адвокати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 09:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png адвокати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-negovite-advokati-kazneti-so-rechisi-eden-milion-dolari-za-tuzhba-protiv-klinton/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-negovite-advokati-kazneti-so-rechisi-eden-milion-dolari-za-tuzhba-protiv-klinton/#respond Fri, 20 Jan 2023 09:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=789624

Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите за да ја унапреди својата политичка агенда. – Овој случај никогаш не требаше да биде покренат. Од самиот почеток беше очигледна несоодветноста на неговите правни барања. Ниту еден разумен адвокат не би го водел. Согласно политичката целисходност, ниту една од точките во изменетата жалба не претставуваше легитимно правно барање“, напиша Мидлбрукс во одлуката на 45 страници. Трамп ја тужеше Клинтон, демократската кандидатка за претседател во 2016 година, тврдејќи дека таа и другите демократи се обиделе да ги наместат изборите со лажно обвинување дека неговата кампања е поврзана со Русија. Мидлбрукс, кој беше назначен за судија во 1997 година од претседателот Бил Клинтон, го отфрли случајот во септември, нарекувајќи ја тужбата „политички манифест од двесте страници во кој се наведени неговите поплаки против оние што му се спротивставуваат“. Во 2020 година, Трамп се повлече од претседателската функција откако беше поразен од демократот Џо Бајден, по што тој постојано изнесуваше лажни тврдења, зборувајќи за изборна измама. Милијардерот најави дека ќе се кандидира на претседателските избори и во 2024 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-negovite-advokati-kazneti-so-rechisi-eden-milion-dolari-za-tuzhba-protiv-klinton/feed/ 0
Си-Ен-Ен: Адвокати пронајдоа нови доверливи документи на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-advokati-pronajdoa-novi-doverlivi-dokumenti-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-advokati-pronajdoa-novi-doverlivi-dokumenti-na-bajden/#respond Thu, 12 Jan 2023 06:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=786206

Адвокатите на американскиот претседател Џозеф Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи, јави Си-Ен-Ен. Еден од изворите изјави за Си-Ен-Ен дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Се уште не е познато кога и каде адвокатите на Бајден ги пронашле дополнителните документи. Првичното откривање на доверливи документи во поранешната канцеларија на Бајден поттикна потрага на други локации каде што можеби биле оставени документи од неговото време како потпретседател. Конгресната комисија вчера најави дека ќе испита зошто документите означени како доверливи се пронајдени во поранешната приватна канцеларија на претседателот Џозеф Бајден во невладина организација во Вашингтон.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-advokati-pronajdoa-novi-doverlivi-dokumenti-na-bajden/feed/ 0
Мијалков и неговите адвокати позитивни на коронавирусот – денешното рочиште одложено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-i-negovite-advokati-pozitivni-na-koronavirusot-deneshnoto-rochishte-odlozeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-i-negovite-advokati-pozitivni-na-koronavirusot-deneshnoto-rochishte-odlozeno/#respond Fri, 14 Jan 2022 11:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=619306

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19. Мијалков е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари. И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни на вирусот. Поради ова, денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за предметот Плацови на Водно. Ова беше прво закажано рочиште откако Мијалков пред нова година беше пуштен на слобода, односно му беше укинат притворот со гаранција од 11 милиони евра, а со слична сума пред Божиќ беше пуштен и бизнисменот Орце Камчев. И на двајцата им се суди за Плацовите на Водно. Судијата Илија Трпков наредното судење го закажа за 24 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-i-negovite-advokati-pozitivni-na-koronavirusot-deneshnoto-rochishte-odlozeno/feed/ 0
Адвокатите на Трамп: Сенатот нема овластување да му суди на поранешниот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatite-na-tramp-senatot-nema-ovlastuvanje-da-mu-sudi-na-poraneshniot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatite-na-tramp-senatot-nema-ovlastuvanje-da-mu-sudi-na-poraneshniot-pretsedatel/#respond Tue, 02 Feb 2021 19:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=463332

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјавија дека американскиот Сенат нема овластување да му суди за отповикување како приватно лице, обвинувајќи го за поттикнување на бунтот и упадот во Капитол од 6 јануари. Британските медиуми јавуваат дека во поднесокот на тимот на Трамп што тие го доставија на една недела пред почетокот на неговото судење, исто така, тврдат дека Сенатот нема овластување да го спречи тој во иднина да извршува јавната функција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatite-na-tramp-senatot-nema-ovlastuvanje-da-mu-sudi-na-poraneshniot-pretsedatel/feed/ 0
Адвокатите на Навални денеска го обжалуваат притворот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatite-na-navalni-deneska-go-obzaluvaat-pritvorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatite-na-navalni-deneska-go-obzaluvaat-pritvorot/#respond Thu, 28 Jan 2021 07:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=460820

