аек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 16:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен главниот организатор на хаосот кој доведе до убиство на навивачот на АЕК https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-glavniot-organizator-na-haosot-koj-dovede-do-ubistvo-na-navivachot-na-aek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-glavniot-organizator-na-haosot-koj-dovede-do-ubistvo-na-navivachot-na-aek/#respond Fri, 18 Aug 2023 16:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=868539

Главниот осомничен организатор на хаосот што пред десет дена се случи во Атина кога беше убиен навивач на АЕК Атина, денеска е уапсен од грчката полиција и станува збор за хулиган со дебело досие кој веќе бил вмешан во многу навивачки нереди кај јужниот сосед. Како што објави грчки „Њусит“, организаторот на хаосот кој е навивач на Панатинаикос бил уапсен во својот дом во Гиза, а полициски службеници ја претресуваат неговата куќа. Тој бил идентификуван и посочен како главен организатор на нередите во Нова Филаделфија. Инаку по навивачот на Панатинаикос беше распишана потерница, а тој заедно со уште други приврзаници на ПАО биле заедно со загрепските Бед Блу Бојс во хаосот против навивачите на АЕК, кога Михалис Кацурис беше брутално убиен. Грчката полиција сѐ уште врши идентификација на најодговорните кои го убиле Кацурис, па сѐ уште е во тек истрагата, додека преку 90-те хрватски навивачи кои се уапсени се во истражен затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-glavniot-organizator-na-haosot-koj-dovede-do-ubistvo-na-navivachot-na-aek/feed/ 0
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Грците објавија ШОК СНИМКА: Последните моменти на убиениот навивач – влетал крвав во продавница и починал https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voznemiruvachko-grtsite-objavija-shok-snimka-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach-vletal-krvav-vo-prodavnitsa-i-pochinal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voznemiruvachko-grtsite-objavija-shok-snimka-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach-vletal-krvav-vo-prodavnitsa-i-pochinal/#respond Thu, 17 Aug 2023 17:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=868093

Грчкиот портал Прототема објави шокантни видеа од последните моменти од животот на убиениот навивач на АЕК Михалис Кацурис. Грчките власти ги проучуваат снимките за да се идентификува убиецот, т.е. лицето кое смртно го избоде 29-годишниот. На едно видео се гледа Михалис како трча кон киоскот во сина маица, шорцеви и качулка на лицето. Носел ракавици, а во левата рака носел шлем. Целиот крвав влегол во киоскот и седнал зад фрижидерот за сладолед, додека продавачите зачудено го набљудувале. Луѓето од штандот му дале крпа да се избрише, но тој не можел да ја крене главата бидејќи крварењето продолжило. Едно лице му понудило вода додека седел таму, а тоа лице се обидело да извести некого за драмата што се одвивала. На едно видео се гледа како Михалис се обидува да стане, но повторно паѓа. Во следните минути тој дополнително изгубил сила поради обилно крварење и набрзо починал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voznemiruvachko-grtsite-objavija-shok-snimka-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach-vletal-krvav-vo-prodavnitsa-i-pochinal/feed/ 0
Победата против Динамо Загреб, АЕК ја посвети на убиениот навивач Михалис https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pobedata-protiv-dinamo-zagreb-aek-ja-posveti-na-ubieniot-navivach-mihalis/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pobedata-protiv-dinamo-zagreb-aek-ja-posveti-na-ubieniot-navivach-mihalis/#respond Wed, 16 Aug 2023 09:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=867338 фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Текстот на грчкиот новинар Јоргос Цакирис посветен на чудесниот триумф на АЕК против Динамо Загреб (2-1) во натпреварот од 3.прелиминарно коло во Лигата на шампионите што се одигра на Максимир, предизвика големо внимание во јавноста и ги налути Хрватите. Гостувањето на грчкиот клуб во Загреб сосема очекувано предизвика огромно внимание. По трагичните настани во Атина во кои животот го загуби 29-годишниот навивач на грчкиот клуб, Михалис Какурис, АЕК беше максимално мотивиран да дојде до победа на Максимир и на крајот и успеа. По пресврт АЕК го совлада хрватскиот клуб со 2-1 и победата му ја посвети на убиениот навивач Михалис Качурис. Херојот на натпреварот Костантинос Галанопулос откако го постигна победничкиот гол, ја извади црната лента и ја крена раката високо кон небото, а неговиот емотивен гест ја воодушеви јавноста во Грција. Новинарот Цакирис во текстот со наслов „Михалис, виде ли што им направи Галанос? Во