аеродром никола тесла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 10:40:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аеродром никола тесла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аеродромот во Белград утрово беше затворен поради дојава за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aerodromot-vo-belgrad-utrovo-beshe-zatvoren-poradi-dojava-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aerodromot-vo-belgrad-utrovo-beshe-zatvoren-poradi-dojava-za-bomba/#respond Mon, 11 Apr 2022 10:40:07 +0000 https://kurir.mk/?p=661244

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград рано утринава беше затворен, како што неофицијално дознава ТВ Н1.рс, поради дојавата за наводна бомба, јави допсиникот на МИА од Белград. Вработените и патниците биле пуштени во аеродромската зграда малку по 5 часот утринава. Објавена е информација за доцнење на полетувањата на речиси сите утрински летови, по што авиосообраќајот постепено се нормализираше, пишува ТВ Н1.рс. Искусниот пилот Стеван Игњатовиќ вчера изјави дека дојавите за бомби и следењето на авионите не ЕР Србија на летовите за Москва се притисок врз Србија и авиокомпанијата, која е единствена што сообраќа до главниот град на Русија. -Ќе има се повеќе информации за бомби, следење на цивилни авиони и притисок за домашни летови, со оглед на тоа дека доаѓа сезоната каде што граѓаните ќе сакаат да патуваат во Грција, Шпанија…аеродромите ќе бидат полни. Само ние летаме за Москва, не знам дали тука има економски влијанија, но факт е дека сите наши патници треба да се чувствуваат безбедно и да не се вознемируваат ако во близина видат борбен авион. Ситуацијата едноставно ќе трае се додека трае конфликтот меѓу Русија и Украина, кажа Игњатовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aerodromot-vo-belgrad-utrovo-beshe-zatvoren-poradi-dojava-za-bomba/feed/ 0
Македонец се обидел да влезе во Србија со куфер со облека натопена во кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-se-obidel-da-vleze-vo-srbija-so-kufer-so-obleka-natopena-vo-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-se-obidel-da-vleze-vo-srbija-so-kufer-so-obleka-natopena-vo-kokain/#respond Mon, 20 Dec 2021 13:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=610867

Српски цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, спречија 51-годишен државјанин на Македонија да влезе во Србија со куфер полн со облека натопена со кокаин, јави дописникот на МИА од Белград. Како што наведува Царинската управа, македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното. Штом патникот го отворил куферот се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во багажот била влажна. Во куферот немало ништо друго освен облека, чевли и средства за лична хигиена, иако патникот рекол дека дошол од Еквадор, каде што 13 дена престојувал кај пријател. – На прашање на царинските службеници зошто се влажни работите, патникот изјавил дека во земјата од каде доаѓа има висока влажност, па испраните алишта не успеале да се исушат, соопшти Царинската управа. По консултации со Обвинителството, наредено е багажот привремено да биде задржан и да се испрати на вештачење, а наодите на Националниот центар за криминалистичка форензика на српското МВР потврдиле дека примероците се позитивни на кокаин. Против државјанинот на Северна Македонија ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнеж за трговија со дрога. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-se-obidel-da-vleze-vo-srbija-so-kufer-so-obleka-natopena-vo-kokain/feed/ 0
Се затвора аеродромот во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zatvora-aerodromot-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zatvora-aerodromot-vo-belgrad/#respond Thu, 19 Mar 2020 08:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=318770

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград попладнево се затвора за меѓународен сообраќај, јавува Танјуг. Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе ја разгледаат можноста за затворање на границата за патнички сообраќај. Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ истакнал дека денеска ќе се разгледаат мерките додавајќи дека на белградскиот аеродром ќе може да се слета само со посебна дозвола на српската Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zatvora-aerodromot-vo-belgrad/feed/ 0