Судот во Химки, предградие на Москва, денеска треба да донесе одлука по жалбата за 30-дневниот предистражен затвор на рускиот дисидент и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, јави ДПА. Навални се врати во Русија на почетокот на овој месец, откако се лекуваше во Германија по обидот за атентат со нервниот агенс „Новичок“. Тој по пристигнувањето беше веднаш приведен и осуден на претходна постапка, потсети германската агенција. Адвокатите на Навални се надеваат дека судот ќе го ослободи 44-годишниот опозионер. Руските обвинители го товарат за прекршење на претходно изречената условна казна со неговот патување и подолго задржување во Германија. Луѓе од опкружувањето на Навални повикаа на продолжување на протестите што почнаа минатата недела, без разлика на тоа каква одлука денеска ќе донесе судот, додава ДПА. Дали претходната условна казна ќе се претвори во затворска казна, како што повикуваат обвинителите, ќе се одлучи на судењето закажано на 2 февруари. Изминатиот викенд на улиците на Москва и другите градови низ Русија излегоа илјадници демонстранти со повикот за ослободување на Навални, а над 3.700 лица беа приведени од безбедносните сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatite-na-navalni-deneska-go-obzaluvaat-pritvorot/feed/ 0
Адвокатски компании реагираат на изјавите на Ангеловска: Не сме добиле помош од владата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatski-kompanii-reagiraat-na-izjavite-na-angelovska-ne-sme-dobile-pomosh-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatski-kompanii-reagiraat-na-izjavite-na-angelovska-ne-sme-dobile-pomosh-od-vladata/#respond Thu, 11 Jun 2020 17:54:19 +0000 https://kurir.mk/?p=356768

Откако министерката за финансии, Нина Ангеловска, во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија изјави дека со помошта на владата од 14.500 денари се опфатени и регистрираните нотари и адвокати како самостојни вршители на дејност, дел од адвокатските компании реагираат дека не добиле никаква помош од страна на власта. -Тие што се регистрирани нотари и адвокати како самостојни вршители на дејност се опфатени со оваа мерка од 14.500 денари. Со тоа што тоа е посебна Уредба за истата мерка, меѓутоа бидејќи се по друг закон е уредба за самостојни вршители на дејност, и истата ќе биде продолжена за уште еден месец, вели Ангеловска. Но, веднаш по изјавеното стигна реакција од страна на некои адвокатски компании каде што посочуваат дека до сега ниту една адвокатска компанија не добила никаква помош од страна на власта. Имено, новинарката Елизабета Галевска и се обрати на Ангеловска дали знае дел од адвокатските компании кои ја искористиле мерката. -Има реакции од страна на адвокатски компании. Ќе може ли ако не сега, тогаш во текот на утрешниот ден јавно на Канал 5 да посочите која адвокатска компанија аплицирала и добила помош, бидејќи од оние кои што се јавуваат никој до сега не добил помош, вели Галевска. На ова Ангеловска се бранеше дека не може со сигурност да тврди кои и колку адвокатски компании ја искористиле владината мерка, укажувајќи дека може да поднесат барање до МФ и УЈП и да добијат соодветен одговор. -Јас не можам со сигурност да тврдам колку и кои адвокатски канцеларии аплицирале или искористиле, се работи за 20.000 компании, но ако имаат прашања и барања може да се обратат до Министерството за финансии и УЈП ќе погледнеме за што се работи и ќе дадеме соодветен одговор, рече таа. Галевска посочи дека од она што го провериле од Канал 5 немало таква информација дека некој добил поддршка од владата. -Добро, од она што е проверено во моментот од Канал 5 на тој сајт нема таква информација дека некој добил, рече Галевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatski-kompanii-reagiraat-na-izjavite-na-angelovska-ne-sme-dobile-pomosh-od-vladata/feed/ 0
74 адвокати со апел до Владата: Кривичен суд врши дискриминација и не постапува согласно одредбите во вонредна состојба! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/74-advokati-so-apel-do-vladata-krivichen-sud-vrshi-diskriminacija-i-ne-postapuva-soglasno-odredbite-vo-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/74-advokati-so-apel-do-vladata-krivichen-sud-vrshi-diskriminacija-i-ne-postapuva-soglasno-odredbite-vo-vonredna-sostojba/#respond Wed, 25 Mar 2020 08:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=321775

74 адвокати проследија заедничко Известување за вршење на дискриминација во однос на останатите граѓани во услови на постоење на вонредна состојба и непостапување согласно здравствените прописи и одлуките на Владата на Македонија за време на епидемија од страна на Основниот Кривичен Суд Скопје, со предлог мерки за понатамошниот тек на судењата. Во дописот тие велат: „Во овие моменти кога во Македонија е прогласена вонредна состојба и сечие движење и комуникација се доведени до минимум со цел спречување на ширење на коронавирусот и превенирање на било какви несакани последици, чувствуваме должност да ве известиме за противправното и дискриминирачко постапување на Кривичниот Суд Скопје и предлагаме мерки за натамошниот тек на судењата.“ Следува интегралниот допис на 74 адвокати упатен до:  Судски совет на Македонија, Врховен суд на Македониј, Технички премиер на Владата  – Оливер Спасовски, Министер за правда – Рената Десковска, Министер за здравство – Венко Филипче и Министер за внатрешни работи –Наќе Чулев. Иницијативата е упатена и до сите Амбасади во Република Македонија. -Почитувани, Во ова писмо, изнесуваме три основи заради кои сметаме дека Основниот Кривичен Суд Скопје, врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Скопје, во рамки на Кривичниот Суд со предлог како да се надмине состојбата со судските рочишта, бидејќи здравјето треба да биде наш заеднички приоритет.