твоја чест, ним во лице“ ги опиша настаните на Максимир за кој посочи дека е неонацистички стадион. „Михалис, брат, се надевам дека се забавуваш во рајот. АЕК победи на неонацистичкиот стадион, а Костас Галанопулос славеше пред нивните навивачи во твоја чест со високо крената црна лента. Постигна гол во нивниот дом, тоа боли повеќе од сѐ. Детето на клубот славеше, како Господ да ставил сè во ред“ – се наведува во текстот. „Секогаш кога го гледам вториот гол се обидувам да ги запрам солзите, но не можам. Движењето на Костас, неговата реакција на голот, целата наша болка…“ – додава грчкиот новинар. Тој во текстот ги прозива и навивачите на загрепскиот клуб. „Деновиве доживуваме невиден срам, обиди да се оцрни споменот на Михалис. Ни требаше оваа победа, овој гол, оваа прослава пред неонацистите во Загреб. Михалис брате наш, слави и прими извинување за ова што се случува долу, за оние кои не го почитуваат споменот на тебе и им вртат грб на нацистите, Хрвати и Грци од Динамо и од Панатинаикос“ – пишува во текстот на грчкиот новинар кој предизвика огромна бура во хрватската јавност. Реванш натпреварот во Атина ќе се одигра во сабота, во 20.45 часот.]]>
фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pobedata-protiv-dinamo-zagreb-aek-ja-posveti-na-ubieniot-navivach-mihalis/feed/ 0
Пленковиќ за осомничените навивачи во Грција: Се товарат за сериозни дела; според Милановиќ третирани се како воени заробеници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovik-za-osomnichenite-navivachi-vo-grtsija-se-tovarat-za-seriozni-dela-spored-milanovik-tretirani-se-kako-voeni-zarobenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovik-za-osomnichenite-navivachi-vo-grtsija-se-tovarat-za-seriozni-dela-spored-milanovik-tretirani-se-kako-voeni-zarobenitsi/#respond Tue, 15 Aug 2023 13:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=866993

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го коментираше апсењето на државјани на Република Хрватска во Грција, откако навивачи на Динамо Загреб предизвикаа немири во Атина, при што беше убиен еден грчки државјанин а повеќемина беа повредени. Тој нагласи дека грчката полиција била предупредена дека доаѓа група луѓе, кои очигледно ќе се судрат со навивачите на АЕК. Спортско да, спортско навивање да, но хулиганство не. Жал ни е што тоа се случи, рече тој. Пленковиќ вели дека разговарал со грчкиот премиер, од кого побарал Грција да гарантира фер и брз судски процес и безбедност во затворите. Тој изрази сочувство за смртта на грчкиот навивач. Тој посочи дека Владата и Министерството за надворешни работи се во постојан контакт со грчките власти, а амбасадата е на располагање на хрватските граѓани. Тој потсети на обвиненијата против нив, велејќи дека се работи за тешки кривични дела. - Соодветно на тоа, максимално ангажирано ќе им помогнеме на хрватските граѓани, на овие млади луѓе кои отишле таму долу на максимално ангажиран начин, водејќи сметка дека тие не отишле таму на матура, не отишле на екскурзија, не оделе на одмор, не отишле на туризам. во Грција, туку отидоа свесни дека нема да можат да влезат на натпреварот. И се случи она што се случи. Затоа, очекуваме брз процес во Грција и огромното мнозинство од овие луѓе да бидат депортирани и вратени во Хрватска. Се работи за тешки кривични дела за кои се товарат. Убеден сум дека не може да има 100, не може да има 98, кои евентуално се поврзани со овој случај каде што, за жал, загина еден граѓанин, рече хрватскиот премиер. Тој апелираше до грчките власти да ја спроведат постапката што е можно побрзо и поефикасно и да го депортираат огромното мнозинство хрватски државјани во Хрватска. – Целиот случај е во рацете на грчкото правосудство, а не на извршната, потенцираше тој. Од друга страна, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ синоќа даде остра реакција за овој случај. - Државата мора да си ја заврши работата. Грција има своја процедура, но јас сум претседател на Хрватска, сум субјективен и себичен кога се во прашање сто хрватски затвореници. Тие луѓе се заробени како да е војна. Тоа нема врска со законот. Тоа го кажав пред неколку дена, плашејќи се дека ќе се случи вакво нешто, дека ќе има колективна етичка казна. Сега можам да навлегувам во причините зошто тоа е направено сега и зошто токму во Грција и што треба Грција да добие од УЕФА и зошто им е важно одговорноста да ја префрлат на Хрватите. Колку Грци се во притвор?, праша Милановиќ во Јелса, коментирајќи го испраќањето на сите хрватски навивачи во истражни затвори низ Грција. Тој потсети дека грчките власти - и по пет дена од приведувањето на навивачите без објаснување - не им било доволно да идентификуваат кој ќе биде одговорен, туку сите ги ставиле во притвор. - Па, тоа не е правна држава! Тие луѓе беа