адвокат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 14:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png адвокат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лекар и адвокат направиле ДРСКИ ИЗМАМИ, еве на каква злоупотреба биле жртви пациенти и доктори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekar-i-advokat-napravile-drski-izmami-eve-na-kakva-zloupotreba-bile-zhrtvi-patsienti-i-doktori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekar-i-advokat-napravile-drski-izmami-eve-na-kakva-zloupotreba-bile-zhrtvi-patsienti-i-doktori/#respond Fri, 28 Jul 2023 14:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=861202

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“, против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“. Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот Мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина. Ваквите извештаи, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари. Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekar-i-advokat-napravile-drski-izmami-eve-na-kakva-zloupotreba-bile-zhrtvi-patsienti-i-doktori/feed/ 0
Адвокат и нотар вмешани во измама: За продажба на едно возило направиле ХАОС – еве за што ќе одговараат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/advokat-i-notar-vmeshani-vo-izmama-za-prodazhba-na-edno-vozilo-napravile-haos-eve-za-shto-ke-odgovaraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/advokat-i-notar-vmeshani-vo-izmama-za-prodazhba-na-edno-vozilo-napravile-haos-eve-za-shto-ke-odgovaraat/#respond Thu, 06 Jul 2023 14:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=853672

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М. (50) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела, и тоа: „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, Х.И.(44) од с.Голема Речица, поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела, и тоа: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и помагање во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, К.А.(36) од с.Голема Речица поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа: „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Н.Т.(43) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“. Имено, првопријавениот А.М., во својство на адвокат и третопријавениот К.А. на 17.05.2023 направиле лажен купопродажен договор за патничко возило како да е склучен помеѓу едно лице од с.Требош - како продавач и пријавениот К.А. и уште едно лице - како купувачи. При изготвување на договорот А.М. изготвил и Изјава на име на Х.И., а потоа истата ја заверил кај нотар. Потоа, Н.Т. во својство на нотар направил препис на Договорот, но наведените податоци не се совпаѓале со податоците кои биле наведени во штембилот, а потоа и препис на документ кој не бил оригинал, бидејќи купопродажен договор не постоел, со што со извршениот препис, купопродажниот Договор станал валиден, додека третопријавениот К.А. направениот препис го употребил на технички преглед и патничкото возило „голф 5“ го префрлил на свое име, а потоа го продал на друго лице. Исто така, второпријавениот Х.И., сакајќи да го продаде возилото, го зел од Н.И., а по неколку денови Х.И., му го дал на А.М. возилото со клуч и сообраќајна дозвола на име на Н.И., по што истиот направил лажен договор и возилото му го продал на третопријавениот К.А.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/advokat-i-notar-vmeshani-vo-izmama-za-prodazhba-na-edno-vozilo-napravile-haos-eve-za-shto-ke-odgovaraat/feed/ 0
Вашингтон пост: Трамп не може да најде адвокат кој ќе го претставува пред федералниот суд во Мајами https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-tramp-ne-mozhe-da-najde-advokat-koj-ke-go-pretstavuva-pred-federalniot-sud-vo-majami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-tramp-ne-mozhe-da-najde-advokat-koj-ke-go-pretstavuva-pred-federalniot-sud-vo-majami/#respond Tue, 13 Jun 2023 13:46:01 +0000 https://kurir.mk/?p=845301