  1. Со Одлуката за мерките за спречување на внесувањето и ширењето на коронавирусот Сovid-19 со која сите нејзини мерки добиваат правна основа за нивно спроведување донесена од страна на Владата на Македонија на ден 13.03.2020 година, се усвоија голем број на предложени мерки чија цел има да изврши превенција од ширење на вирусот и заштита на граѓаните на Македонија.
Оваа Одлука содржи мерки како што се забрана за одржување на јавни и приватни собири за сите државни установи и институции, без оглед на обемот и бројот на учесници, воведување на скратено работно време за многу објекти каде има голем обрт на луѓе со обврска за задржување на минимум неопходно растојание од најмалку метар и половина до два метри, за луѓето кои престојуваат во овие објекти и други мерки. Притоа, важно е да се напомене дека судовите, односно судските сали и простории не се исклучок од ова правило, каде на дневно ниво се остварува висока фреквенција на посетеност од страна на лица од различни старосни групи. Заради тоа, повикувајќи се на забраната за истовремено присуство на повеќе од 5 лица на отворен простор, во конкретниот случај се врши директна повреда на мерките од Владата од страна на Основниот кривичниот Суд, со оглед дека не постојат основни услови за придружување кон препораките издадени од Владата. Многумина од нас покрај клиентите во овие предмети имаме и 2 континуиран контакт и со други клиенти, така што ги изложуваме на ризик и клиентите и нивните семејства, но и нас самите и нашите семејства. Понатаму, противправното и дискриминирачко постапување од страна на Основниот Кривичен Суд Скопје се гледа и во различниот третман кој се применува од страна на останатите судови на територија на Македонија. Доколку се анализира Известувањето кое го објавил Кривичниот суд, во врска со рочиштата кои треба да се одржат во Кривичниот Суд Скопје, ќе се забележи дека се работи за вкупно 308 рочишта меѓу кои има предмети со по 10, 15, 20 и повеќе обвинети кои на истите присуствуваат со еден или повеќе бранители, што претставува голем број на лица во простории кои не се соодветно опремени, доволно пространи и за кои постојат сомнежи дали и како се дезинфицирани со потребните средства. Имено, судниците ќе бидат посетени од најмалку 200 лица во еден ден и најмалку од 20 лица во една судница истовремено. Оттука, станува збор за постапување кое е во директна спортивност со мерките на Владата. Мерките на владата не се однесуват само на заболените, но и на неззболените на кои им се наложува соодветен начин на однесување, движење, престој и комуникација со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
  1. Во својата изјава во однос на појаснувањето за ефектите на вонредната состојба, Министерката за правда г-ѓа Рената Дескоска изјави дека ниту едно ограничување на слободите и правата не смее да биде дискриминаторско по пол, раса, боја на кожа, вера, јазик, национално или социјално потекло, општествена или имотна состојба и истото не смее да се однесува на ограничување на правото на живот.
Очигледно е дека постапувањето од страна на Кривичниот суд упатува на спротивното, односно се врши директна дискриминација врз нас како бранители и директно се загрозува нашето право на живот, кое пак е директно поврзано и со правата на живот на нашите семејства, односно постои неоправдан ризик по здравјето и животот на сите странки во постапките, нивните бранители и вработените во Судот. Заради таа цел, бараме правото на живот за нас и нашите клиенти да биде третирано со еднаков третман како и за останатите граѓани на Македонија, како што тоа го налага член 9 од Уставот на Македонија.  
  1. Правото на живот е едно од основните и неприкосновени права на секој човек, кое освен со националното законодавство, се штити и со меѓународните конвенции на човекови права, како што е Европската Конвенција за човекови права (понатаму: ЕКЧП) која во член 2 предвидува дека правото на живот на секој човек е заштитено со закон.