третирани како воени заробеници. Да бев премиер би размислил што да направам. Не е едноставно. Ова се граничи со воено право. Тие се третираат како заробена единица. Имаш пет дена да го одвоиш плевелот од група луѓе и сите ги ставаш во притвор и ги расфрлаш по цела Грција за да бидат тепани и силувани. Одлично - тоа е ЕУ“, предупреди хрватскиот претседател. „Ако пет или десет од нив стотина беа ставени во притвор, јас би рекол - во ред. Но, ова нема никаква врска со владеењето на правото. На ваквите правосудни системи многу помалку им верувам од хрватскиот кон кој сум многу скептичен и постојано го критикувам. Не можете да држите сто луѓе во притвор пет дена. Тие пет дена ви даваат огромна дискреција да видите што се случило, а потоа тие се луѓе и наши граѓани кои имаат свои човекови права“, додаде тој и предупреди дека хрватските навивачи и граѓани „во Грција се третираат како коров“. Тоа нема никаква врска со демократијата, со почитувањето на човековите права. Ако е тоа ЕУ, тогаш подобро да ја нема денес, оцени претседателот на Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovik-za-osomnichenite-navivachi-vo-grtsija-se-tovarat-za-seriozni-dela-spored-milanovik-tretirani-se-kako-voeni-zarobenitsi/feed/ 0
Навивачите на АЕК со порака до УЕФА: Исфрлете ги нацистите од фудбалот! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-na-aek-so-poraka-do-uefa-isfrlete-gi-natsistite-od-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-na-aek-so-poraka-do-uefa-isfrlete-gi-natsistite-od-fudbalot/#respond Tue, 15 Aug 2023 09:21:33 +0000 https://kurir.mk/?p=866891

Динамо Загреб и грчки АЕК го играат првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони во Хрватска во 20 часот, но сè уште во центар на внимание се случувањата од пред неколку дена во Атина. Мечот во Загреб требаше да биде реванш, но првиот дуел во Грција не се одигра поради тепачката на навивачите, при што животот го загуби еден од фановите. Пред натпревар на тимовите, навивачите на АЕК испратија порака до Европската фудбалска унија (УЕФА). „Исфрлете ги нацистите од фудбалот“, порачаа грчките навивачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/navivachite-na-aek-so-poraka-do-uefa-isfrlete-gi-natsistite-od-fudbalot/feed/ 0
Притворените Хрвати за убиството на навивачот се распоредуваат низ грчките затвори каде нема многу Срби за да се спречат судири меѓу затворениците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/#respond Tue, 15 Aug 2023 07:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866833 фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Во Грција почнаа трансферите на притворените хрватските хулигани осомничени за крвавите инциденти во Нова Филаделфија, кога беше убиен 29-годишниот навивач на грчки АЕК, Михалис Кацурис. Вчера утро беа префрлени околу 70 притвореници од вкупно 105, а трансферот на останатите продолжува. Станува збор за голем број лица кои треба да бидат внимателно распоредени во притворските одделенија низ Грција. Трансферите на останатите ќе продолжат во среда и четврток. Поточно, 8 се веќе во затворите Коридалос, 12 требаше да бидат испратени во затворите во Авлона, а останатите ќе бидат распределени во Трикала, Лариса, Волос, Нигрита, Комотини, Маландрино, Амфиса, Домокос, Ханија, Хиос, Гревена, Нафплио, Кос и Солунските затвори, во зависност од капацитетот на секој затвор. Загриженоста на грчките власти е во правец на тоа дали ќе има доволно обезбедување за затворениците, поради што Генералниот секретаријат за антикриминална политика стапи во контакт со управите на сите притвори кои презедоа мерки за безбедно задржување на притворените лица. „Главоболката“ на казнено-поправните установи е во затворите каде има многу Срби, кои имаат омраза кон хрватските хулигани, но и за физичкиот интегритет на Грците и другите затвореници, па се дадени наредби и се внимаваше таму тие да немаат контакти коишто би можеле да доведат до судири. Изготвени се и планови за зголемени мерки и надзор во сите затвори, како и подготвеност од локалните полициски власти за брза интервенција доколку е потребно, пишува Прототема. Онаму каде што е можно притворениците да се чуваат во посебни одделенија, тоа ќе се направи. Па така 8-те кои беа префрлени во Коридалос се чуваат во специјалното одделение, за да немаат контакт со други затвореници. Реакција на хрватскиот претседател Милановиќ Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, излезе со нови провокативни изјави и се обидува да интервенира во грчкиот правосуден систем во врска со хрватските хулигани на кои им е одреден притвор за убиството на Михалис Кацурис, пишуваат грчките весници. Хрватскиот претседател тврди дека грчките власти ги третираат навивачите на Динамо Загреб како да се воени заробеници и дека таквиот став нема никаква врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права. „Законот не се почитува. Тие ги третираат овие луѓе како воени затвореници. Да бев премиер, ќе размислев што можам да направам. Не е едноставно. Изгледа како воена зона. Тие се третирани како заробена воена единица. Можам да ги наведам причините, зошто тоа се случи и зошто конкретно во Грција и што Грција може да добие од УЕФА и зошто е важно да ја пренесат одговорноста на 100-те Хрвати. Колку Грци се уапсени?