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп цело попладне поминал во потрага по адвокат кој може да го претставува пред неговото историско појавување пред федералниот суд во Мајами, јави синоќа Вашингтон пост. Откако слетал вчера во Мајами, Трамп го поминал попладнето во интервјуа со можни адвокати и средби со својот правен тим и други советници да дискутира за делото според кое тој е обвинет зa погрешно ракување со класифицирани документи и попречување на владини напори тие да бидат пронајдени. Неколку топ правници од Флорида одбиле да го имаат Трамп како клиент откако двата клучни адвокати, Џим Трасти и Џон Роули си дале оставка минатата недела. Поради тоа, единствен кој остана е адвокатот од Њујорк, Тод Бланш, кој се занимава со делото од Њујорк, како и искусниот правен асистент Кристофер Кис. Претходно, на својата социјална мрежа Трамп соопшти дека Бланш ќе ја види одбраната заедно со „фирма која ќе биде именувана“. Кис можеби нема да се појави бидејќи имал разногласја со Трамп за случајот со документите, коментираат познавачите. Заминувањето на Трасти и Роули беше неочекувано, со што тимот на Трамп остана во последен момент да ја идентификува правната тактика како ќе биде претставен пред судот во Мајами. Правилата налагаат главниот адвокат да има добра репутација пред адвокатската комора на Флорида или да биде спонзориран од таков пред појавувњето. Кис помогна во регрутацијата на таков адвокат но кој ќе биде тоа е сеуште непознато, пишува весникот. Во текот на бројните судски случаи и тужби против него Трамп има проблеми со ангажирање и задржување на адвокати уште од неговиот избор за претседател во 2016 година, наведува Вашингтон пост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-tramp-ne-mozhe-da-najde-advokat-koj-ke-go-pretstavuva-pred-federalniot-sud-vo-majami/feed/ 0
Адвокат открива: Ова е најчестата причина поради која се разведуваат родители кои се вработени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/advokat-otkriva-ova-e-najchestata-prichina-poradi-koja-se-razveduvaat-roditeli-koi-se-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/advokat-otkriva-ova-e-najchestata-prichina-poradi-koja-se-razveduvaat-roditeli-koi-se-vraboteni/#respond Wed, 10 May 2023 20:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=832794

Семејниот адвокат Денис Р. Ветрано кој живее во Њујорк, на својот профил редовно ги објавува трендовите што ги забележува во однос на разводот, односно паровите кои се пред ваква постапка. Вели дека многу парови имаат стресни работни места и деца за кои треба да се грижат, а нивните врски често се распаѓаат бидејќи сепак се очекува жените да преземат поголем дел од домашните обврски. Видеото, кое досега е прегледано повеќе од 4,7 милиони пати, започнува со прашањето: „Дали сакате да знаете кој е главниот проблем што го гледам во случаите на развод? Потоа објаснува дека гледа како „вработените мајки прават сè, а сопрузите се држат настрана“. Тој вели дека „домаќинските работи не се делат подеднакво“. -Таа се грижи за децата, купува намирници, пере, готви, работи, заработува и ги плаќа сметките, тврди адвокатот и додава дека забележал дека „мажите често мислат дека можат да се дружат со своите пријатели наместо да ги делат домашните обврски со партнерот. Во видеото тој додава дека „жените се уморни и тоа често ги доведува до точка на „пукање“, која ги уништува врските“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/advokat-otkriva-ova-e-najchestata-prichina-poradi-koja-se-razveduvaat-roditeli-koi-se-vraboteni/feed/ 0
Прелиминарна истрага на грчкото Обвинителство за нацистичкиот поздрав во судот од адвокат на Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preliminarna-istraga-na-grchkoto-obvinitelstvo-za-nacistichkiot-pozdrav-vo-sudot-od-advokat-na-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preliminarna-istraga-na-grchkoto-obvinitelstvo-za-nacistichkiot-pozdrav-vo-sudot-od-advokat-na-zlatna-zora/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=744834