Иако досега Европскиот Суд за човекови права во Стразбур (понатаму: ЕСЧП) нема развиено судска пракса за тоа како државите треба да постапуваат во случај на прогласена пандемија, постојат пресуди кои ја конкретизираат содржината на членот 2, каде Судот разгледувал предмети во кои странките се пожалиле дека нивниот живот бил изложен на ризик. Во предметот R.R and Others v. Hungary (пара. 26-32) апликантите се 3 пожалиле дека биле исклучени од програма за заштитени сведоци, додека во предметот Selahattin Demirtaş v. Turkey (пара. 30-36) апликантот се пожалил дека со објава на неговото име во весник, животот му бил доведен во ризик. Судот забележал дека ЕСЧП бара од државата не само да се воздржи од умислено или незаконско одземање на живот, туку и дека државата има обврска да преземе соодветни чекори за да ги заштити животите на оние кои се под нејзина јурисдиција (исто и во случајот L.C.B. v. the United Kingdom, пара.36). Толкувањето на оваа забелешка оди во насока дека истото не треба да наметне невозможен или диспропорционален товар за властите, но е релевантно да се утврди дали властите знаеле или не знаеле дека во предметното време кога постоел вистински и директен ризик по правото на живот на една индицидуа или индивидуи, истите не презеле мерки во рамки на нивните овластувања, што кога основано би се проценило, може да било очекувано да го направат за да се спречи тој ризик (R.R and Others v. Hungary, пара. 29). Оттука, Кривичниот Суд во Македонија е обврзан да утврди дали има услови за одржување на главна расправа непрекинато по неколку часови дневно во затворена судска сала, каде бранителот/ бранителите е/се во непосредна комуникација со обвинетот/ обвинетите, без притоа ваквите услови да не создадат директен ризик по правото на животот на бранителот/ бранителите, особено за повозрасните кои се во ризична група да бидат разболени, што може да доведе и до смртни последици. Воедно, во случај да се одлучи сепак да се одржи главна расправа, во тој случај како бранители ќе бидеме третирани со различен третман споредено со други бранители, со оглед на тоа дека ние сме ангажирани како бранители за обвинето лице за кое е обезбедена мерка на присуство. Со ова се врши дискриминација на член 14 од ЕКЧП и Протокол 12 кон ЕКЧП, бидејќи на овој начин ние како бранители сме обврзани да пружиме одбрана на нашиот клиент, иако водењето на кривичната постапка би имало легитимна цел наведена во член 32 од Казнениот Законик, со што не постои пропорционалност помеѓу употребените средства и целта која треба да се постигне (Burden v. UK, пара. 60). Притоа, согласно праксата на ЕСЧП, за утврдување дали различниот третман е сразмерен, ЕСЧП предвидува дека мора да постојат докази дека не постои друго средство со кое би се постигнала истата цел, односно неповолната ситуација која била предизвикана да претставува најмало можно ниво на штета потребно за да се постигне саканата цел. Во конкретниот случај, остварувањето на правдата, како и генералната и специјалната превенција како легитимни цели, може да се постигнат исто и преку водење на постапки кои би продолжиле откако ќе престане пандемијата. Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека скоро сите рочишта во изминативе 10 дена се одлагаат поради отсуство на странките во постапката заради почитување на мерките на Владата, но за жал поголем број на лица доаѓаат на судските рочишта само да се констатира дека се одлага рочиштето, со што повторно сме изложени на ризик. 4 Со оглед на горенаведеното во овој момент и под овие околности кои директно задираат по здравјето на сите граѓани на Македонија, бараме од Вас, а согласно вашите ингеренции, да придонесете итно да се преиспита одлуката на Претседателот на Кривичниот суд Скопје за продолжување на 308 судења. Во моментот не постојат услови за организирање на главна расправа кои овозможуваат да се избегне директниот ризик врз правото на живот на бранителите, осомничените и вработените во Судот, ценејќи ги нивната возраст и здравствена состојба. Дополнително, земајќи ја во предвид и ситуацијата со првиот смртен случај од коронавирусот во Македонија каде пациентот по приемот бил два пати тестиран и тестот покажал негативен резултат, го отвора прашањето дали може да се верува дека сите лица кои ќе присуствуваат на судењата, а ќе имаат негативен резултат на евентуално теститрање од вирусот, се навистина негативни на истиот. Оттука, ризикот по животот на сите присутни е неизбежен и директен и во овие моменти здравјето на граѓаните треба да биде пред се, заради што бараме само да се постапува согласно препораките на Владата и според здравствени прописи за време на епидемија од страна на Кривичниот Суд, поради што ги предлагаме надлежните органи итно да ги донесат следниве дополнители мерки:
  1. Сите постапки во судовите привремено да се прекинат, а единствено да се држат рочишта каде по барање на надлежен обвинител треба да се одлучи за определување на мерка притвор, како и за оние случаи каде е утврдена кривична одговорност поради повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот за кои се постапува по казнен налог за што одлуките се носат без присуство на странките;
  1. За предметите за кои ќе настане времен прекин во судењето, да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии, вклучително и со протек на 90 дена да не мора главната расправа да започне одново а ниту сите докази да се изведуваат повторно, туку истата да продолжи како да немало прекин.