“, прашува Милановиќ. „Имавте пет дена да ги пронајдете штетниците од група луѓе и сите ги уапсивте, ги расфрлате низ цела Грција, за да бидат удирани и малтретирани. Совршено, ова е Европската Унија“, додаде хрватскиот претседател. „Не можете да држите 100 луѓе во затвор пет дена. Овие пет дена ви даваат можност да дознаете што се случило, а освен тоа тие се луѓе и нашите граѓани имаат човекови права. Но, хрватските навивачи во Грција ги третираат како штетници. Тоа нема никаква врска со демократијата и почитувањето на човековите права. Ако ова е Европската унија денес, подобро да ја нема“, остро реагираше Милановиќ.]]>
фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvorenite-hrvati-za-ubistvoto-na-navivachot-se-rasporeduvaat-niz-grchkite-zatvori-kade-nema-mnogu-srbi-za-da-se-sprechat-sudiri-megu-zatvorenitsite/feed/ 0
Тренерот на АЕК: „Не се плашиме, ќе играме за семејството на убиениот навивач“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-aek-ne-se-plashime-ke-igrame-za-semejstvoto-na-ubieniot-navivach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-aek-ne-se-plashime-ke-igrame-za-semejstvoto-na-ubieniot-navivach/#respond Mon, 14 Aug 2023 10:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=866492

Динамо Загреб и АЕК Атина утре ќе го одиграат својот прв натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите на „Максимир“ со почеток во 20 часот. Ова всушност требаше да биде реванш, но првиот натпревар не се одигра поради инцидентите во Атина и убиството на навивачот на АЕК, па вториот натпревар е презакажан за во сабота. Тренерот на АЕК, Матијас Алмеида, вели дека нема од што да се плашат, ќе одат во Загреб да играат фудбал. „Секогаш сме подготвени. Не се плашиме од нови нереди, ние одиме да играме фудбал. Во фудбалот сум 30 години. Ова треба да биде забава. Бев многу тажен кога видов што се случи минатата недела. Ќе играме за историјата на АЕК и за семејството на нашиот навивач кој го загуби животот“, рече тренерот на АЕК за грчките медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-aek-ne-se-plashime-ke-igrame-za-semejstvoto-na-ubieniot-navivach/feed/ 0
Продолжува сослушувањето на последните 35 уапсени за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-soslushuvaneto-na-poslednite-35-uapseni-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-soslushuvaneto-na-poslednite-35-uapseni-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/#respond Sun, 13 Aug 2023 07:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=866188

Последната група од 35 навивачи уапсени за инцидентите во понеделникот вечерта пред стадионот на АЕК, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, денеска ќе биде изведена пред истражните судии, со што и ќе заврши маратонскиот процес што започна во петокот, јави дописничката на МИА од Атина. Од уапсените 105 навивачи, 70 веќе беа сослушани вчера и завчера и од обвиненијата не беше ослободен ниту еден од нив, со оглед на тоа дека на сите им беше одредена мерка притвор. Од нив, 67 се хрватски државјани, двајца се Грци и еден Албанец. Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, кои беа поделени во три групи, започна во петокот со првата група од 30 навивачи, продолжи вчера со вторите 40 и завршува денеска со последните 35 уапсени. Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-soslushuvaneto-na-poslednite-35-uapseni-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/feed/ 0
Притворени 30 лица за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pritvoreni-30-litsa-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pritvoreni-30-litsa-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/#respond Fri, 11 Aug 2023 20:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=865965

Мерка притвор им е одредена на сите 30 навивачи кои денеска дадоа исказ пред истражни судии откако во понеделникот беа уапсени по инцидентите пред стадионот на АЕК во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина. Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, започна денеска и ќе продолжи утре и задутре, а хулиганите се поделени во три групи, денеска исказ дадоа 30 лица, утре други 30, а останатите 45 се в недела. Меѓу оние кои денеска беа сослушани и им беше одредена мерка притвор, 28 се Хрвати, еден е Грк и еден Албанец, а според грчките медиуми, сите се бранеле дека немаат никаква поврзаност со убиството на 29-годишниот. Хрватските навивачи негирале дека поседувале ножеви и наводно рекле дека на стадионот стигнале за да го следат тренингот на Динамо Загреб, а не да ги нападнат навивачите на АЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pritvoreni-30-litsa-za-intsidentite-vo-koi-beshe-ubien-navivachot-na-aek/feed/ 0
