адвокатка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Dec 2020 16:24:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png адвокатка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Адвокатката на Навални на распит во Русија, и се заканува затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-navalni-na-raspit-vo-rusija-i-se-zakanuva-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-navalni-na-raspit-vo-rusija-i-se-zakanuva-zatvor/#respond Fri, 25 Dec 2020 16:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=448385

Навални претходно денес изјави дека Љубов Собол, истакнат руски опозициски политичар била приведена откако полицијата извршила претрес во нејзиниот дом во Москва. Собол е адвокатка во тимот на Навални која се обидува да открие корупција во редовите на високите руски функционери. Нејзините видеа на каналот ЈуТјуб ги гледаат илјадници гледачи. Би-Би-Си ја прогласи за една од 100-те највлијателни жени во светот минатата година. Во изјавата на главната руска истражна агенција се вели дека Собол е обвинета за насилно провалување во семејната куќа во Москва претходно оваа недела. Соработниците на Навални тврдат дека Собол сакала да разговара со личност која Навални ја обвинува за обид за труење со нервен отров и дека државата стои зад платениот тим убијци. Собол само заѕвонила, рече Навални, додека Истражниот комитет тврди дека „Собол, откако се отворила вратата, го турнала сопственикот на куќата настрана и насилно влегла во станот“. Собол се соочува со обвинение што може да ја испрати во затвор до две години. „Кога ќе ѕвонете на вратата на убиецот, тогаш тие ќе ја скршат вратата и ќе ве одведат на испрашување“, напиша Навални на својата веб-страница. Тој цврсто верува дека Агенцијата за национална безбедност (ФСБ) учествувала во обидот да го ликвидира пред пет месеци. Собол (33) се обидела да се кандидира за градскиот совет во Москва, но не и беше дозволено, што предизвикало масовни протести. Навални (44) одеднаш се разболе сериозно на 20 август во лет од сибирскиот град Томск кон Москва. Откако поминал два дена во болницата во Омск, Сибир, тој беше итно евакуиран во Берлин. Лабораториите во Германија, Франција и Шведска потврдија дека тој бил отруен од новичок, нервен отров развиен во поранешниот Советски Сојуз. Русија ги негира обвинувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-navalni-na-raspit-vo-rusija-i-se-zakanuva-zatvor/feed/ 0
Адвокатката на Трамп бара да се смени директорката на ЦИА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=430285

Сидни Пауел, законскиот застапник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека Џина Хаспел, директорката на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), треба да биде „сменета“ затоа што немала забелешки и не се огласила за употребата на изборниот софтвер Доминион, кој без доказ ги спомнува и Трамп и неговите приврзаници како инструмент со кој е извршена „изборната измама“. Во интервју за Фокс Њуз, Пауел се обиде да го зајакне кредибилитетот на обвинувањата на Трамп, наведувајќи дека софтверскиот систем Доминион се користел во неколку држави каде што победи Бајден, пренесува Би-Би-Си. Иако овие тврдења беа побиени од бројни неутрални експерти, Пауел тврди дека има свиркачи кои ќе и презентираат на јавноста информации дека овој софтвер бил користен за бришење на милиони гласови на гласачите на Трамп. – Не разбирам зошто Џина Хаспел е сè уште на чело на ЦИА. Таа треба веднаш да биде сменета, рече Пауел. На новинарско прашање дали има докази што ги поткрепуваат нејзините тврдења, Пауел одговори дека нема намера да објавува такви информации на телевизија. Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА од Доналд Трамп во 2018 година и таа е првата жена во историјата на ЦИА која е назначена на таа позиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/advokatkata-na-tramp-bara-da-se-smeni-direktorkata-na-cia/feed/ 0
Уапсена адвокатка од Куманово: Направила филмска измама и сакала да избега од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsena-advokatka-od-kumanovo-napravila-filmska-izmama-i-sakala-da-izbega-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsena-advokatka-od-kumanovo-napravila-filmska-izmama-i-sakala-da-izbega-od-makedonija/#respond Tue, 17 Dec 2019 11:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=278674

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против адвокатка поради основано сомнение за сторена измама, така што со користење туѓи исправи и идентитет извршила трансфер на пари од сметка на клиентка на лична сметка. Адвокатката е уапсена на граничниот премин Табановце по што Судот и определи притвор од осум дена. Осомничената, како што информираат од ОЈО, во својство на адвокат била ополномоштена од клиентка да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за остварување и ретроактивна исплата на семејна пензија. Како застапник таа ја имала информацијата дека досудените парични средства од спорот во висина од 680.634 денари се исплатени на трансакциската сметка на нејзината клиентка. -Со намера да прибави за себе поголема противправна имотна корист, адвокатката ја зела личната карта на нејзината клиентка и заедно со уште едно засега непознато лице кое физички наликувало на клиентката, се упатила во експозитурата на банката во Куманово. Притоа осомничената адвокатка, заедно со другото лице, преку користење на туѓи исправи и идентитет, се обиделе да извршат трансфер на парите од сметката на оштетената на трансакциската сметка на адвокатката. Во намерата не успеале поради тоа што службените лица од банката се посомневале во идентитетот на другото лице. Потоа осомничената, во втор обид, на ист начин и со иста постапка во експозитура на банката во Скопје, користејќи туѓ идентитет и лични исправи, успеала да изврши трансфер на паричните средства, информираат од ОЈО. Во меѓувреме, службениците од експозитурата во Куманово го пријавиле обидот на осомничената во јавното обвинителство и надлежните служби. -По дадени насоки и наредби на Основното јавно обвинителство Куманово, надлежните органи ја пронашле осомничената на граничниот премин Табановце и веднаш ја лишиле од слобода, се вели во соопштението од ОЈО. Со оглед на тежината на стореното дело, како и оправданиот страв дека постои можност осомничената да се даде во бегство и да го повтори делото, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен, па судот со Решение на осомничената и определи притвор од осум дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsena-advokatka-od-kumanovo-napravila-filmska-izmama-i-sakala-da-izbega-od-makedonija/feed/ 0