  1. По завршување на секое рочиште да се врши соодветна дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште, да се дезинфицираат лифтовите и сите простории во кои ќе се движат странки, вклучително рачките на вратите и други површини кои често се изложени на допир на повеќе лица, како и да се мери температура на сите лица кои влегуваат во судот од службениот и сите неслужбени влезови;
  1. Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици, со оглед дека мерките на Владата не се однесуваат само на заболените лица туку и за тие кои не се заболени, кои се обврзани да следат соодветен начин на водење на комуникација, движење и престој во одредени простории; и Неопходно е итно да се превземат дополнителни мерки и донесат соодветни одлуки, во спротивно се остварува законското битие на кривичното дело против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според 5 здраствените прописи за време на епидемија т.е прогласена вондредна состојба на територија на нашата држава. Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија а Претседателот Пендаровски вондредна состојба поради корона вирусот, судот како државен орган врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права на нас адвокатите, но и на сите присутни во салата но и директно го прекршува Кривичниот законик.
Почитувани, Ве замолуваме да го земете во превид овој наш последен апел како бранители и да ги прифатите нашите барања, бидејќи во спротивно ќе бидеме приморани да преземаме порадикални мерки со една единствена цел, да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите семејства. Ви благодариме на вниманието. Со почит,
  1. адвокат Атанасовска Нина
  2. адвокат Ахмети Башким
  3. адвокат Ајдари Имери-Арта
  4. адвокат Арсовска Благица
  5. адвокат Апостолски Антонио
  6. адвокат Арслани Мефаил
  7. адвокат Алексиќ Сања
  8. адвокат Бадева-Ќортошева Надица
  9. адвокат Богоевиќ Ивана
  10. адвокат Вела Ибрахим
  11. адвокат Василев Петар
  12. адвокат Варела Александар
  13. адвокат Велкова Љупка
  14. адвокат Вујич Смиљана
  15. адвокат Димитар Дангов
  16. адвокат Давидовиќ Звонко
  17. адвокат Даути Мерџан
  18. адвокат Златко Ѓорѓиев
  19. адвокат Деноковска Златка
  20. адвокат Деспотоска Весна
  21. адвокат Дуковски Сашко
  22. адвокат Зенку Вулнет
  23. адвокат Зефиќ Павлина
  24. адвокат Зиков Стерјо
  25. адвокат Илија Илијовски
  26. адвокат Јусуфи Махмут
  27. адвокат Јанковски Душко
  28. адвокат Јанев Сашо
  29. адвокат Јандриоска Биљана
  30. адвокат Јацимович Лидија
  31. адвокат Кацарковска Биљана
  32. адвокат Кецман Маја
  33. адвокат Сашо Лажовски
  34. адвокат Лазов Дане
  35. адвокат Мехмети Арсим
  36. адвокат Маневска Кристина
  37. адвокат Менкиновски Тони
  38. адвокат Мијовиќ Дијана
  39. адвокат Мицкова Емилија
  40. адвокат Миланов Еленко
  41. адвокат Миланова Бранкица
  42. адвокат Муратовски Дарко
  43. адвокат Муса Рамије
  44. адвокат Наков Донче
  45. адвокат Наумовска Флора
  46. адвокат Николиќ Вања
  47. адвокат Петровски Миле
  48. адвокат Петровски Александар
  49. адвокат Панчев Сашко
  50. адвокат Постолова Тодосиевски Марија
  51. адвокат Петкова Катерина
  52. адвокат Ристоски Велковска Христина
  53. адвокат Ристевски Звонко
  54. адвокат Реброња Радончиќ Емина
  55. адвокат Сулоја Вулнет
  56. адвокат Страшевски Јовица
  57. адвокат Сарковски Томислав
  58. адвокат Тасевски Боро
  59. адвокат Ташкова Дијана
  60. адвокат Тодоровски Илин
  61. адвокат Тошковски Панче
  62. адвокат Трајанов Милан
  63. адвокат Трпковска Даница
  64. адвокат Тасева Александра
  65. адвокат Трпеноска Наташа
  66. адвокат Фазлиу Исмаил
  67. адвокат Хикмете Халиди
  68. адвокат Христовска Марија
  69. адвокат Хисмани Дрион
  70. адвокат Цветковски Виктор
  71. адвокат Љупчо Шврговски
  72. адвокат Шулевска Марија
  73. адвокат Шаревска Ана
  74. адвокат Шпеткова Богеска Емилија

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/74-advokati-so-apel-do-vladata-krivichen-sud-vrshi-diskriminacija-i-ne-postapuva-soglasno-odredbite-vo-vonredna-sostojba/feed/ 0
Противуставно се казнети адвокатите во предметот „27 април“, одлучи Уставниот суд по иницијатива на адвокатите Зефиќ и Тошковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protivustavno-se-kazneti-advokatite-vo-predmetot-27-april-odluchi-ustavniot-sud-po-incijativa-na-advokatite-zefikj-i-toshkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protivustavno-se-kazneti-advokatite-vo-predmetot-27-april-odluchi-ustavniot-sud-po-incijativa-na-advokatite-zefikj-i-toshkovski/#respond Thu, 26 Sep 2019 12:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=244932