Согласно одредбите на антирасистичкиот закон, Обвинителството во Атина ќе спроведе прелиминарна истрага за нацистичкиот поздрав на еден од адвокатите на Златна зора за време на рочиштето во петокот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Истрагата се однесува на Константинос Плеврис, кој е адвокат на европратеникот и осуден член на Златна зора Јанис Лагос, а нацистичкиот поздрав, регистриран и од присутните фотографи, предизвика низа реакции во судницата. Според медиумите во Грција, во рамките на истрагата ќе бидат повикани да дадат исказ адвокатите присутни во судницата, со цел да се разјасни и истражи што точно се случило. Адвокатот Константинос Плеврис е татко на актуелниот министер за здравство на Грција Танос Плеврис, кој завчера, во интервју за грчка телевизија, рече дека станува збор за брутална постапка, која лично него го згрозила поради две причини: затоа што нацистичкиот поздрав беше во судница и затоа што беше пред „мајката чиј син беше убиен од на нацист“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preliminarna-istraga-na-grchkoto-obvinitelstvo-za-nacistichkiot-pozdrav-vo-sudot-od-advokat-na-zlatna-zora/feed/ 0
Адвокатите не можат ниту да дадат завршни зборови, ВМРО-ДПМНЕ не е странка во постапката „Талир 2“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-ne-mozat-nitu-da-dadat-zavrshni-zborovi-vmro-dpmne-ne-e-stranka-vo-postapkata-talir-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-ne-mozat-nitu-da-dadat-zavrshni-zborovi-vmro-dpmne-ne-e-stranka-vo-postapkata-talir-2/#respond Tue, 07 Jun 2022 10:02:24 +0000 https://kurir.mk/?p=687690

„Денес Вие почитуван судија кажавте дека мојата обврска за давање на завршен збор произлегува од членот 531 од ЗКП. Тоа беше последната реченица која денес ја кажавте. Во таа смисла на членот 531 на ЗКП јас ќе ви ги кажам следните позиции на правното лице чиј претставник сум во оваа постапка, а тоа е политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Пред се не е странка оваа политичка партија односно ова правно лице во оваа постапка. не е странка согласно Законот за кривична постапка. правата кои ги уживаме во оваа постапка и кои ни се дадени на предлог на Јавното обвинителство да воопшто учествуваме во постапката произлегуваат од одредбите на Глава 34 од ЗКП. Имено точна е одредбата во членот 531 која Вие ја споменавте почитуван судија дека имаме одредени права. Но, тие права не се права на завршен збор. Напротив, јас на оваа околност ќе се произнесам за да и Советот и обвинителот, и бранителите, а пред се и македонската јавност биде запознаена токму на начинот и дали воопшто е дадена можност за користење на овие права на правното лице политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во оваа постапка“, истакна Дончо Наков, претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и адвокат во завршните зборови на случајот „Талир 2“. Наков додаде дека уште во претходна постапка која се водела по тој предмет на барања на неовластен тужител, односно со пречекорување на роковите предвидени во СЈО, Законот за СЈО, а понатамошно постапување на неовластени двајца обвинители од други обвинителства по измените на Законот за јавно обвинителство кој предвидува со итна постапка во која што Републичкиот јавен обвинител е во можност да на преземените предмети од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција делегира обвинители од други обвинителства кои не се во обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција, наспроти тие одредби во предметот „Талир 2“ целосно и континуирано се застапува неовластени тужители односно јавни обвинители. „На страна од сите овие работи кои ги истакнав јас сакам да истакнам следново, во таа претходна постапка издадена наредба за привремена мерка обезбедување на имот кој според тезата на ЈО кој според предлогот на ЈО дадено во таа фаза на постапката и кој според завршниот збор на обвинителство треба да биде одземен од третото лице на кој наводно таа имотна корист е пренесена, а тоа е политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која во оваа постапка не е странка. Затоа законодавецот точно во својата одредба од член 531 на ЗКП предвидел во која фаза на постапката и на кој начин и со кој статус лицето како што вели законодавецот – третото лице на кое е пренесена имотната корист прибавено со наводно кривично дело треба да биде повикано со кои права и со кој статус. Ова мое произнесување не е произнесување ниту во завршен збор, а уште помалку произнесување по членот 531 од ЗКП. Имено, членот 531 став 1 предвидува дека лицата кои при евентуална конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело врз кој е пренесена имотната корист, како и претставник на правното лице во конкретниов случај политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се повикаат заради испитување на главната расправа. Повторувам ќе се повикаат заради испитување на главната расправа“, рече Наков. Наков потенцираше дека став 2 на членот 531 од ЗКП е уште поконкретен. Тој укажува во која фаза на постапка точно определено и во кое својство и на кои околности ќе се спроведе испитување на претставникот на правното лице,а во конкретниов случај политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој во своето говорење се осврна дека адвокатите не можат ниту да дадат завршни зборови, ВМРО-ДПМНЕ не е странка во постапката „Талир 2“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-ne-mozat-nitu-da-dadat-zavrshni-zborovi-vmro-dpmne-ne-e-stranka-vo-postapkata-talir-2/feed/ 0
Напад во адвокатска канцеларија во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napad-vo-advokatska-kancelarija-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napad-vo-advokatska-kancelarija-vo-prilep/#respond Sat, 30 Apr 2022 14:31:00 +0000 https://kurir.mk/?p=670185

