аеродром охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 09:13:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png аеродром охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/#respond Wed, 18 Oct 2023 09:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=890209

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30 отсто на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15 проценти во однос на 2019 година, соопшти ТАВ Македонија. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, бележи зголемен број на патници за периодот јануари – септември 2023 година, кога вкупно 2,4 милиони (2 357 712) патувале преку двата аеродрома, во Скопје и Охрид, што претставува годишен пораст од 30 отсто во однос на 2022 година. Во споредба со 2019-та, која се смета за референтна година во воздухопловството, како најдобрата година во однос на патничкиот сообраќај пред КОВИД-19, двата аеродрома бележат 15 отсто повеќе патници во периодот јануари – септември 2023 година. Во однос на бројот летови за истиот период, годишниот пораст е 19 проценти, односно пет отсто споредено со 2022 и 2019 или на аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани и опслужени вкупно 17 683 летови. -Среќни сме што забележуваме зголемување на бројот на патници за 30 отсто за аеродромите во Скопје и Охрид во споредба со статистиката од 2022 година. Посебно ни е драго што за само девет месеци од 2023 година, со 2,4 милиони патници, речиси го достигнавме бројот на опслужени патници во целата 2022 година. Ова претставува продолжување на позитивниот тренд на закрепнување, а она што нè прави особено горди е што статистиката на воздушниот сообраќај за двата македонски аеродроми не само што ја надминува референтната 2019 година за 15 отсто, туку ги надминува прогнозите на ACI* за обем на патници на глобално ниво во 2023 година, што е 94,2% од нивото од 2019 година. Очекуваме до крајот на оваа година, со новите линии и новите авиокомпании кои влегоа на македонскиот пазар, заедно со извонредноста во нашите услуги што ги даваат нашите посветени и ориентирани кон клиентите колеги, ќе ја заокружиме 2023 година како година на рушење нови рекорди, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Во 2023 година, досега, две нови авиокомпании влегоа на македонскиот авијациски пазар, Lufthansa и Norwegian, со редовни или сезонски летови до Франкфурт, односно Осло. Во меѓувреме, од скопскиот аеродром SunExpress најави дека чартер летовите до Измир и Анталија ќе продолжат да сообраќаат како редовни летови од претстојната зимска сезона, а Wizz Air започна со редовни летови до Љубљана. Дополнително, AEGEAN, од 2 октомври 2023 година започна да лета до Сараево. Охридскиот аеродром имаше одлична летна сезона засилена со сезонските и чартер летови до Белград, на Air Serbia и до Манчестер и Лондон (Гетвик), на TUI. Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година, биле Истанбул (двата аеродрома, IGA и Sabiha Gokcen со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Милуз (6,1 отсто), Цирих (5,5), Виена (4,7), Дортмунд (4,5), Франкфурт (4,2), Минхен Меминген (4,1), Анталија (4), Малме (2,6) и Келн (2,6 поценти). Топ 5 земји со директни летови за јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3 отсто удел на пазарот), Турција (16,9) Швајцарија (13,4), Шведска (6,7) и Италија (6,5 проценти). Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници (60,2 отсто удел на пазарот), потоа Turkish Airlines (7,4), Pegasus Airlines (6,1), Austrian Airlines (4,7), Chair Airlines (3,7). Најчеста дестинација за патување за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, од охридскиот аеродром е Базел (21,5 проценти удел на пазарот), потоа Виена (21), Дортмунд (16,4), Меминген (11,9), Малме (9,4), Цирих (9,3), Амстердам (8,8), а останатите дестинации имаат 0,5 отсто. Во моментов, според распоредот на летови, од Меѓународниот аеродром Скопје летаат 14 авиокомпании до 41 дестинација, додека на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании летаат до 6 дестинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/feed/ 0
Обновен сообраќајот на двата аеродрома, еве колку патници дошле и заминале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnoven-soobrakjajot-na-dvata-aerodroma-eve-kolku-patnici-doshle-i-zaminale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnoven-soobrakjajot-na-dvata-aerodroma-eve-kolku-patnici-doshle-i-zaminale/#respond Thu, 02 Jul 2020 05:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=367074

По три и пол месеца вчера почнаа да работат двата аеродрома во државава. На првиот работен ден по рестартот, на скопскиот аеродром пристигнаа 292 патника, а од него заминаа 448, а на охридскиот дојдоа 38 и замина 144 патници. Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот поради пандемијата, кој траеше од 19 март до 30 јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4 531 патник. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obnoven-soobrakjajot-na-dvata-aerodroma-eve-kolku-patnici-doshle-i-zaminale/feed/ 0
Од денеска повторно патнички летови од аеродромите во Скопје и Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-patnichki-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-patnichki-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/#respond Wed, 01 Jul 2020 05:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=366310

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска се отворени повторно за патнички летови, по паузата од средината на март како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19. На двата аеродрома се применуваат нови протоколи според препораките од Комисијата за заразни болести. Првите полетувања од скопскиот аеродром се претпладне за Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а ги реализира Виз Ер, додека првите слетувања се од Истанбул на авиокомпаниите Туркиш ерлајнс и Пегасус. Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, стартува со летови попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано. Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам. Поради новите протоколи за работа е на патниците им се препорачува да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред времето за полетување, за да имаат доволно време да ги завршат процедурите. Од ТАВ Македонија велат дека според новите мерки за заштита од коронавирусот патниците задолжително треба да почитуваат три правила – постојано да носат заштитна маска, постојано да одржуваат безбедно растојание и високо ниво на лична хигиена. -Од влезот во терминалната зграда, се до качувањето во авионот, нашата цел е целосно да го избегнеме физичкиот контакт меѓу нашите вработени и патниците. Во терминалната зграда смеат да влезат само оние лица кои ќе покажат валиден авионски билет (испечатен или на телефон), но не и нивните пријатели или членовите на нивните семејства кои дошле да ги испратат. На влезот ќе ги дезинфицираат рацете и чевлите, по што со термална камера ќе им се мери телесната температура. Доколку немаат покачена температура, ќе може да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Сите овие процеси ќе се одвиваат без физички контакт со вработените, односно патниците ќе им ги покажат билетот на нашите агенти преку транспарентна преграда и лично треба да го регистрираат својот пасош на фиксираниот читач на шалтерите, рече во интервју за МИА Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија. Според протоколите, забрането е патниците да седат еден до друг во аеродромските чекалници, зоните за заминувањa (Departures), пристигнувањa (Arrivals) и излез (Gates) и затоа на тие места седиштата се специјално обележани за да се одржи безбедното физичко растојание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-patnichki-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/feed/ 0