Уставниот суд ги поништи решенијата на Кривичниот и на Апелациониот суд со кои парично беа казнети адвокатите Павлина Зефиќ и Панче Тошковски во предметот за настаните во Собранието од 27 април, објавува академик.мк . Уставниот суд: Повредено е уставното право на слобода на мислата „На адвокатите им е повредено уставното право на слобода на мислата и на јавното изразување на мислата“, велат од Уставниот суд, од каде што потенцираат дека слободата на мислата и јавното изразување на мислата претставува субјективно право кое е нераскинливо поврзано со човековата личност. Зефиќ и Тошковски, кои поднесоа претставка до Уставниот суд против решенијата на Кривичниот и на Апелациониот суд, беа едни од повеќето адвокати кои ги застапуваа обвинетите за настаните од 27 април и кои беа парично казнети и отстранети од судењето. Адвокатите беа казнети откако се пожалија на условите во кои се одвиваше распитот на загрозениот сведок во старата зграда на Кривичниот суд, каде што беше префрлен распитот поради технички пречки во новиот објект на судот. „Ја поздравуваме одлуката на Уставниот суд, која е прва од овој вид, а со која се потврдува дека адвокатите имаат централна улога во правосудниот систем. Ние сме посредници меѓу клиентите и судот, а наша главна задача е да дадеме ефективна одбрана. Нашето главно оружје е зборот. Токму поради тоа не смее да бидеме казнувани за упатена критика или за искажан збор при одбрана на правата на нашите клиенти зашто тоа не е одлика на едно демократско општество“, вели адвокатката Павлина Зефиќ. „Нам како адвокати оваа одлука ќе ни даде мотивација и понатаму да продолжиме да се бориме за подобри услови за работење и за поголеми права“, потенцира адвокатот Панче Тошковски. Јасна е улогата која ја имаат адвокатите во едно демократско општество „Во конкретниов случај, од страна на сите адвокати бил искажан револт со стоење во судницата поради немање соодветни услови за работа, во еден од највисоко профилираните кривични случаи. Имено, јасна е улогата која ја имаат адвокатите во едно демократско општество. Нивната улога е да бараат од судот, како гарант на правата и слободите, да ги спроведува законските одредби, да се грижи за владеењето на правото и да ја стекне довербата кај јавноста. Критицизам од страна на адвокатите е дозволен, но во соодветни рамки“, се посочува во одлуката на Уставниот суд, која во целост може да се погледне на следниот линк. Европскиот суд за човекови права ја нагласува улогата на адвокатите „Природата на искажаните критики/забелешки/ставови, исто така, е важна за ЕСЧП кога одлучува за повреда на слободата на изразување. ЕСЧП цени дали во конкретен случај станува збор за вредносни ставови искажани од адвокат, или пак за пренесување факти. Спецификите на случајот во кој постапувал адвокатот и искажал критика се битна алатка за ЕСЧП. Тој смета дека треба да се гледа целиот контекст на случајот, а не само сегменти. Улогата на адвокатот, особено во правосудниот систем, е постојано нагласувана од ЕСЧП, кој вели дека обврска на адвокатот е да се бори со сите расположливи средства при одбраната на интересите на својот клиент и во негов најдобар интерес“, се вели понатаму во одлуката на Судот, упатувајќи на иницијативата поднесена од адвокатите. Во иницијативата се наведува дека доколку се применат горенаведените стандарди во конкретниов случај, во кој се казнети 25 адвокати, ќе се забележи дека постои не само повреда на Уставот, туку и повреда на членот 10 од Конвенцијата за човекови права – повреда на слободата на изразување. Во овој случај, адвокатите не упатиле навреда кон судот, туку испратиле конструктивна критика со цел да добијат соодветни услови за работа за сите бранители. Бидејќи барањата на адвокатите не биле воопшто разгледани, во знак на револт и критика кон судот за третманот кон адвокатите застанале на нозе, на тој начин сакајќи да упатат порака до судот дека е должен да обезбеди услови за работа за сите, особено при сослушување на заштитен сведок. Мерката на казнување на адвокатите од страна на судовите е непропорционална „На прашањето дали ‘ограничувањето’ на слободата на изразување со изрекување на казните било неопходно во едно демократско општество, одговорот е ‘не’, со оглед на тоа што мерката на казнување на адвокатите од страна на судовите е непропорционална и претставува прекумерно ограничување на слободата на изразување, спротивно на Уставот во однос на членот 110 алинеја 3 во делот на заштитата на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, a гарантирани со членот 16 став 1 од Уставот, со што се повредува и членот 10 од Конвенцијата“, истакнуваат од Уставниот суд. Во конкретниов случај, посочуваат од Уставниот суд, имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба, содржината на оспорените решенија на судовите, наводите во барањето на апликантите, одредбите од наведените закони, практиката на Европскиот суд за човекови права и актите од меѓународното право, се оцени дека постои повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, која била сторена со оспорените решенија кои се однесуваат на адвокатката Павлина Зефиќ и адвокатот Панче Тошковски. Судот предизвикал состојба на функционален