На 29.04.2022 во 22.15 часот Ф.Ѓ.(29) од Прилеп пријавила дека околу 19.40 часот во адвокатска канцеларија во Прилеп била физички нападната од С.А. и К.Т., сите странки во канцеларијата, информира МВР. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napad-vo-advokatska-kancelarija-vo-prilep/feed/ 0
Ова дефинитивно никој не го очекуваше: Ким Кардашијан тргнува по стапките на својот татко со надеж дека луѓето ќе ја сфатат посериозно – „Ќе станам адвокатка!“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-definitivno-nikoj-ne-go-ochekuvashe-kim-kardashijan-trgnuva-po-stapkite-na-svojot-tatko-so-nadez-deka-lugjeto-kje-ja-sfatat-poseriozno-kje-stanam-advokatka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-definitivno-nikoj-ne-go-ochekuvashe-kim-kardashijan-trgnuva-po-stapkite-na-svojot-tatko-so-nadez-deka-lugjeto-kje-ja-sfatat-poseriozno-kje-stanam-advokatka/#respond Mon, 28 Mar 2022 20:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=654835

Ким Кардашијан тврди дека има уште една улога во животот што треба да ја одигра и се надева дека луѓето ќе почнат да ја сфаќаат многу посериозно. Тоа е улогата на адвокат. Ѕвездата на реално шоу, мајка, сопственичка на компанија и актерка во многу други познати и неславни улоги, по бурниот развод од раперот Кање Вест, во неодамнешното интервју за Vogue Hong Kong изјави: – Сонувам да создадам успешна адвокатска канцеларија по примерот на татко ми Роберт Кардашијан, кој беше познат адвокат. Таа објасни дека нејзиниот татко значително влијаел врз одлуката да тргне по неговите стапки и дека нема да се откаже. – Дефинитивно ми влијаеше дружењето со татко ми во неговата канцеларија. Желбата да се занимавам со оваа работа со години ја носам во душата и многу сум горда што сега ќе ја реализирам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-definitivno-nikoj-ne-go-ochekuvashe-kim-kardashijan-trgnuva-po-stapkite-na-svojot-tatko-so-nadez-deka-lugjeto-kje-ja-sfatat-poseriozno-kje-stanam-advokatka/feed/ 0
Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-doajenot-na-makedonskata-advokatura-savo-kocarev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-doajenot-na-makedonskata-advokatura-savo-kocarev/#respond Wed, 02 Feb 2022 13:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=625975

Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев. Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија. Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата. Во оваа прилика Коцарев истакна дека да се биде дел од адвокатската фела е голема чест. Адвокатурата, нагласи познатиот адвокат, е една благородна професија чија основна мисија e заштита на човековите права и слободите. Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31. Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изрази сочувство до семејството и најблиските.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-doajenot-na-makedonskata-advokatura-savo-kocarev/feed/ 0
Уапсен адвокатот на Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-advokatot-na-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-advokatot-na-navalni/#respond Fri, 30 Apr 2021 07:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=503972

Адвокатот на рускиот опозиционер Алексеј Навални, Иван Павлов е уапсен и притворен, соопшти неговиот колега Јевгениј Смирнов. Павлов бил задолжен за Антикорупциската фондација на Навални. Навални служи затворска казна од две ипол години поради кршење на условната слобода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-advokatot-na-navalni/feed/ 0