Христос ги опиша последните моменти на убиениот навивач https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hristos-gi-opisha-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hristos-gi-opisha-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach/#respond Fri, 11 Aug 2023 11:41:50 +0000 https://kurir.mk/?p=865855 epa10791717 Hooligans, who were arrested after violent clashes between AEK and Dinamo Zagreb supporters in Athens, are transferred by police officers to appear before a public prosecutor, in Athens, Greece, 09 August 2023. Ninety four individuals, mostly Croatian nationals who were arrested during clashes between Greek and Croatian football fans in Athens on 07 August, will be presented before a prosecuting magistrate, while DNA samples are collected from all in order to identify the murderer of a 29-year-old AEK fan, who died during the clashes. EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Денеска ќе биде погребот на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во пресметка со навивачите на Динамо од Загреб, познатите Бед Блу Бојс (БББ). Грчка „Газет“ пишува дека во неговата населба Елефсини владее тага и неверување и додава дека Михалис, кој беше убиен на 29 години, во соседството го паметат како мирен и чесен работник. Во вториот дел од текстот Грците ги објавија изјавите на неговите пријатели, а последните моменти на Михалис за телевизијата „АНТ1“ ги опиша неговиот пријател Христос. Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам. Трчавме затоа што се обидувавме да избегаме од напаѓачите, а потоа слушнав како Михалис вели дека го избоделе. Крварел изобилно цело време, а со нас беше една девојка.Влеговме во кафулето и заедно седнавме во сепаре.Девојката направи се што можеше да му помогне.Брзата помош не дојде иако многу луѓе ја повикаа.Како што слушнав , полицијата 20 минути не дозволуваше да дојде брзата помош, откри Христос и додаде: Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, каде што има многу повредени, а мојот пријател умира. Така брзата помош пристигна на местото на злосторството. Михалис никогаш никого не повредил. Тој го сакаше АЕК, тоа беше видливо во секој дел од неговиот живот, сите сме со тебе брат, веќе две ноќи не спиевме, додаде Христос.]]>
epa10791717 Hooligans, who were arrested after violent clashes between AEK and Dinamo Zagreb supporters in Athens, are transferred by police officers to appear before a public prosecutor, in Athens, Greece, 09 August 2023. Ninety four individuals, mostly Croatian nationals who were arrested during clashes between Greek and Croatian football fans in Athens on 07 August, will be presented before a prosecuting magistrate, while DNA samples are collected from all in order to identify the murderer of a 29-year-old AEK fan, who died during the clashes. EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Денеска ќе биде погребот на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во пресметка со навивачите на Динамо од Загреб, познатите Бед Блу Бојс (БББ). Грчка „Газет“ пишува дека во неговата населба Елефсини владее тага и неверување и додава дека Михалис, кој беше убиен на 29 години, во соседството го паметат како мирен и чесен работник. Во вториот дел од текстот Грците ги објавија изјавите на неговите пријатели, а последните моменти на Михалис за телевизијата „АНТ1“ ги опиша неговиот пријател Христос. Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам. Трчавме затоа што се обидувавме да избегаме од напаѓачите, а потоа слушнав како Михалис вели дека го избоделе. Крварел изобилно цело време, а со нас беше една девојка.Влеговме во кафулето и заедно седнавме во сепаре.Девојката направи се што можеше да му помогне.Брзата помош не дојде иако многу луѓе ја повикаа.Како што слушнав , полицијата 20 минути не дозволуваше да дојде брзата помош, откри Христос и додаде: Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, каде што има многу повредени, а мојот пријател умира. Така брзата помош пристигна на местото на злосторството. Михалис никогаш никого не повредил. Тој го сакаше АЕК, тоа беше видливо во секој дел од неговиот живот, сите сме со тебе брат, веќе две ноќи не спиевме, додаде Христос.]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hristos-gi-opisha-poslednite-momenti-na-ubieniot-navivach/feed/ 0