проблем „Необезбедувањето на функционални услови во другата сала, во која била преселена главната расправа, и тоа во друг објект, поради настанати ‘технички пречки’ во салата во која првично била закажана и започната главната расправа, а во преселената сала просторно биле собрани сите учесници во постапката, кои биле во голем број поради единственото водење на главната расправа, во која дел биле и апликантите, адвокатите Павлина Зефиќ и Панче Тошковски од Скопје, покажува дека судот предизвикал состојба на функционален проблем со кој било оневозможено непречено вршење на бранителската улога на адвокатите во предметот, а поради тоа апликантите заедно со останатите адвокати не само што го изразиле директно усно своето незадоволство на судечкиот состав во постапката на главната расправа, туку и не сакале да седнат на столчињата и само стоеле во преселената сала. Поради тоа, поради изразување на правото на критика кон судот, како право на јавно изразување на мислата – критиката кон судот, тие биле од судот казнети со парични казни од по 1.000 евра во денарска противвредност, меѓу кои и апликантите со оспорените решенија, а потоа Апелациониот суд Скопје со оспореното решение им ги намалил казните од по 500 евра во денарска противвредност, како што е веќе погоре наведено во овој реферат. Судот со тоа ја попречил и ограничил слободата на изразување на мислата – критика кон судот, во рамки на вршење на бранителската функција на адвокатите, игнорирајќи го фактот дека тој самиот во организирањето на главната расправа суштински придонел да дојде до реакција на адвокатите изразена со протест преку стоење во судницата, бранејќи го своето законско право за вршење на бранителската функција на главната расправа за што биле овластени во рамки на нормативата и духот на Законот за кривичната постапка и Законот за адвокатура“, образложуваат од Уставниот суд. Не може да се смета казнувањето како неопходно за едно демократско општество Во светло на целината на фактите, додаваат од Судот, произлегува дека со критиките изразени од адвокатите со стоење во судницата и укажување дека немаат услови за работа не биле надминати границите на прифатливи критики  согласно член 10 од Конвенцијата и не може да се смета казнувањето како неопходно за едно демократско општество, а со тоа ниту првично. Изрекувањето парични казни од по 1.000 евра, што е близу до максималната казна што може да се изрече согласно законот, а подоцна намалени на по 500 евра, не може да се смета за неопходно во едно демократско општество. Инаку оваа одука на Уставниот суд доаѓа по решението на судијката Добрила Кацарска која ги казни 30-те адвокати за 27 април за време на едно од судењата, затоа што кога се сослушуваше заштитениот сведок судот не обезбеди минимум услови за нормално одвивање на судењето. (Адвокатите немаа каде да седнат, ниту каде да водат записник), па поради тоа што стоеја Кацарска ги казни со по 1.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protivustavno-se-kazneti-advokatite-vo-predmetot-27-april-odluchi-ustavniot-sud-po-incijativa-na-advokatite-zefikj-i-toshkovski/feed/ 0
Новинар објави документ со кој ОЈО се прогласува ненадлежно за изземање на Јанева, Мицкоски со одговор: ОЈО работи под диктат на Заев, прават пиши-бриши со правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinar-objavi-dokument-so-koj-ojo-se-proglasuva-nenadlezno-za-izzemanje-na-janeva-mickoski-so-odgovor-ojo-raboti-pod-diktat-na-zaev-pravat-pishi-brishi-so-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinar-objavi-dokument-so-koj-ojo-se-proglasuva-nenadlezno-za-izzemanje-na-janeva-mickoski-so-odgovor-ojo-raboti-pod-diktat-na-zaev-pravat-pishi-brishi-so-pravoto/#respond Wed, 11 Sep 2019 11:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=239452

Во оваа правна паника што се случува изминатиов период се изнаслушавме се и сешто. Сум слушнал и јас дека адвокатите на луѓето кои се дел од предметите на СЈО се обратиле до ЈО за мислење за изземање на Катица Јанева од овие случаи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека одговорот кој го добиле е дека Катица Јанева не е дел од хиерархијата на Јавното обвинителство и дека тие не се надлежни да даваат такво мислење, ниту пак да превземаат било какви процесни дејства. -Од друга страна, Јовевски го гледаме дека издаде соопштение во кое се повикува на уставното начело за едно обвинителство, нешто за што јас зборував во најмалку две прес-конференции. Со тоа директно потврдува дека СЈО не е уставно обвинителство, за во текот на вчерашниот ден да го видиме претседателот на Советот на судии кој вели дека се доведува под знак прашање начелното правно мислење на Врховниот суд. Па ние ако вака си играме пиши-бриши со правото и правдината ќе ни се случува ова што денес се случува, а тоа е празнење на Македонија. Луѓето се разочарани, несигурни и не веруваат во правниот систем. Се додека имаме луѓе кои по налог пишуваат документи, се самодемантираат, ние ќе го имаме ова што денес ни се случува. Нашиот пристап е безусловно почитување на законоти и правда и правдина за секого, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinar-objavi-dokument-so-koj-ojo-se-proglasuva-nenadlezno-za-izzemanje-na-janeva-mickoski-so-odgovor-ojo-raboti-pod-diktat-na-zaev-pravat-pishi-brishi-so-pravoto/feed/ 0
