин, Албанец итн. значи еден проект закон“, рече Ќахил. Тој запраша чуму е потребата тогаш да се прави попис во Македонија ако се подготвува еден ваков закон. „Ние се стремиме кон ЕУ така? Каде во Европа постои права и обврски во однос на процент? Тоа во Европа не постои“, нагласи тој. Говорејќи за уставните измени потсети дека за слобода на Македонија од 33.000 мртви во Втората Светска Војна има 8.000 мртви Турци. Значи и Турци дале живот за слобода на Македонија. и сега од власта ја бришат историјата. Но власта треба да знае дека Турците што живеат во Македонија не се гости туку државјани тука. „Некој им рекол на Бугарите да ќе направиме сето тоа, а вие поддржете нѐ. И сега Бугарите се држат до тоа. И затоа велам прво треба да се расчисти во нашиот двор, и да кажат што прифатиле, што не прифатиле, па после да се свртиме кон Бугарија“, рече Ќахил. Тој појасни дека ако треба да граѓаните да станат нечии робови на еден договор на една клика, не треба да се прифати по ниту една цена. „Потребно е да има кадри на политичари кои што знаат што зборуваат, кои што можат да застанат позади нашите луѓе и да кажат не може ова вака, заради тие и тие работи. Ама што очекувате од овие луѓе на кои прво вработување им е министер, а од легално образование има само забавиште завршено. Како очекувате вие да ги брани интересите на Македонија“, запраша Ќахил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kahil-za-vlasta-shto-ochekuvate-od-ovie-luge-na-koi-prvo-vrabotuvane-im-e-minister-a-od-legalno-obrazovanie-ima-samo-zabavishte-zavrsheno-kako-ochekuvate-vie-da-gi-brani-interesite-na-makedonija/feed/ 0
Професор Аднан Ќахил: Турците се лојални граѓани на Македонија, но треба да имаат свое влијание при носење на одлуки што ги засегаат односите со Р. Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-adnan-kjahil-turcite-se-lojalni-gragjani-na-makedonija-no-treba-da-imaat-svoe-vlijanie-pri-nosenje-na-odluki-shto-gi-zasegaat-odnosite-so-r-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-adnan-kjahil-turcite-se-lojalni-gragjani-na-makedonija-no-treba-da-imaat-svoe-vlijanie-pri-nosenje-na-odluki-shto-gi-zasegaat-odnosite-so-r-turcija/#respond Wed, 15 Apr 2020 17:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=332799

Турците во Македонија, без исклучок, секогаш ја потврдуваат својата лојалност кон Македонија. Исто така, граѓаните турци се нераскинлива врска со Р.Турција. Но само по себе, се наметнува прашањето, дали секогаш тоа е така, јас велам не, за тоа има многу аргументи. Во последно време владата на Р.М преку своите министри носи одлуки кои се во спротивност, на декларираната одлична меѓудржавна политика. Изгледа меморијата на оваа влада е избледнета и би требало да потсетам на неколку факти, пишува во својата објава професорот Аднан Ќафил. 1. Р.Турција меѓу првите ја призна независноста на Р.Македонија и прва воспостави дипломатски односи. 2. Го бранеше уставното име на Р.М, на сите официјални и неофицијални настани, секаде каде беше потребно. 3. Во НАТО, секогаш ни се обраќаше како Р.М и со фус-нота даваше забелешка за нашето име, кога сите беа против на нашето уставно име. 4. Целосно ги подржуваше, евроатланските интеграции на Македонија, и се бореше за нас и во наше име. 5. Потпиша спогодба за стратешко партнерство со Р.М по ветото за членство во НАТО во 2008 год. 6. Секогаш Р.Турција, но и невладините организации на оваа држава (на пр. Тика и др.), ни помагаа, доделувајќи финансиска, техничка, здравствена, образовна и секаква друга помош во нормални услови, но и во критични времиња. Сето наведено е само мал дел од безрезервната подршка на Р.Турција кон Македонија, без никаков интерес, без позадина и со голема братска љубов. Последниот настан, од пред неколку дена, покажа дека Р.Турција, Турскиот народ и почитуваниот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжуваат без застој да помагаат. Овојпат со помошта што ни ја испратија за борба со корона вирусот, покажаа дека хуманоста е во преден план од нивна страна. За жал, размислувањата и делувањето на оваа влада очигледно се променети, во однос на Р. Турција и со нова матрица се влегува во нова (негативна би рекол) билатерала. Овие аргументи што следат, се само мал дел од нашето непринципијално однесуванје кон Р. Турција. 1. Во ноември, во време кога премиер беше Зоран Заев се носи одлука, за приклучување кон санкциите на ЕУ спрема Турција, поради "истражувањата на наоѓалиштата на природен гас во медитеранот". 2. Откако Македонија стана членка на НАТО, министрите се заблагодарија, без малку, на сите земји (членови или аспиранти) за подршката. Намерно или случајно се изостави Р. Турција, која во овој процес беше најголем наш подржувач. 3. Ако во власта партипицираат две турски партии, како е возможно министерот за надворешни работи да ја прими пратката без министер од турска националност? Каде е министерот? Кој треба да ги брани интересите на граѓаните турци. Очигледно дека министерот од турска националност ниту учествувал, ниту го прашале, ниту пак реагирал за сето погоре напишано. Во нормални околности, овдешните турци треба да имаат свое влијание при носење на одлуки што ги засегаат односите со Р. Турција. Се запраша ли владата што мислат тие за овие санкции? Јас можам да бидам против овие партии, но факт е дека тие треба да бидат прашувани консултирани и да учествуваат во креирањето на владините проекции, особено кога се работи за турците во Македонија. Одличните врски со Р. Турција, не би требало да се нарушат со брзоплети и ненавремени политички одлуки, поради интереси (не знам какви!!!) на некои министри од владта, или пак целата влада. Немање сопствен став во однос на ваквите ситуации, ќе ги стават нашите национални интереси во ќор сокак, во однос на билатералните корелации со Р.Турција, реагира преку Фејсбук професорот Аднан Ќахил . https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1481380475366078&id=761719160665550]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-adnan-kjahil-turcite-se-lojalni-gragjani-na-makedonija-no-treba-da-imaat-svoe-vlijanie-pri-nosenje-na-odluki-shto-gi-zasegaat-odnosite-so-r-turcija/feed/ 0
Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-gi-razreshuva-ministrite-ahmedovski-i-kjahil-i-kje-izbira-novi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-gi-razreshuva-ministrite-ahmedovski-i-kjahil-i-kje-izbira-novi/#respond Wed, 26 Dec 2018 08:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=145172

Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам. Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан. На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во право чиртање. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-gi-razreshuva-ministrite-ahmedovski-i-kjahil-i-kje-izbira-novi/feed/ 0
Заев даде предлог на Собранието: Двајца министри ќе бидат разрешени, еве кој ќе дојде на нивно место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dade-predlog-na-sobranieto-dvajca-ministri-kje-bidat-razresheni-eve-koj-kje-dojde-na-nivno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dade-predlog-na-sobranieto-dvajca-ministri-kje-bidat-razresheni-eve-koj-kje-dojde-na-nivno-mesto/#respond Tue, 25 Dec 2018 17:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=145021

Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието да ги разреши министрите без ресор- Аксел Ахмедовски, и Аднан Ќахил од функцијата. Заев на местото на Ахмедовски, за министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите го предложи Музафер Бајрам. На местото пак на Аднан Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Заев го предложи Елвин Хасан. Музафер Бајрам е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а Елвин Хасан е потпретседател на Партијата за движење на Турците (ТХП).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dade-predlog-na-sobranieto-dvajca-ministri-kje-bidat-razresheni-eve-koj-kje-dojde-na-nivno-mesto/feed/ 0
Министерот Аднан Ќахил искучен од партијата, ТХП бара Заев да го разреши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-adnan-kjahil-iskuchen-od-partijata-thp-bara-zaev-da-go-razreshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-adnan-kjahil-iskuchen-od-partijata-thp-bara-zaev-da-go-razreshi/#respond Wed, 28 Nov 2018 09:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=132955

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека со одлука на партиските органи го исклучила Аднан Ќахил од партијата, а од премиерот Зоран Заев побарале негово разрешување од функцијата министер без ресор. -Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти. Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење, се вели во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-adnan-kjahil-iskuchen-od-partijata-thp-bara-zaev-da-go-razreshi/feed/ 0
Јакуповиќ: Министерот Ќахил паркираше на тротоар, а запрашан зошто узурпира јавен простор одговори дека тој е држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakupovikj-ministerot-kjahil-parkirashe-na-trotoar-a-zaprashan-zoshto-uzurpira-javen-prostor-odgovori-deka-toj-e-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakupovikj-ministerot-kjahil-parkirashe-na-trotoar-a-zaprashan-zoshto-uzurpira-javen-prostor-odgovori-deka-toj-e-drzava/#respond Wed, 25 Jul 2018 09:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=80833

Актерот Един Јакуповиќ на социјалната мрежа Фејсбук обвини дека министерот без ресор, Аднан Ќахил паркирал на тротоар, а откако го прашал зошто го узурпира јавниот простор министерот кратко одговорил: „Јас сум држава“. -Кога го запрашав зошто го узурпира јавниот простор на пешаците ми одговори: јас сум држава. Возилото е на министерот без ресор Аднан Ќахил, напиша Јакуповиќ на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakupovikj-ministerot-kjahil-parkirashe-na-trotoar-a-zaprashan-zoshto-uzurpira-javen-prostor-odgovori-deka-toj-e-drzava/feed/ 0