Адвокатите на обвинетите за „27 април“: Осудените завршија во притвор, а гаранциите сѐ уште се на сила! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-na-obvinetite-za-27-april-osudenite-zavrshija-vo-pritvor-a-garanciite-s-ushte-se-na-sila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-na-obvinetite-za-27-april-osudenite-zavrshija-vo-pritvor-a-garanciite-s-ushte-se-na-sila/#respond Sun, 17 Mar 2019 17:20:46 +0000 https://kurir.mk/?p=175725

Одбраната на осудените за „27 април“ реагира дека е направен преседан со притворот, односно по објавата на пресудата сите 15-мина осудени беа ставен во притвор, без претходно да се повлечат дадените гаранции. Реакцијата во целост: На ден 15.03.2019 година, Основниот суд Скопје 1 Скопје на чело со судијата Добрила Кацарска донесе пресуда со која изрече драконски казни за обвинетите во случајот 27-ми Април. По изрекување на пресудата судскиот совет на предлог на Јавниот обвинител Ивана Трајчевска за сите обвинети определи мерка притвор со што со донесените решенија за некои од обвинетите направи преседан во македонскиот правосуден систем, нешто што досега ниту еден судски совет го нема сторено. Имено, јавна тајна е дека дел од обвинетите додека траеше судскиот процес беа пуштени да се бранат од слобда со гаранции кои беа прифатени не само од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, туку истите беа и потврдени и од страна на Апелациониот суд Скопје. За овие обвинети за кои беше определена гаранција, судијата Кацарска при донесување на решенијата  за определување на мерка притвор, намерно или случајно ја заборави изречената гаранција за истите. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелационен суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, А КОЈА ГАРАНЦИЈА Е СЕ УШТЕ ВО ПРАВНА СИЛА. ОВА Е ВИСИТИНСКИ ПРЕСЕДАН ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ, НЕШТО ШТО НЕ Е ДОЗВОЛЕНО СОГЛАСНО ОДРЕДБИТЕ ОД ЗКП, ПА ЗАТОА И НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛО ДО СЕГА ВО МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО, АМА СЕ СЛУЧИ ВО ОВОЈ СУДСКИ ПРОЦЕС НЕКОЈ ДА БИДЕ ПРИТВОРЕН, А ПРИТВОРОТ ДУРИ И МУ СЕ ГАРАНТИРА СО ГАРАНЦИЈА ОД НЕКОЛКУ СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, НАВИСТИНА ЧУДНО, ЗА ПРАВНАТА ФЕЛА НЕРАЗБИРЛИВО. Ваквата одлука на судот е во спротивност со одредбата од член 144 став 2 од ЗКП согласно која судот спрема обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки од ставот 1 на овој член, освен кога ќе ја определи мерката притвор. Воедно, во Законот за кривичната постапка точно се определени условите кога веќе еднаш уважената гаранција може да пропадне или да се врати на лицето, а тој услов не е и не може да биде изречената првостепена судска одука за огласување на виновен за сторување на кривично дело и определување на првостепена казна за истото. Така согласно член 153 став 1 од ЗКП положената гаранција ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, ако побегне и ако го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува, а пак согласно член 152 од ЗКП гаранцијата му се враќа на лицето кое ја положило ако е донесена ослободнителна пресуда, ако обвинението се одбива или ако постапката е запрена, а ако со пресудата е изречена казна затвор гаранцијата се укинува дури кога осудениот ќе почне да ја издржува казната. Воедно и член 144 став 4 од ЗКП пропишува дека судот може да определи друга мерка за обезбедување на присуство тогаш кога обвинетиот не се придржува кон определената мерка за обезбедување на присуство. Имајќи ги предвид дека сите обвинети секогаш присуствуваа на закажаните судски рочишта, никој од нив не се даде во бегство, не го повтори или доврши кривичното дело, а со оглед и дека не беше донесена ослободителна пресуда, ниту пак се одби обвинението ниту постапката се запре, а сеуште не е донесена ни правосилна судска одлука за да осудениот започне да ја издржува казната произлегува дека Решенијата  за определување на мерка притвор на обвинетите на кои претходно им е уважена гарнција за да се бранат од слобода се НЕЗАКОНИТИ. За потсетување обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ исто така имаше уважена гаранција, па така кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција истиот не беше спроведен во притвор, и покрај тоа што станува збор за познат македонски бизнисмен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatite-na-obvinetite-za-27-april-osudenite-zavrshija-vo-pritvor-a-garanciite-s-ushte-se-na-sila/feed/ 0